
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Туната од 276 килограми, уловена во близина на префектурата Аомори, ја купија заеднички еден трговец и компанијата која управува со синџирот ресторани „Суши Гинза Онодера“. Рекордната цена за туна на аукција останува 333,6 милиони јени (околу 2 милиони евра), постигната во 2019 година за туна од 278 килограми. Првата аукција се одржа рано утрово на пазарницата Тојосу, која последниве години е една од најголемите туристички атракции на Токио. ...
Во заедничко соопштение, дел од советниците во градскиот совет изјавија дека „овие кривични дела се одвратни и се спротивни на вредностите на градот“. Според јавниот сервис МДР, полицијата годинава забележала три кривични дела со расистичка позадина. По нападот на Божиќниот пазар на 20 декември, кога еден Саудиец со автомобил уби пет лица и повреди околу 200, секојдневно се бележат напади врз странци. Организациите за заштита на човековите права ...
Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид. Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните ...
Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува изненадувачка понуда за дефанзивецот на Јувентус, Николо Савона. Пеп Гвардиола и неговиот тим се заинтересирани за бекот и ќе направат се за да го обезбедат неговиот потпис во текот на зимскиот преоден рок. Дефанзивниот настап на Сити оваа сезона беше кошмар. „Граѓаните“ примија вкупно 27 гола, повеќе од која било друга екипа во Топ 6 во Премиер лигата. Се чини дека клубот се подготвува да се раздели ...
Штокер ја поздрави утрешната средба меѓу австрискиот претседател Александер ван дер Белен и лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл. Тој изјави дека ќе ја прифати евентуалната покана од АПС за започнување коалициски преговори. Тој потсети дека во минатото жестоко ја критикувал АПС и нејзиниот лидер Кикл, но додаде дека приоритет на Републиката е брзо формирање стабилна влада. Штокер истакна дека очекува претседателот Ван ...
Раул Хименез од денеска е најдобриот мексикански стрелец во историјата на Премиер лигата. Напаѓачот на Фулам постигна два гола на натпреварот од 20. коло од Премиер лигата против Ипсвич (двата од пенал) кој заврши нерешено, 2:2. Со тоа Хименез сега има 55 гола во англискиот шампионат. Тој стана најдобар стрелец во Премиер лигата од сите Мексиканци кои настапувале во првенството, минувајќи го на вечната листа Хавиер Ернандез (Чичарито), кој ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека на 10 или 13 јануари очекува да пристигнат документите од САД за воведување санкции против српската нафтена компанија НИС (Нафтена индустрија Србије), во која руски компании имаат мнозински удел,пренесува Радио Слободна Европа. Во емисија на српската национална ТВ РТС, Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот ...
Германската Социјалдемократска партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц го обвини опозицискиот конзервативен политичар Родерих Кизеветер за ширење лажни информации за наводна планира средба помеѓу Шолц и рускиот претседател Владимир Путин пред предвремените парламентарни избори во Германија, закажани за 23 февруари, пренесува ДПА. Лидерот на парламентарната група на СПД, Ролф Мицених, изјави дека изјавата на Кизеветер е „чисто фабрикување“. ...
И покрај зголемените повици до францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка, тој треба да го заврши својот втор претседателски мандат за да избегне голема институционална криза, изјави поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд во интервју за „Вест Франс“. Оланд, кој сега е пратеник во францускиот парламент, нагласи дека, без оглед на критиките упатени кон Макрон, тој беше реизбран на изборите пред три години и треба да го ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен од ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул. Според него, неговиот тим заслужил и повеќе од бод. „Можеби тоа не беше совршен натпревар, но сепак беше очигледен чекор во вистинската насока. Очекувањата беа многу големи. Мислам дека нможевме да постигнеме многу повеќе. Мораме да играме со желба против секој противник за да можеме да се извлечеме од тешката ситуација во која се наоѓаме. ...
