
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



За жал, меѓу напаѓачите повторно ги гледаме сите оние исти имиња кои десетици години наназад не дозволуваат ниеден чекор да се направи во однос на зближувањето со соседна Бугарија, се вели во соопштението на ВМРО-НП. Вообичаено кога зборуваме за компромиси кои треба да ги направиме со нашиот сосед Република Бугарија, противниците на таа идеја го изнесуваат аргументот дека со тоа се негира нашиот идентитет и македонската нација. Во најновиот ...
Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје. Во вторникот околу 14 часот граѓани пријавиле во СВР Тетово дека забележале како животното само се движи на автопатската делница. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата со возило успева да го сопре коњот, а потоа и да го отстрани од автопатот. Од СВР Тетово потврдуваат ...
Сопственик на аптека починал синоќа откако му јавиле дека крадци влегле и му ја ограбиле аптеката во Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 20 часот едно лице со закана со нож влегло во аптека на улица „Џон Кенеди“ и со закана со нож кон вработената, го украл дневниот промет. Десетина минути подоцна во аптеката дошол четириесетгодишниот сопственик на кого му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и ...
За производство на копии може да се користат штетни состојки, нискоквалитетен алкохол, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, арсен, антифриз. Главно не можеме да бидеме сигурни што точно има во шишињата со парфеми, бидејќи копиите се одлични и мирисаат слично на оригиналите. За производство на копии може да се користат штетни состојки, нискоквалитетен алкохол, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, ...
Руските медиуми објавија видео од баба на возраст од околу 70 години од градот Петровка во регионот Амур, која не се откажува пред дрскиот разбојник на улица, иако сторителот бил барем десет пати посилен од неа, и физички и со намера да ја ограби. Видеото го објави локалната полиција и на него се гледа снимка од безбедносни камери на разбојник кој и приоѓа на старицата одзади и и ја краде чантата. Меѓутоа, старицата не се предала туку цврсто ...
Ова е тој, а има за него и посебна ракија на која е изгравирано неговото име и презиме Речиси секој ден пијам чаша ракија, или по некоја чаша вино, но никогаш нема да можете да ме видите пијан. Тоа е нешто од кое што не се срамам, но е дел од животните навики. Вака претседателот на Србија Александар Вучиќ зборува во однос на неговите секојдневни навики по работниот или за време на работниот ден. Зборувајќи за тоа како владее со Србија, Вучиќ ...
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година. ...
Ќе се брише етничкиот предзнак бугарски пред спомениците од Втората светска војна и ќе стои само фашистички окупатор, а истото ќе се спроведе и во учебниците. Ова го изјави премиерот Зоран Заев објаснувајќи што конкретно ќе се спроведе од барањето на Бугарија. Едно од нив е и името на државата за кое спори Бугарија. „Ќе треба да има дипломатска нота во која што ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е ...
Елис Трип, 11- годишнo момче од Велиkа Британија е во сериозна состојба и се бори за живот во болницата – откако проба нов предизвик кој го пokрена социјалната мрежа Тиk-Тok. „Задачата е да поставите две метални топчиња на јазикот и под него и да се преправате дека имате пирс, но работоте за ова момче тргнале лошо кога случајно ги проголтало двете метални топчиња. Цела недела се чувствувал лошо, а потоа завршил и во болница. Лекарите најпво ...
Овие убавици се од поставата на менкенки од 90-те години. Со години ги освојувале светските модни писти, а сега на социјалните мрежи покажуваат дека годините не им можат ништо. Ѕвездата на спотот “Wicked Games” и познатиот супермодел од 90-те години привлекува погледи и на 52 години. Данската манкенека Хелена Кристенсен (52) позираше во црна долна облека па ја разбуди бујната фантазија кај многумина. Синди Крафорд (55) која заедно со овие ...
Зборувајќи за нашето членство во НАТО, амбасадорката потенцира дека во земјава е донесен и советник со полно работно време кој работи во Министерството за одбрана и со Армијата за да види што може повеќе да се направи за спремноста за НАТО во сите области, а најавува и дека ќе се почне проект во кој со Министерството ќе се работи за реформа на човечките ресурси и администрацијата Британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј, во интервју ...
Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битики при вчерашната посета во Битола со цел увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување”. Тој посочи дека ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените. Додаде и дека ...
Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во вчерашното гостување на телевизијата Алфа изјави дека луѓето кои одбиваат да се вакцинираат, на еден начин претставуваат потенцијални самоубијци, а за самоубијците, според Црквата, нема место во Царството небесно. „Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на ...
Туристите на SpaceX во моментов орбитираат околу Земјата со вселенско летало, разговарале од вселената со познатиот актер Том Круз. Ракетата SpaceX полета во средата од Флорида со првиот целосно цивилен екипаж што некогаш бил лансиран на лет кон орбитата на Земјата, а мисијата треба да трае околу три дена. Летот на Спејс Икс од вселенскиот центар Кенеди на Кејп Канаверал го изнајми американскиот милијардер Џаред Исакман, 38-годишниот основач и ...
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, ...
Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи по предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ. На овој начин исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите. Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот. Тоа значи ...
Владата на Италија денеска усвои една од најстрогите мерки против ковид-вирусот во светот, обврзувајќи ги сите вработени во јавниот и приватниот сектор да имаат сертификат за вакцинација, негативен тест или потврда дека неодамна се опоравиле од ковид. Одлуката е донесена на владина седница и треба да стапи на сила на 15 октомври. Целта на овој потег е да ги убеди луѓето да се вакцинираат и да ја намалат инфекцијата во една од најпогодените ...
