
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични ...
При често будење во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3 часот наутро, време е да се посети лекар, бидејќи тоа може да биде знак за основни здравствени проблеми, смета д-р Ерик Берг од САД. – Како повторно да заспиете ако поради некоја причина се разбудите меѓу 2 и 3 ч. наутро сред ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот, вели докторот. Лекарот, всушност, објасни дека ...
По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и ...
Кралот Чарлс „искеширал“ три милиони фунти (четири милиони евра) за да купи имот веднаш до викендицата на неговата сопруга, кралицата Камила, пишува Дејли Меил. Стнува збор за имотот „The Old Mill“, кој се наоѓа веднаш до вилата во Вилтшир, каде Камила често престојува. Причината за купувањето наводно била загриженоста на Камила дека Старата мелница може да се претвори во свадбено место, пренесува Индекс.хр. Неименуван пријател на Камила за ...
Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, Дева се појави на црвениот тепих на промоцијата на ТВ-серијата „Леопард“ (Il Gattopardo) на „Нетфликс“, со своето момче – 24-годишниот италијански глумец Сол Нани. Серијата е снимена во Италија, а младиот пар во неа глумат заедно, па и овојпат, штом се појавија пред фотоапаратите, тие го украдоа целото внимание, пренесува „Индекс“. View this post on Instagram A post shared by Deva Cassel (@devacassel) ...
Комеморација по повод 82 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка беше одржана денеска пред Споменикот во некогашниот скопски Монопол – местото каде што еврејски семејства од Скопје, Битола и Штип биле затворени во привремен транзитен камп и на крајот од март депортирани во логорот на смртта во окупирана Полска. Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во својот говор рече дека во март 1943, ...
Премиерот на Онтарио, Даг Форд изјави дека во понеделник ќе започне наплата од 25 отсто за извозот на електрична енергија во три американски држави, предупредувајќи дека целосно ќе ја исклучи струјата доколку САД воведат нови царини за канадски стоки. „Ако САД ескалира (тарифите), нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, изјави Форд. Како што пренесе Си-Ен-Ен, тој вели дека „не сака да го направи тоа“. „Се чувствувам ужасно за ...
Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба. Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик. Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни ...
Здружението „Анимал Лаверс“ – Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано со огнено оружје во селото Муртино, струмичко, на 27 минатиот месец. Полицијата потврдила дека сторител на овој грозоморен чин е малолетно лице, а случајот веќе е предаден на Јавното обвинителство. За Здружението овој настан отворил сериозни прашања за безбедноста во општеството. -Како е возможно малолетник ...
Генералштабот на украинската армија соопшти дека при синоќешниот напад со дронови врз Русија погодиле „неколку стратешки објекти“ меѓу кои и „производствените капацитети на московската рафинерија за нафта“. Московската рафинерија има капацитет за преработка на 11 милиони тони нафта годишно и обезбедува од 40 до 50 проценти од потребите на Москва за дизел и бензин. Украинската армија тврди дека е погоден и производствениот погон во Орлов, важен ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесувал 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи. Евидентирани се 106 894 ноќевања, од кои 42.5 % се од домашните туристи, a 57.5 % од странските туристи. Вкупниот број на туристи во јануари годинава, во однос на јануари 2024, е зголемен за 4.4 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7 %. Бројот на домашните туристи во ...
Одборот на извршни директори на Светска банка одобри дополнително финансирање од 80 милиони американски долари за поддршка на амбициозната агенда на Албанија за модернизација и дигитална трансформација на јавниот сектор, подобрување на пристапот до клучните услуги за граѓаните, особено за ранливите групи, објави државната агенција АТА. Дополнителните финансиски средства доаѓаат како резултат на напредокот на водечкиот проект „Подобрување на ...
Со 77 гласа Собранието на Република Северна Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, ...
Врховниот суд на Куба соопшти дека 553 затвореници биле ослободени во земјата како дел од договорот постигнат со посредство на Ватикан, кој беше загрозен откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли ветувањето на неговиот претходник Џо Бајден за олеснување на санкциите кон островската држава. Бајден во јануари се согласи да ја отстрани Куба од листата државни спонзори на тероризмот во замена за ослободување затвореници со посредство ...
Во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 772 690 илјади денари, што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54.9 %) се наменети за ...
