
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Во повеќето случаи, добрата личност поминува лошо низ животот. Особено кога станува збор за жените. Ако некогаш сте се запрашале зошто добрата жена најлошо поминува во животот, еве го одговорот. Добрата жена е попустлива. Нејзината попустливост кон другите ја чини многу во животот. Не треба да бидете попустливи со луѓето, особено со оние кои не ви посакуваат добро, во спротивно ризикувате да бидете целосно уништени. Добрата жена не знае да каже ...
Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно ...
Маж пронајден мртво во куќа во Свети Николе, каде на диво се вселил, а во која претходно со друго лице конзумирал дрога. -На 09.03.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во куќа во Свети Николе бил пронајден починат Д.В.(32) од Свети Николе. Смрет без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на семејството. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство. -Министерството за дигитална трансформација е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето. Во ...
МВР инфрмира дека уапсила соизвршител на кривично дело убиство во обид. -Ha 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.З.(25) од с.Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран по потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Претходно, на локалниот пат Арачиново – ...
Во Министерството за дигитална трансформација каде втор човек е државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 ...
Штип денеска одбележува 82 години од депортацијата на штипските Евреи, кои деновиве во 1943 од страна на бугарската власт во Македонија беа депортирани во нацистичкиот логор на смртта, Треблинка во Полска. Штип во само една ноќ остана без целото еврејско население, а во неколку денови беше однесено речиси целото еврејско население од територијата на денешна Македонија. Претседателот на еврејската заедница, Пепо Леви, вели дека Македонија како ...
Ракот е глобална закана која сериозно влијае на човечкиот живот, со повеќе од 10 милиони смртни случаи секоја година. На околу 2 милиони Американци им бил дијагностициран рак во 2024 година, со над 600 илјади смртни случаи. Во септември 2024 година, публикуван е научен труд, веројатно прв од таков карактер, во којшто е направен темелен преглед на научната литература за низа пренаменети лекови и метаболички интервенции против разни видови ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). „По шестнеделен увид, официјално прекинавме 83 отсто од програмите на УСАИД, 5.200-те договори кои сега се откажани, потрошиле десетици милијарди долари на начини што не користел, а во некои случаи дури и им наштетиле на основните национални интереси на САД“, објави Рубио на платформата X. ...
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт денеска во Прага, пред најистакнатите чешки туристички агенции и туроператори ги презентираше туристичкиот потенцијал на Македонија и улогата на македонските аеродроми во туристичката индустрија, но ја отвори и темата за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Прага. На работилницата „Туристичкиот потенцијал на Македонија“ што се одржа утринава Курт нагласи дека сите чинители во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието. Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за ...
Вчера вечерт се случила тешка сообраќајна незгода кај Штип, во која животот го загубил сопатник. -На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната ...
Гренланѓани во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров на светот. Законските прописи за тоа како може да се постигне тоа веќе постојат. Сите главни политички партии на Гренланд ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска. Членот 19 од данскиот устав и дозволува на владата да отстапи ...
Канадска пиварница им нуди на Канаѓаните „претседателско пакување“ пиво за оние кои сакаат да го преживеат целиот претседателски мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со едно пиво дневно, јави Си-Ен-Ен. Јужниот сосед на Канада се заканува со царини, анексија, па најстарата канадска пиварница заклучи дека на Канаѓаните можеби ќе им треба пиво дневно за да преживеат во следните четири години. Пивара Moosehead, основана во 1867 година, ...
Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а потоа му се обидел да го исече телото на парчиња, јавија локалните медиуми во БиХ. Убиството се случило во населбата Лука, а од кантоналниот полициски оперативен центар Зеница-Добој соопштија дека синоќа во 18 часот и 35 минути во полициската станица во Високо дошло лице и пријавила дека Б.Д.(24) од Високо и рекол дека во својот ...
Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До полноќ, девет биле сѐ уште активни. Два се во општина Прилеп. Првиот активен пожар е на територија на селото Крушевица, вториот во атарот на село Лопатица. Третиот активен пожар е во општина ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството. “Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија. „Потребни се двајца за тоа. Гледате, тоа (војната) не требаше да се случи. И, сега сме заглавени во овој хаос“, рече Трамп. Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ...
Музика, емоции и солзи, таков беше вчерашниот концерт на поп-пејчот Јоце Панов, кој се одржа во полната сала на Македонската пера и балет, а со кој прослави 25 години од неговата песна. Со песна Јоце им се оддлжи на сите дами, кои од него добија роза, по повод Денот на жената. Јоце и имаше две гостинки на концертот, Наде Талевск и неговата сограѓанка, штипјанката Зуица Лазова, кои ј надополнија атмосферата со песни од репертоарот на Јоце за ...
МВР инфрмира за морбидни моменти што се случиле во кумановсото село Матејче. -На 07.03.2025 година во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело -Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во врска со истиот настан, поднесен е и Обвинителен предлог против уште едно лице за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот ...
Женско рели ќе се одржи денеска низ улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Релито е структурирано во два дела: градско возење по однапред дадена рута (се дава непосредно пред почетокот на релито) и брзински испит т.н. гимкана. Учесничките на #женскорели2025 имаат обврска да поседуваат возачка дозвола и сопствено возило, а во тимот имаат и совозач. – Шести пат организираме ваков настан, каде низ ...
Летот на „Американ ерлајнс“ од Хјустон до Феникс бил одложен во понеделникот откако патничка се соблекла гола и трчала околу кабината 25 минути. Неодамна се појави снимка од жена, патничка во авион, која со голи гради „пардира“ во авионот, на запрепастување на останатите патници. Кога кабинскиот екипаж сфатил што се случува, авионот бил пренасочен и вратен назад, по што обезбедувањето влегло внатре и ја привело голата жена. Таа е пренесена во ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела – Тешка телесна повреда по член 131 со став 2 и став 1 и едно продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -Во период од 4 до 7 март, во семејниот дом во Визбегово, осомничениот 24-годишник со умисла ...
Македонската и балканска Кралица на ориенталниот танц Елена Вукановска ќе ја претставува Македонија и Балканот на еден од најголемите фестивали за ориентален танц во Европа – „Ориентален маратон“. Овој престижен настан ќе се одржи од 22 до 25 мај во градот Ле Гро ду Рои, Франција, а Елена не само што ќе настапи рамо до рамо со најголемите светски имиња во ориенталниот танц, туку ќе биде и дел од жирито на натпреварувачкиот дел од фестивалот. ...
Со барање за вредносен систем што ги почитува жените, им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството се одржа Маршот за женски права во Скопје. Организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, маршот оваа година го носеше слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторите истакнаа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за ...
По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира Марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторот повикува на женски марш и на солидарен женски бојкот за да се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. -8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ...
Позитивна, весела и насмеана, тоа се едни од главните обележја на нашата фолк ѕвезда Татјана Лазаревска. Таква била одсекогаш а и денес кога веќе навлезе во зрелото доба. Минатиот месец ја потпиша првата 50-ка и со ист шарм, убавина, радост и насмевка зачекори во шестата деценија од животот. Вели дека не им се плаши на годините, на животните искушенија и предизвици, бидејќи, како и досега, така и од сега ќе продолжи животот да го гледа само и ...
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. „Партизански одреди”, со траса на движење по бул. „Партизански одреди”, кон бул.„Св.Климент Охридски”, десно на бул.”Илинден”, право преку мост „Гоце Делчев” кон Стоковна куќа „Мост”, десно по бул. „Филип 2-ри Македонски” со крајна цел парк „Жена Борец” и бул. „11-ти Октомври” пред Собрание на ...