
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Во текот на вчерашниот ден до полицијата пристигнале три пријави за каснување од кучиња скитници на територијата на цела држава: На 12.03.2025 во 18.20 часот во СВР Тетово, С.М.(46) од Тетово пријавил дека на улица ,,Видое Смилевски Бато” во Тетово бил каснат од куче скитник. На 12.03.2025 во 23.40 часот во СВР Битола, Е.М.(35) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е подготвена да разговара со САД за мировната иницијатива за која се договорија САД и Украина и дека денеска се очекува да има контакти. По разговорите со високи американски дипломати во Саудиска Арабија во вторникот, Украина објави дека е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот, а САД ќе го пренесат предлогот до Москва. Кремљ претходно објави ...
Почитувани, По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира: Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество. Секој е должен да го ...
Поголемиот дел од Американците веруваат дека претседателот Доналд Трамп е премногу „нечесен“ во неговите обиди да ја разниша американската економија, покажа новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Анкетата опфати 1.422 возрасни лица низ САД и имаше маргина на грешка за сите испитаници од три процентни поени. Околу 57 отсто од испитаниците, вклучително и секој трет републиканец, сметаат дека потезите на Трамп за економијата се премногу нестабилни. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го информирала нејзиниот азербејџански колега Парвиз Шахбазов за стартот на претстојниот инвестициски проект за изградба на конекторот за гас, што, како што оцениле на вчерашната средба, отвора многу можности и потпишување договор со Азербејџан. Како што јавува известувачот на МИА од Баку, таа информира дека добила покана да учествува на претстојниот министерски Состанок ...
Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 3.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %. Според ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, за време на посетата на стратешки важната планина Хермон, ја потврди намерата на раководството да окупира дел од сириската територија со која се граничи на север на „неопределен временски период“. -Израелската армија (ИДФ) е подготвена да остане во Сирија на неодредено време. Ќе ја одржуваме безбедносната зона во Хермон и ќе се погрижиме целата безбедносна област во јужна Сирија да биде ...
Од 17 март до 4 април 2025 година ќе се изврши пренасочување и регулација на сообраќајот на делови од експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, соопшти ЈП „Македонијапат“. Пренасочувањето на сообраќајот, како што информира СТРАБАГ АГ – Подружница СТРАБАГ Скопје е согласно одредбите од договорот и во согласност со „Одобрение за времена измена на режим на сообраќај за време на монтажа на дилатација на еластична одбојна ограда на вијадукти и ...
Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС. За одлуката гласаа 50 пратеници, седум беа против, а двајца пратеници беа воздржани. Претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, најави дека денеска во 10 часот ќе започне следната, 20-та посебна седница на Собранието и предложи на дневен ред по итна постапка, да се најдат Нацрт Уставот, како и ...
Адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро проговори за последната тужба на американскиот рапер. Пред една недела Џеј Зи поднесе противтужба кон неименувана жена која претходно го обвини дека ја силувал. – Вистината мораше да излезе целосно во јавноста. Оваа личност не може да се крие од реалноста, бидејќи тоа обвинение е лажно, истакна Спиро во интервју. На 4 март, Шон Кори Картер, со уметничко име Џеј Зи, ја тужеше жената која го обвини дека, заедно со ...
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Неапол во 1:25 часот по полноќ на мала длабочина од три километри, соопштија италијанските сеизмолози. #Terremoto ai Campi Flegrei, magnitudo 4.4: danni a Bagnoli e Fuorigrotta. #Fuorigrotta #Bagnoli #Napoli pic.twitter.com/rj5rzOTlKp — ZiffCorp 𝕏 (@ZiffCorporation) March 13, 2025 Напојувањето со електрична енергија беше прекинато во делови од Неапол. A 4.4 magnitude ...
