
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Јавна тајна е дека членови на семејствата на болните од ковид во модуларната болница во Тетово која изгоре до темел – бдееле над своите роднини, односно дозволувано им било да присуствуваат во собите заедно со пациентите и да се грижат за нив. Ова за „Слободен печат“ го потврдуваат повеќе од десет граѓани кои што имале близок од семејството хоспитализиран во болницата, а регистрирано е и во репортажи на медиуми чии екипи влегле во тетовската ...
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека варијантата на коронавирусот позната како „Му“ може да биде причина за загриженост, иако сe уште нема докази дека ќе го надмине во моментот доминантниот сој Делта. „Му“, кој првпат беше идентификуван во Колумбија во јануари и е научно познат како Б.1.621, е класифициран претходно овој месец како „варијанта што предизвикува интерес“ од Светската здравствена организација. ЕМА, иако се фокусираше ...
Четиринаесет загинати е црниот биланс на страотниот пожар што ја зафати синоќа модуларната болница во Тетово. Огромните пламени јазици за неколку минути го „проголтаа“ објектот во кој тогаш се наоѓале 26 пациенти. Владата синоќа прогласи тридневна жалост во целата држава, а во Судска медицина во тек е обдукција, а потоа и идентификација на жртвите. Втор ден по трагедијата се испитуваат причините за пожарот. Водителот и уредник на утринската ...
Во пожарот што на 8 септември вечерта избувна во модуларната болница во Тетово, загинаа 14 лица. Владата поради големата трагедија прогласи тридневна жалост. Истрагата за случајот е во тек, а министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека никој нема да биде изземен од одговорност. Во ковид-центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, преживеаните 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. – Нема ...
Неговата реакција следува откако се обелодени дека во ковид-центарот во Тетово, дел од болните пациенти биле со придружба од некој од нивните семејства. Ваквата состојба може да придонесе за поголемо ширење на коронавирусот, особено што луѓето кои доаѓале во болницата како придружба или посета не се знае каде потоа се движат. Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. ...
Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот. Ова кратко го изјавил директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција, дознава ПЛУСИНФО. Како што дознава, техничките проблеми со кои се беа соочиле попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување е ...
„Максим на квадрат заедно со граѓаните, не се работи за лични амбиции, концептот е во прашање. Јас можеби имав осигурана партиска кандидатура, но мојот настап, на прво место се граѓаните, не можам да седам слеп пред случувањата. Нема да дозволам да се менува историјата ни на мојот град и државата. Имаше многу големи разлики меѓу мене и поединци од партијата (СДСМ). Ривалство со Оливер Спасовски не постои. Премногу се глуми демократија, малку ...
Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид-болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. – Модуларните ковид-центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово, се отворени после технички прием. При ...
Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост поради трагедијата која се случи синоќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на конференција за медиуми изрази сочуство до семејствата на починатите и порача од институциите да ја продолжат истрагата. „Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните ...
Ден после пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој имаше и 14 жртви, се огласи и поранешната пратеничка и висока функционерка на владејачката СДСМ, Фросина Ременски. ,,Додека ги броиме жртвите од пожарот во болницата во Тетово и сочувствуваме со семејствата на загинатите; и, додека стигнуваат сочувства од Балканот и светот…, редно е да прашаме: Дали надлежните органи ги открија сторителите кои на 23.08 (само две недели пред пожарот) ГИ ...
Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од ковид-19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска испрати сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово, велејќи дека Србија ја споделува огромната болка со македонскиот народ и дека е подготвена да обезбеди братска помош за земјата, пренесува Блиц. „Делиме огромна болка со македонскиот народ, спремни сме да дадеме братска помош. Во мое и во името на сите Срби, испраќам сочуство до семејствата на настраданите и на сите Македонци“ ...
Бројот на жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово за лекување на ковид – пациенти се искачи на 14. Од Јавното обвинителство наведуваат дека се испитува дали има и други починати лица. Утрово, лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на ,,Фејсбук” и побара оставка од премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче. ,,Дури и еден Миле (Ми Текна) Јанакиески, после бродската несреќа у Охрид, имаше доблест да си даде ОСТАВКА од ...
Бројот на жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово за лекување на ковид – пациенти се искачи на 14. Од Јавното обвинителство наведуваат дека се испитува дали има и други починати лица. – Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според ...
Драги мои штипјанки и штипјани, нема поголемо задоволство за мене, кога како татко на градот можам пред вас гордо да се исправам и да ве погледнам во очи и заедно да се потсетиме на успесите, напиша градоначалникот на Штип на неговата Фејсбук страна. Во услови кога пандемијата почна да ја онеспособува светската економија, кога партнерите на нашите стопанственици притиснати од новонастанатите услови со КОВИД 19 почнаа да им ги откажуваат ...
