
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Архитектонското студио Estuyo Studio, на чело со архитектот Хаиме Индураин, го именува „Таквите големи височини“ својот последен ревитализирачки проект во соработка со Irene García García. Станува збор за мал стан од четириесет и два квадратни метри сместен во стара зграда од 1920 година, во центарот на Мадрид. Рехабилитацијата следеше по опсежниот процес, речиси археолошки, како во контекст на пронаоѓање на оригинални материјали, така и за ...
Без разлика дали ве плаши или изненадува, факт е дека вештачката интелигенција (АИ) е тука за да остане. Во Амстердам неодамна е отворена првата уметничка галерија во светот, во која изложените дела се создадени исклучиво со помош на вештачка интелигенција. Галеријата „Dead End“, која се наоѓа во близина на централниот амстердамски кварт De Valen, прикажува инвентивни креации на АИ машини и алгоритми од дигитални слики до интерактивни ...
Компанијата Foster + Partners во соработка со кипарската нафтена компанија Petrolina Group, го претстави проектот на новиот мастер план за трансформација на брегот на Ларнака во одржливо и пријатно опкружување за неговите жители, идните генерации и новите посетители. Еден од најважните историски градови на Кипар, како и трет по големина град на островот, ова познато одморалиште има за цел да редизајнира една од своите главни артерии, патот ...
Се очекува холандската влада оваа година, и покрај неизвесностите во снабдувањето со фосилни горива предизвикани од војната во Украина, да го затворинајголемото гасно поле во Европа. Тоа го изјавил директорот во заминување на „Шел Холандија“, а гасното поле се наоѓа во близината на градот Гронинген, на северрот на Холандија. Ова наоѓалиште на гас се експлоатира уште од 1963 година, но повеќе од 20 години тамошните 200.000 жители се изложени на ...
Најголемата соларна централа во Србија, со моќност од 9,9 мегавати, која годишно ќе произведува 15.000 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за околу 2.100 домаќинства, пуштена е во употреба. Електраната „ДеЛсол“ изградена од компанијата „Мт-Комекс“ се наоѓа во општината Лапово и се простира на 12,5 хектари, а за нејзината изградба се користени бифацијални соларни панели кои имаат можност да произведуваат електрична енергија од двете ...
На карпеста падина над реката Влтава се наоѓа замокот Јаблоњка, кој со своите брановидни лозја е доминантно обележје на северниот дел на Прага. Престолнината на Чешка некогаш ја нарекувале „град на виното“, кога сливот на реката Влтава, во златното доба на владеењето на Карл IV (1316–1378), бил засаден со долги појаси од винова лоза. Ниту ридот Черни Копец, денешна Јаблоњка, не бил исклучок, но поради последиците од Триесетгодишната војна од ...
MPavilion му ја додели задачата за MPavilion 10 на јапонскиот архитект Тадао Андо. Во текот на изминатата деценија, MPavilion работеше со водечките светски архитектонски фигури, вклучувајќи ги: all(zone), Glenn Murcutt, OMA – Rem Koolhaas & David Gianotten, Bijoy Jain – Studio Mumbai, меѓу другите. MPavilion се раѓа од потребата да се создаде простор за окупација со итни урбани, граѓански и просторни прашања. Тадао Андо ќе ја има честа ...
Италија вели НЕ за синтетичкото месо, како и млекото и вештачката храна за животни. Италијанската влада донесе одлука да го забрани производството и комерцијализацијата на синтетичка храна и за луѓето и за животните, што е спротивно на она што се случува во Америка и Сингапур, земји каде е дозволена употребата на оваа храна. Италијанскиот министер за земјоделство, суверенитет на храна и шуми, Франческо Лолобриџида, вели дека Италија е првата ...
Мадрид е фасцинантен град во кој можат да се откријат мноштво прекрасни места, како во поглед на споменици и архитектура, така и зелени природни простори. Кралската метропола и главен град на Шпанија, по Лондон и Берлин е трет најголем град во Европската Унија. Во Мадрид живее кралот и тука се наоѓаат најзначајните државни, образовни и културни институции на Шпанија. Мадрид е град каде можат да се препознаат сите правци во архитектурата, ...
