Насловна / Архитектура / Вечерва во МКЦ изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“

Вечерва во МКЦ изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“.

Станува збор за проект чија цел е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Северна Македонија.

Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели.

a2

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат: Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и соработниците.

Изложбата е резултат на едногодишниот истражувачки проект од областа на архитектурата насловен „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 15 декември, 2022 година.

a1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top