Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека Гренланд не може никој да го припои, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд. Данскиот министер, исто така, изрази уверување во „поддршката на НАТО“ во контекст на претензиите на Трамп за островот, објави данскиот јавен сервис, додавајќи дека „не гледа желба меѓу Гренланѓаните да бидат Американци“. За време на вчерашната ...

Високи дипломати на Европската унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против околу 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени. Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат на сила до 15 септември 2025 година. По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, додека три лица кои неодамна ...

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се посочува, „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“. Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим ...

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, се додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. Во гостување на Канал 5, на прашањето околу стратешкото партнерство со САД и доколку Вашингтон каже дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи оти тоа нема да се случи. Во однос на новата политичка Влада во Бугарија ...

Невообиечана пријава стигнала завчера до полицијата во Берово, која открива морбиден начин на третирање на гробовите и човечките остатоци. На 12.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово. -Веднаш по ...

На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините за 50% и нивно законско регулирање, со што Владата повеќе нема да може произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините. -Македонија има највисоки цени за патарини во регионот, а квалитетот на патиштата останува на незавидно ниво. Наместо модерна и безбедна патна инфраструктура, граѓаните секојдневно се ...

Здружението на инженери на Република Македонија упати претставка до Регулаторната комисија за енергетика со барање за измена на Правилата за снабдување со електрична енергија. Во барањето тие нудт конкретни решенија за спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН. Од Здружението бараат да се изврши измена на Правилата за снабдување со ...

Компанијата „Кранфилд Фаундри”, која како странска инвестиција по многу реакции отвори леарница во индустриската зона Неокази кај Пробиштип, со одлука на Владата од јануари годинава, треба да ја врати целокупната државна помош и казна од половина милион евра. Одлуката е заклучување на еден подолг процес, кој според документацијата се води речиси две години, откако леарницата не ги реализирала планираните инвестиции во висина од 20 милиони евра, ...

„Србијавоз“ соопшти дека денеска е во прекин железничкиот сообраќај, пренесува Н1. „Србијавоз“ во соопштението наведува дека во четвртокот во 01:39 часот добиле повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи. „Принудени сме привремено да ја прекинеме работата на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и екипажот на возовите“, напишаа тие во соопштението. Не се знае кога ќе биде ...

Некои луѓе се љубители на завеси, а некои не ги сакаат… Но, се чини, сите се согласуваат околу една работа: Одржувањето на завесите чисти и мазни може да биде предизвик. За убава и чиста завеса, без пеглање, велат познавачите, може да помогне и лак за коса. Како оди тоа? Пред сѐ, по перењето, завесата веднаш се закачува на прозорецот. Следно, се напрскува со малку лак за коса. И, овој едноставен „трик“ има неколку предности… Како прво, завесата ...

„Д фестивал“ од оваа година ќе се одржува во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, потврди дека во јули во подножјето на тврдината „Исар“, кај реката Брегалница, ќе се одржи „Д фестивал“. Фестивалот ќе трае три дена, со што сите сместувачки капацитети ќе бидат на располагање на посетителите. -Верувам дека „Д фестивал“ ќе ја зголеми културата во нашиот град, можностите, но и од аспект од јакнење на локалната економија. Многу е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија. Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг. Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои ...

Папата Франциск одбележува 12 години како водач на 1,4 милијарди католици во светот, во услови на сè попозитивна медицинска прогноза по четири недели негово болничко лекување поради пневмонија на двете белодробни крила. Папата, кој беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ на 14 февруари, помина уште една мирна ноќ, објави Ватикан во денешното кусо соопштение. Рендгенската снимка на градниот кош потврди подобрувања, соопшти вчера ...

Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, денеска престојува во Албанија, што е нејзина прва посета на оваа земја по изборот на функцијата, а покрај средбите ќе присуствува и на конференцијата за проширување на Европската унија што ќе се одржи на Европскиот Колеџ. По средбта со премиерот Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција на која порача дека патувањето на земјата кон ЕУ, е сигурно и вистинито и оти Албанија ...

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село Жидилово, спровеле вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направиле нов обид за одземање на животни од видот говеда, поради сторен прекршок согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Како што денеска соопштија од АХВ, со надзорот било ...

Агенцијата Франс прес оценува дека во Србија расте тензијата пред новиот протест кој во сабота може да донесе десетици илјади демонстранти во Белград, кои српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвинува однапред дека подготвуваат насилство, повикувајќи ги своите приврзаници да излезат на улица. Полицијата, која досега беше дискретна или отсутна од протестните маршеви, сега е видлива, со шлемови и опрема за да ги разбие демонстрациите, кои, ...

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор, откако Апелацискиот суд против организиран криминал и корупција го отфрли барањето за изрекување поблага мерка. Но, обвинителите потсетија дека Велиај е под истрага за корупција во девет случаи и перење пари и ги отфрлија обвиненијата на адвокатите за неговото апсење, објавија албанските медиуми. Во судот беше и американскиот адвокат Џошуа Робертс, кој побара да го набљудува ...

Во Струмица вчера во 06.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во струмичкото село Ново Село, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во ...

Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. – Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од ...

Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции на младите центарци за полагање на возачки испит Б-категорија. На овој повик може да се пријават сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Субвенцијата изнесува 10.000 денари и е наменета исклучиво за покривање на трошоците за возачкиот испит во автошколи ...

МВР информира за пијан возач, кој со 1,80 промили алкохол е уапсен. -На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто” со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го обжали решението за куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Незадоволно од ваквата одлука, како што се наведува во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена ...

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година. Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција. Според обвинението, лицето се товари за убиство, убиство во обид и неовластено ...

Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово на свеченоста по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира ...

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари. И тоа нема никаква ...

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, нагласува македонското Министерствот за надворешни работи во одговорот на вчерашната реакција на бугарското МНР за изјави на премиерот Христијан Мицкоски. Се нагласува дека македонските власти силно се залагаате за развивање на пријателските односи меѓу двете држави и за решавање на сите ...

Со свечена заклетва во грчкиот Парламент, во присуство на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, поглаварот на ГПЦ Јеронимос, пратениците, но и претставници на дипломатскиот кор, новиот грчки претседател Константинос Тасулас претпладнево положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ја преземе функцијата и стана деветтиот претседател на Грција по обновувањето на демократијата во земјата во 1974 година, јави ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека 95 проценти од судиите чесно работат, но и дека има и такви кои останале партиски измеќари и се слуги на тие кои ги предложиле. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за реформите во правосудството, рече дека последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите, меѓу кои е јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Премиерот повторно го ...

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321″ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи” со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
94%
1010
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
81%
1006
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
79%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
47%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
5.1
52%
1006
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
47%
1009
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
83%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
83%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
48%
1006
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
8.23
78%
1004
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
73%
1009
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748