
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Првиот вицепремиер и член на претседателството на ДУИ, Артан Груби, вели дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива за претстојните локални избори е несвојствена и едвај чека да види како гласачите на едните ќе гласаат за другите и обратно. „По социјалните мрежи ја нарекуваат коалиција ’27-ми‘, тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на ‘Скопје 2014’, а не за едно цело Скопје и заедничко и ...
“Скопје денес е тоа што секогаш сме сонувале да го имаме, едно за сите, и лево, и десно, сепак цело, а не наше и ваше. Честитки и до Висар и Петре заради тоа што градат заедништво и иднина а не минато и поделби. Денес сме сведоци на трансформација на пазар кој што долги години фунскионираше би рекол како инпровизиран пазар, без услови и посебен паркинг. Бит Пазар е економскиот традиционален симбол на Скопје, кој поради неговата местоположба, ...
До вчера се регистрирани 14 ученици позитивни на ковид-19, но тие не се заразиле на училиште. Тоа е 0,01 од вкупниот број на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. -Потенцирам, сè уште нема интерна трансмисија во ниту едно училиште. Епидемилошките служби како и Државниот санитарен инспекторат се на терен. Кои ученици и училишта се таа информација ја имаат ...
Властите во Холандија се залагаат за законски процедури за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, објави НЛ Тајмс. Од таму велат дека станува збор за обид на борба против дебелината. Имено, Властите од градовите Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед испратиле писмо до државниот секретар за здравство, благосостојба и спорт Пол Блокхаис во кое се бара поголемо овластување, вклучително и намалување на бројот на ...
Во Хабаровск, на рускиот далечен исток, основците училишната година ја почнале со стомачен танц и полугола танчарка. На социјалните мрежи кружи видео во кое се гледа како професионална танчарка „ги забавува“ дечињата. Многумина се бесни заради инцидентот бидејќи сметаат дека на ваков вид танц не му е место во училиштето, додека други се шегуваат. Училишната администрација засега не излегла со соопштение по повод овој настан. В Хабаровске на ...
Имаме најдобар доказ зошто жителите на Петровец повторно ќе го направат вистинскиот избор за општина Петровец, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, по посетата на општината Петровец. Убеден сум во победа, победа која ќе значи подобрување на сите овие проекти , Денеска сме на изградба на улица , но има бројни проекти, и многу ќе се гради во иднина, затоа што имаме чесен и посветен градоначалник кој што ја знае работата и ...
Рестораните и баровите во Бугарија ќе треба да се затворaaт во 22 часот од 7 септември, додека спортските натпревари во салите ќе се одржуваат без гледачи, изјави денеска бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров. „Нема простор за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Нискиот процент на вакцинација не принудува да ги воведеме овие мерки“, рече министерот, а пренесе „Ројтерс“. Тој уште еднаш апелираше до граѓаните ...
Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно и современо Делчево. Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх. Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, се внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска ...
Не може да се пишуваат коментари, а некои корисници велат дека апликацијата воопшто не им се отвора. Под ознаката #InstagramDown на Twitter во последните неколку минути се објавени повеќе од стотина твитови од целиот свет. Некои корисници се прашуваат за што станува збор, додека други се шегуваат бидејќи ова почна да се случува многу често. Засега не е познато која е причината за проблемите, ниту кога ќе се нормализира работата на Instagram. ...
Снимките и фотографиите од летните одмори се нешто што најчесто ги гледавме на социјалните мрежи во изминатите неколку месеци. За разлика од оние што ги забележавме како спомен од летото 2021 година, сосема случајно, постојат вирални снимки што го насмеаа целиот регион. Токму таква е оваа, во која главна улога има извесен Иван. Сигурно сте виделе неколку пати како сопрузите ги фотографираат своите сопруги на жешкиот песок во различни пози за ...
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски излезе со став по изјавата на премиерот Заев дека сам одлучил да се исклучи од партијата. Димитриевски вели дека бил и ќе биде социјалдемократ, а одлуката за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. „Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека ...
Определбата на актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и прерано да го напушти процесот на селекција на кандидатите за претстојните локални избори согласно сите истражувања што ги правевме е негова лична одлука и со таа лична одлука тој ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ, порача денеска премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. figure> -Статутот на СДСМ водејќи ...
Четворица членови од исто семејство починале во домашни услови, потврди за Слободен печат доктор Миранда Пајазити од тетовскиот ковид центар. Сите четворица пациенти биле од исто семејство и присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една недела. –Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и ...
Aјкула женка, која минала 10 години во аквариум без ниту еден мажјак, сепак доби свое потомство, јавуваат италијанските медиуми. Реткиот случај е забележан во аквариумот „Кала Гононе“ на Сардинија, каде што ајкулата со години живеела само со женки. Малечкото го доби името Испера (Надеж). Изненадувачкиот настан се припишува на тн. „партегонеза“, или „девствена заедница“ – несексуална репродукција за којашто не е потребна сперма за оплодување на ...
