
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Претседателот во заминување, кој ќе биде придружуван од сопругата Џил, ќе се сретне и со локалните власти. Поранешниот американски војник Шамсуд-Дин Џабар, „инспириран“ од Исламската држава (ИД), е обвинет дека со своето возило влетал во луѓе во туристичкиот француски кварт во Њу Орлеанс, град на југот на САД, за време на новогодишните прослави. По масакрот што го направи со пикапот, тој беше убиен во размена на оган со полицијата. Се чини дека ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брза реакција на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до ...
Албанскиот осуден провалник Доријан Пука (28), кој не може да биде депортиран од Велика Британија затоа што побарал азил, го исмејувал британското МВР објавувајќи новогодишни пораки од ноќен клуб во Лондон, објавија денеска британските медиуми. Како што пренесува британски Телеграф, Пука не може да биде депортиран се додека неговото барање за азил не биде целосно разгледано, процес кој може да потрае со месеци, ако не и со години, со оглед на ...
Градоначалникот кажа најголем дел од деталите коишто се поврзани со за жал ова што мора да се случи сега и мора да го направиме овој чекор, бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат и губење на човечки животи. За жал, во минатото иако се констатирало, иако градоначалникот уште во 2018 година, тогашниот, апелирал до тогашната Влада да се реконструира, да се посвети внимание на овој мост. Добро е да се знае дека овој мост е изграден ...
„Во моментов имаме прекин на ИТ системот низ целата земја“, потврди телефонски портпарол на федералната полиција, поради што полицајците мора рачно да ги обработуваат пасошите на луѓето кои доаѓаат надвор од Шенген зоната. Причината за падот се уште не е позната. Тоа доведе до редици луѓе на граничните контроли на неколку германски аеродроми, вклучувајќи го и Франкфурт, најпрометниот во земјата. И аеродромот во Берлин потврди подолго чекање за ...
Страшен верижен судар се случил во Казахстан попладнево во кој учествувале 95 возила. На социјалните мрежи веднаш се појавија видеа на кои може да се забележат голем број возила кои стојат на патот. Имено, до судирот дошло поради снежно невреме кое предизвикало слаба видливост. Медиумите јавуваат дека во овој голем верижен судир има најмалку 12 повредени. Сеуште нема информации за загинати. Во судирот има поголема материјална штета на ...
Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ успешно е опериран во една од болниците во Загреб. На Далиќ му е извршена рутинска операција на колкот, па по неколку дневен престој во болницата ќе биде пуштен на домашно лекување. Се очекува Далиќ да биде максимално здрав и подготвен до март кога неговата селекција ќе игра во Лигата на Нации против селекцијата на Франција. Инаку Далиќ е убедливо најуспешниот селектор во историјата на ...
Гласовите на роднините, исцрпени, стегнати од болка, за кратко ја прекинаа тишината, за да им одадат достоинствено испраќање на жртвите од бесмислениот чин, пренесе Телеграф. Темината го одбележа осмиот час на тага и болка, во кој денеска се обедини целиот град. По третиот, најтежок погреб, луѓето се разотидоа. Допрва треба да се соочиме, допрва треба да го разбереме бесмисленото, неиспровоцирано зло што сееше смрт во градот каде зборовите чест, ...
Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила. Возилата на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во земјава без да се платат увозни давачки. Како што соопшти денеска директорот на Царинска управа Бобан Николовски, запленети ...
Иако наголемо се говореше дека Мохамед Салах ќе го продолжи договорот со Ливерпул, дури се пренесуваше дека се е договорено меѓу него и раководството на „Редси“, сепак засега нема ништо од тоа. Мохамед Салах е поблиску до заминување отколку до продолжување на договорот со гигантот од “Енфилд“. Еве што самиот Салах кажа во интервјуто за “Скај Спорт“: „Засега ова ми е последна сезона во Ливерпул. Искрено нема никаков чекор напред во изминатитте ...
