Во рамките на Европската Унија гледаме обновен дух фокусиран на процесот на проширувањето, но она што треба да го видиме во пракса е затворање на јазот, што очигледно постои во овој момент помеѓу создадените очекувања и нивната реализација, изјави денеска во Варшава македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Она што можам да го кажам, претставувајќи ја мојата држава, е дека ќе бидеме посветени на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 21-годишен скопјанец, откако во претрес на таванската просторија во зградата каде живее осомничениот во Аеродром била пронајдена дрога и оружје. Лицето, како што информираат од ЈОРСМ, е осомничено дека извршило кривични дела „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ од член 396 и „Неовластено производство и ...

Европската Унија ги повикува Индија и Пакистан да започнат дијалог за деескалација на состојбата и најавува подготвеност да работи со двете страни во остварување на тие напори, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Таа додаде дека ЕУ внимателно и со голема загриженост ги следи растечките тензии во регионот и последиците што произлегуваат од нив, вклучително и од евентуалната загуба на ...

На Меѓународниот аеродром Валона, (VLO), денеска беше реализиран првиот сертификациски лет, со што и официјално е ставен во функција овој аеродром, кој, како што оценуваат надлежните, ќе биде порта кон Јужна Албанија и порта за развој на туризмот. По слетувањето на авионот, на церемонијата на која присуствуваше премиерот Еди Рама, вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, нагласи дека „меѓународниот аеродром во ...

Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, испратија писмена изјава до јавноста во која изразуваат длабока болка, но и заедничко и недвосмислено барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции. Родителите потенцираат дека се подготвени да соработуваат со еминентни домашни и странски адвокати кои ќе обезбедат правна поддршка во сите фази на ...

Израел денеска трајно затвори шест училишта на Обединетите нации во окупираниот Источен Ерусалим, што го загрозува образованието на палестинските деца. Израелското Министерство за образование соопшти дека ќе ги прераспредели учениците во други училишта во Ерусалим, но родителите, наставниците и администраторите предупредуваат дека затворањето на главните училишта во Источен Ерусалим ќе ги принуди нивните деца да поминуваат низ преполни и опасни ...

На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 ...

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за ...

Индиската армија уништи клучен пакистански противвоздушен систем „HQ-9“ во Лахор, откако Пакистан се обиде да нападне повеќе воени цели во северна и западна Индија во текот на ноќта меѓу 7 и 8 мај, објави индиското Министерство за одбрана. Пакистанскиот напад, кој вклучуваше употреба на дронои и ракети, беше насочен кон градови како Сринагар, Џаму, Амритсар и Лудијана, објави Индија њуз. Индија успеа да го одбие нападот благодарение на својата ...

Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јаво Еуроњуз Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Систинската капела ќе се појави бел чад. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали. Претходните два конклава, во 2005 ...

Го решаваме проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, посакувајќи успех на 34 специјализанти, кои денеска во Битола полагаа тест за вработување во Клиничка болница-Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево. Според Клековски, со денешната активност на долг рок се очекува покривање на специјалност кои недостигаат во здравствените установи во југозападниот ...

Постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го сторил ...

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. Очекува поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ иако, рече, имало коментар од ...

Бугарското Министерство за надворешни работи ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Романија и Бугарија придонеле за тензиите кои довеле до војната во Украина со поставување американски бази на нивна територија. Путин го изјави ова во документарниот филм „Русија, Кремљ, Путин, 25 години“, пренесува Еурактив. „Обидите на Руската Федерација да ја префрли одговорноста за почетокот на нелегалната и неиспровоцирана војна во ...

Најмалку 33 Палестинци се убиени, а десетици ранети во два израелски напади врз преполн ресторан и пазар на иста улица во градот Газа, потврдија медицински извори и Министерството за здравство управувано од Хамас. Израелската војска соопшти дека ги истражува тие извештаи. Претходно болниците соопштија дека најмалку 59 лица се убиени во напади завчера вечер, повеќето од нив во две училишта кои служеле како засолништа за раселени семејства. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, 80 години по победата над нацистичка Германија, изјави дека против руското „зло“ мора да се „бори“ и рече дека парадата во Москва ќе биде „парада на цинизам и лаги“. -Мораме да се бориме заедно, решително, силно, рече Зеленски во говор објавен на социјалните мрежи. Тој, исто така, ги осуди комеморациите што Кремљ ги организира утре во Москва. -Тоа ќе биде парада на цинизам и лаги, рече Зеленски ...

