
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



„Сѐ започна кога Тинотенда Пуду залута на 23 километри од дома во опасниот парк Матуадона“, рече пратеникот Муца Муромбеџи. Службата за паркови и диви животни на Зимбабве потврди за Би-Би-Си дека инцидентот навистина се случил, но не дадоа дополнителни детали. Муромбеџи објасни дека момчето го искористило своето знаење за дивината и вештините за преживување за да остане жив. 💫 A boy missing & found in Matusadonha game park A true miracle in ...
Навистина жешко беше вечерва на “Местаља“. На крајот Реал Мадрид ја победи Валенсија со 1:2 и тоа со победнички гол во 85.минута на Лука Модриќ. Столе Димитриевски беше фантастичен на голот на Валенсија, а во 75.минута го испровоцира Винисиус, овој збесна и го удри македонскиот голман. По прегледување на снимката, јасно беше дека Бразилецот ќе добие црвен картон и затоа предвреме го напушти теренот. Димитриевски покажа како треба против ...
Како што објави британски Телеграф, Пука не може да биде депортиран додека целосно не се разгледа неговото барање за азил, процес кој може да потрае со месеци, ако не и со години, со оглед на заостанатите жалби од Судот за имиграција. Пука, кој двапати бил затворен во Британија и бил депортиран поради кражба, објави снимка на која се забавува на новата година во ноќен клуб како пуши луле со стомачна танчерка. https://t.co/369CKqAJLi An Albanian ...
Каков меч на “Местаља“ вечерва во рамките на Ла Лига? Оној што беше одложен поради поплавите во Валенсија. Каков меч на Столе Димитриевски? Фантастичен, штета тоа не беше доволен барем за бод. Реал Мадрид со 1:2 успеа да слави и тоа со победнички гол на Белингем во 90+6.минута. Столе фантастичен, магичен на голот на Валенсија. Во 43.минута му фати зицер на Винисиус. Потоа во 55.минута Белингем не му даде гол од пенал на Македонецот, ја погоди ...
Станува збор за базата на податоци со имињата на лица кои по Војната биле под истрага за соработка со германските окупатори и која од вчера првпат е достапна во јавноста. Од осомничените „квислинзи“ над 150.000 и биле осудени за соработка со окупаторот и им била изречена некаква казна. - Оваа архива содржи важни приказни и за сегашните и за идните генерации. Без дигитален пристап, оваа архива беше недостапна за многумина, особено за помладите ...
Голем пех, голем удар за Челзи. Имено Весли Фофана, еден од клучните играчи на “сините“ од Лондон оваа есен, потешко е повреден и за него сезоната заврши. Оваа вест ја потврди и самиот тренер Енцо Мареска: „Фофана се повреди на средбата со Астон Вила“, стравувам дека ќе биде надвор од терените долго, многу долго“. Дфанзивецот навистина нема среќа. Минатата сезона беше во аут поради повреда на лигаментите, а еве и во оваа, иако ја започна ...
Како што вообичаено се случува, таа објави интересни моменти од својот одмор на фотографии и видеа, а еден таков момент кој привлече најголемо внимание е фотографијата во минијатурно бикини. Актерката и пејачка Џенифер Лопез ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо со своите најблиски. Таа сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече онаа во мини бикини. Имено, Лопез позира во црно минијатурно бикини кое го ...
Промените објавени во списокот со амандмани на официјалната Фејсбук страница на Министерството за образование вклучуваат промена на фразата „патот на добрината“ во „исламски пат“, односно „проколнати се и залутани“ на „Евреите и христијаните“, што одговара на ултраконзервативното толкување на стихот во исламската света книга Куран. Со измените се редефинира и зборот „маченик“, така што „маченик“ повеќе не е некој што загинал за државата, туку ...
Повеќето од овие мафијашки водачи, од кои некои беа глави на главните мафијашки семејства во главниот град на Сицилија, Палермо, никогаш не се откажале од Коза Ностра, сицилијанската мафија и секогаш одбиваа да соработуваат со правосудните органи, пишува The Guardian. Како што наведуваат тие биле пуштени поради отсуство или добро однесување. Салваторе Борселино, брат на легендарниот судија против мафијата Паоло Борселино, кој беше убиен од Коза ...