Протокот на руски гас низ Украина, кој ја снабдуваше централна и источна Европа, беше запрен на крајот на 2024 година. Речан рече дека Молдавија ќе ги покрие своите енергетски потреби со домашно производство и увоз, но посочи дека Придњестровје претрпе болен удар и покрај нејзините врски со Москва. -Со загрозување на иднината на протекторатот што го поддржува три децении во обид да ја дестабилизира Молдавија, Русија го откри неизбежниот исход за ...
-Претседателката ги откажа надворешните состаноци за првите недели од јануари, рече портпаролот на ЕК. Меѓу откажаните состаноци се планираниот говор во Лисабон и патувањето во полскиот приморски град Гдањск по повод преземањето на Полска со претседавањето со Советот на ЕУ. Посетата ќе биде презакажана за подоцнежен датум, рече портпаролот, додавајќи дека Фон дер Лајен ќе ги извршува своите „службени должности“ од централниот германски град ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за ...
Како што јави казахстанската агенција Казинформ, на терен се полицијата и експертите од КазАвтоЗол (националниот оператор за управување со автопат кој се грижи за безбедноста во сообраќајот). Масовниот верижен судир се случил во 13 часот и 28 минути по локално време, поради непочитување на ограничувањето на брзината и безбедното растојание, на 153-от километар од патот Астана-Шучинск кај селото Жанаталап. BREAKING: Huge 95 car pileup on ...
Посебно внимание се посветува на отпадот и хигиената на просторот. Оставањето ѓубре или нечистотија се смета за неодговорно и грубо бидејќи може да предизвика непријатности за другите. Ова е причината зошто повеќето Јапонци чистат по себе и негуваат чувство на лична одговорност кон заедничките простори. Инфлуенсерката Симран Џаин, реши да ги тестира овие тврдења за јапонската чистота на уникатен начин. Таа шеташе по улиците на Токио во бели ...
„Генерираме опции за набавка на хеликоптери и верувам дека во наредните денови ќе имаме појасни информации каде е нашата ориентација за хеликоптерите и граѓаните нормално ќе бидат информирани за тоа. Нашата цел е секогаш да има барем дел од овие средства во косовските безбедносни сили (КБС) пред крајот на третата преодна фаза, пред 2028 година“, вели тој. За време на овој процес, Косово купи беспилотни летала и разни воени возила. Државата се ...
И тоа ова не е прв пат некогашниот шампион во Премиер лигата да е во ситуација поради огромни загуби, недозволиви според прописите да има закана од одземање бодови сезонава. Лестер треба да го поднесе финансискиот извештај за работењето во изминатата календарска година, а истиот не смее да биде поголем од 105 милиони за последните три години. А ако се знае дека во 2023 односно 2022 односно 2023 година загубите биле над 90 тогаш ситуацијата е ...
Предупредувањата ќе важат до следната среда, а се очекува бројот на смртни случаи да се зголеми, особено кај лицата над 65 години и оние со постоечки здравствени проблеми, пишува Sky news. Шефот на Одделот за екстремни временски настани и здравствена заштита во УКХСА, Агостињо Суза, апелираше до граѓаните да ја проверат состојбата на нивните пријатели, роднини и соседи. Зимските услови влијаат и на железничкиот сообраќај во делови од Шкотска. ...
Маск, близок советник на Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, напиша серија објави на социјалната мрежа Х, која тој ја поседува, со кои се доведува во прашање кариерата на Стармер како главен обвинител на Британија пред да влезе во политиката, објави Блумберг. Маск повика на ослободување на десничарот Томи Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, и рече дека само партијата Реформи во Британија на Најџел Фараж може да ја ...
Чола, всушност, го срушил рекордот затоа што пеел пред повеќе од 30.000 луѓе, а и сериозно заработил, според некои медиуми - дури 120.000 евра, објави Телеграф. По новогодишната ноќ Чола остана на црногорското приморје, а веќе на 1 јануари беше во сериозно друштво. Имено, Наташа Нинковиќ сподели фотографија со Чола, од ручек на 1 јануари. Нинковиќ се запознала со Чолиќ ден по Новата година, а бидејќи пејачката настапувала за дочекот во Тиват, ...