Апсолутно не е коректна употребата на Република С. Македонија и е понижување кон државата и Уставот кажа премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција. „Нашата држава се вика Република Северна Македонија, не Република С. Македонија, и тоа е понижување кон државата и Уставот на државата. Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја, јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес, но сите се согласуваме ...
Извршителите во просек имале чиста индивидуална заработка од 1,516.728 денари минатата година според надзорот на работата на извршителите што го објави Министерството за правда за 2020. Toa значи дека месечно имал личен приход од нешто повеќе од 2.000 евра. Тоа, според министерството, е најмала заработка во изминатите години и единствена до сега што е помала од 2 милиони денари на годишно ниво е онаа една година претходно, во 2019, кога ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“. На панелот, на кој зедоа учество премиерот на Словенија Јанез Јанша, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, премиерот ...
Во последните 24 часа, коронавирусот во Србија е потврден кај 3.346 луѓе, а во исто време, 15 пациенти починале како последица на овој вирус. На респиратор се прикличени 87 пациенти. Во Србија вакцинираните со оваа вакцина имаат најслаб имунитет- потребна е трета доза Луѓето кои ја примиле вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ имаат најслаб имунитет, изјави заменик – директорот на Клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ. Тој кажа ...
Дневникот на РТС беше за многумина различен од вообичаеното. Неочекувани сцени се случија во Дневникот на Српската радио – телевизија. Директорката на КБЦ Бежанијска зборуваше во живо за коронавирусот и важноста на вакцинацијата, но изгледа дека нејзината колешка не била свесна дека е во кадар и се снима. Имено, медицинската сестра помина низ кадарот, седна на стол и почна да го соблекува горниот дел од медицинската униформа. Причината за ...
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа. figure> СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус. figure> Сите ...
Три угостителски објекти се затворени бидејќи примале невакцинирани гости. Пазарниот инспекторат во изминативе десетина дена откако на сила стапија мерките на Владата со кои се забранува невакцинирани лица да посетуваат кафулиња и кафеани, при контролите на терен заедно со Министерството за внатрешни работи затворил три објекти, а поднесена е и една прекршочна пријава, пишува САКАМДАКАЖАМ. figure> Меѓу затворените објекти е и ресторан за ...
Утрово во вооружен напад во скопската населба Топанско Поле во Чаир убиено е лицето Е.Б. „На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, гласи одговорот од МВР. Убиството се случило во близина на семафорите во правец на населбата Џон Кенеди. На местото на настанот има полиција и обвинители, ...
Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско. Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври. Ова свое тврдење, го заснова на бројките од последните истражувања. Тој денеска присуствуваше на отворањето на Политичката академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад ...
По појавата на видео на социјалните мрежи каде се гледа како пациентка заразена со Ковид-19 ја напушта гостиварската болница преку прозор главниот инфектолог на болницата, доктор Ратко Наумовски за „Слободен печат“ изјави дека пациентката не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата. – Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки ...
Претседателот на Владата, Зоран Заев со видеообраќање го честиташе почетокот на новата учебна година 2021-2022 година. „Почитувани наставници и родители, драги ученици во основното и средното образование, ви посакувам новата учебна 2021 – 2022 година да започне и да се одвива во симболиката на старото нормално. На сите првачиња и на сите родители им го честитам почетокот на најважната фаза во нивниот живот кога ќе ги истражуваат неизмерните ...
Изгледа дека му беше непријатно што мора да покаже одредена почит кон тие американски херои, напиша воениот ветеран Вилијамс на социјалните мрежи и остро го критикуваше „бисерот“ на Бајден. Американскиот претседател Џо Бајден направи нов гаф кога свечено ги пречекуваше телата на загинатите американски војници од Авганистан. Бајден за момент се замисли, ја крена раката и погледна во својот часовник, а тоа разбесни многу родољуби и републиканци, ...
Апелација ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо. Еленко Миланов, кој ја застапуваше обвинетата Ангела Ѓорѓиевска, за “А1он” рекол дека го добил известувањето за укинувањето на пресудата, како и дека судиите ги уважиле жалбите и утврдиле погрешно утврдена фактичка состојба. – Точно е дека е укината пресудата која ѝ беше изречена на Ангела Ѓорѓиевска за помагање во убиството на Пино ...
Не знам како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација. Нешто слушнав 10 % ако се заразени. Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“. Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на ...
Mинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под нула и дека бројот на новозаразени денеска ќе биде под 900. -Бројките се намалуваат и мерките даваат резултати, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Единствениот начин да им се помогне на децата е да се вакцинираат возрасните, за да се заштитат родителите и постарите лица. Доколку ...