Сурфер (28) исчезнал на популарната плажа за сурфање, каде во 2023 година уште еден човек беше убиен од бела ајкула, пренесе АП. Сведокот кој го видел нападот на ајкулата вчера вечерта на плажата Гранитс, во близина на крајбрежниот град Стрики Беј, отишол во морето на џет ски и ја извадил даската за сурфање на исчезнатиот човек, изјави полицајката Ребека Стоукс за австралиската телевизија ABC. „Но, едноставно немаше трага од овој млад човек. ...
Супер деби на Серџо Консеисао на клупата на Милан. Прв меч како тренер на миланскиот гигант од како пред три дена беше назначен за стратег на тимот и веднаш победа и тоа против Јуве и тоа со 1:2 во полуфиналето на Суперкупот на Италија вечерва во Ријад. Интересно, неговиот син Франциско Консисао остана на клупата за резерви кај клубот од Торино со оглед на тоа дека се повреди на загревање. Ова значи дека во понеделник во Ријад во финалето на ...
Повеќето возачи, кога го запираат или паркираат автомобилот, ја активираат рачната сопирачка. Многу луѓе немаат можност да го остават својот автомобил во гаража, а временските услови мора да се земат предвид на отворено. Еден од нив е зимскиот студ, кој може да создаде бројни проблеми – на пример, може да ја замрзне рачната сопирачка. Понекогаш кабелот на рачната сопирачка замрзнува, а механизмот што ги заклучува тркалата, односно површината на ...
Професорот станал жртва на кривично дело кражба на идентитет. Но, приказната не завршува тука - возилата регистрирани на негово име биле користени и за криминални активности како грабежи и провални кражби во Белгија. Неговата агонија, за која ги обвинува француските власти, започна во 2018 година. Според него, додека бил на одмор, полицијата го контактирала за да го извести дека бројни возила регистрирани на негово име се вмешани во повеќе ...
Познато е дека Маркус Рашфорд, еден од најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата и актуелен репрезентативец на Англија не е по волја на стратегот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим. Веројатно Рашфорд уште во текот на овој зимски преоден рок ќе го напушти “Олд Трафорд“. Токму затоа челниците на Манчестер Јунајтед ја разгледуваат опцијата да направат спектакуларна или сензционална размена со Наполи. Се знае дека Виктор Осимен, сега игра во ...
На 1 јануари Киев го исклучи гасоводот кој со децении служеше за снабдување на централна Европа со руски природен гас. Словачка беше главната влезна точка и земјата сега ќе изгуби милиони евра од транзитни такси. Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) минатиот месец процени дека во Словачка има 130.530 украински бегалци од 6.813.900 во светот. Фицо, кој дојде во ненадејна посета на Москва во декември за да разговара со рускиот претседател Владимир ...
Алкохолните пијалоци треба да носат етикета која ги предупредува потрошувачите за ризиците што можат да предизвикаат рак, изјави денеска американскиот хирург Вивек Марти. Тој истакна дека консумирањето алкохол го зголемува ризикот од неколку видови на рак, пренесе Ројтерс. Марти рече дека издавањето насоки за границите на консумирање алкохол треба да се преиспита, така што луѓето би можеле да го измерат ризикот од рак кога одлучуваат дали или ...
Милијардерот и технолошки магнат, кој има 11 деца со три различни жени, наводно потрошил 32 милиони евра на два огромни имоти во Тексас, кои биле дизајнирани специјално за неговите деца и нивните мајки. Според изворите, овие домови се стратешки лоцирани на само 10 минути пешачење од личната резиденција на Маск, што му овозможува да го балансира времето со своите деца заедно со неговите деловни обврски. Семејната динамика на Маск е далеку од ...
Геолошкиот институт на Етиопија на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како чад и прашина се исфрлаат од вулканот во областа Аваш Фентале, објави Ројтерс. 🚨👀 Ethiopia: In the Dulecha district, where a seismic swarm has been ongoing since December 22, volcanic activity has intensified. A new vent has formed at the Dofen volcano. It has been ejecting substantial amounts of gas, rocks, and mud, suspected to be linked to magma… ...
