
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Против двајца жители на Кочани и Дебар, полицијата поднесе одвоени кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете, откако било утврдено дека си ги принудувале децата да питачат и да крадат, соопшти МВР. „На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала ...
Марина Туцаковиќ, која деновиве е со влошена здравствена состојба бидејќи веќе неколку години се бори со рак на дојка, а се заразила и со коронавирус поради што се пишува и дека е на респиратори, неодамна ја изненади јавноста со изјавата дека и покрај сугестиите на лекарите и блиските луѓе, таа не се откажала од цигарите и алкохолот. Марина вели дека понекогаш сака да пие пиво и да ужива во чадот од тутунот, иако поради нејзината болест не ...
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите. – Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на ...
Модуларните болници се безбедни и градени согласно стандардите. Тие се истиот тип како и насекаде во светот. Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека проверките во модуларните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект. Трагедијата не погоди сите, ќе ја паметиме цел живот, изгубивме животи. Да сочекаме, ...
Премиерот Зоран Заев од медиумите слушнал дека ексгенреалниот секретар на Владата, Драги Рашковски е виден како шета низ Аеродром наместо да е во куќен притвор. Заев посочи дека му било дозволено на Рашковски да оди на лекар. „Соопштија органите дека има дозвола од суд, во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Ниту знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека е точно предвидено колку пати во неделата е ...
Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц. „Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“. Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но ...
Сцени како од филм во кои се слушаа крици од протестирачите ја разбрануваа Словенија, а причината за протестот е веројатно поврзана со неодамнешните строги мерки против коронавирусот во земјата. Стотина луѓе протестираа и фрлаа факели пред плоштадот на Републиката во Љубљана, извикуваа погрдни зборови, а полицијата мораше да ги растера со водени топови и солзавец по споредните улички, пренесува Новости. Сцени како од филм во кои се слушаа ...
Доколку жителите на главниот град во својот сопствен двор имаат дрвја што сакаат да ги исечат, за тоа мора да побараат согласност од градските власти. Ова е исклучително важно да се знае во овој период од годината, но и во рана пролет кога најчесто се сечат дрвјата. За жал, на многумина ова правило не им е доволно познато, па во обид да си го средат дворот или, пак, да си обезбедат дополнителна количина дрво за огрев, сами се обидуваат да ги ...
Сцени како од филм во кои се слушаа крици од протестирачите ја разбрануваа Словенија, а причината за протестот е веројатно поврзана со неодамнешните строги мерки против коронавирусот во земјата. Стотина луѓе протестираа и фрлаа факели пред плоштадот на Републиката во Љубљана, извикуваа погрдни зборови, а полицијата мораше да ги растера со водени топови и солзавец по споредните улички, пренесува Новости. Сцени како од филм во кои се слушаа ...
Нашите служби постојано ќе ги покриваат оперативно дојденците од авганистанците. Имаме добри служби изградени во овие години кои ќе може да детектираат опасност. Вие вчера ми се јавивте, јас се откажав од роденденската прослава за да дојдам овде. За овде не ми треба посебна храброст. Најавата беше дека тие ќе бидат кај нас додека за нив не се најде решение. Од она што го знам е дека расположението на Владата е да се испочитува законскиот рок ...
Со Договорот на државите наследници на поранешна СФРЈ на последниот состанок во Сараево целосно е завршена распределбата на недвижниот имот на поранешна СФРЈ од Анекс Б од Договорот за прашања за сукцесија во географскиот регион на Организацијата за економска соработка и развој и Латинска Америка и Карибите, јави дописникот на МИА од Белград. На Србија и се дадени објекти на амбасадата во Копенхаген-Данска, како и дел од амбасадата и помошен ...
Научници тренираат крави да одат во тоалет, така ќе се спасела планетата Холандски и германски научници успешно обучиле крави да уринираат во посебни простории со надеж дека ова ќе помогне да се намали загадувањето на водата и емисијата на стакленички гасови. Истражувачите Линдзи Метју и Даглас Елиф работеа со 16 телиња на фарма, управувана од Истражувачкиот институт за биологија на животните во Германија. На овој начин некои ги тренираат ...
Децата се вистинско богатство, но денес повеќето луѓе се одлучуваат да имаат 2 или 3. Сепак во минатото, односно во 18-тиот век, постела жена која родила дури 69 деца. Според некои извори, нејзиното име било Валентина Василиева и таа го држи Гинисовиот рекорд за најмногу родени деца. Без сомнение, нејзината приказна што ги тестира границите на женското тело предизвикала многу дебати. Неверојатната плодност на руските селани Неверојатната ...
Оставkите на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски. Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, согласно, како што рече, утврдените причини за ...
Вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 192.827 лица. Политичката партија ,,Левица” предводена од пратеникот Димитар Апасиев, повикува на бојкот на пописот со кампања ,,Не отворам врата”. Но, на социјалните мрежи се шири фотографија за која се тврди дека на неа како ...
Синоќа сообраќајната полиција со радарска контрола регистрира возач кој со своето возило возел со брзина од 201 километар на час, односно со над 70 километри повеќе од максимално дозволената брзина. На територијата на земјата во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 310 возила кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Од санкционирани 310 возачи,16 управувале со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила ...
