Насловна / Архитектура / Времена пејзажна интервенција во Хуелва, Шпанија

Времена пејзажна интервенција во Хуелва, Шпанија

Сместено во заштитеното природно подрачје на Флеча дел Ромпидо, Реал де ла Алмадраба е изградена во 1929 година по четири века од првите риболовни акции за туна на брегот на Хуелва. Комплексот е составен од три добро диференцирани области: станбена област формирана од серија индивидуални објекти организирани во камп каде што живееле работниците од Алмадраба; Домот на капетанот, поголем по габарит и одалечен од остатокот од комплексот; и групата на простори заскладирање кои дозволуваат одржување на риболовната опрема, составена барака, котелот за катран, оџак и јамата. Комплексот во Реал де ла Алмадраба е напуштен во седумдесеттите и прогласен за BIC во 2015 година.

6 11 8

Интервенцијата се фокусира на магацинските простори и интервенција во пејзажот која ги спојува двата брега на Стрела: устието на реката Пиедрас и Атлантскиот Океан. Реставрацијата се одвива на две места, ( кај дизел барака), која е во состојба на руинирање и од која речиси и да нема трага и (котелот, оџакот и јамата), кои се во идеална состојба за конзервација.

Тешките услови за изведба, за сметка на плимата и осеката на устието на реката и непристапноста на теренот во оваа природна област, ги наведе архитектите да ја реобмислат интервенцијата со техника на римски начин: со материјали од старото пристаниште, користејќи ги неговите остатоци како основа, изграден е киклопски бетонски периметарски ѕид со локален камен со помош на слоеви кои ја користат плимата при изведбата. Овие ѕидови, зајакнати со фиберглас наместо челик за да се избегнат проблеми со корозија, се зацврстени со долна и горна плоча, формирајќи мембрана способна да ги апсорбира силните хоризонтални вибрации на речната струја. Оваа форма на градба, исто така, обезбедува тектонски квалитет каде што бетонот, истурен во серии и подоцна пресуван со каменот формира речиси природен геолошки волумен, во согласност со коритото на реката.

5 10 1

Од друга страна, за санацијата на оџакот се применети засебни критериуми, благодарение на тоа што неговата дотрајана состојба, бара примена на локални техники на градење од минатото. Реставрацијата е извршена со керамички парчиња пронајдени на локацијата, со што се намалува потребата од примена на нов материјал и се гарантира нивната компатибилност со варовни малтери и силикатни бои кои на целината и даваат изглед налик на оној од првобитната состојба. Во пејзажот доминираат белите волумени, чија префинета геометрија потекнува од нивната функционалност.

Третата интервенција во областа на Реал де ла Алмадраба овозможува да се изгради пристапна патека помеѓу двата брега на Флеча. Големата пејсажна вредност на ова заштитено природно подрачје сугерира да се изврши реверзибилна инсталација од дрвена пешачка патека која води кон густа високостеблеста шума.

Геометријата на оваа патека е резултат на надминување на двата моќни гребени дини кои му претходат на Атлантскиот океан, со што се избегнуваат силни движења на земјата кои би го промениле постоечкиот пејзаж и прекумерните падини што би го спречиле пристапот за лицата со попреченост. Патеката започнува со платформа и варира во висина за да се надминат континуираните разлики во пејзажот на одредени точки, нудејќи импресивни погледи на околниот екосистем.

2 9 4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top