Германскиот производител на автомобили, наскоро ќе растрсти со традиционалните мотори, а сега е познато и со кој модел ќе ја заврши ерата на моторите со внатрешно согорување. Тоа ќе биде новиот T-Roc. Така тој ќе стане последниот, но не и единствениот нов автомобил со мотор со внатрешно согорување од Volkswagen, кој ќе биде претставен во наредниот период. Имено, европскиот пазар очекува целосно нов Passat, кој ќе биде во понуда во исклучиво ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, до ЗЕЛС достави иницијативата за конфискација на дивоградби. „Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор ...
Интересен стан од 40 квадратни метри, со минимални вложувања е реновиран и опремен со vintage предмети и мебел од бувљак и интернет аукции. И сето тоа со одлични дизајнесрки решенија на ентериер и ретро стил. Со идеја мал стан во Москва да го реновираат на начин кој нема да бара големи инвестиции, бирото INT2 Architecture изработиле проект кој комбинира различни стилови, материјали и начини на користење на просторот на оригинален и интересен ...
Во четврток, 6. април, во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници и тоа: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева ...
Викендов во Србија е отворена делницата на автопатот Милош Велики од Нов Белград до Сурчин, со должина 7,9 километри во која се вложени 70,9 милиони долари. За граѓаните на Нов Белград и Земун ова ќе биде најбрзата врска со автопатот Милош Велики и ќе им овозможи директно да се поврзат на овој автопат наместо да влегуваат преку автопатот Белград-Загреб. Новоотворената делница има три ленти со ширина од 3,5 метри во секоја насока, разделен ...
Пазарот на автомобили минува низ тектонски промени. Во изминатите десет години производството на автомобили во Германија е речиси преполовено. Во 2012 година во Германија се произведени 5,6 милиони патнички автомобили и комбиња, а во 2022 година само 3,6 милиони. Сепак, големите корпорации како „Фолксваген“, „Мерцедес“ и Бе-Ем-Ве остварија рекордни профити во износ од 49 милијарди евра. Ова се должи на зголемувањето на производството во ...
Nomon е една од дизајнерските куќи во Европа, позната по создавање авангардни парчиња. Познато по својот впечатлив домашен мебел, студиото сакаше да додаде современо и визуелно интересно парче во својата колекција. Во потрага по еден таков дизајн, Nomon Homes ја повика куќата Mermelada Studio за дизајн на производи и уметничка режија од Барселона за нив да создаде уникатна маса. Резултатот е парче мебел, маса инспирирана од птици, наречена Rara ...
Секоја недела граѓаните ан Загреб, но и туристите, имаат прилика да се возат со музејски примерок на трамвај стра речиси 100 години, а ова превозно средство привлекува се повеќе внимание. Во однос на другите, модерни примероци кои сообраќаат низ главниот град на Хрватска, споменатиот трамвај секако лесно е да се уочи. Трамвајот датира од 1924 година, и сообраќа бесплатно во недела. Стаува збор за преокт на Техничкиот музеј „Никола Тесла“. ...
Парижаните изгласаа од улиците на француската престолнина да се тргнат електричните скутери за изнајмување, со високо мнозинство од 90% гласови. Париз беше пионер кога во 2018 година воведе електрични скутери или тротинети, бидејќи градските власти настојуваа да ги промовираат видовите на јавен превоз кои не ја загадуваат околината. Но со оглед дека на овие возила на две тркала им растеше популарноста, посебно меѓу младите, така растеше и бројот ...
Шпанското студио Zooco Estudio посветено работи на проекти кои се засноваат на интеграција помеѓу станбениот и работниот простор. Конкретната интервенција која е тема на понатамошниот текст се наоѓа во трговскиот комплекс Брукфилд Плејс, во њујоршкиот кварт на Менхетен центар, со поглед на Статуата на слободата. И е исклучок, доколку се земе во предвид фактот, што првите два претходници се реализирани во Калифорнија. Просторната конфигурација ...
Животните простори се испреплетуваат околу дрвја и грмушки во куќата наречена Чужи (Вител), проектирана од архитектонското биро Wallmakers на некогаш запоставеното место во селото Шулагири, Индија. Овој спирален дом е делумно вграден во стрмна и карпеста локација која со децении служела како депонија и се сметала за несоодветна за зграда. Меѓутоа, имајќи поинаков став, клиентот нарачал од архитектите од градот Кочи да ја трансформираат во ...
