
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Станбената зграда Аran се наоѓа во четвртта Zaferaneih на северот на Техеран, Иран, зелено подрачје во близина на брда со прекрасни погледи. Зградата со површина од околу 15.000 квадратни метри има 16 нивоа, од кои 11 ката се станбени, а осум имаат две станбени единици од 370 квадратни метри, додека три ката вклучуваат четири стана од по 200 квадратни метри. Приземјето на зградата се состои од лоби, игротека, фитнес, библиотека, соба за ...
Пол Макартни изјави дека користел вештачка интелигенција за да му помогне да го создаде она што тој го нарече „конечен запис на Битлси“. Макартни во емисијата Today на BBC Radio 4, рекол дека технологијата била користена за да се „извлече“ гласот на Џон Ленон од старо демо за да може да ја заврши песната. „Само што го завршивме и песната ќе биде објавена оваа година“, рече Макартни, кој не ја именуваше песната, но најверојатно тоа е ...
Француската влада ја заврши национализацијата на најголемата енергетска компанија во земјата, EDF, при што компанијата официјално е тргната од Париската берза. Превземањето следуваше откако компанијата претрпе рекордна загуба минатата година, со производство од нуклераки на најниско ниво во последните 34 години. На крајот на 2022 година, Франција започна со откуп на 16% удел во EDF, нудејќи околу 10 милијарди евра за да превземе целосна контрола ...
Европската агенција за животна средина (EEA) во соработка со Европската Комисија, известува дека најголемиот дел од европските капалишта ги исполнува највисоките стандарди за квалитетот на водата во ЕУ. Извештајот е заснован на следењето на 21.973 капалишта ширум Европа. Крајбрежните капалишта (се мисли на морските крајбрежја), кои сочинуваат околу 2/3 од сите капалишта, генерално ги надминуваат локациите на реки и езера (локации во ...
Citroën слави 55 години од моделот Méhari, премиерно претставен на 16-ти мај 1968 година на голф теренот Довил во Нормандија. За речиси 20 години, во периодот од 1968 до 1987 година, произведени се 144.953 примероци (од кои 1.213 изведби на Méhari 4×4) што било навистина импресивно. Méhari станал култен автомобил како за Citroën, така и за светот на автомобилизмот воопшто. Името Méhari, е превземено од посебен вид на едногрба камила од северна ...
Во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. На ...
Заоблен зелен кров нежно ја крие винаријата проектирана од бирото Czech Aleš Fiala Studio во ридестиот пејзаж на Kurdějov во Чешка. Наречена Gurdau Winery, зградата од 1.260 квадратни метри изгледа како да го имитира постоечкиот пејзаж кон поетската зелена површина. Брендот е основан во 2012 година на „зелено поле“, со засадување на првите винови лози на падините над селото Kurdějov. Низ историјата селото био еден од најважните снабдувачи на ...
Познатото холандско архитектонско студио MVRDV во Амстердам, ја заврши својата енергетски ефикасна лабораторија и деловна зграда Matrix One. Станува збор за напредна филозофија на дизајн која е фокусирана на флексибилноста. Самата конструкција е од демонтажен тип и над 90% од деловите можат да се рециклираат. Matrix Innovation Center се наоѓа во амстердамскиот научен парк и се состои од седум згради. Најголема од нив е токму Matrix One. Во овој ...
Институтот за стандардизација на Србија (ИСС) за првпат е домаќин на Генералното собрание на европските организации за стандардизација CEN и CENELEC, кое годинава ќе се одржи од 19 до 22 јуни. На овој 59. CEN и 65. Генерално собрание на CENELEC во Белград, ќе има повеќе од 200 претставници на националните тела за стандардизација од 34 земји од Европа и светот, кои ќе одлучуваат за натамошните насоки за развој на европската стандардизација во ...
Иницијативата Да го зачуваме Лисиче преку социјалните мрежи повика на протест против бетонизација на Лисиче, кој ќе се случува на 14 јуни. Збирното место ќе биде кај крстот на влезот на населбата Лисиче. „Ние жителите на Населба Лисиче ве повикуваме на протестна блокада на булевар Србија на 14.06.2023 среда со почеток во 17:30 часот. Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната бетонизација која ни следува! Ги повикуваме сите граѓани ...
