Насловна / Архитектура / Khalifa International Stadium во Катар – нов сјај на стариот пријател

Khalifa International Stadium во Катар – нов сјај на стариот пријател

Khalifa International Stadium бил домаќин на многу значајни спортски настани од неговото отварање во 1976 година. Всушност, ретко се спомнува фудбалот или атлетиката во Катар, а да не се споменува ова место, проект на архитектот Dar Al-Handasah. Сместен е во предградието  Al Rayyan, како дел од Aspire Zone (Doha Sports City) на пет километри од центарот на Доха.

4

Стадионот е реновиран повеќе пати, а во 2017 година заврши комплетна реконструкција за ФИФА Светското првенство во фудбал 2022 како награда за неговите долгогодишни услуги. Оваа арена е водено и првиот стадион завршен за потребите на Мундијалот. Проектот за реконструкција е изработен од Arup Sport, DHG и Cox Richardson Architects & Planners. По повторното отворање во мај 2017 година, беше домаќин на финалето на Амир Купот – клупскиот фудбалски настан близок до срцата на Катарците. А во 2019 година беше домаќин на Светското првенство во атлетика.

010

Првичниот план бил стадионот да биде со капацитет од 68.000 места, но планот подоцна е ревидиран, бидејќи немало потреба од арена со таа големина, капацитетот е намален на 45.857.

04

Двојните лаци на кој се протегаат на висина околу 120 метри секогаш биле негова најпрепознатлива карактеристика. Под конструкцијата од кабли воведен е и нов систем за ладење кој престојот на стадионот го прави попријатен.

3

Промените на надворешноста вклучуваат додавање на настрешница, која се протега помеѓу двата лака над кровот. Лаците се користат и како платформа за лансирање огномет. Останатите надворешни промени на објектот вклучуваат осовременување на фасадата, која е модернизирана и со современо дигитално осветлување кое ги анимира навивачите за време на турнирите и носи нов сјај на стариот пријател.

5

Внатре, големите промени на стадионот вклучуваат  додавање 12.000 седишта на горните нивоа, а воведени се и многу угостителски содржини. Под обновената конструкција предвидени се нови функции, 10.000 квадтарни метри малопродажен простор и уште 10.000 квадратни метри  ВИП угостителски зони.

Khalifa International Stadium е домаќин на осум натпревари на Светското првенство во фудбал 2022.

09

08

02

2

03

01

06

1

07

05

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top