
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Собранието на Комората на геодетски друштва усвои Декларација за развивање и унапредување на приватниот гоедетски сектор со која ќе бара од државните институции поддршка за креирање на законски и подзаконски решенија кои се создадат поволни услови за водење на бизнис во овој сектор. На седницата беше донесена и одлука за формирање на Советодавно тело, чии членови се домашни и странски експерти од геодетската област кои ќе бидат во функција на ...
„Неверојатно, ChatGPT би добил работно место на L3 програмер“, се вели во документот на Google, но самиот ChatGPT вели дека не може да одговара на таа човечка креативност и вештини за решавање проблеми. Google ги „храни“ ChatGPT прашањата за интервју што им ги поставува на потенцијалните програмери и, врз основа на одговорите на вештачката интелигенција, утврди дека ќе биде ангажиран за позиција на програмер на трето ниво, според интерен ...
Мајкрософт наводно планира да воведе апликации зајакнати со вештачка интелигенција од софтверскиот пакет Office во наредните недели. Како што пишува Verge, за тоа време можеби ќе добиеме шанса да видиме што може да понуди технологијата Prometheus на OpenAI за Word, PowerPoint, Outlook и други апликации. Можно е тоа да се случи веќе во март годинава, пренесува Тпортал. Мајкрософт неодамна претстави издание на интернет пребарувачот Bing со функции ...
Вкупно 14 милиони евра акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје ќе подели за плати оваа година, пишува во одобрениот финансиски план на контролното тело за 2023. Во тукуштообјавениот план пишува дека платите на вработените, од кои поголемиот дел од нив извршуваат екстремно одговорни задачи, ќе се зголемат за 14 отсто во однос на претходната година. Повеќе на ...
Зголемени трошоци и пад на продажбата – кризата со куповната моќ силно ги погодува британските пабови, при што бројот на банкроти во тој сектор лани скокна за 83 отсто на годишно ниво. Тоа го објави британската сметководствена фирма UHY Hacker Young. „По тешкиот период за време на пандемијата, многу пабови и барови се најдоа со мали заштеди и неможност да земат дополнителни заеми“, а за некои „актуелното економско забавување стана последниот ...
Данокот на солидарност ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај годинава. Од оваа давачка Владата очекува да собере 4,7 милијарди денари или околу 76,4 милиони евра, како вонредни буџетски приходи кои ќе бидат наменети за справување со последиците од енергетската и од ковид кризата. Инаку, како основа за оданочување ќе биде профитот кој е над 20 отсто од просекот во претходните три години и тој износ ќе се оданочува со стапка од 30 отсто. Ова ...
Фејсбук статус на Фатмир Битиќи Работните дозволи и треба да припаѓаат во минатото, отсега граѓаните на земјите на Отворен Балкан ќе имаат слободен пристап на пазарот на труд, сега за сега помеѓу трите земји потписнички но се надевам во иднина и помеѓу сите земји на Западен Балкан, а секако и Европската Унија. Ова ќе ја зголеми конкурентноста, зајакне економијата но ќе отвори и нови можности за бизнис секторот и пазарот на труд. Денес се ...
Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Скопјани се сеќаваат на солидарноста со која Скопје беше повторно изградено, но и со сомнеж гледаат во новите градби за кои градежниците и сеизмолозите не можат да кажат дека сите се безбедни. Страшните слики од урнатините во земјотресот во Турција и Сирија ги потсетија Скопјани на катастрофата со која се соочи главниот во 1963 година. На Денот ...
Лани во декември земјава ја посетиле вкупно 48.913 туристи од кои 40,8 отсто биле домашни, а 59,2 отсто странски. Тие оствариле 93.567 ноќевања при што 42,5 отсто се реализирани од домашните, а 57,5 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година бројот на туристите е зголемен за 38 отсто во споредба со 2021 година. Кај домашните туристи има зголемување за 5,7 отсто, а кај странските зголемувањето ...