FIFA минатата година објави дека јаглеродниот отпечаток на фудбалското првенство во Катар изнесувало 3,6 милиони тони, тврдејќи дека таа количина е неутрализирана преку проектите во областа на е-мобилноста и зеленилото околу стадионите. Но, швајцарската Комисија за лојалност, утврдила дека оваа организација ги прекршила прописите за сузбивање на нелојалната конкуренција изнесувајќи тврдења за првенството кои никој не може да ги докаже. Покрај ...
Мексиканска рурална куќа проектирана од бирото HW Studio Arquitectos со канцеларии во Мексико и во Валенсија, обликуванa e со камени ѕидови за да биде „културен израз“ во регионот Guanajuato во Мексико. Наречена Casa Enso II, издолжената куќа сместена е на поетски рурален пејзаж во регионот, каде што пејзажот ја надополнува ниската куќата со текстури и карактер. Куќата, опишана како „конструктивен идентитет“, е завршена по опсежно историско ...
Секоја година во светот се произведуваат околу 400 милиони тони пластични производи. Околу половина од оваа количина се корсити за изработка на предмети за еднократна употреба. Се проценува дека 8 до 10 милиони тони од оваа пластика секоја година завршуваат во океаните. Со цел да се подигне свеста за загадувањето на океаните со пластика, Обединетите нации го прогласиле 8-ми јуни за Светски ден на океаните. Пластиката е најчестиот вид на отпад во ...
Студиото АГИ Архитекти ја освои првата награда на натпреварот за изградба на резиденција и дневен центар за стари лица, лоциран во Ла Риоха, Шпанија. Архитектурата на проектот се предлага да го минимизира неговото влијание врз руралниот пејсаж што го опкружува, генерирајќи отворен и волуметриски пропустлив комплекс, кој ја фаворизира социјалната, психолошката и физичката благосостојба на неговите станари, со посебна грижа за енергетската ...
„Haus e“ извира кон езерото како телескоп со поглед на долината во населбата Канобио во италијанскиот регион Пијемонт. Основата е вградена во теренот, се интегрира и ја одредува насоката на конзолата која е ослонета на столб во форма на буквата V со долга настрешница кон езерото и долината. Бесконечниот базен поставен е кон езерото спојувајќи ја водата на езерото и водата на базенот, поврзувајќи ги границите помеѓу изградената и природната ...
Комбинирањето на земјоделството и енергетиката поелка добива свое место во секторот за обновливи извори на енергија во југоисточна Европа. За агросоларните електрани се одлучуваат се повеќе инвеститори. Кај оваа технологија, фотонапонските панели се поставуваат на носачи високо над почвата, и на тој начин се овозможува одгледување овошје и зеленчук на ситата површина во делумна сенка и под заштита од временски непогоди како на пример град. Исто ...
Тешко е да се замислат достигнувањата на визуелната уметност на 20. век без Пабло Руиз Пикасо (Малага, 25 октомври 1881 – Мужен, 8 април 1973) како една од централните фигури. Со своите впечатливи форми и карактеристични агли на сликање, овој шпански уметник опфатил речиси сè, од ужасите на војната, па до неограничените можности во изразувањето на човечката форма. Во текот на својот долг живот, Пикасо насликал околу 13.500 слики и направил ...
Лондонската дизајнерка Camille Walala соработувала со столарската работилницата Our Department за да го опреми своето студио со едноставна верзија на својот шарен дизајнерски стил. Електрични сини подови, плакари со графички дезен и чајна кујна со пропорции налик на цртан филм се наоѓаат во просторот, кој е сместен во зградата Regent Studios во близина на Broadway Market во источен Лондон. Просторот на седмиот кат ги привлекол Walala и ...
Haptic Architects и Oslo Works планираат напуштен паркинг во близина на центарот на Осло да го претворат во туристичка атракција. Намерата им е да направат фјордариум и да им овозможат на посетителите увид во морскиот свет во фјордот. Fornebu Brygge ќе има 45.000 квадратни метри и ќе биде сместен долж брегот со средиште околу фјордариумот во кој ќе има повеќе подводни галерии и ќе биде проектираан да издржи плимни струи. Комплексот ќе содржи и ...
Изложбата „El Parque del Drago, 1998-2023: 25 години околу илјадагодишното дрво“ е организирана од Градскиот совет на Icod de los Vinos и курирана од архитектот Фернандо Менис. Предлогот е вклучен во проектот „Острови на светот“ (кој во претходните дванаесет изданија се одржуваше под името „Острови на иднината“). „Islas del Mundo“ има за цел да го рашири канарскиот биодиверзитет и да го врати културниот и природниот туризам во центарот. ...