Европскиот парламент ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително да го зајакне својот ангажман со Западен Балкан, соопштија од институцијата. Ова ќе биде четвртата оперативна канцеларија, покрај тие во Њујорк, Џакарта и Адис Абеба. „Во контекст на зголемените геополитички тензии и обновениот моментум зад проширувањето на ЕУ, новата канцеларија на Парламентот во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу Европскиот парламент и ...
На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за ...
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици. – 636 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од мобилен царински тим, при контрола на камион со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција. Случајот е откриен при длабинска контрола ...
СДСМ денеска на прес-конференција ја повикува Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да постапи по случајот за тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Според неа, ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција кои, вели, се одлики на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повика ДКСК и ЈО веднаш да преземат конкретни чекори, бидејќи, како што кажа, „ова не е само прашање на злоупотреба на ...
Министерството за здравство се откажа од решението со паркингот на Клинички центар да управува албанската фирма „Ѓока Констракшн“ преку концесија, откако во јавноста протекоа наводни информации за неправилности во изградбата на автопатот Тирана – Кичево, граден од оваа компанија, при што се срушиле тунели заради употребата на стиропор во цементната конструкција. Информацијата дека министерството се откажува од концесиски договор со „Ѓока ...
Делегации на Украина и на СAД денеска започнаа состанок во Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Министерството извести за почетокот на средбата во Џеда на својот официјален канал на социјалната мрежа Телеграм. На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се наведува дека средбата на американската и украинската делегација во Џеда е закажана за денеска напладне по локално време. Шефот на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денеска е во работна посета на Азербејџан на покана од азербејџанскиот министер за внатрешни работи Вилајат Ејвазов. Како што соопшти МВР, министерот Тошковски истакнал дека оваа средба е од големо значење за зајакнување на билатералната соработка во областа на безбедноста и размената на искуства во современите безбедносни предизвици. Во рамки на посетата делегацијата на МВР имаше можност да ...
Меѓународниот аеродром Скопје повторно се стекна со признание и награда за квалитетот на аеродромските услуги за 2024 година за Најпријатно аеродромско искуство во Европа, зацврстувајќи ја својата репутација како лидер во патничкото искуство при патување преку аеродромот. Како што информираат ТАВ Аеродроми, аеродромите добитници на наградата беа откриени вчера од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI), ...
Полицијата вчера на експресниот пат Штип-Кочани уапсила едно лице откако со радар утврдила дека управувал со возилото со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. -На експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани, информираат од МВР. Оттаму појаснуваат дека при ...
Емисијата „КОД“ во 2023 годин истражуваше за матните зделки на, сега уапсените, Ратко Капушевски и газдите не „Пуцко петрол“. Лупевска Созен на својот Фејсбук профил објави каков демант тогш и испратил Капушевски. -Кога КОД истражуваше како фирмата на Ратко Капушевски го добила милионскиот тендер за мазут а не била кадарна за тоа Капушевски ни напиша демант во кој меѓу другото стоеше: ” Ако јас не носам мазут нема да има струја а ако нема струја ...
Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада кои најавија дека ќе трае 22 часа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите. „На 10 март 2025 година студентите почнаа со блокада на зградата на РТС, што ќе трае до 22 часот. Придружете ни се. Влезот во ...
Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“. Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“. -Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. ...
Воја Недељковиќ за „Блиц“ открил дали по смртта и погребот на Саша Поповиќ ќе има измени во шоуто „Ѕведите на Гранд“. -Продолжуваме да работиме, одложивме две сесии на снимање кога тој почина. По некој план и програма оваа сезона ќе ја завршиме со конкурентите што ги имаме. Се планираат некои работи за новата сезона. Има идеја да се создадат некои нови аудиции, нови правила. Кој ќе го води, кој ќе биде жирито, каде ќе биде, навистина не сум ...
Рокерот Оливер Мандиќ се ноѓа во болница и утре го очекув тешка операција пренесува курир.рс. Тие стапиле во контакт со Мандиќ, кој им рекол: -Се ќе биде добро, сега ми го мерт притисокот, тука сум со анестезиологот, па не можам да зборувам, но се ќе биде во ред – рекол Оливер. Како што откри, тој е во болница и се подготвува за операција која е закажана за утре, 11 март. Инаку, музичарот ретко се појавува во домашните медиуми, а последен пат е ...
Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма. Повеќе извори на Телма потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Но, надлежните без да соопштуваат имиња само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството ...