
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Холандското биро Wurck го комплетираше подводниот паркинг за велосипеди покрај централната станица во Амстердам, со светли бели ентериери „потопени“ девет метри под површината на познатите канали. Директно поврзан со градското метро и железничкиот систем преку шест ескалатори, овој подводен простор се вели дека е прв од ваков вид во светот, обезбедувајќи паркинг за околу 7.000 велосипеди. Функционално проширување на областа Ротердамската ...
Србија наскоро и официјално ќе го соопшти рокот за напуштање на јагленот, а тоа ќе биде најдоцна до 2050 година. Оваа цел ќе биде вклучена и во националните стратешки документи. Исто така, Србија ќе се обврзе до крајот на 2030 година, да подготви план за затворање на термоелектраните. Обврските за декарбонизацијата и затворањето на термоелектраните се дел од предлогот на законот за договор за гаранции за кредит кој „Електропривреда Србије“ (ЕПС) ...
Во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата започна на 1ви Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие низ уметничкиот лавиринт на ...
Станот Apartamento Virgílioa во Сао Паоло со површина од 61 квадратен метар е комплетно реновиран од архитектите од бразилското биро LCAC Arquitetura за да им обезбеди на своите жители пространа и интегрирана средина. Оригиналниот изглед на станот претрпел доста големи трансформации. Бетонот е оставен видлив, реновиран е постоечкиот под од ipe lapacho во дневната соба како и дрвото во спалните соби. Овој вид на дрво е многу тврд и издржлив ...
Винаријата Томац, на педесетина километри од Загреб, е проект на архитектите од бирото „Два Архитекта“. Специфично за овој проект е тоа што архитектите секој градежен материјал го користеле на начин да го прикажат во неговата изворна природност и тоа на начин да ја почитуваат природната средина. Како што објаснуваат авторите за Vizkulturа, Доња Река е населба во контактната зона на Плешивичкото лозје и градот Јастребарско со претежно рурални ...
Ако сакате да одгледувате на балкон барем нешто што можете да го користите во готвењето, најдобро е да изберете зачински билки. Однапред изберете место за саксиите, прицврстете ги да не паѓаат и подгответе лесен хумус, измешан со малку стиропор. Ако балконот е свртен кон сонце, еве кои растенија најмногу се препорачуваат. Рузмарин – го сака сонцето и има потреба од најмалку шест часа директна светлина во текот на денот. Ова ароматично ...
Европската унија и Норвешка, основаа зелен сојуз со цел интензивирање на заедничкото дејствување во подрачјето на климата, чистата енергија и индустриската транзиција. Спогодбата во Брисел ја потпишаа претседателката на Европската комисија Ursula von der Leyen и норвешкиот премиер Jonas Gahr Støre. Двете страни повторно ја истакнуваат својата одлучност емисиите на стакленички гасови да ги намалат за барем 55% до 2030 година во однос на 1990 ...
Сите шест коридори за снабдување со водород кои ги презентираше Европскиот сојуз за чист водород директно или индиректно се поврзани со Германија. Една од трасите минува низ југоисточна Европа, а Словенија и Хрватска би можеле да имаат корист од уште два коридори. Планот REPowerEU на Европската комисија за гасење на потрошувачката на фосилни горива од Русија, има поглавје посветено на неопходното забрзување на развојот на инфраструктурата за ...
Првата „црна точка“ во уметноста е ставена во 1915 година. Казимир Маљевич го направил својот „magnum opus“ за култната футуристичка изложба „0.10“, каде што за прв пат она што го работел го крстил како супрематизам. Сликата „Црниот квадрат“ на Маљевич е иконично уметничко дело што ја плени публиката повеќе од еден век. Прво дизајнирана како сценска завеса за операта „Победа над сонцето“, подоцна е прикажана на изложбата „0.10“ во Петроград. ...
Како пешаците да бидат повидливи? Французите имаат добра идеја и ги тестираат своите системи од 2017 година. Сега е донесена и официјална уредба која овозможува хоризонтална сигнализација со ЛЕД осветлување на патиштата или тротоарите. Како сето тоа функционира? Преку вообичаените ознаки на асфалтот, како што се обележените пешачки премини, се додава динамичка светлосна сигнализација. Тоа се плочки со дебелина од 6 mm, кои се состојат од неколку ...