Архитектите од биро Edmonds International проектирале хотел во близина на Playa del Carmen во Мексико, кој се состои од низа испреплетени кружни форми вградени во мангрова шума. Составен од низа павилјони, хотелот St. Regis Resort Kanai се наоѓа во близина на резерватот Sian Ka’an на брегот на Yucatán во близина на туристичките градови Playa del Carmen и Cancún. Резултатот е низа кружни и полукружни павилјони кои се подигнати над мангровата ...
Figure EIGHT не е само држач за слушалки туку и прекрасна скулптура дизајнирана од Carl Liu. Формата ја прават два цилиндри еден врз друг; горниот цилиндар ја држи лентата за глава, а долниот цилиндар служи да се постават левиот и десен звучник за да може слушалките цврсто да се закачат на дрвениот држач, така што формата навистина ја следи функцијата. Во тунелот помеѓу двете парчиња за ушите може да го собере кабелот за слушалките, доколку го ...
Рохо / Фернандез-Шо Архитекти го реализираа проектот за повеќенаменската спортска сала која е дел од новиот кампус на Ранимед (Runnymede), британски образовен колеџ во Алкобендас, Мадрид. Откако победија на конкурсот за санација на комплексот во 2017 година, тие работеа на изградбата на кампусот како истражување на академскиот простор и конфигурација на колективното упориште. Кампусот Runnymede е отворен систем на павилјони на парцела од ...
Производството на бетон во голема мера придонесува за зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, па се повеќе истражувања се обидуваат ова да го сменат. Еден од оние кои ги истражуваат негативните ефекти на карбонизацијата е Финскиот центар за технички истражувања VTT. Благодарение на карбонизацијата, бетонот со време апсорбира јаглерод диоксид, поради што може да дојде до корозија на челичната арматура. Токму овој проблем истражувачите се ...
Користењето на 3D принтерите за производство на комплексни делови и уреди, во изминатите години се повеќе добива на интензитет. Комплицираните делови, кои беше речиси невозможно да се произведат по класичен пат, денес можат да се направат со релативно малку труд и време, а со падот нa цените на уредите за принтање на тродимензионални предмети слој по слој, нивната застапеност е се поголема. Колку напредувала оваа технологија, зборува и фактот ...
Помеѓу бескрајните пространства со неверојатна природа, како да лебдат две луксузни мали куќички со минималистички дизајн, во исто време во контраст и во хармонија со околината. Благодарение на архитектонското решение и дизајнот на ентериер, овие куќи за изнајмување нудат неверојатен поглед. На возвишување обраснато со тропска шума, 300 метри над нивото на морето и со поглед кој го одзема здивот, се наоѓаат две идентични вили, свртени кон ...
Швајцарската компанија Destinus развива патнички авион на водороден погон, кој ќе го намали втреметраењето на летот помеѓу Европа и Австралија на само 4 часа. Destinus го тестира авионот веќе две години, а успешните летови ги потврди кон крајот на 2022 година. Сега шпанското министерство за наука ја избрало Destinus да учествува во една стратешка иницијатива и обезбедило средства за истражување и развој на суперсонични летови со користење на ...
На почетокот на минатата година, поставени се темелите за изградба на топлинската пумпа со речна вода како топлински извор, во просториите на електраната – топлана Grosskraftwerk Mannheim (GKM). Зградата од бетон и челик со изолирана фасада се вклопува во околната архитектура. Една година подоцна Simens Energy ги испорача првите делови од постројката на самата локација. Планот е топлинската пумпа да биде во погон на почетокот на следната грејна ...
35 студенти од Италија заедно со свои професори од факултетот за архитектура Политехнико од Торино, придружувани од заменик Амбасадорот на Италија во Македонија, Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои поединости околу конкурсот, соопштуваат од општината. Како што информираше нивниот ...
Бидејќи никој навистина не знае како е да се умре еднаш засекогаш, австралискиот уметник Шон Гладвел создаде симулација за виртуелна реалност (ВР) која на учесниците им дава поглед во задгробниот живот. Симулацијата е дел од изложбата на Гладвел „Електрични бури кои поминуваат“, која е претставена на фестивалот на култура во Мелбурн. Луѓето кои веќе го искусиле „симулаторот на смртта“ предупредуваат дека тоа може да биде искуство кое ...