
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Europa Nostra, европскиот глас на граѓанското општество посветен на културното и природното наследство, и Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети на културно наследство во Европа за 2023. година во која оваа иновативна програма ја одбележува својата десетгодишнина. Свети Стефан, Црна Гора Она што ни е особено интересно во регионое, но не и да се гордееме, е фактот што на ...
Општината Хајлброн, во германската покраина Баден-Виртемберг, одлучи да стане европска Силициумска долина и го ангажирале архитектонското студио MVRDV да проектира високотехнолошки центар за иновации во областа на вештачката интелигенција (AI). The Innovation Park Artificial Intelligence, ќе биде голем кружен кампус кој ќе користи енергија од обновливи извори, а ќе се простира на површина од 265.000 квадратни метри. Во него ќе се сместат ...
Германскиот уметник Борис Елдагсен одби да ја прифати престижната награда, откако призна дека ја создал победничката фотографија користејќи вештачка интелигенција (АИ). Елдагсен изјави дека не ја прифатил наградата за најдобра креативна фотографија, која ја освои минатата недела на светската награда на фотографии во организација на „Сони“,објави „Гардијан“. Победничката слика покажува две жени на различна возраст во црно-бела боја. Елдагсен, ...
Само неколку часа откако Германија ја заврши својата атомска ера со исклучување на последните три нуклеарни рекатори, најголемиот реактор во Европа е пуштен во погон во Финска. Се очекува Olkiluoto 3, кој сега произведува околу 14% од електричната енергија во Финска, да остане оперативен „барем во следните 60 години“. Инвестицијата чини 11 милијарди евра. Новиот реактор е пуштен во погон после 18 години од почетокот на изградбата, односно 14 ...
Швајцарското архитектонско биро Herzog & de Meuron ќе се претстави со изложба на Кралската академија на уметности од 14. јули до 15. октомври 2023 година во Лондон, со што ќе ја одбележи првата изложба на бирото во Лондон по речиси дваесет години. Филхармонија Хамбург Основано во Базел во 1978. година од Jacquesa Herzoga и Pierrea de Meurona, оваа биро ги обликуваше градовите ширум светот преку преобмислување на природата на архитектурата. ...
Das Progressive Zentrum, независен институт со седиште во Берлин, ги повикува активистите посветени на заштита на климата и животната средина, да се пријават за Програмата за климатски стипендии за млади. Конкурсот е наменет за кандидати од Централна и Источна Европа, како и од Западен Балкан, со намера да се придонесе во глобалниот дијалог за климатските промени. Целта на Програмата за климатски стипендии за млади е зајакнување на посветеноста ...
На 15-ти април, во Германија заврши ерата на нуклеарната енергија, која започна пред повеќе од 60 години. Европската енергетска криза предизвика тримесечно продолжување на работата на нуклеарките заради обезбедување сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Заговорниците на оваа технологија тврдат дека напуштањето на нуклаерната енергија е прерано и дека ќе резултира во поголеми предизвици за енергетската сигурност, како и во ...
До целосниот преки на користењето на јагленот, остануваат цели 10 години, но властите во три региони во Чешка чии економии се забираат на тој енергент, веќе заочнале иницијатива за работа на пилот проекти за воведување на водород и воспоставување на т.н „долини на вододрод“. Имаат амбиција тие места да ги направат важни на паневропско ниво. Трите региони со меморандум се обврзале на соработка во трансформацијата на економијата. Чешка ја ...
Бирото Appels Architekten од Цирих ја проектирале куќата Wooden House by the Lake, дом во југоисточна Германија со вкрстено ламинирана дрвена структура и црни облоги. Куќата се состои од кутијасти волумени и на врвот степенаст едноводен кров. Објектот е целосно монтажен пред да се состави со шумата на место во близина на езеро во Баварија. Со цел да ги искористи погледите на околната природа, Appels Architekten го проектирале домот со многу ...
Louis Vuitton ја претстави најновата верзија на своите безжични слушалки, Horizon. Како и секогаш, Vuitton не разочарува кога станува збор за квалитетот и дизајнот на производите. Овие слушалки, кои се достапни во пет различни бои, дизајнирани се да обезбедат врвно искуство за слушање музика. Слушалките се изградени на лесна алуминиумска конструкција, со слој од полиран сафир на врвот, украсен со препознатливата монограмска шема на брендот. ...
