
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Со цел да ги ублажи последиците од општото зголемување на цените на пазарот, компанијата dm drogerie markt ги поддржа своите вработени со зголемување на бруто-платите од 32 до 52 отсто. Повеќе од 200 вработени, почнувајќи од јануарските исплати на платите, добија поддршка и благодарност за вложениот труд преку зголемени примања. dm drogerie markt првите дрогерии во Македонија ги отвори во 2012 година. Денес е присутна со 23 дрогерии во 10 ...
Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари. – ...
„Боинг“ очекува да укине околу 2.000 работни места во финансии и човечки ресурси оваа година, потврди во понеделникот американскиот производител на авиони. Минатиот месец, компанијата со седиште во Арлингтон, Вирџинија објави дека ќе вработи 10.000 работници во 2023 година, откако вработи 15.000 луѓе во 2022 година, но рече дека некои работни места за поддршка ќе бидат укинати. Компанијата го потврди извештајот на Сиетл Тајмс во понеделникот ...
Советниците на Општина Карпош го изгласаа предлог-решението за формирање комисија за избор на награди за најдобро уреден екоучилиштен двор за 2023 година. Оттука, наградените училишта ќе добијат финансиски средства во висина од 70.000 денари за прво место и 50.000 денари за второ. Беше усвоена и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општината во областа на образованието за 2023 година. Поконкретно, се ...
Во услови на континуирано и тензично преиспитување на потребата од нови даноци, академик Абдулменаф Беџети како суштински аргумент ја посочува науката, а таа според него, не нуди докази дека повисоките даноци негативно влијаат врз економскиот раст. Проблемот според него е кај нас, бидејќи недомаќинското трошење на јавните пари не влева доверба дека приходот од даноците ќе заврши на вистинските места во смисла на подобрување на јавните услуги. ...
Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за „Дојче веле“, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји. Точно е дека се уште ...
За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи во „24 анализа“. -За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено ...
Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, денеска изјави дека гледа начин за избегнување на рецесијата во САД, со значително намалување на инфлацијата. Јелен нагласи дека за такво нешто американската економија треба да остане силна, што, како што вели, е можно со оглед на силата на пазарот на труд во САД, пренесоа британските медиуми. -НЕМАТЕ РЕЦЕСИЈА КОГА ИМАТЕ 500.000 РАБОТНИ МЕСТА И НАЈНИСКА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 53 ...
Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, заеднички реагираат за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Во ...
Во 2022 година „Ферари“ оствари рекордни резултати, а италијанскиот производител на автомобили испорача рекордни 13.221 автомобил, надминувајќи го резултатот од 2021 година за 18,5 отсто, додека заработката порасна за 16 отсто. Исто така, вредноста на акциите на „Ферари“ порасна за 7,3 отсто, а бизнис прогнозите покажуваатѕ дека профитот оваа година од 1.773 милијарди евра во 2022 година ќе порасне од 2.13 до 2.18 милијарди евра. Очекувањата се ...
Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан, од сегашните 25.000 годишно на 50.000, јави денеска „Дојче веле“. Во оваа насока германските синдикати предупредуваат дека странските работници може да бидат злоупотребени како евтина работна сила на своја штета, но и на штета на другите работници. Членката на Управниот одбор на Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ), Евелин Редер, предупреди дека ...
Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработените во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога ...
На прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добил „куса лекција“ за новинарство. Оваа епизода Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја оценува како „испад“. Утрово, во просториите на клиничката болница во Тетово, за време на прес-конференција на која биле поканети новинари и сниматели, министерот за здравство Беким Сали, како и директорот на Клиничката болница ...
Повеќе од 1,8 милиони евра годишно легнуваат на сметка на пензионерските здруженија. Пари кои на пензионерите им се земаат како задолжителна членарина од пензиите. Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објавена за минатата година, во декември 314.368 пензионери се согласиле да им се запираат пари од пензиите за Солидарниот фонд како посмртнина, а со тоа се согласиле да плаќаат и членарина на здруженијата. ...
Dell Technologies Inc (DELL.N) ќе елиминира околу 6.650 работни места, или околу 5 отсто од својата глобална работна сила, поради падот на побарувачката за нејзините персонални компјутери, објави Bloomberg News. Компанијата доживува пазарни услови кои „продолжуваат да бидат нарушувачки со неизвесна иднина“, напиша ко-главниот оперативен директор Џеф Кларк во меморандум до вработените, според извештајот. Претходните мерки за намалување на ...
