Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои” вчера беше прикажан на „Браќа Манаки” во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час”. Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден изврши над 60 надзори на цела територија на државата за почитувањето на владината одлука за ограничување на профитната маржа на основните прехранбени производи и нивно означување со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ при што издаде осум прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек. Како што информираат од ДПИ, ...

СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „бесправно градење” по член 244 – а од Кривичниот законик. -Пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 02.03.2021 година до 23.09.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено ...

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 . -Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за ...

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, ...

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, рече денес на прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ . -Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на ...

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалијa, велат од СДСМ. -Само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени. Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите ...

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување. Зборувајќи на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп рече дека Украина никогаш нема да може да ги замени своите „многу ...

По одличните „Тамо негде”, „Метар дана”, „Заблуда”, „Калдрма”… Боби Павловски на јавноста реши да ѝ го претстави деветтиот сингл од српскиот албум, кој наскоро треба да биде комплетиран. Станува збор за темата со наслов „Лавиринт”, за која музиката и аранжманот ги потпишува веќе проверениот соработник Милан Раѓен, додека текстот е на Дивна Миловановиќ. Интересно е дека и овој пат Боби соработува со колешката од соседството, Ивана Селаков, која е ...

Студирањето во странство е можност да се внесе ново знаење и искуство во државата. Преку соработка меѓу Словенија и Северна Македонија може да се отворат нови перспективи за професионално интегрирање на младите дипломци и зајакнување на домашниот економскиот раст, а на образованието треба да се гледа како на инвестиција во иднината на младите, но и во иднината на целата земја. Ова, меѓу другото, беше оценето на конференцијата „Од Словенија до ...

Шпанската полиција соопшти дека уапсила пет лица за измама на две жени. Осомничените преку Интернет и пораки на апликацијата WhatsApp се претставиле како холивудскиот актер Бред Пит и им одзеле 325.000 евра . Групата остварила контакт со жените на веб-страница посветена на обожавателите на холивудскиот актер, а потоа ги убедила дека имаат „сентиментална врска со него“. Потоа на „жртвите“ им предложиле да инвестираат во разни проекти кои не ...

Украинските заедници кои настрадаа од руската агресија не чекаат да заврши војната и се подготвени да започнат со обнова на земјата денес. Еко-активистите во регионот Харков имплементираат проект кој им помага на локалното население не само правилно да го отстранува отпадот, туку и да го искористи за обнова на уништеното. „Рубрика“ истражува како ова решение ја користи секоја скршена тула. Што е проблемот? Војната генерира милиони тони отпад за ...

Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако вечерва за време на концерт се онесвести на сцената, пренесува информер.рс. Големата дама на грчката народна музика доживеала мозочно крварење и е во критична состојба, јавуваат локалните медиуми. По падот Маринела наводно накратко се освестила во соблекувалната, по што била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случи веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеа ...

Еднаш амбасадори, секогаш амбасадори. Тоа е кусиот опис за „Синтезис“, кои вчера во Филхармонија прославија 30 години од своето постоење. И како што доликува на ваков концерт, публиката ја прошетаа низ нивната работа, која и тоа како заслужува аплауз, каков што не штедеше публиката да им подари. Традиционална музика презентирана на над 500 концерти секаде низ светот, и тоа не само за нашата дијаспора, туку и во најпрестижните концертни сали и ...

Легендатат Дарко Панчев вчера вечерта во Литература.мк, во Дајмонд Мол собра многу наши спортски легенди и негови фанови. Книжарницата беше претесна да ги собере сите кои дојдоа да му дадат поддршка и први да ја добијат неговата автобиографска книга напишана од перото на познатиот спортски коментатор Зоран Михајлов. Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ, Пепи Георгиевски, Кочо Димитровски, но и Васил Рингов беа дел од легендите кои дојдоа да му ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени. Според УХМР, до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има ...

