
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Денес е најубавиот ден во нашиот живот. Со огромна радост и храброст денес Андријана Николовска го донесе на свет нашиот сакан син – најголемиот благослов во нашиот живот! Жив, здрав и прав! Тој донесе нова светлина, бескрајна љубов и среќа во нашето семејство. Благодариме на Господ за овој божји дар! Ова во вторникот го објави поранешниот министер Љупчо Николовски, кој стана татко. Денес тој и сопругата го донесоа синчето дома и, како што ни ...
Речиси и да нема дама која не сака да добива цвеќиња за „8 Март“. Кавалерите знаат дека нема грешка со тој подарок. Меѓутоа, ако за прв пат подарувате цвеќе на некоја жена, не би било лошо да знаете каква порака ја испраќа бојата на аранжманот, колку цветови се подаруваат и во кои се одржува букетот, пренесува Информер,рс. Оној што му дава цвеќиња на него испраќа порака, а видовите и боите ги покажуваат своите чувства. Ако и дадете на жената ...
Бројни „инфлуенсерки“ го прифатија новиот моден тренд на фармерки без една долга ногавица. И Данел Фелунг сними видео каде што покажа како тоа изгледа… Ги искомбинира со поткошула, шпицети потпетици и чанта. Видеото на „Тик-ток“ досега собра над 1,5 милиони прегледи. Очекувано, има бројни коментари за овој, според многумина – чуден дизајн, но реакциите се главно негативни. @daniellephe These jeans are my new obsession 👖😩 found them from the ...
Несовесен возач вчера во тетово удрил во количка со бебе, а потоа побегнал. -На 06.03.2025 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото. По преземени мерки и активности, било пронајдено ...
Британскиот крал Чарлс Трети учествуваше во радиоемисијата „The King’s Music Room“ (Музичкиот простор на кралот) на „Епл мјузик“ (Apple Music). Споделувајќи со слушателите што најчесто слуша, тој ги истакна жанровите диско, реге и афробит. Снимајќи го радиопреносот во својата канцеларија во Бакингемската палата, кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го обликувале „саундтракот на ...
Културата на пиење кафе во секоја земја е различно, но вообичаено, речиси секаде, шолја кафе се служи придружена со чаша ладна вода. Но, имајте предвид: Има и места каде што, ако нарачате вода со кафето – и таа ќе се најде на сметката. Занимливо е што чашата вода до кафето првично не била за пиење. Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот Султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика се ...
Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри. Подготвен е и да го поништи тендерот, како што вели, доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти. Информира дека понудената ...
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче. Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски предложи до Судот да се достави чаурата пронајдена на местото каде што било пронајдено телото на Панче Жежовски за која вештачењето утврдило дека е од оружје калибар 9 милиметри. Одбраната побара пред Судот да бидат повикани две вешти лица за дополнително вештачење на чаурата. -Во списите има вештачење на таа чаура од вешто лице кое ...
Фактурата за авионскиот превоз за делегацијата која беше во посета на Унгарија изнесува 2.600.000 денари, а не 12 милиони денари, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на прашање за јавните набавки на Владата и дали многу се троши од парите на граѓаните. Премиерот Мицкоски истакна дека фактурата е 60 авионски билети и какошто рече „кога сакате ќе биде изложена на јавноста“. -Околу 700 евра по билет со сите вклуечни ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ...
Цените на производите што маркетите ќе ги објавуваат на своите интернет страници, мора да бидат исти со оние на рафтовите. Во спротивно, ќе следуваат казни од 500 до 10 000 евра, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Влатко Стојкоски. Ваквата обврска произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите, а важи за сите мали, средни и големи правни субјекти кои вршат трговија на мало. Тие ќе мораат, не само да ги ...
САД воведоа царини од 25 отсто за сите стоки увезени од Мексико и Канада, што ја втурна Канада во трговска војна. Меѓутоа, само неколку дена по таа одлука, американскиот претседател ја сврте својата „економска шлаканица“, велејќи дека стоките што се во согласност со Северноамериканскиот договор за слободна трговија нема да бидат предмет на царини до 2 април, а тој очигледно размислува за слична распределба за Канада. Justin Trudeau breaks down ...
Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона. Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на речиси 120 сведоци, меѓу кои семејството, експерти и долгогодишните лекари на Марадона низ годините, според. Обвинетите се ...
Албанската влада вчера одлучи да го затвори ТикТок на 12 месеци поради ” содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”. Министерката за образование Огерта Манастрилиу рече дека службениците се во контакт со ТикТок за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата. – Властите одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои ...
Вчера (06.03.2025) во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од страна на полициските службеници, информираат од МВР. -Од вкупно издадените 622 платни налози вчера, дел односно 58 се однесуваат на ...