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 (16-15) во рамки на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година. Иако одигравме добро прво полувреме и заминавме со водство, играта на ракометарите на Кирил Лазаров во вториот дел доживеа голем пад, па на крајот забележавме и убедлив пораз на домашен терен. Кузмановски со 10 и Митев со 5 голови беа најефикасни во македонската репрезентација, додека ...
Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната против Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, изјавија за Ројтерс лица запознаени со ова прашање. Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа ниту дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата, наведува агенцијата. Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на лични и виртуелни ...
Според Германската разузнавачка служба (БНД) коронавирусот, што пред пет години се прошири низ светот и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина. – БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, објавија германски и швајцарски медиуми. БНД уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради ...
МВР информира дека уапсило возач, кој пијан возел на патот Кичево-Охирд. -На 11.03.2025 во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Ц.50) од село Мешеишта, општина Дебрца. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на ...
„Д’ Фестивал“ со нов дом! Ова денес го објави „Пасворд продукција“, која е организатор на еден од најголемите фестивали во државава, кој со години се одржува во Дојран, впрочем и од таму почна. -По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно благодарам на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое ...
Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Како што соопштија од Судот, мнозинството судии оспорените одредби ги стави под сомнеж за нивната законитост а преку тоа и нивната уставност, бидејќи основано се појави сомнеж дали директорот на Државниот ...
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“. -На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има ...
Во СВР Велес вчера во 13. 25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска. Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било ...
По реакциите во јавност како е можно некој кој е осомничен за проневера на 16 милиони евра и за увз на канцероген мазут да добие само домашен притвор, конечно се огласи ОЈО. Во соопштението од Обвинителство, кое ви го пренесуваме во целост се вели: -Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по информациите што се пренесуваат во одредени медиуми, ја информира јавноста дека Основниот кривичен суд Скопје ги достави ...
По повеќе од две децении естрадна пауза се врати фолк пејачката Соња Тарчуловска. Вчера вечерта во „Бир гарден“ промовираше две песни, од кои „Црвено“ е нова, а другата по 25 години големиот хит „Во бело“ доживеа ремикс. И двете песни беа промовирани со спотови. -По толку голема пауза се вратив таму каде што припаѓам, во музиката. Што поради настаните кои веќе ви се познати, што порди мајчинството, требаше да се изрснат три деца, еве ме назад во ...
Поради сомнителни набавки на деривати, бра приведени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски по наредба на судија на претходна постапка. По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор. Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го постави прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за исти случај. „Капушевски оди во притвор, Пуцко ...
Второобвинетиот за убиството на Вања и Панче, Велибор Манев денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје, рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче, и дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо. Манев, одговарајќи на прашања од неговиот бранител, рече дека сметал оти требало да извршат само грабнување на Панче, а се изненадил кога Палчо го застрелал. На прашање на неговиот бранител, адвокатот ...
Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, велат од ВМРО ДПМНЕ. -Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. -Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА. Опозициската СДСМ во понеделникот обвини за конфликт на интерес, непотизам и ...
Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје! Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот принцип: „Со еден ...
СДС и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки, велат од ВМРО ДПМНЕ. -Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил ...
Неверојатна е хипокризијата и лицемерието на ДПМНЕ. Според изјавите на претседателот на ССМ, Трендафилов, ДПМНЕ, додека беа во опозиција, постојано имале тајни средби со синдикатот со цел да ги издејствуваат своите политички цели за напад на тогашната власт предводена од СДСМ. -Лицемерната ДПМНЕ тогаш беше и за работниците и за синдикатот, даваше силна поддршка на протестите на ССМ пред Собранието. ДПМНЕ ги поднесуваше барањата на ССМ во ...
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на својот Фејсбук профил упати прашање до министерката за образование дали свесно удира по џебот на вработените во образованието и загрозување на нивниот статус, на сметка или на директна штета на учениците и родителите, превозниците или дали свесно удира кон нејзините политички противници, неистомисленици градоначалници по општините низ државата со блокирање на сметките на училиштата. Во ...
Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент. Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Овој предлог за прекин на огнот ќе може ...