Компаниите во Технолошко – индустриските равојни зони (ТИРЗ) во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Увозот бил за 8 проценти повеќе од лани истиот период, а бројот на вработени во зоните во јануари достигнал речиси 16 400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022. Како што информираат од дирекцијата на ТИРЗ, споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 проценти, односно за 9 ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавува либерализирање на пазарот на труд за странските работници, првенствено со зголемување на годишните квоти за оние од регионот. „Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан ...
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година. На веб страната на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра ...
Главниот акцент од расправата на повеќе грански индустрии се става на моментот дека еден ваков закон, кој е од голема важност како за работодавачите, така и за работниците, мора да се доработи, за да се тргнат сите недоречености кои постојат во него Како што привршуваат јавните расправи за новиот закон за работни односи, така се множат забелешките не само од синдикатите, туку и од засегнатите индустриски сектори. Се чини дека и кај едните и кај ...
Содржина Роберт Митровски, Претседател на Синдикатот за угостителство и туризам вели дека работното време во угостителскиот сектор во Македонија треба да се регулира слично како што е во Хрватска. „Во Хрватска работиш шест дена, од кои два дена работиш по шест часа, за да работната недела испадне точно 40 часа, како што е според Колективниот договор“, рече Митровски и објасни дека таму во понеделник и среда се предвидени шест работни часа и ...
Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза денеска организираше протест со кој бара Владата да побрза и да им го набави лекот што е потребен. Пациентите со цистична фиброза се револтирани поради изјавите на министерот за здравство, Беким Сали кој кажа дека терапија за болеста ќе се набави првично за осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, а ќе се стремат да се набави лек за 30 пациенти во текот на годината. „За живот не се ...
Министерот Бесими го остави Пендаровски и неговите вработени без плата. Ова го потврдија и од кабинетот на Претседателот. Првиот финансиер не ја одобрил платата која согласно колективниот договор треба да биде и повисока. Образложението од финансии кое го добиле е дека во буџетот за оваа година не се предвидени дополнителни пари за плати на вработените во претседателскиот кабинет. За овие вработени пак објаснувањето од финансии е неосновано. ...
Дел од европските работодавачи бараат во средно училиште да се воведе предмет по деловна ориентација кој би им помогнал на учениците во насочувањето кон одреден сектор или индустрија. Во однос на тоа дали треба да се воведе истото и кај нас, Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, во изјава за порталот Работник вели оти не знае дали мора да се воведе предмет за деловна ориентација, но дециден ...
Министерот за економија Крешник Бектеши, на вчерашната прес-конференција, по поставено прашање од новинарите, со несоодветен и дрзок коментар ги омаловажи. Откако новинарите изреагираа и му посочија на Бектеши дека изнесува дрски и безобразни коментари кон нив, тој наместо извинување и соодветен одговор на прашањето, продолжи со дрското однесување, коментираќи дека тие не се повикани да даваат коментари и да поставуваат прашања. Тука за жал не ...
Оваа конференција ја одржуваме после осум одржани работилници кои Конфедерацијата на слободни синдикати во соработка и покровителство на Solidarity Center ги направи во текот на минатата година во осум сектори, рече Претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес – конференција по повод завршната конференција под насловот „Заштита на здравјето и безбедноста на работниците во Македонија“. „Од страна на стручно лице, Г-динот Милан ...
За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп. -Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 ученици. Ако ги земеме предвид последните години, овие бројки само се зголемуваат. Ова, навистина е ...
Македонија лидер во регионот по бројот на неработни денови годишно. Според истражувањето на ТРТ Балкан, земјава има вкупно 28 денови кои не се работат поради државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници. Веднаш зад нас се Црна Гора и Косово со по 21 ден, а најмалку неработни денови има единствената земја членка на ЕУ во регионот, Хрватска, само 11. Работодавачите велат дека се оштетени од големиот број неработни денови ...
Дел од вработените во железницата на истокот и северот на Холандија денеска штрајкуваат, а околу 1.300 лица учествуваат во прекинот на работата бидејќи не е постигнат договор за зголемување на платите за оваа година. Во Фрисланд и делови од Гронинген денеска не сообраќаат возови, соопштија од јавниот транспортен претпријатие Арива, објави NL Times. Вработените во Арива кои работат во Леуварден, Емен, Мариенберг и Цволе денеска штрајкуваат, ...
Рационалната потрошувачка на енергија сама по себе веќе не е доволна. Градежниот сектор има за што да размисли, бидејќи мора соодветно да одговори на бројните предизвици што ќе следат во текот на 2023 година. Веќе е неопходно да се инвестира во градежништво што ќе ја намали потрошувачката и ќе биде поодржливо за планетата, а неколку клучни трендови ќе го обликуваат полето на комерцијални, индустриски и станбени згради во блиска иднина. Потребно ...