Во Рим е отворена долгоочекуваната изложба „Бесконечност“ (INFINITY) на еден од најзначајните претставници на „сиромашната уметност“, сликарот Микеланџело Пистолето. Во единственото ренесансно здание на архитектот Браманте, за прв пат е претставен само еден уметник, Микеланџело Пистолето. Неговото комплексно творештво ја одбележа светската современа уметност во последните 50 години. Изложбата планира да ги фасцинира Римјаните и туристите се до ...
Најголем прозјумер во Грција е Атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“. Операторот, компанијата AIA, која уште во 2019 година има дадено ветување дека најдоцна до 2025 ќе ги намали нето емисиите на нула и ќе ги покрие своите потреби од електрична енергија со производство на самата локација. Во согласност со тие цели, неодамна е пуштена соларна електрана со инсталиран капацитет од 15,8 MW. Електраната е комбинирана со ...
Овогодинешното 18. издание на Белградската интернационална недела на архитектура – БИНА ќе се одржи од 11. мај до 16. јуни, во организација на Друштвото на архитекти на Белград и Културниот центар на Белград. Програмата „Бина пред Бина“ почнува на 6. мај во Ликовната галерија под име „Жени во архитектурата“ и ќе се реализира во соработка со Комитетот за архитектура на Градот Виена и здружението Женско архитектонско друштво – ЖАД. Идејата на ...
Овие денови Општина Котор во Црна Гора ги објави резултатите од конкурсот за проектирање на идејното архитектонско решение за стадионот ФК Бокељ во населбата Шкаљари во Котор, објавен во ноември 2022 година. По детално разгледување и оценување на 63 пристигнати трудови, жирито едногласно одлучи да ги додели првата награда (15.000 евра) и втората награда (7.000 евра), но не и да ја додели третата награда, додека три авторски дела се откупени во ...
Околу половина од емисиите на јаглерод диоксид поврзани со производството на бетон, настанува со согорување на фосилни горива потребни за загревање на мешавината на варовник и глина, со цел да се добие обичен портланд цемент (OPC). За ова би можеле да се користат обновливи извори на енергија, но проблемот останува во другата половина на емисиите. Имено, минералната мешавина се загрева до температура над 1.400ºC и доаѓа до трансформација на ...
Португалија е добар пример за успешна енергетска транзиција. Од обновливи извори веќе добиваат 60 отсто од енергијата, а за две години тоа ќе биде 80 отсто. Пред година и пол престанаа да произведуваат струја од јаглен и ја затворија последната термоцентрала. Но, некои сепак заработуваат пари. Делови од агрегати и системи на старите термоелектрани на јаглен се експонати на платото на седиштето на компанијата „Енергија Португалија“ (ЕДП), ...
Coworking е деловен простор,канцеларија, но за разлика од типичните, луѓето кои работат во него не се дел од една фирма, туку сите работат независно, без разлика дали како пединци или тимови. HAOS Coworking, деловен простор од 600 квадратни метри најавен е како прв ваков простор во Србија, а мисијата на проектот е создавање глобална стартап заедница за поврзување луѓе и креирање најнови иновативни производи. HAOS Coworking се наоѓа во деловна ...
Кога во 2017 година, компанијата Kalyon Holding победила на првата аукција за проектите за соларни електрани во Турција YEKA-1 GES, со својот партнер Hanwha Group, оваа земја имала едвај 3,5 GW инсталиран капацитет во фотонапонски електрани. Тогаш Kalyon Holding добива договор со државата за фотонапонска електрана од неверојатни 1,35 GW во областа Карапинар. Турција е на пат оваа година да достигне вкупно 10GW, a изградбата на соларниот парк ...
Во издание на „Или-Или“ излезе од печат новата книга со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“, на Матеј Богдановски и Игор Анѓелков, како долгогодишни страсни колекционери и графити-архивари. Од „Или-Или“ велат: „Откако заклучија дека со години ги колекционираат пораките и цртежите на скопските ѕидови, Богдановски и Анѓелков решија да ги спојат креативните сили и да го замрзнат времето во книже полно со радости“. „Графити, некои ги сметаат за ...