Од 1 јануари кога Ацо Мартиновиќ го започна својот крвав поход и за 36 минути ги уби членовите на семејството, пријателите, кумовите и нивните деца, Балканот е завиен во црно, објави Телеграф. Полудениот убиец од Цетиње испукал најмалку 37 куршуми во своите жртви... Имено, на петте локации каде Мартиновиќ убивал невини луѓе, пронајдени се вкупно 37 чаури, девет проектили и 11 делови од проектили... Манијачниот напад на убиецот од Цетиње траел од ...
Во последните неколку дена на тема Дани Олмо, се напишаа стотици, илјадници текстови. Проблемот со кој Барселона не може да го регистрира напаѓачот за следната полусезона, прави сите инволвирани страни да бидат фрустрирани, а рокот за тоа истекува денеска. Доколку не се случи тоа, и Олмо и Пау Виктор ќе имаат право да си заминат, што е еквивалент на вистинска катастрофа за Барселона. На денешната прес конференција на тренерот Ханси Флик по повод ...
Како што дознава Билд во круговите на Австриската народна партија (ОВП), актуелниот канцелар Карл Нехамер нема да учествува на новите избори, додека Курц би бил главен кандидат. „Како што стојат работите, нема да имаме шанса против ФПО на новите избори, но со Курц трката повторно би била отворена. Карл Нехамер целосно пропадна“, изјавил за Билд инсајдер на ОВП. Според информациите на Билд, ОВП со недели во позадина разговара дали Курц би можел ...
Во близина на Розенхајм воз удрил во возило кое се лизнало на шините. Неколку возила имале несреќи и на Алпите, Франконија и Шварцвалд, а најмалку едно лице загинало. Во близина на Розенхајм, маж (22) поминал на железнички премин околу 21:45 часот. Според полицијата, поради лизгавите услови изгубил контрола и се лизнал на шините, а потоа наишол воз. Пред возот со 85 патници да удри во автомобилот, машиновозачот успеал да излезе. За среќа, во ...
До денес на пладне, околу 270.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која беше покрената од берлинскиот огранок на полицискиот синдикат пред две години. Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени за време на новогодишните прослави во Германија, каде што, за разлика од многу други земји, може да се купат огномети за лична употреба во деновите пред новогодишната ноќ. Во петицијата, исто така, се бара да се прекинат инцидентите на насилство врз ...
Според изворите, мажот, вооружен со ладно оружје и за кој се знае дека има сериозни психички проблеми, држи четворица членови на медицинскиот персонал на затворот и еден управник. Тој „нема карактеристики на терорист“, нагласи претставник на затворот. Заложничката драма започна нешто по 11 часот во медицинскиот оддел на затворот. Целокупната ситуација останува мирна, изјави извор запознаен со ситуацијата. Според властите, 37-годишниот затвореник ...
Досегашниот напаѓач на француски Лион, Гифт Орбан е нов играч на тимот на Хофенхајм. Офанзивецот, кој во моментов има 22. години, го чини бундеслигашот девет милиони евра, но во договорот има и бонуси во висина од 3 мил. евра, како и 7,5% од секоја наредна продажба, која ќе оди во касата на Лион. Орбан дојде во францускиот тим од Гент на почетокот на 2024 година за 14 мил. евра, но не успеа премногу да се наметне, па очигледно Лион решава ...
Киев го нарече 1 јануари 2025 година „историски“ ден бидејќи одбивањето на Украина да го продолжи транзитниот договор со рускиот енергетски гигант Гаспром го запре значителниот прилив на пари во Кремљ за финансирање на сеопфатна инвазија на Украина. Но, во соседна Молдавија, тој потег се заканува да предизвика сериозна криза, која потенцијално може да ги надмине енергетските и хуманитарните рамки. Молдавија, некогаш дел од Советскиот Сојуз, е ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата ...
Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во вредност од над 400 милиони долари, вклучувајќи два имоти во Лондон, инвестиции во неколку компании и колекција луксузни часовници и чанти, објави денеска Тајландската Национална антикорупциска комисија. Таа, исто така, пријавила 31,6 милиони долари во готовина и депозити на повеќе од дваесетина банкарски сметки, како дел од неговата вкупна актива од речиси 402 милиони долари, пишува ...