Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија е мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство, јави ТВ Телма вечерва. Нејзиното тело е пронајдено во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција. Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45 годишен маж кој, како што наведува полицијта, имал лична ...

Maison Rabanne ја претстави најскапата чанта на светот на своето шоу за пролет 2025 година за време на модната недела во Париз. Со цена од 278.353 долари новата Nano чанта од 1969 година е создадена во соработка со занаетчискиот златар Артус Бертранд. Изработката на чантата траела 100 часа и е направена од испреплетени златни дискови и изработена од 18k злато, што ја прави единствена креација и во чест на фустанот од 1968 година што го носела ...

Компанијата за лиценцирање музика, „ППЛ“ (PPL) ја прогласи поп-рок групата „Колдплеј“ (Coldplay) за најслушаната британска група во 21 век. Поп-составот од Лондон, што го сочинуваат пејачот Крис Мартин, Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, е присутен илјадници пати повеќе на радио и ТВ во Обединетото Кралтво од класичните рокери „Квин“, кои се на второто место. А пак, „најпуштаната“ песна на „Колдплеј“ е хитот од 2008 година – „Viva La ...

Пратеникот од опозициската Демократска партија, Ервин Салиањи, попладнево сам се пријави во полициска управа во Тирана, откако вчера Апелацискиот суд му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета”, што тој ја отфрли и ја смета за „политички прогон на опозицијата“. Со темни очила, но со насмевка на лицето, тој пристигна пред Полициската управа во Тирана, каде беше дочекан со овации од стотици неговите поддржувачи и ...

„Рубрика“ ја раскажува приказната за првите курсеви во Украина за жени кои сакаат да возат камиони и патувањето на оние кои ги завршиле и бараат нова кариера. Во овој текст, ќе дознаете што учат на часовите, дали работата е тешка и дали работодавците се подготвени да вработат жени возачи на камиони. Што е проблемот? „Треба да ја обновиме и обнови Украина денес“ – овие зборови звучеа во Стокхолм во есента 2023 година. Потребата да се поддржи ...

Според најновите информации коишто ги добивме, трошокот за „онлајн ресурси“ кој е воведен оваа академска година се однесува на услуги како пристап до академски бази на податоци, коишто универзитетот има склучено договори за користење. Овие бази на податоци се од меѓународен карактер и нивната цена е значителна, а секој универзитет може да бира различни бази согласно своите потреби. Иако овие ресурси се од суштинско значење за квалитетното ...

Младата швајцарска велосипедистка Муриел Фурер (18) почина денеска во болница во Цирих, ден откако доживеа тежок пад на јуниорското Светското првенство во Цирих, соопштија од Меѓународната велосипедска федерација. Фурер вчера беше итно пренесена во болница со сериозна повреда на главата и во „многу критична“ состојба. „Муриел Фурер почина денеска во Универзитетската болница во Цирих“, се вели во соопштението во кое се додава дека е отворена ...

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ќе ...

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски. Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ...

Наредено е затворање на кујната, од која инаку не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со што ќе се потврди безбедноста. Ова го одговорија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, во врска со известувањето што го добиле, за сомнеж за труење со храна на неколку деца. – Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, ...

Одделението за Кардиологија при Клиничка болница-Штип доби нов современ апарат за оптичка кохерентна томографија кој се вбројува во еден помеѓу четирите на Балканот. Раководителот на Одделението за кардиологија, Благоја Василев денеска изјави дека изминатата недела за првпат успешно e извршена коронарна интервенција. -Изминатава недела за првпат успеавме самостојно да извршиме една осити водена перкута на коронарна интервенција и со тоа ја ...

Волонтерски женски противпожарен тим во северозападниот регион Ривне во Украина се бори со пожарите и итните случаи. Може ли една жена да извлече човек тежок 80 килограми? Дали може да работи на лимитот на човечките способности, носејќи борбена опрема, апарати за дишење, држејќи тешко противпожарно црево, при слаба видливост и високи температури? Одговорот е: Да, велат волонтерките од Украина. Во развиените западни земји, на екипите за спасување ...

Инвестиции во подобрување на инфраструктурата на училиштата во насока на зголемување на безбедноста, како создавање на безбедни и пријателски простори за децата за време на одморите, е само една од препораките што ја содржи документот што го изработи експерстскиот тим на универзитетски професори. Овој документ содржи повеќе општи препораки, како и препораки до националните и локалните власти и институциите. До училиштата се препорачува ...