Една од најпознатите македонски фолк ѕвезди која со години е на естрадата и е една од најстандарните Елена Велевска беше гостинка во емисијата G-Carpet. Миро Кацаров ја праша за сопругот во какви односи се, а се осврна и на изјавата на нејзиниот поранешен сопруг кој изјави дека таа има психички проблеми, а таа на тоа одговори: Со него сум во коректни односи може да се каже бевме во брак 12 години, а со таков сопруг секој би имал психички ...
Единаесет години е вршител на должноста директор на Тетовската болница д-р Флорин Бесими, кој на 10 септември на Фејсбук објави дека си поднел оставка, два дена по катастрофалниот пожар во модуларниот Ковид-центар во кој загинаа 12 пациенти и двајца нивни придружници. Но, од Министерството за здравство велат дека Бесими уште ја нема доставено оставката, пишува СДК. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција ...
Битолскиот јутјубер Ритко вчера предизвикал инцидент во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“, каде што скришно влегол во објектот, ги снимал учениците со мобилен телефон и со вулгарни зборови ги нападнал ученичките, објави порталот ММС. Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција, но Ритко заедно со своите пријатели успеал да скокне од прозорецот од училницата и да побегне. Сепак, полицијата го фатила на друга локација во Штип, каде што ...
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека минорна е бројката на оние граѓани кои одбиле да се попишат. -Бројката на оние кои одбиваат е многу мала, би рекол минорна. Не би можел да кажам конкретна бројка, но десетици, дали се и десет. И со тие што првично одбиваат по дополнителни разговори најчесто прифаќаат да се попишат. Ќе продолжиме да разговараме со сите граѓани кои ќе ...
На пописот во Македонија што е во тек досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани. Ова во текст за „Фактор.бг“ го пишува поранешниот конзул на Бугарија во Софија, Иван Анчев. -Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лишило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје, искрен е конзулот. Седумдесет и двајца. При 130.000 бугарски пасоши издадени од северномакедонски граѓани. Сите тие баратели на пасош кои ...
Некогашниот прв човек на фудбалскиот клуб Вардар сега започна нов проект. „ФК Парк“ е името на новиот проект предводен од Сергеј Самсоненко. Имено тоа е фудбалска академија која има за цел да прерасне во професионален клуб. Академијата се наоѓа позади источната трибина на националната арена „Тодор Проевски“. Самсоненко, кој беше на чело на Вардар, го доведе клубот до Лигата на Европа, но поради несовесното водење, клубот падна во огромни ...
Администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од СЗО и американската агенција за лекови ФДА. – Вакцините, кои ги има во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе со висок ризик од тежок облик на Ковид и кои се уште не се вакцинирани, пишуваат експерти во британското медицинско списание „Лансет“. – Актуелните податоци не ...
По сознанијата и снимките дека во Клиничката болница во Тетово, со пациентите заболени од Ковид-19, престојуваат семејствата, реагираа вечерва од таму. ТВ21 објави дека на сите блиски кои не се заразени и се грижеа за пациентите им било кажано да го напуштат објектот. Еден од нив беше граѓанинот кој се изјасни пред камерите дека редовно се грижи за својата сопруга во болницата. Тој вели дека оваа одлука дошла по изјавата што ја дал во текот на ...
,,Нашата цел за наредните триесет години мора да биде уривање и на последните стереотипи, поделби, клевети и обвинувања. Јас ќе уривам зидови кои делат и ќе градам мостови, единствена земја. Доста е од се досега. Во оваа држава мора животот подеднакво да значи и во Липково, и во Кривогаштани. Мора да се развива и Тетово и Штип. Мора да градиме мостови, и да се разликуваме меѓу себе по идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата ...
Никогаш не сум била на море, не можам поради работата со земјоделието“ – Тажна животна приказна на една ученичка! Мирсада Хаџиќ, ученичка во прва година во средно училиште во Козарска Дубица во Босна и Херцеговина има само една желба: да види море. Меѓутоа, животот на оваа девојка премногу се разликува од многуте животи на нејзините врсници, бидејќи татко ѝ се разболел кога имала само 10 години, па таа морала да ја преземе работата на нива. ...
Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, говореше за критиките упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која според него, се обидува да го дискредитира како личност. „Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично. Тие се со цел да бидам дискредитиран во очите на јавноста. Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, ...
Газим Нуредини, координаторот на ковид болницата во Тетово, денеска пред медиумите кажа дека за три минути изгорела цела модуларна болница, и тоа е чудна околност, бидејќи како што вели, суво дрво нема да изгори за три минути. „Тоа било три минути, дојдов за три минути беше се завршено. Ние не сме експерти, и затоа ноќта баравме јавен обвинител, МВР да интеревнира. Чудно ни беше за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само ...
Доктор Горан Трајковски е македонски лекap од Скопје кој веќе неколку години живее и работи во Германија, а доста е активен на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно дава медицински совети за своите следбеници особоено откако започна пандемијата на коронавирусот. Трајковски на Инстраграм објави видео во кое со огромен гнев говори за трагедијата која ги затекна тетовчани, откако се запали модуларната ковид болница во Тетово, несреќа во која ...
Обвинителката Вилма Рускоска ја побара целата документација за набавката на монтажните болници. Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска издаде наредба до Бирото за јавни набавки за да ја добие целокупната документација за 19-те изградени монтажни болници во земјава, откако Министерот за здравство Венко Филипче ги повика истражните органи да ги истражат јавните набавки. Ова е сосема одделна истрага од онаа што го вршат ...