Денеска во 10:01 часот започна пролетта, додека во исто време започна есента за жителите на јужната хемисфера. На денот на пролетната рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го издигнува Сонцето над хоризонтот. Иако на училиште научивме дека сите годишни времиња, освен есента, која започнува на 23 септември, започнуваат на 21 во месецот, експертите објаснуваат дека пролетта со години доаѓа ден ...

Две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во стратотниот пожар во ноќен клуб во градот Кочани, Северна Македонија, кое се очекува да пристигнат наскоро, објавија дневните шпнаски весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин. Како што наведува „ABC Madrid“, станува збор за болниците во Ла Паз и Гетафе кои ќе ги ...

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани. -Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и ...

И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, денеска е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ. – Главнината од домашните медиуми, со неколку отстапки, го испочитуваат договорот и се придржуваа до насоките и информираа ...

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите во државата што известуваат за погребот во Кочани веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите на етички и професионални стандарди, јави дописникот на МИА од Белград. НУНС смета дека денешното известување на повеќе српски медиуми што објавија потресни и вознемирувачки фотографии е длабоко неморално и неприфатливо. Објавувањето фотографии и видеа од гробни ...

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА. Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Северна Македонија. Според неформалната група ...

Нека ти е светол патот, не требаше вака да биде! Ова е само дел од траорните пораки кои се искажуваа во капелата на гробиштата Бутел на последното испраќање на Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани. Многубројни колеги и пријатели чекаа во колона со цвеќе за да му запалат свеќа и го испратат на последното патување. Два часа беа малку за да сите кои дојдоа му оддадат почит и влезат во капелата. На гробиштата во Лисиче ...

Две пријави за веќе познатата измама со предизвикани сообраќајни несреќи регистрираше МВР. Синоќа во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. -Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во ...

Список со 59 имиња на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани објави Министерството за здравство. „Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации, пишува во објавата. Во продолжение списокот со 59 имиња. 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов ...

Тишина и црнило. Солзи и сочувство. Денеска нема „Добар ден“ за поздрав. Наместо тоа, луѓето се поздравуваат со „Бог да ги прости“. Река од луѓе непрекинато тече цело претпладне. Улиците се претесни, а луѓето во тишина ги поминуваат последните метри до вечните почивалишта на своите најмили. Погребите на триесетина млади луѓе се во моментот, додека илјадници луѓе се простуваат од нив. Кочани и Македонија денеска имаат само солзи наместо зборови. ...

Главната европска обвинителка Лаура Ковеши во интервју за РТС потврди дека Европското јавно обвинителство истражува можна злоупотреба на фондовите на ЕУ во врска со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад Се работи за заеми од Европската инвестициска банка за реконструкција на железницата и станицата. „Во конкретниот случај со Србија, добивме жалба од приватно лице и тоа беше основа за отворање на оваа истрага“, рече Ковеши, ...

Сите 72 пациенти кои се лекуваат тука и 101 кои се надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат. Вчера беа 20 критични, веќе денеска тој број е намален на 10, кои се во потешка состојба, но и тие се стабилни и надвор од животна опасност. Ова не претпладневниот брифинг го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи деја тројца од повредените вчера заминале дома, а уште точку денеска ќе бидат испишани. ...

Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост, јави МИА. Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување. Погребната ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во централниот дневник во „Тема на денот” порача дека ќе се отворат сите претходни случаи и за модуларната болница и за Ласкарци истакнувајќи дека ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало, односно како што рече или ќе има победа за Македонија и граѓаните или мафијашите. „Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам ...

Поради неколку лајкови, позитивни коментари, трендови на социјалните мрежи или за да се докажат пред општеството, многумина се убиени додека правеле селфи на вагони на воз на железничките станици, над кои поминува струја со екстремно висок напон, дури 25.000 волти. Една фотографија пред пет години за малку ќе го чинеше животот Владо Биговиќ (22), жител на Никшиќ, а сега со важна порака открива како изгледало сето тоа! Владо Биговиќ од Никшиќ не ...

МВР ги приведе двајцата кои синоќа палеа огномет во Скопје. -На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од ...

Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Северна Македонија. -На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и тешка состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напушти одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување – истакна ...

Македонските психолози имаат искуство во давањето помош и психолошка поддршка на лицата кои настрадале во различни несреќи, со оглед што досега имаше неколку поголеми трагедии како поплавата во Стајковци, големите пожари во источниот дел од државата, помагањето на настраданите во земјотресот во Турција и слично, истакнува претседателката на Комората на психолози на Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска во интервјуто за МИА. Сепак, ...

Полицијата денеска го привела раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен како зема мито. – Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен ...

Ирена, сопругата на Филип Стевановски, кој беше член на ДНК и го загуби животот во несреќата во Кочани, со зборови кои кинат срце се прости од него. Таа во објавата на Фејсбук напиша: -Среќо моја, Филип мој! Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица. Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас. ...

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани, изјави вечерва портпаролката на Владата Марија Митева. Таа ...

Идентично како и синоќа, граѓаните се собраа на плоштадот „Слобода“ во Штип, оддавајќи почит за загинатите 59 млади луѓе во пожарот во Кочани. Во тишина го поминаа просторот од плоштадот, кон Трговскиот центар и поминувајќи назад покрај Градската црква се вратија повоторно на плоштадот. Кратко младите упатија пораки за поголема грижа за младите луѓе кои се нашата иднина. Собирот беше спонтан. Се очекува протестите да продолжат од петок, ден по ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. Според досегашните податоци со кои ...

Вака живеевте, вака и заминавте, заедно, напиша Маја Коларова, сопругата на Александар, кој како дел од бендот ДНК, заедно со Филип Стевановски, загина во несреќата во Кочани. Маја објави нивна заедничка фотографија и напиша: – Молк е во нашите души, мелодијата на животот отиде во вечноста. Чувајте се двајцата таму горе, чувајте нѐ нас овде. Ангели на земјата, ангели и на небото. Чувајте местенце за нас на концертите горе. Еден ден пак ќе бидеме ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати апел до новинарите, но и до сите кои поседуваат некаква камера, да се воздржат од пренесување на трогателни сцени во текот на утрешниот ден. Министерот на денешната прес-конференција рече дека почитувањето на апелот од фамилиите на трагично загинатите во пожарот во дискотека во Кочани е најчовечка одлука која што може да се донесе во вакви моменти. – Јас лично би упатил порака до сите кои ...

Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување на ВМА и Воената болница во Ниш има 12 пациенти чија состојба е ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска соопшти дека трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство, се целосно покриени од Владата на Република Северна Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Воедно, од Министерството, ги повикуваате семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница. Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина на 17 март во Кумановската општа болница по примање терапија. ...

Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој на 17.03.2025 ја потпиша книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор. Осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
32%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
40%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
33%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
35%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.03
41%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
51%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
6.17
44%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
29%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
41%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
62%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
57%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63