Foster + Partners, архитектонското студио од Британија, го претстави дизајнот на терминалот на вертипорт во Дубаи, предвиден за авио-такси услуги. Ова е дел од предлогот за идната инфраструктурна мрежа за вертикално полетување и слетување (eVTOL) на електрични возила, кои со голема брзина би ги превезувале луѓето до популарни локации во Дубаи. Вертипортот би можел да се најде покрај Меѓународниот аеродром во Дубаи, каде би бил интегриран со ...
„Вештачката интелигенција ќе биде добар учител и ќе може да се натпреварува со луѓето на тоа поле“, рече милијардерот Бил Гејтс за време на својот говорот на ASU+GSV Summit во Сан Диего. Четботовите напредуваа со огромна брзина во изминатите месеци, па дури и можат да се натпреваруваат со луѓето во одредени области. Брзиот напредок предизвика бурни реакции, од возбуда од можностите на новата технологија до страв од негативни последици. ...
Архитектите од бирото Plan:b arquitectos од Меделин, Колумбија се соочиле со обемна програма на оваа селска куќа за едно семејство. Тие ги поделиле главните простори на единаесет волумена, распоредувајќи ги неправилно на голема рамна парцела во Envigado на северозапад на Колумбија. Предвидени се осум волумена на едно ниво и три на две нивоа, кои се прилагодуваат на топографијата и овозможуваат директен пристап низ холот и секундарен пристап ...
Казна од неверојатни 33 милиони евра за бар на плажа на островот Миконос во областа Панормос. Износот од 22,5 милиони евра се однесува на казна за изградба на нелегални објекти, а дополнителни 11 милиони евра за нивно одржување. Со други зборови, за секоја година што ќе помине, а сопствениците не ги срушат објектите класифицирани како бесправно изградени, од оваа година ќе треба да платат казна од 11 милиони евра. Сопственикот има право на ...
Во есента 1956. година Алвар Алто бил контактиран од познат француски трговец со уметнички дела Louis Carré и неговата сопруга, кои сакале да изградат вила со највисок уметнички квалитет и удобност на голема парцела, што Carré ја купил во близина на селото Bazoches, Франција со простран поглед на пределот богат со историја кој се претопува со Forêt de Rambouillet. Покрај за архитектурата, Алто требал да биде одговорен и за опремувањето со мебел ...
Hyundai Motor Group (HMG) работи на важен проект, а тоа е ровер наменет за користење на Месечината. HMG соопшти дека го започува развој на лунарен истражувачки ровер, кој би требало да резултира во првиот модел до половината на 2024 година, односно финална верзија подготвена за лансирање до 2027 година. Користејќи ги компонентите од своите производители на автомобили Hyundai и Kiа, компанијата ќе се обиде да направи значаен исчекор во оваа ...
Еден нов научен труд носи увид во листата на светски земји кои се најодговорни за климатските промени и колку изнесува нивниот удел во одговорноста, во однос на емисиите на јаглерод диоксид, метан и азотни оксиди. САД, Кина, Русија, Бразил и Индија се петте држави кои со своите активности во секторот на фосилни горива и користење на земјиштето, највеќе придонеле за климатските промени во периодот од 1851 до 2021 година, открива истражувањето кое ...
Откако лансираше сопствена текила, Tesla се враќа во светот на пијалоците, дебитирајќи со пиво GigaBier, кое се произведува во берлинската Gigafactory со шише во облик на електрично возило. Кога пред неколку години беше отворена сега веќе успешната Tesla Gigafactory во Берлин, церемонијата ја следеше ветувањето на Маск за претстојното лансирање на пиво. Оттогаш, немаше дополнителни информации за ова, а пмногумина претпоставуваа дека објавата на ...
Германската компанија Büscher, произведува бетон и го одвезува и одлага отпадниот градежен материјал. Со оглед дека станува збор за сериозни количини отпад, од компанијата барале начин како истиот да го искористат. После осум години истражувања, тие го претвориле градежниот отпад во внатрешни ѕидови на нов објект, прва зграда направена од 75% рециклиран материјал. Кога оваа компанија била формирана во 1961 година, бетонот го правела на ...