Македонката Теодора Мартиноска во интервју за Style.mk кажува како се живее од популарната платформа Onlyfans. Оваа млада девојка со заводливи атрибути,на оваа платформа објавува фотки и видеа со експлицитна содржина, за која нејзините фанови мора да платат. Од каде дозна и како се реши да бидеш дел од оваа популарна платформа? -Имам 20 години, а за OnlyFans дознав лани, кога беше првиот карантин. Исто следев странски инфлуенсери кои работеа ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, синоќа во гостувањето на ТВ21 откри интересен податок. Зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивно навремено откривање, тој рече дека се размилува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кражби. „Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. ...
Вработен во Управата за јавни приходи денеска е снимен како спие на работното место, објави порталот Pacensure.com На видеото, кое до порталот го испратил читател, се гледа како службеникот задремал седејќи на работната маса. Според објавата на порталот, службеникот спиел повеќе од дваесет минути, додека пред неговата канцеларија во архивата во генералната дирекција на УЈП, странки чекале да бидат услужени. Видеото може да го погледнете на ...
Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи по предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ. На овој начин исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите, се вели во партиското соопштение на СДСМ. -Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да ...
Љубомората е нешто што не ѝ е потребно на ниту една љубовна врска, но факт е дека постои и се појавува кај секого, помалку или повеќе. Според хороскопот, некои знаци се тешки кога станува збор за љубомора, а речиси секој хороскопски знак има по некој лош начин на кој ја манифестира. Од проверување пораки во телефон до поставување ултиматуми – како секој знак ја покажува љубомората? Овен – ќе ве натера да бирате помеѓу нив или другата личност, ...
Раковите да не се опседнуваат со големите суми пари, Девиците ќе добијат можност за напредување каква што не се пропушта. Што ве очекува на полето на финансиите и кариерата оваа есен? Во моментов астролошки гледано сме во периодот на Девицата, период кога треба да ги собереме плодовите на напорната досегашна работа или периодот на „жетвата“. Иако календарски сè уште е лето, веќе чувствуваме дека на ова годишно време му се ближи крајот. Сега е ...
По најавите дека од 1 декември едно ќесе во маркет, продавница ќе чини 15 денари, на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии, но и видео во кое граѓаните се шегуваат како би реагирале македонците на тоа. Па како, ако не вака? Види видео во продолжение: Вчерашната вест поврзана со ова: Пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат во маркетите од 1 декември ќе чинат 15 денари, за да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја ...
Детската болница во Козле се полни со пациенти заболени од ковид-19, а во моментов пет деца се на кислородна поддршка, објави Сител. Овие деца имаат ниска кислородна сатурација и сите се со сериозна клиничка слика, но нивната состојба е стабилна, информираат надлежните. Од дваесетината деца кои лежат во болницата, 15 се на училишна возраст. Малите пациенти имаат наоди на белите дробови и висока температура и се борат за воздух, велат лекарите. ...
Во тек е реконструкција на дел од улица “Пониква” во Злетово кон с. Турско Рудари со должина од 500 метри. Општина Пробиштип по пат на јавна набавка склучи договор со ВЕ ГРУПА од Радовиш, во висина од 1.739.532 ден. средства од буџетот на општина Пробиштип. Реконструкцијата на оваа улица опфаќа проширување на коловозот и нов асфалтен слој, со што ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Општина ...
Убавото септемвриско време го искористив за тековни средби со граѓани од село Горобинци. Со домашно кафе со дедо Гоце продискутиравме за проблемите со кои се соочуваат мештаните од ова преубаво село како и за нашите планови како истите заеднички ги надминеме и пребродиме. Да ги негуваме меѓучовечките односи, низ пријателска дебата да го избереме најдоброто за сите, затоа што само сплотени ќе живееме во подобра средина. Средина од која ќе ...
Денес градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров изврши увид на градежните активности кои започнаа во с.Блатец. Овде се поставува водоводна мрежа во должина од 831м, проект кој е во вредност од 1 523 480 ден. Со ова се завршува 100% водоводната мрежа во Блатец а притоа секое домаќинство ќе биде приклучено на новата водоводна линија. Градоначалникот Димитров на 21.06.2021год, склучи договор со Министерството за локална самоуправа – Биро ...
Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански ѕвезди, но и пејач по кој лудуваа жените ширум светот. Пејачот е во складен брак веќе 20 години и има 2 ќерки. Сепак, Чилоќ во 1997 година шокирал со своето признание дека го завела Фрида Лингстад од групата АББА и раскажал детали од нивната врска на кратко. Се се случило кога Чолиќ со песната „Гори ватра“ ја претставувал Југославија на Евровизија, Фрида истата година била придружен вокал на ...
Ученик во основно училиште го поправи Путин на час по историја во врска со тоа каде се борел Петар Велики, а заради тоа беше опоменат од директорот. „Извесната дрскост“ на момчето која ја разбранува цела Русија, не му сметаше на Путин. Тој му се заблагодари на момчето, пишува Нет. – Не беше дрско. Во никој случај не се согласуваме со директорот на училиштето – рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремлин, додавајќи дека „се надева дека ученикот ...