
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Државното Јавно обвинителство соопшти дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен на местото на пожарот. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ...
Нд 118 деца се пренесени во болниците во Штип и Скопје, рече министерост за здравство Арбен Таравари. Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 ...
Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот ...
Роднини, пријатели родители, во голем број се пред Штипската клиничка болница, чекаат информации за здравбствената состојба на нивните деца. Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата. Повредените биле донесени со возила за итна помош од повеќе градови од источниот регион. Најавена е изјава за јавноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ...
Пискотници ги разбудија кочанчани рано изутрината по големиот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој се’ уште се бројат жртвите, кои се десетици. Голем е бројот и на повредени. Дел се пренесени во болниците во Штип и Кочани, дел во Скопје. Некои од родителите се пред кочанската болница, барајќи ги своите деца, откако не успеале да ги добијат на телефон. Се споделуваат фотографии на овие млади, со телефонски броеви, преку кои се бара каква било ...
Рано утринава во 04 часот и 13 минути Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Според досегашните податоци со кои ...
Точниот број на загинати, главно млади луѓе се утврдува, откако се запали дискореката Пулс од Кочани, ноќеска околу 3 часот, во време кога се одржувал концерт на ДНК. Има и над стотина повредени. Се врши транспорт на повредените, а реонот го надлетуваат и полициски хеликоптери, а повредените се пренесуваат во кочанската и штипската болница. -Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. ...
Крај на денешниот протест прогласија судентите во блокада во Белград откако обезбедувањето ниво пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните во близина им нареди да се повлечат, јави МИА од Белград. Околу 19 часот се случи инцидент кога група луѓе фрлија пиротехнички средства во правец на кампот на Пионирски парк. Студентите и претходно најавија дека протестот се прогласува за завршен ако има инциденти или повредени кои не ...
Организацискиот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Мартин Костовски, на својот Фејсбук-профил објави порака „Пумпај“, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. Со тоа, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград. Зборот „пумпај“ одекнуваше на сите досегашни протести во Србија. Со тоа, стана вирален лајтмотив. По објавата на секретарот на СДСМ, ...
Преку единствен број за итни повици 112 денес во 12.37 часот од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро, инфрмираат од ЦУК. -Лицата се држеле за чамецот и самата струја ги носела кон хидроцентралата. Од ЦУК веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известен сум дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од ренџерска служба од Национален ...
Две жени и еден маж се повредени во Белград од страна на возач кој намерно удрил во нив додека се подготвувале да заминат на протест во центарот на градот. Лицата се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, и констатирани полесни повреди, соопшти МВР на Србија. View this post on Instagram A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Веднаш по инцидентот, полицијата го пронашла и привела лицето, кој со ...
Целосно е прекинат јавниот превоз во главниот град на Србија, јави МИА од Белград. Српското Министерство за внатрешни работи утрово наредило целосно прекинување на јавниот превоз во Белград, каде денеска се одржува студентскиот протест „15 за 15“. Според синдикатот во Јавното градско претпријатие за превоз изјавија дека наредбата од МВР на Србија е примена утрово во 9 часот и пет минути поради безбедносни причини. „Сите возила на ГСП, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира дека минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна, при што утврдени се недоследности кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба, изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај седум од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле ...
Психијатриската болница во Демир Хисар со години се наоѓа во очајна состојба, каде најранливи пациенти се третираат во нечовечки услови, под секое човечко достоинство! Поставувањето на партиски кадри за задоволување на коалиционите договори на партијата на власт резултира до тоа секоја година ситуацијата да е се полоша. -Иако преку фотографии вработени во болницата алармираа за страшната состојба, за директорот од ЗНАМ – Жан Лозановски, условите ...
Тори Спелинг (51) на својот подкаст “Miss Spelling” откри дека мрази вода и воопшто не ја пие. Наместо тоа, таа избира кокосова вода или сок, според Тајла. -Како сум уште жива, никој не знае. Јас сум како кактус. Само залиј ме одвреме-навреме, и ќе преживеам некако. Но, јас имам аверзија кон тоа“, рече таа во подкастот. Ѕвездата од Беверли Хилс објасни зошто не сака вода. -Не знам што е тоа, само го мразам вкусот. Сум пробала се. Различни видови ...
Познатата бугарска пејачка Рени објави фотографии со Саша Поповиќ и емотивно се прости од основачот на „Гранд“ и најголемиот шоубиз магионичар. Пејачката истакна дека благодарение на него стекнала голема популарност во Србија. – Саша Поповиќ, тој е човекот на кој му ја должам кариерата во Србија. Тој веруваше во мене и ми даде извонредна можност да ги создадам моите најголеми хитови. Тој има клучна улога во мојот успех во странство. Со голема ...
Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата, сепак, заминува во 30 дневен притвор. Денес напладне Кривичен го соопшти решението со кое се приеначува одлуката, па наместо мерката за куќен притвор Јахоски заминува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење ...
Министерството за внатрешни работи објави видео од одземеното возило во Кавадарци поради создавање бучава. Во Кавадарци синоќа во 22.40 часот полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, ...
Актерот Драган Петровиќ Пеле е препознатлив по седата коса, а дури неодамна откри дека поради трагедија која го погодила неговото семејство преку ноќ побелел. Најлошата вест го нашла во театар, непосредно пред почетокот на претставата, пишува информер.рс. -Дознав непосредно пред да започне претставата. Се сеќавам дека тоа беше „Битката кај Колубара“. Во тоа време немаше мобилни телефони, некој се јави во театар. Го прашав Миша Јанкетиќ, бидејќи ...
Поради израелската блокада за испорака на помош преку копнени премини, 90 отсто од населението во Газа нема сигурен пристап до вода, а 80 отсто од граѓаните го изгубиле пристапот до изворите на храна, според Службата за соработка со медиумите во Газа. Во соопштението, исто така, се наведува дека програмите за управување со отпад и расчистување на патиштата во голема мера се стопирани бидејќи општините имаат приоритет на горивото за операциите на ...
И покрај острото отфрлање од САД, полскиот претседател Анджеј Дуда во изјава за британскиот Би-Би-Си го повтори апелот Вашингтон да ги распореди своите нуклеарни ракети на територијата на неговата земја како дел од програмата за нуклеарно споделување, а според последната анкета, тој има поддршка од дури 63 отсто од Полјаците. Според истражувањето на Институтот Полстер, 37 отсто од испитаниците се против распоредување нуклеарно оружје на полска ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика денеска на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина. „Нормално е, ако војната некако се запре, Европа, чекор по чекор, а исто така и САД – чекор по чекор, да ги обноват нормалните односи со Русија“, рече Руте во интервју за ТВ Блумберг. Тој, сепак, нагласи дека се уште не е време за тоа и дека е неопходно да се продолжи притисокот врз Русија за Москва „сериозно да ги ...
Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес- конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров. Премиерот Мицкоски коментирајќи го случајот со одбиената американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ...
Внимавајте што ставате на Инстаграм, е поуката од случајот што го сподели МВР, а кој на крај завршил со привремено одземање на возило од страна на полицијата. МВР соопшти дека на 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв” со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм. На ...
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија. Тој нагласи дека од страна на претседавачот на Комисијата, Фетаи грубо беше прекршен Деловникот на Собранието, поточно членот 131, со што таа директно го прекршила ...
На предлог на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, Советот на Општина Струмица со мнозинство гласови ги разреши сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, кој досега го сочинуваа претседателот Александар Цицимов и членовите Ванчо Ристов Патриков, Ѓорѓи Пелтековски, Хризантема Рендевска, Александар Ненчев, Панче Беџовски, Катерина Милушева, Елена Достинова и Васил Крстев. Иницијативата на Костадинов за разрешување ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска не ја коментираше вчерашната пишана изјава за медиуми на известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, во која европратеникот оцени дека повикот од Владата да поднесат оставки членови на Судскиот совет е „притисок и загрижувачки знак за политичко мешање во судството“. На новинарско прашање дали смета дека ваквата порака од Вајц ќе влијае врз заклучоците во следниот извештај на ...
Хамас денеска соопшти дека го прифаќа предлогот на посредникот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Групата во соопштението наведе дека е подготвена да преговара за втората фаза од договорот за прекин на огнот и го повика Израел целосно да ги исполни своите обврски, пренесуваат британските медиуми. Воедно, Хамас најави и дека ќе го ослободи Едан Александар, израелско-американски заложник, како и дека ќе ги предаде ...
Територијалната противпожарна единица од Делчево интервенира на пожар што околу 12:00 часот избувна на помошен објект на улица „Индустриска“. На лице место се шестмина пожарникари со две возила кои го гаснат горниот дел од објектот каде се наоѓаат поголем дел суви греди. Во пожарот нема повредени лица. Во близина на помошниот објект се наоѓаат објекти на неколку фирми и приватни живеалишта, но отстранета е опасноста од проширување на огнот на ...
Претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска. Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ – Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ – Охрид. Во текот на февруари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување биле овчите сипаници со вкупно 366 ...