Mercedes-Benz прославува голем јубилеј, 500.000 произведени примероци од G класата, а по тој повод им оддаде почест на претходните верзии со специјален уникатен ретро модел. Робустниот теренец прв пат се појавил во 1979 година. Специјалната G класа има задача да потсети на моделот 280 GE од 1986 година. Ретро каросеријата е лакирана во агаве зелена боја, решетката на ладилникот е во црна боја, а предните светла имаат мрежеста заштита. ...
Во 1508 година, Микеланџело Буонароти имал 33 години. Немал искуство во фреско сликарство, но по барање на папата Јулије II морал да наслика таван од 600 метри квадратни, висок 18 метри. Кога конечно завршил со сликањето во 1512 година, секој што се нашол под сводот на Сикстинската капела останал без здив. Во центарот на композицијата се нашле девет сцени од Книгата на Битие: создавањето на небото и земјата, Адам и Ева, приказната за Ное. Но и ...
Унгарската компанија BSD Invest Europe планира во Рожај во Црна Гора да изгради агросоларен парк со инсталирана моќност од 148,3MW, преку својата Локацијата истовремено ќе се користи за одгледување на овци и одредени видови овошје. Концепцијата на агросолар станува се попопуларна за проектите на фотонапонски погони на Западен Балкан, на местата на кои е можно земјоделско производство. Неодамна еден агросоларен потфат е стартуван во Црна Гора, ...
Јапонија е една од најатрактивните дестинации за љубителите на возови. Од возењето со супер брзите чуда на технологијата до живописните туристички возови, патувањето со воз во земјата на изгрејсонцето е сон за многумина. Возот кој сообраќа до живописниот град Такачихо е единствен по многу нешта. Вагоните се во ровова боја, се патува низ прексрасните оризови полиња, а долж руртата се минува и преку највисокиот железнички мост во Јапонија. Но, ово ...
МОЖЕМЕ ЛИ ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ МОЌТА НА СВЕТСКАТА СОЛИДАРНОСТ Пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, денеска се одржа конференција за печат во Кунстхале Виена, по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Концептот на ...
Тим експерти за недвижности од британската GetAgent, претстави серија рендери кои нудат увид во некои од најпознатите светски објекти „редизајнирани“ во низа различни стилови. Серијалот, кој содржи петнаесет визуелизации создадени со помош на вештачка интелигенција (АИ), поточно алатката Midjourney, овозможува поглед на тоа како би можеле да изгледаат сите овие објекти доколку се изградени во друга ера и друг архитектонски стил. Меѓу ...
Благодарение на прозорците, нашите домови имаат природна светлина, но и губат топлина. Со цел да се намали оваа загуба во текот на изминатите децении додадено е уште едно стакло. Помеѓу двете стакла обично има воздух како изолација. За да ги подобрат изолационите својства на двоструко застаклените прозорци, научниците од Универзитетот во Колорадо додале проѕирен аерогел, а нивното истражување е објавено во списанието Nature Energy. Аерогелот е ...
Во склоп на активностите на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се организира Autodesk предавање во живо – трето од низата БИМ активности оваа година. Главен предавач на овој настан ќе биде добро познатиот БИМ експерт Никола Стрезовски од МАСОН Инженеринг и ќе говори на темата: „Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели“. Агенда на настанот: ...
Додека извозот на возила од старите индустриски земји напредува бавно или никако, побарувачката за автомобили од Кина рапидно расте, а Кина веќе се наметна како трет најголем извозник на автомобили во светот. Долго време на кинеските автомобили се гледаше со потсмев. Но, тоа се менува, и тоа доста брзо. Кинезите наскоро може да ги престигнат големите автомобилски нации кога станува збор за извозот. Тие веќе се искачија на третото место во ...
Во потрага по метод за детектирање уривање на згради или терен на косина, научниците од Корејскиот институт за градежништво и градежна технологија (KICT) создадоа паметен сензор кој ги регистрира овие промени и овозможува далечинско следење во реално време. Одамна постојат системи кои го мерат движењето на теренот, но тие се наменети само за стручни лица, скапи се и тешки за употреба, па затоа не нашле поширока примена. Новите сензори со ...
На 23 март 2023 година, во просториите на Европската Куќа во Скопје, во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. се оддржа форумот „ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ – ЗАВРШУВАЊЕ НА ИСТОРИСКИ ПРОЦЕС ИЛИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БЕСКРАЈНАТА ПРИКАЗНА“. Форумот се оддржа во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи ...