„СВЕТОТ ТИ СВЕТКА!“ е новата голема наградна игра на Халкбанк АД Скопје и Mastercard, која на сите полнолетни физички лица кои се клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на ваучер за патување во износ од 1000 евра. Наградната игра започна на 25.12.2023, а истата е предвидено да трае сѐ до 25 февруари, по што ќе бидат извлечени 15 добитници на атрактивната награда. Вкупниот награден фонд за Наградната игра изнесува ...

На денешната вонредна седница на Град Скопје советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска истакна дека повеќе од година дена укажуваат на расипничкото однесување на менаџментот и на градоначалникот на Град Скопје, и повика да не се манипулира јавноста и поднесениот амандман за платите да се изгласа. „Повеќе од година дена ви укажуваме на расипничкото однесување на менаџментот на директорите на ЈП како и на градоначалникот на Град Скопје. ...

Со 25 гласови “За“ Советот на Град Скопје на повторената вондредна седница донесе одлука со која се одобруваат субвенциите за ЈСП во вредност од 11 милиони евра. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата преку амандмани се обидоа да ги намалат овие средства за речиси една третина но тоа не беше прифатено од останатите советници и за градоначалничката Арсовска која кажа дека на овој начин, пари за претпријатието ќе има само за неколку месеци а ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изрази благодарност до оние советници кои, како што оцени денеска покажале одговорност, совесност и храброст во носењето на одлуките. Арсовска во својот статус на социјалните мрежи, а во врска со случувањата во ЈСП, истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ по диктат на Мицкоски оставиле над 1.000 семејства без плата а илјадници скопјани без превоз. „За жал, тоа не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои по ...

На оваа слика каде здружно гласаат за 700 милиони денари субвенции за СДС, Левица и ДУИ ќе ја потсетиме јавноста за неколку месеци кога повторно ќе дојде директорот и Арсовска да бараат пари од советниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Причината за неисплаќањето на плати според нив, не треба да се бара во ВМРО-ДПМНЕ, туку во неспособниот директор и Арсовска кои го упропастуваат градот. „Очигледно денес Арсовска одработува сценарио на Миле Зечевиќ за ...

Главната уредничка на руската медиумска организација „Russia Today“, која е под државна контрола, Маргарита Симонјан предвидува дека Третата светска војна ќе избие на Блискиот Исток и дека тоа ќе го одвлече вниманието на светот од руската инвазија на Украина. Симонјан ова го изјави за време на директен пренос на руската државна телевизија. Џулија Дејвис од „Daily Beast“ сподели исечок од емисијата на Владимир Соловјов во кое гостуваше Симонјан ...

„Јас сум еден од тие кој инсистираше на овој амандман и јас со чист образ, со лице стојам пред сите овде дека не се изигрувам со никого. Ќе ви кажам една дефиниција дека вие пред два часа овде водевте политичка војна, секој со свој став и секој со обид токму неговото кажано да биде вистина и го доведовте Градот, не доведовте сите овде да се срамиме од сопственото присуство во оваа сала“, истакна советникот Страшо Ангеловски од коалицијата за ...

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Директорот ...

На 47-годишна возраст почина Лиор Лубин, кошаркарски тренер од Израел. По смртта на Дејан Милојевиќ, ова е уште една трагична загуба за кошаркарскиот спорт. Кариера како играч, Лубин ја мина во Макаби од Петах Тиква и Макаби од Тел Авив, а надвор од татковината играше за Азовмаш, Аполон и ЦСКА од Софија. Како тренер раководеше со Хапоел Гилбоа и Макаби Ашдод, а беше и помошник тренер во репрезентацијата на Израел. Беше асистент во Макаби и ...

Судиските одлуки на натпреварот Реал Мадрид-Алмерија предизвикаа „земјотрес“ во Шпанија. Најголемиот дел од спортската јавност се согласува дека Алмерија е брутално ограбена на „Сантијаго Бернабеу“ и дека главниот судија и судијата во ВАР собата не и дозволија на Алмерија против моќноот реал, среде Мадрид, да ја забележи првата победа во сезоната. Спорна беше одлуката кога Реал доби пенал, а неверојатно е како никој од судиите и покрај тоа што ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има голема предност на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир во однос на поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, покажа истражувањето на Вашингтон пост и Универзитетот Монмаут. Според извештаите, Трамп е поддржан од 52 отсто од гласачите, додека Хејли ја поддржуваат 34 отсто од републиканците. Анкетата беше спроведена од 16 до 20 јануари. Внатрешните партиски избори во Њу Хемпшир се ...

Полицијата денес го приведе И.Р.(44) од гостиварското село Градец. Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот. ...

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор. „Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе ...

Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи пракси кои ќе овозможат успешно справување со ...

Вработените на ЈСП продолжуваат да штрајкуваат и бараат итна седница откако Советот на Град Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП кои прептпријатието ги чека за да ја исплати декемвриската плата. „Ќе чекаме вонредна седница. Ако нема седница на град Скопје, ќе нема јавен превоз“, порача Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје. „Без коментар сме, немаат ни душа , ни срце, ништо немаат тие луѓе внатре. Бараат ...

Денеска на вонредната седница на Советот на Град Скопје, за еден глас поради негласањето на советниците на ДПМНЕ не беа исплатени субвенциите за ЈСП, со што работниците и нивните семејства останаа на цедило, без пари и понижени. Советниците на Левица веднаш ќе побараат нова вонредна седница за да не бидат жртви работниците на елитистичките хирови на раководството на ДПМНЕ, затоа што не можат политичките желби на отуѓената елита да ја диктираат ...

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа заедничка прес-конференција со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн, по Лидерскиот состанок што се одржа во Скопје, посветен на Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. Ковачевски и високиот американски претставник О’Брајaн соопштија заеднички очекувања за придонес на Планот за раст на Западен Балкан во забрзана интеграција на Република ...

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ беше дел од делегацијата на лидерскиот состанок за Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот беше истакнато дека Планот за раст е вистински чекор за интеграцијата кон ЕУ на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан. Планот за раст, поддржан со значителна финансиска поддршка, означува решителен чекор и трансформациски патоказ за заеднички просперитет на Западен Балкан. Оваа ...

СДСМ ќе ја поддржи одлуката за субвенции на ЈСП, извештаите за работа не ги поддржуваме затоа што извештаите се дел од работата на јавното претпријатите со амин на Управниот и Надзорниот одбор од ДПМНЕ кои се виновни за хаосот во јавното претпријатие, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница. -Управните одбори вие како мнозинство ги избравте, извештаите ги прифаќаат а тука ...

Војвотката од Јорк, Сара Фергусон (64) денеска изјави дека е „во шок“ откако и е дијагностицирана малигната форма на рак на кожата, но дека е добро расположена. „Секако дека уште една дијагноза на рак беше шок, но јас сум добро расположена и благодарна за многуте пораки за љубов и поддршка. „Јас сум неверојатно благодарна на медицинските тимови кои ме поддржаа во двете искуства со ракот и на клиниката Мејлиф што нежно се грижеше за мене во ...

Советот на Град Скопје одлучи дека јавното сообраќајно претпријатие нема да ги добие субвенциите со кои треба да подели плати . Од нив, 22 гласаа „за“, а пак 13 гласаа „воздржано“. Ниту еден советник не гласаше „против“. „За одлуката гласале 22 членови, 13 се против. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е досесена“, кажа Славески. Од град Скопје велат дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните. ...

Шампионот на Англија, Манчестер сити има намера да му понуди нов договор на еден од најдобрите играч, Кевин Де Брујне (32). Белгискиот офанзивен играч за врска има договор со Сити до јуни 2025 година. Британските медиуми пренесуваат дека Де Брујне има богати понуди од клубови од Саудиска Арабија. Доколку тргне по стапките на Кристијано Роналдо, Карим Бензема и другите големи ѕвезди кои решија да се преселат на Блискиот Исток, Де Брујне би ...

Музичарот Бени Шаќири е избран за директор на Младинскиот културен центар, а според информациите, тој утрово веќе дошол на работа. Шаќири беше еден од кандидатите, заедно со дипломираниот продуцент и филмски работник Никола Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор. Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако градоначалничката Данела Арсовска го разреши ...

Лаги не се разобличуваат со лаги. За тоа кој или дали е под притисок е многу јасно. Под притисок е тој кој менува ставови и менува партии, рече советникот и претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески реплицирајќи на советниците кои спореа со неговиот начин на работа како прв човек на Советот на Град Скопје. Славески објасни во кои случаи и на кој начин се закажуваат итните седници на Советот на Град Скопје. „Не може да се прави или ...

Русија денес ја обвини Украина за напад на гасниот терминал во пристаништето Уст-Луга, недалеку од Санкт Петербург, на рускиот брег на Балтичкото Море, на околу 900 километри од украинската граница. „Режимот во Киев продолжува да го покажува своето ѕверско лице гаѓајќи ја цивилната инфраструктура“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на прашањето за големиот пожар што избувна вчера на гасниот терминал со кој управува ...

„Со исплата кон две фирми од УЈП буџетот е посиромашен за над 22 милиони евра, исплатени како поврат на ДДВ, а се работи за криминал. Залудни се обидите на Сања Лукаревска да демантира доколку не одговори: По кој основ фирмите Актико/Окитна од Струмица и Хантонос/Хант Осој од Босилово се на листата на должници на УЈП“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Сања Лукаревска е во право и се било фиктивно, а овие побарувања за ...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во нивната посета на Детската градинка „Виножито“ Струмица информираа за донацијата на кинеската амбасада на сензорни соби за деца со попреченост во градинки во Струмица, Гевгелија и Велес. Воедно тие потсетија на соработката остварена ...

Она што се случува во претпријатието изминатите две години е целосно крахирање на системот и функционалноста на претпријатието. За ваквата состојба никако не може да се обвини Советот на Град Скопје, бидејќи ние сме локална законодавна власта во градот. Извршната власт во градот се градоначалникот и директорот на ЈСП односно менаџментот на ЈСП, вели советникот во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски на ...

Ако западните земји го запленат рускиот имот, Русија би можела да возврати со запленување на најмалку 288 милијарди долари од западните средства, вклучително и 223 милијарди долари имот на членките на Европската унија, објави руската државна новинска агенција РИА. Откако рускиот претседател Владимир Путин испрати вооружени сили во Украина во февруари 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и ...

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска им дава искрена и недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа ги повика советниците да ги изгласаат советниците за да вработените во ЈСП земат плата. „Тие својата плата ја имаат одработено, работат макотрпно. Зошто како советници не сте гласале за таа одлука, лицата кои седат во управниот и надзорниот одбор во ЈСП ве имаат гласано токму вас за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
57%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
53%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
40%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
9.26
72%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57