Иако во Србија има се повеќе кранови, оператори со кранови константно фалат на речиси секое градилиште и покрај тоа што нивните плати се искачуваат до 170.000 динари месечно. Односно може да се каже дека и оваа професија спаѓа во категоријата дефицит. Тројца оператори со кранови – Бранко Николиќ, Огњен Марковиќ и Никола Александровиќ – за Инфостуд раскажаа како изгледа оваа работа одблиску и кои се нејзините предности и недостатоци. – Не учев за ...
Нестле мора да плати отштета од 2 милиони швајцарски франци (2,2 милиони долари) на поранешен менаџер, откако швајцарскиот суд го потврди нејзиното барање за малтретирање додека работела во компанијата, објави весникот Tages-Anzeiger. Јасмин Мотарјеми (67) победи на судот во Вауд, јужна Швајцарија, по 12-годишна правна битка. Поранешната шефица на глобалната безбедност на храната се пожали дека со години се чувствувала дискредитирана и ...
Кога резервирате лет, размислувате ли некогаш кое седиште ќе ве заштити најмногу во итен случај? Најверојатно не. Повеќето луѓе резервираат седишта за удобност, како што е просторот за нозете или место кое има лесен пристап до тоалетите. Честопати патниците (вклучувајќи го и авторот на оваа сторија на CNN) може да го резервираат своето место што е можно поблиску до предниот дел за да можат побрзо да се симнат. Ретко резервираме лет со надеж дека ...
Истражувањето открива дека со секоја промена на работодавач и наоѓање нова работа, платите ни се зголемуваат за околу 10%. Оние кои ја промениле работата во минатата година забележале зголемување на платата за 10%, додека вработените кои останале на своето работно место изгубиле 2% кога ќе се земе предвид моменталната инфлација, според истражувањето на Истражувачкиот центар Пју. Вработените денес имаат пристап до информации и можат да видат дека ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади. Со исплатата се опфатени 14.830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари. “Со оваа исплата започнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство“, информира директорот Бачовски. АФПЗРР во следниот период ќе ги ...
По само четири месеци, Мајкрософт наводно отпуштил околу 100 вработени од тимот на „Industrial Metaverse“. Се вели дека и хардверскиот тим на Хололенс е погоден од отпуштањата. Според извор на веб-страница за протекување на технологија, The Information, Мајкрософт отпуштил околу 100 вработени кои требаше да им помогнат на компаниите да користат индустриски оптимизиран метаверс. Се вели дека отпуштањата се дел од планот на Мајкрософт да укине ...
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил ја поздрави ратификацијата на законите од „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. „Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан! Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и ...
Охридските знаетчии едвај сврзуваат крај со крај.И покрај мерките од владата малите занаетчии, , да плаќаат поевтина струја сè додека трае кризата сепак повеќето од нив оваа зима работат со скратено работно време за заштеда . Поголемиот број од нив не можат да ја покријат ни потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на месецот. Занаетчиите велат дека трошоците се огромни како за сметки така и за кирии а потрошувачката мала ...
Германија се повеќе има проблем со недостигот на работна сила, па Баварија отвори еден вид конкуренција меѓу сојузните покраини со својата одлука да отвори специјална канцеларија за доселување на работна сила од Балканот, пренесуваат медиумите во регионот. Со свои вработени и новоформирана канцеларија, Баварија сака да го олесни доаѓањето на потенцијалните работници од Балканот. „Наскоро ќе отвориме сопствена канцеларија во Албанија преку ...
Гробар е една од најбараните професии во Хрватска, постојано се отвораат огласи за регрутирање на оваа работна сила, бидејќи комуналните претпријатија низ Хрватска имаат проблем со погребите поради недостиг на работници. Во некои жупании се распишани конкурси, на кои сега се повикуваат дури и пензионерите. Вработувањето е на неопределено време, не е потребно завршено основно училиште или искуство. Заработката што им се нуди на гробарите се движи ...
