Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. „Деталите сѐ уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните ...

Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија. Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи ...

Почна новата академска 2024-2025 година за студентите, а се одржа и првиот час за бруцошите на сите факултети и академии при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. По тој повод на првиот академски час присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која им посака на студентите и на професорите успешен старт на новата академска година. „На студентите работа им е да учат, да се посветат на знаењето, да бидат љубопитни, да ...

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското и видео снимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка. ,,Денес, по изминат период од повеќе од 10 години, за жал може да констатираме дека судовите само делумно го користеле тонското снимање при водење на постапката и не успеале да спроведат целосна и доследна имплементација на ...

Во просториите на Управниот суд денеска беше промовиран системот за аудио и видео снимање на судски расправи „SRS Femida и Femida True Records”. На прес – конференцијата по промоцијата на системот, претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, истакна дека ова ќе овозможи поефикасно, поефективно и потранспаретнно правораздавање во судниците. – Надоградените нови технологии гарантираат точни записници на судските рочишта и овозможуваат да се ...

Гола статуа на Доналд Трамп е поставена кај автопат близу Лас Вегас, САД, во саботата на оградена парцела. Тоа е дел од проектот „Извитоперено и непристојно“. Уметничкото дело е изработено е од метална арматура обложена со пена и стиропор, високо е околу 15 метри и тежи повеќе од 2,7 тони. Статуата го прикажува кандидатот за американски претседател – намуртен, со јажиња прикачени на рацете, што укажува дека тој наводно е некаква „марионета“. ...

Вечерва се случи земјотрес во Берово. Според ЕМСЦ земјотресот се случил во 21.28 часот, а бил силен 3,3 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км од Берово на длабочина од 12 километри. 🔔#Earthquake (#земетресение, #земјотрес) M3.3 occurred 29 km SW of #Blagoevgrad (#Bulgaria) 4 min ago (local time 21:28:30). More info at: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/eoVcL7P21Z 🖥https://t.co/AD9QHzlIbm pic.twitter.com/T7YPqPp7QH — EMSC ...

Премиерот Христијан Мицкоски во видео порака на социјалните мрежи истакнува дека од денес ќе се реализира ветувањето за зголемување на пензиите. – Ја користам оваа прилика да ви честитам повисоки пензии што ќе почнат да се исплаќаат од 1 октомври. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите, станува реалност. Од утре пензионерите во Македонија ќе имате поголеми пензии. Вие тоа го заслуживте макотрпно ...

За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 отсто повеќе студенти. Бројот на студенти во земјава го достигнал ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против 18 службени лица. Од нив, 12 се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за ...

Безбедноста на младите и улогата на младите во создавање на безбедни околини е од исклучителна важност, дефинира новата Стратегија за млади. Во документот се забележува загриженоста на младите за бројот на инциденти меѓу младите, а особено што „овие случаи според податоците ретко добиваат институционална разрешница што дополнително ја усложнува состојбата и влијае на довербата на младите врз институциите“. Од аспект на безбедноста, подеднакво ...

Пред почетокот на новата учебна година, пред општините, училиштата и родителите се новите предизвици за обезбедување на безбедна училишна средина. Искуствата од изминатите години, особено од почетокот на 2023 година, покажа дека е потребен сериозен пристап кон ова прашање. Тоа беше година со закани за поставени бомби, сериозно разнишување на перцепцијата на училиштата како безбедна средина. Поради тоа, општ заклучок од неколкуте средби на ...

Заканите за поставени бомби по училиштата кои го нарушија наставниот процес и внесоа страв во безбедната средина, за јавноста останаа делумна мистерија. Кој навистина стоеше зад оваа хибридна закана? Дали имаа реална основа? Најпосле, дали опасноста е елиминирана? Но, клучно прашање е дали институциите ги унапредија безбедносните мерките во училиштата, односно какви лекции научивме. Одговорот на институциите, по деновите на закани кои стигнуваа ...

Монетата од две евра моментално е многу популарна, толку што некои за неа побарале и 99.000 евра. Посебно се барани монети кои се дефицитарни и за кои колекционерите често плаќаат мало богатство, пишува Fenix magazin. de. Ова вклучува ретка специјална монета од Келн, која сега вреди повеќе од 1.000 пати повеќе, пишуваат германските медиуми. Во Германија беа издадени вкупно 30 милиони примероци од специјалната монета „Келнската катедрала“. Сепак, ...