Иако израелските акции против Хезболах, вклучително и убиство на неколку команданти, експлозии на пејџери и воки-токи, како и серија воздушни напади што започнаа во понеделникот, значително ја оштетија шиитската милитантна група, пишува Би-Би-Си во анализа дека моќта на Хезболах останува одлична. Се вели дека проектилот што Хезболах го лансираше кон Тел Авив и беше пресретнат од израелската противвоздушна одбрана е иранско производство Кадр-1, ...

Во рамки на Европските денови на културното наследството и Денот на албанското национално културно наследство, во албанскиот град Корча, в петок ќе биде отворена изложба на икони, дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф. -Со посебно задоволство го најавуваме отворањето на изложбата „Иконите на Дичо Зограф“ во Музејот на средновековна уметност во соработка со Националниот историски музеј и Регионалната дирекција за културно ...

Во изминатите неколку дена бројни филмски работници ја откажаа соработката и емитувањето на проекти во кои глуми актерот осуден за педофилија Моамер Касумовиќ. Во таа насока, еден од режисерите и продуцентите на филмот „Балканика“, чие снимање заврши годинава, Лука Мамуза откри дека нема да ја продолжи соработката, но и што планираат да прават со сцените во кои се појавува Касумовиќ, објави српски „Блиц“. Филмот „Балканика“ е создаден како ...

Илон Маск негира дека е во романтична врска со италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако ја пофали на доделувањето на награди во Њујорк. Маск, кој присуствуваше на церемонијата со својата мајка, ова го напиша на платформата Икс: „Нема никаква романтична врска со премиерката Мелони“. Објавата, Маск ја збогати со фотографија на која двајцата разговараат на гала вечера. Маск ѝ ја додели наградата Глобален граѓанин на Мелони и ја опиша како ...

Германското обвинителство обвини тројца мажи за обид за изнуда на семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, пренесува ДПА. Шумахер беше тешко повреден при инцидент за време на скијање на крајот на 2013 година и оттогаш се нема појавено во јавноста. Неговото семејство во тајност ги држи информациите за неговата здравствена состојба. Поранешен службеник за безбедност на семејството е осомничен за направените ...

Возачот на заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, како и внукот на возачот, вчеравечер биле приведени во полициска станица во Тетово затоа што се расправале со полицијата и ги спречувале да ја си вршат работата, објави „Сител“. Полицајците, јави Сител, го запреле внукот, кој се јавил да ургира кај возачот. МВР денеска соопшти дека двајцата ја попречиле работата на полицајците и им ја загрозиле безбедноста, поради што биле приведени, ...

Швајцарската полиција уапси неколку лица откако беше искористена контроверзна капсула со футуристички изглед дизајнирана за асистирано самоубиство, соопштија локалните власти. Полицијата во северниот кантон Шафхаузен, на границата со Германија, информираше дека таканаречената капсула „Сарко“ била употребена во шума во општината Меришаузен во понеделникот. Обвинителството во Шафхаузен покрена кривична постапка против неколку лица за „поттикнување ...

На 6 јуни во 02:50 часот руските сили ја разнесоа претходно минираната ХЕ Каховска. Експлозијата уништи 11 од 28-те делови на акумулацијата. Приближната ширина на пробивот е 177 метри. Уништувањето на браната во Нова Каховка е воено злосторство според Женевската конвенција, но Русија систематски ги крши нејзините правила за време на војната во Украина. Уништувањето на хидроцентралите се смета за оружје за масовно уништување и воено злосторство ...

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти ...

Судскиот совет на денешната 500. седница разгледуваше и одлучуваше по барања за времено упатување на судии во друг суд, поради недостатокот на судии со кој се соочуваат судовите ширум земјава. Со одлука Советот, судијата Драган Јаковлески од Основниот суд Битола ќе биде времено упатен во Основниот суд Крушево, каде покрај судиската функција ќе ја извршува и функцијата в.д. претседател на Судот. Одлука за времено упатување беше донесена и за ...

Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години. Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет ...

Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Пожарот го изгаснал неговиот татко, а увид на местото извршиле јавен обвинител и ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице. Пријавата е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво ...

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
72%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
54%
1029
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.45
56%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
83%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.24
77%
1025
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
81%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71