Преживеаните во Сирија се обидуваат да го свртат вниманието на последиците од земјотресот и фактот дека помошта не стигнува до нив поради санкциите на ЕУ. Вработените во итната помош предупредија дека доцнењето може да ги чини живот бидејќи локалните спасувачки тимови се борат да ги извлечат семејствата и децата од урнатините. Очајните преживеани од разорниот земјотрес во северна Сирија напишаа потресна порака на урнатините додека регионот ...
Можеме да очекуваме дека на патиштата ќе се појават се повеќе роботи кои на луѓето ќе им доставуваат производи и намирници. Додека се повеќе читаме дека роботите и вештачката интелигенција би можеле да „ни украдат“ бројни работни места, во некои земји планираат да ги приспособат своите закони за да овозможат нивно масовно користење бидејќи немаат доволно работна сила. Една од таквите земји е Јапонија во која популацијата е постара (околу 30 ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надомест поради попреченост, корисниците на надомест за попреченост и трајни промени во ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за ...
Минималната плата во Албанија иако постојано се зголемува и понатаму останува најниска споредено со земјите на Европа, констатира весникот „Монитор“. Според најновите ажурирани податоци на Евростат, на почетокот на 2023 година минималната плата во Албанија изнесувала 297 евра. Оваа плата е за 17 проценти пониска од онаа во Македонија, за 45 проценти пониска во Србија, каде ниту еден вработен не добива помалку од 460 евра во 2023 година, додека ...
Големата швајцарска банка Credit Suisse сака на своите раководители да им исплати мега бонус во вкупен износ од 350 милиони франци (околу 354 милиони евра). Предуслов за тоа е отпуштање на околу 9.000 работници. Според „Фајненшл тајмс“, еден процент од работната сила на највисоките позиции, околу 500 од нив, ќе добијат дополнителна исплата како мотивација да се постигнат целите за намалување на трошоци. Целта е да се одржи моралот на високо ниво ...
Подготвил: Бобан Илијевски Терминот „тивко откажување“ настанал после ерата на „Големиот отказ“ и го опишува бранот на заминување – особено на младата работна сила, по пандемијата. Додека во случајот на „Големиот отказ“, станува збор за радикални потези и промени, кај „тивкото откажување“ вработените вложуваат минимален напор во работата. Со други зборови, не се трудат „доволно“. Според анкетата на Галуп објавена во септември, околу половина ...
Австрија бара 40.000 сезонски работници. Бараат продавачи, келнери, готвачи, магационери и келнери. Не само Австрија, туку и Германија бара и околу 50.000 странски работници. Дека потрагата по сезонски работници е во полн ек покажува рекордниот број на огласи за вработување. Сезонац.хр. објави дека заинтересираните можат да аплицираат за рекорден број од над 200 огласи за вработување, па така страницата забележа повеќе од 200.000 посети и повеќе ...
Американската компанија „Meta platforms“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетот за неколку тимови како подготовка за нова рунда отпуштања, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Двајца вработени во Мета за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени. „Мета“ на почетокот на овој месец објави дека очекува трошоци оваа година меѓу 89 и 95 милијарди долари, а извршниот директор ...
На програмер му се нудат 2000 долари месечно. ИТ аналитичар може да заработи 1.750 во истата валута, а дизајнер околу 1.300 американски долари. Повеќето работат од дома, многумина како вработени со полно работно време. Позициите не бараат формално образование, но условот е нивниот проблем да се занимаваат со бизнис – од другата страна на законот. Една од најпознатите софтверски компании, која се занимава со безбедносни програми, го анализирала ...
Косово и Босна и Херцеговина се водечки по бројот на невработени во Западен Балкан, а Србија има најниска стапка на невработеност, објави денеска Светската банка. Од СБ исто така соопштија дека стапката на невработеност во сите пет земји од Западен Балкан се намалила во последните 15 години. Како што пишуваат од Светска банка, во Косово, кое има 1.739.825 жители, стапката на невработеност е 31,3 отсто. Следува БиХ, која има 3.531.159 жители со ...