Магазинот Time Out ја претстави листата која опфаќа 19 градови со најдобар јавен превоз. Листата ја предводи Берлин, чиј јавен превоз е опишан како доверлив, удобен и сигурен. Дури 97% од испитаниците се воодушевени од сообраќајната мрежа на градот, а метрото има дури 175 станици на девет линии кои се едноставни за навигација. Берлин поседува и S-Bahn, односно градско – приградски железнички систем кој ги поврзува предградијата со центарот. На ...
YJD House е куќа лоцирана веднаш до брана, во близина на Сао Паоло. Врз основа на потребите на клиентите, архитектите од бразилското биро Јacobsen arquitetura избрале да ја поделат програмата на два дела: главна куќа и анекс. Теренот е со континуиран наклон, па одлучиле да ја постават главната куќа на највисоко ниво. Од ова место, можно е да се има преглед на целото опкружување, како и да се одвои објектот од соседите. Гледано одозгора, ...
По повод одбележувањето на 150 години македонски железници, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „ДОБРЕДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ“. Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес. Изложбата е збогатена со ambient I витрини во кои се поставени музејски предмети од фондот на Музејот на град ...
Големиот мост Данјанг-Куншан е вијадукт на брзата железница Пекинг-Шангај. Со должина од 164,8 километри е најдолгиот мост во светот и се смета за едно од инженерските чуда на денешницата. Поврзувајќи ги популарните метрополи во Кина, имено Шангај и Нанкинг овој мост се смета за крвоток на нацијата. Пуштен е во сообраќај на 30. јуни 2011 година и е влезен во Гинисовата книга на рекорди. Данјанг – Куншан се протега долж познатата кинеска река ...
Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се ...
„Моето место под сонцето“ е програма за социјална инклузија наменета за деца и родители од семејства со полоши социо-економски услови, која веќе седум години ја спроведува Здружението за култура „Центар за култура на дијалог“ од Хрватска. Програмата подразбира вклучување на социјално ранливите деца и е замислена да им обезбеди на децата со полоша социо-економска положба, кои живеат во понеповолни животни околности, стимулативна средина во која ...
Доколку дојде до оштетувања на некој објект, градежните инспектори влегуваат и ги проценуваат штетите. Но, ова не би било неопходно, доколку би постоеле роботи како дронови кои би можеле да ја извршат проценката. Со цел ова да се реализира, односно во иднина инспекторите да не се изложуваат на опасност, истражувачите во Penn State Department of Architectural Engineering, со помош на софтвер ги следеле движењата на нивните очи, собирајќи податоци ...
Во сложен и мачен геополитички контекст, една семејна куќа се обидува да се ослободи од актуелните животни обичаи и потребата да се најде нова архитектонска култура. Во земја која постојано е малтретирана со војни и политичка и економска нестабилност, архитектурата често е обичен чин на „реконструкција“ што ги занемарува имплицитните барања за квалитет на дизајнот, за наместо тоа стриктно да задоволува технички и итни потреби. Доказ за тоа е ...
Постои една стара, интересна приказна поврзана со пругата што ги поврзува двете руски престолнини Москва и Санкт Петербург, која се прераскажува со векови, а главни актери на оваа анегдота се царот Николај Павлович, неговиот прст и – железницата. Оваа интересна анегдота „живее“ со векови. „Прст на царот“ – легенда стара со векови Трасата за железницата што ќе ги поврзува Москва и Санкт Петербург своевремено на картата ја нацртал самиот ...
Од наредниот месец, автономните автобуси ќе започнат да возат во шкотскиот град Единбург. Транспортната компанија Stagecoach најави дека самовозечките автобуси ќе почнат да сообраќаат на рута од 22,5 km, од 15-ти мај. Вкупно пет автобуси на кат, ќе превезуваат околу 10.000 патници дневно. Возилата поседуваат сензори кои ќе им овозможуваат да се движат по однапред утврдени траси, со брзина до 80 km/h. Британската влада истакнува дека ова е прва ...
Согласно воспоставениот тренд на организирање средби помеѓу членовите на Друштвото за геотехника, веднаш после успешните „Геотехнички денови во Комората”, најавено е стручно предавање на почитуваниот професор Ахмет Сагламер од Турција како визитинг професор на Градежниот факултет – Скопје. Насловот на предавањето е „Innovative Approaches in Geotechnical Engineering: Construction of Galata Cruise Port (Galataport)” во кое се преточени искуствата ...