Првата линија на Градски воз” од Зелениково, преку Драчево, Аеродорм и Кисела Вода па се до железничка станица Скопје, очекувам да биде во функција до крај на годината. Се работи за голема инвестиција од педесетина милиони евра вкупно за трите градски линии. Но имаме сериозна агенда и брзо ќе ја реализираме, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител. “Она што го зборувавме за проектот “Градски ...

Еден ученик е убиен, а двајца други се ранети во напад со нож пред средното училиште Санта Ана во истоимениот град во Јужна Калифорнија, соопшти локалната полиција. Американските медиуми, повикувајќи се на порпаролката на полицијата во градот, Наталија гарсија, пренесуваат дека тројца ученици, сите мажи, биле пренесени во болница, каде еден од нив починал, додека другите двајца биле во стабилна состојба. Инцидентот се случил додека учениците го ...

Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела, сигнализирајќи дека првото гласање на кардиналите, собрани во конклава за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, заврши без резултат. Илјадници верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ го очекуваа чадот од тесниот оџак на покривот на капелата по ден исполнет со ритуали и церемонии, додека кардиналите се молеа за божествено водство во тајното гласање. Чекањето беше подолго од ...

Ново во радискиот етер – оваа сабота од 21 часот стартува Beats 4 life со DJ Erik-X8 на Канал 77– едночасовен DJ сет од нови и специјално избрани EDM траки. А каква свежина ќе донесе Beats 4 life за публиката ни открива токму тој. За каква емисија станува збор? DJ Erik-X8: Како и самото име на емисијата Beats 4 life – музика за живот, односно музика за подобро здравје, подобро расположение и продолжување на животот. Каков тип на музика ќе ...

Да се зборува за Тоше Поп Симонов треба многу време и испишани страници, бидејќи толку богат живот само така се раскажува. Но, дел од се она што тој направи и како музичкар, продуценти и како човек се обидоа да раскажат околу 15-ина македонски музички ѕвезди, новинари, колеги, пријатели, соработници со кои тој соработувал и се дружел во текот на животот и музичката кариера. Нивните сеќавања беа илустрирани со мноштво фотографии, видеа и музички ...

Штип годинава ќе биде домаќин и на уште еден од најпознатите музички фестивали во земјава „Тhe Festival“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во наредните денови се очекува официјално објавување на фестивалската програма. Градот очекува наплив на гости, а со тоа и зголемен туристички и економски придонес. Организаторите најавуваат богата програма и бројни изведувачи, а Штип се подготвува да ги пречека љубителите на ...

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со ...

Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. Мицкоски упати честитка до сите полициски припадници за нивната посветеност и храброст, испраќајќи порака дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. – Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички ...

Во Газа не е влезена никаква хуманитарна помош повеќе од два месеци, што претставува најдолга ваква блокада и предизвикува голема загриженост, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за Медитеранот и за еднаквост, подготвеност и справување со кризи, Дубравка Шуица и Хаџа Лабиб. Во неа се додава дека ЕУ го повторува својот итен повик до Израел ...

Кочанско основно училиште има заостанат ненаплатен долг кон комуналното ЈП Водовод во висина од 2.078.377 денари. Така вели Решението за издавање на нотарски платен налог НПН. Бр. 1117/22 од 30-ти јуни 2022 година, обзнани денеска в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски. Решението училиштето не го обжалило, а сепак не било ниту наплатено. Долгот на училиштето кон КЈП Водовод е иницијална каписла за ангажирањето на ревизорска фирма од ...

На прес конференцијата, каде беа претставени резултатите од проектот Њувејвс пред триесетина новинари во Осијек, Хрватска, беше нагласен фактот од праска – дека радијата, пред се локалните, се првите од кои граѓаните дознаваат што се случува. Така беше трагедијата во Кочани, неодамнешното снемување на струја во Португалија и Шпанија, каде со часови луѓето беа без струја, или големиот шумски пожар во Португалија во 2017 година, каде луѓето ги ...

Европската комисија денеска одлучи да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија поради несоодветно усогласување на националното законодавство со Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето. Во одлуката ЕК посочува дека во јануари 2017 година покренала прекршочна постапка против Бугарија поради нецелосно спроведување на Директивата, по што Софија презела мерки за целосно усогласување. ...

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на 37 – от „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. За таа цел, од 8.05.2025 год. (четврток) до 14.05.2025 год. (среда), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион. Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз. Возен ред на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
28%
1006
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1002
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1004
weather icon

Софија

34ᴼ / 30ᴼ
4.63
32%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.92
18%
1005
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1004
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
45%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
29%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1005
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641