Во Апелацискиот суд во Штип, каде е последната врата во немилите случаи каде се инволвирани млади годишно има од 10 до 12 случаи на малолетничко престапништво, случаи каде им се суди на млади и деца. Меѓутоа, ниту еден случај не се однесува на меѓуврсничко насилство. Факт е дека училиштата регистрираат и решаваат случаи на насилство меѓу децата, но ретко ваквите случаи излегуваат од училишните врати. Ставањето под тепих, често доведува до тоа, ...

Случајот со детето Коста од Белград, кој пукаше во свои соученици длабоко одекна во целиот регион. Ако ги прашате експертите, овој случај покажа дека потребна е трансформација на целиот наш систем, вклучително и на образованиот, како потребата на новото време. Многу понапредни општества веќе се длабоко навлезени во таа трансформација на образовниот процес, каде многу се работи на создавање на безбедни училишта. Универзитетскиот професор Кирил ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,5 ...

Ново разгорување имаше претпладнево во пожарот во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, а преку бројот за итни случаи 112 беа испратени две различни пораки до сите оние кои се во близина на три населени места да се евакуираат – јави дописничката на новинската агенција МИА од Атина. Од рано утрово засилени се противпожарните сили што интервенираат во пожарот што е активен веќе 24 часа, а животот го ...

Три современи еко соларни смарт автобуски постојки беа поставени викендов во Штип. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски на денешната средба со новинарите изјави дека успешно е реализиран проект во соработка со УСАИД и здружението ЛАГ „Плачковица“, преку кој се овозможи поставување на еко-соларни смарт постојки на неколку локации во градот. Постојките се со современ дизајн и на атрактивни позиции и ќе бидат одлична можност да се закупат ...

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго. Царинската управа денеска преку писмено соопштение информираше што сѐ е запленето изминатава недела: Рачни часовници Ролекс и мобилни телефони I phone 16 – 5 мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при ...

Четириесет и еден отсто од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси и оти поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажуваат наодите од истражувањето што ги спровел Центарот за граѓански комуникации. Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што ...

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме – изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни ...

Спасителна акција на Дојранско Езеро со среќен крај, но на Шар Планина, при потрагата, изгубената планинарка е пронајдена утрово без знаци на живот – информираше денеска Центарот за управување со кризи. Од ЦУК додаваат дека во изминатото деноноќие имало и неколку пожари на отворено и 1 643 повици на 112 во последното деноноќие Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше спасителна акција на Дојранско Езеро што заврши ...

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат Светскиот ден на срцето со активност за потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста. Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања. -Споделувајќи ја ...

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Емотивни, социјални, економски и здравствени се последиците од насилството меѓу младите. Училиштетата, но и останатите институции ова треба да го имаат во предвид кога ги креираат програмите за работа. Секогаш треба да има место за превентивни мерки и создавање на средина, каде децата ќе се чувствуваат безбедно. Најнапред за здравствените последици – Насилството има директни и индиректни здравствени последици врз младите. Физичките повреди можат ...

Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија е мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство, јави ТВ Телма вечерва. Нејзиното тело е пронајдено во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција. Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45 годишен маж кој, како што наведува полицијта, имал лична ...

Maison Rabanne ја претстави најскапата чанта на светот на своето шоу за пролет 2025 година за време на модната недела во Париз. Со цена од 278.353 долари новата Nano чанта од 1969 година е создадена во соработка со занаетчискиот златар Артус Бертранд. Изработката на чантата траела 100 часа и е направена од испреплетени златни дискови и изработена од 18k злато, што ја прави единствена креација и во чест на фустанот од 1968 година што го носела ...

Компанијата за лиценцирање музика, „ППЛ“ (PPL) ја прогласи поп-рок групата „Колдплеј“ (Coldplay) за најслушаната британска група во 21 век. Поп-составот од Лондон, што го сочинуваат пејачот Крис Мартин, Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, е присутен илјадници пати повеќе на радио и ТВ во Обединетото Кралтво од класичните рокери „Квин“, кои се на второто место. А пак, „најпуштаната“ песна на „Колдплеј“ е хитот од 2008 година – „Viva La ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
62%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
55%
1029
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
47%
1029
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
51%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.14
46%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
77%
1029
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
62%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
78%
1028
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
62%
1030
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73