Државниот секретар на САД во писмото нагласува и дека САД со гордост ја поздравиле Северна Македонија како 30 земја-членка во НАТО кое членство Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, испрати писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во кое честита 30-години независност и порачува дека САД се големи поддржувачи на Северна Македонија. „САД се покрај вас додека вие продолжувате со вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ...
Демократски сојуз на Павле Трајанов на претстојните локални избори ќе оди во коалиција со СДСМ. Ваква одлука донесе претседателството на партијата на седницата одржана вчера. – Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ. Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и ...
Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. По тој повод и нашиот, добропознат актер, шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи напиша честитка која предизвика емоции и реакции кај голем број граѓани. ,,Македонијо моја… Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои ...
Жител на село Горно Оризари влезе во koнфликт со попишувач кој според неговите зборови му дошол пред врата без заштитна маска и не му дозволи да го попише, Иако вчера градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информираше дека на првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граѓаните и податоците биле успешно внесени во системот, на социјалните мрежи кружи видеото кое сведочи за koнфликт ...
Да им се одземе бугарското државјанство на оние кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот во Македонија. Ваков предлог има во Бугарија. Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“. „Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во С.Македонија се декларирале со ...
Нека е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември! 30 години од историскиот референдум во 91-та година кога го поставивме темелот на современата држава, со гордо крената глава може да кажеме: заедно успеавме, вели заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето обраќање до македонската јавност. – Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична ...
Јована Мојсоска,н осител на листа во ИЕ 5 од партијата „Левица“ напиша статус на ,,Фејсбук” во кој ја критикува ВМРО-ДПМНЕ ,,Најголемиот проблем на ДПМНЕ што Заев е на власт било Левица. – Не било молкот за референдумот. – Не биле пратениците што се шитнаа како евтина роба на пазар. – Не било кокетирањето со Беса и поддршката за етничка припадност во лични карти. – Не било молкот пред штелувањето државјанства со сметка за струја. – Не биле ...
Државниот пазарен инспекторат синоќа повторно го затвори култниот скопски бар „Интермецо“, популарен по лудите ноќни журки во текот на пандемијата, овој пат поради непочитувања на протоколите и рестриктивните мерки. Објектот согласно важечките прописи, добива забрана за вршење на угостителска дејност во наредните 10- 30 дена како и парична казна. Во кафулето синоќа имаше журка со светски познатиот диџеј Роџер Санчез, која десетина дена беше ...
Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на ...
Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, објави дека производството на кинеската вакцина против коронавирусот ќе почне во Србија во октомври, и дека компанијата Хемофарм се очекува да произведе околу шест милиони дози до крајот на годината, јави Бета. Лончар на белградскиот аеродром „Никола Тесла”, каде го пречека првиот контингент на суровини за производство на кинеската вакцина, рече дека на 9 септември ќе биде поставен камен ...
Бројот на македонски граѓани кои починале од коронавирус, заклучно со денешната статистика надмина 6.000 каде се искачивме на уште повисоко место на листата на „Worldometers“. Во моментов Република Северна Македонија е на загрижувачко четврто место во светот по број на граѓани починати од коронавирус. Досега во Македонија се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на ...
Коронавирусот повторно зема замав. За жал, бројот на заболени секојдневно расте, па оттаму и препораките за преземање на сите заштитни мерки како и навремено изолирање и тестирање доколку сте биле во контакт со заразено лице или пак доколку почувствувате било каков симптом на настинка. Најбрзиот начин да направите тест во моментов е брзиот антигенски тест, сега достапен за пошироката маса. Оттаму произлегува и прашањето – дали луѓето на ...
Твитер воведува платени содржини за некои профили како нов начин за награда на создателите на содржини. Ова е дел од стратегијата на социјалната мрежа да ја зголеми својата публика, но и да си ја намали зависноста од приходите од реклами. Имено, тн. „инфлуенсери“, како што се познавачите за шминка или спорт, отсега ќе можат да имаат и „суперследачи“ кои ќе добиваат ексклузивна содржина со претплата од 3, 5 или 10 долари месечно. – Како ...
Владата од денеска ја почнува кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата. Станува збор за широка комуникациска кампања со цел да се информира јавноста за оваа појава и да се распознае и пријави корупцијата. Изработени се ...
На партиска средба на ДУИ во Тетово беше официјално одлучено Теута Арифи да биде кандидат за градоначалник на Тетово. „Бидејќи веќе осум години сум градоначалник на Тетово, ги знам проблемите и предизвиците подобро од било кој друг. Така знам што останува да се направи. Научив дека не можеме да ја постигнеме оваа мисија поинаку, освен заедно. Заедно со вас, со нашите пријатели, со поддршка на централната власт и заедно со граѓаните“, напиша ...