Иако првпат ѝ беше претставен на меѓународната публика како сосема нова австралиска ѕвезда, Мел Гибсон всушност е роден во Пискил, Њујорк на 3 јануари 1956 година. Тој е шесто од 11-те деца и има пет браќа и пет сестри. Семејството се преселило во Австралија кога тој имал 12 години, откако неговиот татко, железничар, добил голема отштета поради повреда на работното место. Овој потег дојде, делумно, затоа што Гибсон постариот сакал да избегне ...
Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан му претстави на Џозеф Бајден можни напади врз иранските нуклеарни постројки, кои би можеле да ги изведат дури и пред инаугурацијата на Трамп на 20 јануари. Тројца извори го потврдиле ова за Аксиос. Забележано е дека на состанокот се разговарало за можни сценарија за американски акции доколку Иран успее да добие ...
Персоналот на болницата соопшти дека повеќе од 10 жени и деца биле убиени во израелските напади на различни локации во централниот дел на Појасот Газа, со кој владее палестински Хамас, вклучувајќи ги градовите Нусејрат, Заваида, Магази и Деир ал-Балах. Во вчерашните израелски напади врз таа палестинска енклава загинаа и неколку десетици луѓе. Израелската армија не ги коментираше последните напади, но во денешното соопштение наведе дека во ...
Пластичните хирурзи во Холандија за помалце од година дена интервенирале кај 62 луѓе повредени од огномет, вклучувајќи ги и новогодишните прослави оваа година, што е за осум повеќе од 2023 година, објави холандското друштво за пластична хирургија. Во тој период, хирурзите извршиле пет ампутации на раката и лекувале жртви кои изгубиле 18 прсти и шест палци, објави денеска NL Times. „Тежината на повредите е сè уште загрижувачка, со многу млади ...
До Квон, јужнокорејскиот претприемач чии две криптовалути изгубија вредност од околу 40 милијарди долари во 2022 година, денеска пред судот во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за федерална криминална измама на САД, откако беше екстрадиран од Црна Гора претходно оваа недела. Во март 2023 година, федералните обвинители во Менхетен го обвинија Квон, еден од основачите на Terraform Labs, која ги разви дигиталните валути TerraUSD и Luna, за ...
Бразилската мега – ѕвезда го пропуштил првиот тренинг на Ал Хилал во новата 2025 година и тоа поради болки во стомакот. Ова официјално го соопштија од клубот објаснувајќи зошто Нејмар не се појави на тренингот. Урнебесно, да не кажеме некој потежок збор. Поради болки во стомакот да не одиш на тренинг а притоа си платен сторина милиони евра годишно, тоа го може само Нејмар и тоа во Саудиска Арабија. Ова е уште еден доказ дека на Нејмар ни на ...
Метју Ливелсберг (37) ѝ испратил бројни пораки на својата поранешна девојка деновите пред да се застрела во главата во сајбертракот на Тесла, кој потоа експлодирал пред хотелот на Нова година. Додека инспекторите ги разгледуваат можните мотиви, откриено е дека Метју раскинал со сопругата и ѝ пишал на поранешната девојка пред да се самоубие. Неговата втора сопруга Џенифер Дејвис го оставила само шест дена пред инцидентот бидејќи се сомневала дека ...
Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град, додека се одржуваше седница на Советот за национална безбедност во зградата на Владата, објави Индекс. Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем. Тие носеа транспаренти ...
Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. Таа во поткаст вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот. – Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково. Во претставката, соопштија денеска од Министерството за јавна аадминистрација, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на ...
Пијан полицаец на новогодишната ноќ ослободи 13 осомничени од притвор Потрагата по осомничените е во тек. Пијан полицаец во Замбија, африканска земја што се протега на централните, источните и јужните граници на континентот, ослободи 13 осомничени од притвор за да можат да ја прослават Новата година, соопштија официјални лица. Детективот Титус Фири бил уапсен откако ги ослободил осомничените од полициската станица Леонард Чило во главниот град ...
Полет боледувала од Алцхајмерова болест, а нејзиниот сопруг Марсел секојдневно се грижел за неа. Ја оставил сама неколку минути на 2 ноември 2020 година, кога излегол во дворот да ги закачи алиштата да се исушат, пишува „Дејли мејл“. Полет во тоа време гледала телевизија, но кога се вратил, ја немало. Откако ја пребарал целата куќа и околината и тропнал на вратите на соседите, Марсел повикал полиција. Следела масовна потрага која траела со ...