Онлајн конференција со регионално познати предавачи на тема: “Подобрување на одржливоста на градските средини” во организација на Винербергер. Конференцијата ќе се одржи на 13.06.2023 во периодот од 14:00-17:15ч. Линк за регистрација: https://www.futurepaving.com/Registration2023/register Инфо до програмата: https://www.futurepaving.com/Registration2023/pages/programdetails Инфо до предавачите: ...
Владата на Србија ја усвои Стратегијата за нискојаглероден развој за периодоодт од 2023 до 2030 година, со проекции до 2050 година, после повеќе од три години од јавната арсправа за овој документ. Стратегијата предвидува дека Акцискиот план за нејзиното спроведување во периодот 2024 до 2030 година да се усвои во рок од една година. Стратегијата како општа цел дефинира намалување на емисииите на стакленички гасови, без секторот користење на ...
Европската унија побарала од компаниите поврзани со социјалните медиуми, меѓу кои се и Google и Facebook, веднаш да почнат да ги означуваат содржините кои се генерирани од страна на вештачката интелигенција (AI). Истовремено, Брисел го предупреди Twitter дека ќе се соочи со санкции доколку не се усклади со новите закони за дигитални содржини, кои стапуваат на сила на 25-ти август во сите земји од ЕУ. ЕУ дополнително има побарано од Facebook и ...
Архитектонското студио Dellekamp/Schleich со седиште во Мексико Сити го заврши проектот за кампусот на универзитетот IESEC, специјализиран за применета уметност и техничките науки. Кампусот се наоѓа на две главни патни правци во градот Салтиљо, главен и најнаселен град на мексиканската држава Коахуила де Сарагоса, лоцирана југозападно од градот Монтереј, Мексико. Кампусот е проектиран во универзитетска област која е стратешки лоцирана, така ...
Лондонската компанија DeVIEHL го претвора пиењето кафе во луксузно искуство… Andreas Bos и Jonathan Strauss, основачите на оваа компанија, ги фокусирале своите комплементарни вештини и искуство стекнато во производство на луксузни часовници, инженерска прецизност и иновации на производи за да дизајнираат совршена шолја за кафе. Тие успеаја да произведат нешто што му недостигаше на целиот свет. Дизајнирана да маѓепса – иновативно обликувана, со ...
На 50. кат на легендарниот Ritz Carlton Nomad во Њујорк барот Nubeluz нуди единствен поглед на Менхетн и го редефинира искуството на фина гастрономија на најпрефинет начин. Од секој агол, овој бар на покривот ги буди сите сетила на гостите, особено кога денот отстапува место на ноќта и светлата на градот се палат. Ентериерот го носи потписот на бирото Martin Brudnizki Design Studio, благодарение на кое е опфатено сè што ја дефинира њујоршката ...
Недалеку од словенечко-италијанската граница, во местото Шкофије крај Копер, оваа година заврши изградбата на новата зграда на локалното основно училиште, именувана по народниот херој на Југославија, Оскар Ковачич. Овој современ, прилагоден на корисниците и енергетски економичен објект зафаќа површина од 6.000 квадратни метри, а на неколку ката сместени се 18 училници кои можат да примат повеќе од 500 ученици. Од технолошки аспект, проектот ...
Откако проектот Bosco Verticale доби бројни пофалби, италијанското студио Stefano Boeri Architetti, ширум светот постојано проектира згради прекриени со растенија. Нивниот придонес во популаризација на овој тренд е многу значаен, а за најновиот проект студиото најавува користење на илјадници растенија и стотици дрвја. Според авторите на проектот, ова може да се спореди со евгетацијата која се наоѓа на еден хектар шума. Изградбата на облакодерот ...
Компанијата Apple го претстави моделот на очила за виртуелан реалност под името Vision Pro, што се смета за најризичен потег ан таа компанија уште од претставувањето на првиот модел на iPhone пред повеќе од десет години. Почетната цена на Vision Pro ќе биде 3.499 долари, што е повеќе од три пати од цената на сличниот производ на компанијата Meta, која во моментот е доминантна на тој пазар во формирање. Очилата на Apple ќе бидат достапни во ...
Вчера Претседателот Стево Пендаровски ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на државата, а во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа во претседателскиот Кабинет. Претседателот ...