Министерството за европски прашања денеска ја поздрави одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Северна Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона. Членството во СЕПА, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања, значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе ...
Празникот 8 март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата. Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и тие се подеднаково изложени на бројни ризици како и останатите учесници во сообраќајот. За среќа, тие умеат да се заштитат без разлика дали се ...
Во вестите на ТВ Алсат М, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој се осврна на онлајн игрите на среќа, кои се приредуваат како што напомена тој, од нелегални приредувачи на игри на среќа, а за жал, младите се заразени од оваа пандемија. „Нашите граѓани се заразени од оваа пандемија, особено младите, особено тинејџерите кои што немаат наполнето 18 години и не можат да учествуваат во игрите на среќа кои што се ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство, реагират од Левица. -Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход ќе оди за ...
„Минималното“ зголемување на цената на струјата во јануари, за фирмите – мали потрошувачи на струја беше цели 13,52 отсто. И додека за домаќинствата со првата најава на цената од јануари се нагласуваше тоа минимално од 0,6 – 2,4 отсто во блоковите, цената за компаниите речиси и да не се споменуваше. Се’ до добивањето на сметките за струја. Во особено студениот јануари, малите потрошувачи реагираат дека добија фактури со значајни износи за ...
Струмичките пожарникари синоќа интервенираа на запалено возило, но и покрај брзата реакција, не успеја многу да спасат. Според информациите од ТППЕ Струмица, синоќа, во 22:45 часот во с.Старо Владевци, четворица пожарникари-спасители интервенираа на гасење на запалено патничко моторно возило. -Возилото во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза. За кратко време пожарот беше локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да платат повеќе“. „Мојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаа проблем и ја ...
Актерката Џенифер Гарнер и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек, во последно време поминуваат многу време заедно, а тој наводно е „отворен“ за обновување на нивната врска. Сепак, Џенифер не заинтересирана за тоа, како што неодамна изјавија извори за Page Six. Гарнер, која е во врска со Џон Милер од 2018 година, е среќна со своето момче и не планира да се смири со Бен. „Тој е подготвен да се обиде повторно“, истакна тој. Изворот додаде ...
Организаторите на Евровизија сакаат Селин Дион да биде специјална гостинка на финалето на натпреварот во Базел во мај. Иако се водат преговори, сè уште ништо не е потврдено, пред се поради нејзината здравствена состојба – пејачката со години се бори со синдромот на вкочанета личност, што го отежнува планирањето на настапите, пренесува ало.рс. И покрај нејзината болест, Дион минатата година присуствуваше на свеченото отворање на Олимписките игри ...
На погребот на Саша Поповиќ денес веднаш зад ковчегот, во вечното почивање го придружуваа четири лица кои на посебен начин му го одбележаа животот, меѓу кои беа и трите жени кои му беа најважни. Неговата сопруга Сузана Јовановиќ, која со денови добива сочувство, а нејзината тага е неизмерна. Цело време таа ја гушкаше и бакнуваше сликата на нејзиниот покоен сопруг, а во еден момент и ковчегот, додека покрај неа во солзи стоеја нејзината и ќерката ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Според описот во диспозитивот на наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Трговија со дете“. -Кон средината на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го укине привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД по руската инвазија, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на високи функционери и извори запознаени со планот. Одлуката, која треба официјално да биде објавена во април, е дел од пошироката стратегија на Трамп за укинување на привремените хуманитарни програми од времето на претседателот Џо ...
Пратеникот на Движење ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес-конференција информира дека нивната пратеничка група ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и до Владата каде бараат Планината Беласица да се прогласи за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел согласно Законот за заштита на природата. -Имено, оваа наша иницијатива ја засноваме на неколку факти. Планината Беласица која се наоѓа во југоисточниот регион ...
Денес во Белград беше погребан Саша Поповиќ. Погребната служба започнала околу 14 часот, а ја служел викарот на Неговата Светост Патријархот Порфирије Петар, со богослужби на петмина свештеници и ѓакони од парохиската црква Св. Василије Острошки на Бежанијска коса, на која и припаѓал и Саша, пренесува Б92. „Господ да ја упокои душата на својот слуга Александар, кој цел живот го љубеше Христа. Да не беше добар човек, толку многумина од вас немаше ...
Штипската тврдина Исар ќе се реконструира по примерот на скопското кале и Самуиловата тврдина во Охрид. Тврдината изградена во вториот век од нашата ера е симбол на Штип, а за нејзината реконструкција општината обезбеди 1,6 милиони евра преку вториот јавен повик за унгарскиот кредит. Предвидено е да се реставрираат трите кули, кои меѓусебно ќе бидат поврзани со бедем висок четири метри. За автентичноста на реставрацискиот процес се грижи ...