Извозот на турскиот одбранбен и воздушно-вселенски сектор минатата година изнесуваше рекордни 7,2 милијарди долари, што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со претходната година, соопшти раководителот на Секретаријатот за турската одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, пренесува Анадолија. Овој резултат за 11 отсто ја надмина годишната цел за извоз од 6,5 милијарди долари. Според Ѓоргун, меѓународната соработка им овозможила на ...
Денешниот ден многумина го искористија за посета на скијачкиот центар Маврово, а тоа вечерва завршиа со колона возила кај Никифорово-Леуново. Попладневното пренасочување на сообраќајот околу Мавровското Езеро предизвика голема колона возила, сега заглавена од другата страна на езерото. Колоната е километарска, со часово се стои во место. Социјалните мрежи се преполни со гнев кон неспособноста на општинските власти, на полицијата на одговорните. ...
Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и за Париз, се преговара со Катар Ервејз за нивна авио линија од Скопје и веројатно годинава Скопје ќе стане третиот град на Балканот, по Белград и Истанбул, од каде ќе се изведуваат прекуокеански летови, најави министерот за транспорт Александар Николоски во денешното гостување на ТВ Сител. Исто така, министерот најави ...
По непотпишувањето на Указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата вечерва од Владата во изјава за МИА информираа дека Законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови. – Како Влада информираме дека Законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури, се вели во одговорот од Владата. Пратениците го изгласаа овој Закон на 24 декември во ...
Некогашниот фудбалер на Манчестер Ј., Рој Кин во анализата на дербито на „Енфилд“ го пофали настапот на Манчестер Јунајтед „Манчестер Јунајтед започна да игра. Тие покажаа одреден ентузијазам. Неодамна тоа го направија и против Манчестер Сити. Сепак, може да кажеме дека во Манчестер Јунајтед не можат само да избираат кога сакаат да играат. Мислам дека никој не можеше да замисли дека денеска ќе постигнат два и за малку ќе слават. Но, важно е дека ...
Европа се соочува со тешки зимски услови кои предизвикаа сериозни нарушувања во авио-сообраќајот, железницата и секојдневниот живот на северот и западот на континентот. Силното невреме, проследено со снежни врнежи и леден дожд предизвика хаос од Британија до Скандинавија, со сериозни последици по инфраструктурата и сообраќајот. Во Германија снежните врнежи и дождот предизвикаа откажување на повеќе од 100 летови на најголемите аеродроми. На ...
За време на вчерашниот состанок во Порт Судан, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан побара од турскиот заменик министер за надворешни работи Бурханетин Дуран да му пренесе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека суданските лидери ја прифаќаат иницијативата на турската страна за позитивно решавање на конфликтот. Ова го соопшти суданскиот министер за надворешни работи Али Јусеф. - На Судан му требаат браќа и пријатели како Турција, рече Јусеф, ...
Манчестер Јунајтед вечерва во последните 30 секунди на средбата со лидерот Ливерпул имаше неверојатна шанса да го шокира „Енфилд“. Одличната полуконтра од десната страна резултираше со одлично додавање на Циркзи до централниот стопер Мегваер, кој се најде во идеална шанса, но очајно шутираше и го остави својот тим без голем триумф. Еве го „зицерот“ кој Мегваерн не успеа да го претвори во победа: pic.twitter.com/VXq4VbOn8k — Maguire GOAT ...
Според податоците, просечната годишна температура во Србија во 2024 година изнесувала 13,3 степени Целзиусови, што е за 2,3 степени повисоко од просекот за периодот 1991-2020 година и речиси за еден степен повисоко од претходно најтоплата година – 2023 година. „Рекордни температури беа забележани низ целата земја, како за просечната, така и за максималната и минималната годишна температура“, наведуваат метеоролозите. Во извештајот се истакнуваат ...
НАТО побарало Велика Британија да ги засили своите системите за противвоздушна и противракетна одбрана (ПВО и ПРО) поради тоа што е утврдено дека земјата е ранлива на ракетни напада, соопшти лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на извори од британското Министерство за одбрана. Соодветното барање до британските власти ќе биде вклучено во ажурираниот список на барања кон армиите на земјите-членки на воената алијанса за 2025 година. Недостатоците во ...
Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, во багажник на патничко возило „БМВ” откриле лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија. Според Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас. М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на ...
Големото дерби на 20. коло во англиската Премиер лига заврши нерешено. На снежниот „Енфилд“, Ливерпул и Манчестер Ј. завршија 2:2, иако кој и од двата тима на крајот да победеше, немаше да биде незаслужено. И покрај лошите услови, навивачите на стадионот на „црвените“ видоа едно востинско машко дерби со многу шанси и четири постигнати гола. Во првиот дел мрежите мируваа, но на стартот на второто полувреме, гостите први се заканија и успеаја со ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен третпат по ред го освоија Суперкупот на Франција, откако во финалето во Доха го совладаа Монако со 1:0, со голот на Усман Дембеле во втората минута од судиското надополнување. И двата тима во текот на регуларните 90 минути имаа неколку добри шанси за гол, но навивачите во Доха не успеаја да се израдуваат на погодок. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе оди до пенали, Дембеле стапи на сцена и донесе голема ...
Паричката е незаменлив дел од бадниковото лепче и постојат причини зошто не треба да ја фрлите, да ја задржите кај себе, да ја загубите или да ја заборавите! На бадниковата трпеза, домаќинот дели парче од лепчето на секој член од семејството, а се верува дека оној што ќе ја најде паричката или дукатот во својот дел од лепчето, ќе има среќа, здравје и богатство во текот на целата следна година. Според традицијата, сите членови на семејството мора ...
Празничните зимски денови се идеални за зимски деликатеси како варено вино. Иако многу луѓе пијат купени на отворено, готвењето вино дома создава посебна атмосфера - и дава вистински зимски мирис. Без разлика дали ќе го пробате за прв пат или веќе имате искуство во правење вино, ќе ве потсетиме на неколку мали, но важни работи што треба да ги имате на ум. Квалитет и вид на вино За подготовка на варено вино најдобро е да се користи средно ...
Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека во борбите загинале 85 припадници на протурските фракции и 16 борци на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите. Во изминатите два дена, во близина на градот Манбиџ, Турција ги интензивира воздушните и копнените напади, вклучително и со употреба на беспилотни летала, со цел да воспостави контрола врз стратешката брана „Тишрин“. Според мониторинг центарот со седиште ...
Дачиа Сандеро е најпродаваниот европски автомобил во периодот јануари-ноември 2024 година, со испорачани 245.686 единици. Досега го престигна Фолксваген Голф на втората позиција (198.886 регистрации) што практично е невозможно да ја загуби трката за првото место откако ќе се соберат резултатите од декемвриската продажба. Сепак, доминацијата на Фолксваген како најпродаван производител на автомобили продолжува и во 2024 година. Марката забележа ...
Григориј Распутин е руски мистик, самопрогласен исцелител и јавна личност од почетокот на 20 век. Иако бил сиромашен селанец, Распутин се издигнал во руското општество спријателувајќи се со царското семејство и набрзо станал редовен гостин на рускиот двор. За него кружеле разни приказни и гласини, а угледот на царот бил сериозно нарушен поради неговата поврзаност со Распутин. Убиен е во Петроград во декември 1916 година. Неписмен и сиромашен ...
-По добиената информација од жителите од областа, стручни лица од ветеринарната служба пристигнаа и земаа мостри кои ги испратија на анализа до Институтот за безбедност на храна и ветеринарство во Тирана. Одговорот се очекува за три дена. Сепак основано се сомневаме дека причина е птичји грип, соопштија од ветеринарната служба. Додаваат дека за да се елиминира ширењето на грипот, птиците биле уништени. Посочуваат дека ризикот од преминување на ...
Милан му понудил на Дани Олмо да се преслеи во Италија до крајот на сезоната. Претходно, Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) објавија дека Барселона не одби право да го регистрира Дани Олмо, откако го пропушти рокот (1 јануари). Според „Кориере дела Сера“, миланскиот клуб на играчот од средниот ред му понудил шестмесечен договор. Договорот вклучува клаузула со која Шпанецот може да се врати во Барселона во јули. Ваквата ...