Со модна ревија во понеделник, во 19 часот во една од халите на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“ започнуваат Деновите на модата во Штип, најави на денешната прес-конференција Вишна Шорова-Ангелова, секретар на Општина Штип. Таа посочи дека на настанот ќе се престават компании, а присутните ќе имаат можност да проследат ревии од студенти под менторство на нивните професорки и ќе има и шоу. Настанот е целосно финансиран од страна на ...

Прекумерното јадење шеќер може да има бројни здравствени последици, како што се зголемена телесната тежина, проблеми со спиењето, со варењето, или кариес… Но, не сите шеќери ги имаат истите одлики. Во таа смисла, се советува да се внимава на состојките во јадењата, на пр. да се бира непреработена храна и да се носат поздрави одлуки околу исхраната. Фруктозата што се наоѓа во овошјето и зеленчукот, и лактозата во млечните производи – се природни ...

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите. – Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот ...

На урбаните улици на Скопје, Влае и Чаир, како и на делови од Струга, ќе биде сниман долгометражниот филм „Мала грешка“, чиј главен актер ќе биде Мехмет Куртулуш. Филмот ќе се продуцира преку проект поддржан од Агенцијата за филм, соопштија вечерва од „Пик продукција“. – Водечка актерска улога ќе ја има наградуваниот турски актер Мехмет Куртулуш, познат по својата работа на меѓународни проекти, проекти во продукција од „Нетфликс“, како и ...

Актерката Елизабет Харли (59) со децении ја носи титулата секс симбол, а сега познатиот магазин „Максим ја прогласи за најзгодна жена на светот. На нивната листа на 100 најсекси жени во светот, британската ѕвезда го зазеде убедливото прво место и со тоа го задржа статусот на една од најпосакуваните и најубавите жени во светот. Елизабет Харли има 59 години, а на нејзиниот младешки изглед ѝ се восхитуваат двојно помладите жени. Таа останува ...

Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, телевизија Канал 5. Филипче посочи дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата. Во интервјуто Филипче потенцираше ...

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на Фејсбук пишува кои растенија ќе ви помогнат да го прочистите воздухот во вашиот дом. „РАСТЕНИЈА ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО ВАШИОТ СТАН (1) DRACAENA TRIFASCIATA кај нас позната и под имињата „ЗМИСКО РАСТЕНИЕ” „СВЕКРВИН ЈАЗИК” е класифицирани од NASA, како моќен прочистувач на воздухот, поради неговата моќ да отстранува отровни компоненти од воздухот како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ...

Норвешката полиција издаде меѓународна потерница за Норвежанец со индиско потекло, кој е поврзан со продажба на пејџери на либанската милитантна група Хезболах, кои експлодираа минатата недела, соопштија денеска локалните власти. Ринсон Хозе, 39, исчезнал додека бил на службено патување во САД минатата недела. Тој е основач на бугарска компанија, за која има сомнение дека била дел од синџирот на снабдување со пејџери. „Вчера, на 25 септември, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри. Според агендата, утре по средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција. Како што информираат од Владата, на ...

Околу еден милион евра, според првичните неофицијални информации на грчките медиуми е „пленот“ на четворица вооружени и маскирани лица кои попладнево во атинско предградие ограбиле комбе што пренесувало пари, јави дописничката на МИА од Атина. Грабежот се случил пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето. Како што пишуваат грчките медиуми, маскираните лица му пришле на возачот и под закана со оружје извадиле околу 15 ...

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами истакна дека владината коалиција е коректна и покрај несогласувањата околу Законот за бранителите. -Коалицијата „Вреди“ функционира одлично, како и владината коалиција е коректна. Сигурно е дека имаме многу заеднички точки, но имаме и точки каде се разликуваме. Но ние може да гарантираме дека сè додека „Вреди“ е дел од владината коалиција, нема да има уназадување на правата ...

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи. – Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат ...

ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје, се вели во реакција на Град Скопје. „Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани. Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ...

Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Претходно, во СВР – Скопје, пријавено било дека ...

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа. Еве ЛИНК од страницата на комората. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор. Обезбедувањето на јавна ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските ...

Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата, изјави на прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче, откако амбасадорите на државите-членки на ЕУ вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите и да се раздвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија. -Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
75%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
60%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.34
58%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
78%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
79%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
66%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71