МВР информира за сообраќајка со жртви. -На 03.05.2025 година во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „Форд” со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од ...

Казни во вредност од 8 350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна. -Со спроведените контроли на месарниците ...

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат собраниска делегација предводена од ...

На денешен ден пред 45 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети ...

По четврти ден пешачење и поминати над 150 километри, денеска, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев пристигнува во Скопје со што ќе го заврши годинашниот „Марш за Гоцевите идеали“ – симболична и револуционерна почит кон делото и борбата на Гоце Делчев. Како што информира Левица, ова е петта година по ред како Јанчев го реализира овој подвиг, почнувајќи од Гевгелија и завршувајќи пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во Скопје. -Левица ја ...

Михаил Чаков, учесник во битката во с. Баница и човекот кој е најзаслужен за зачувувањето на коските на Делчев, оставил возбудливо сведоштво за начинот на кој тоа е сторено. Ова се неговите сеќавања ‘На 22 април утрото, откако ги прегледал сите трупови, Тефиков наредил убиените да се погребаат според христијанските обичаи со светеник, а труповите на Делчев и Гоштанов да се однесат во Серес. Кога телата се наближиле до градот, од Солун стигнала ...

Изминатата ноќ инспектори и полицајци спровеле контроли во угостителски објекти во Штип и Струмица, при што се најдени повеќе неправилности. Инспектори од УЈП и Пазарниот инспекторат во придружба на полициски службеници во угостителски објект во Штип затекнале 17-годишно малолетно лице од Штип, кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок. Како што соопшти полицијата, утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект во ...

Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ доаѓа на власт, во Македонија паѓа оценката за слободата на медиумите – ова е оценка што преовладува во критичките тонови откако вчера беше објавен Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година во светот. Македонија падна за 6 места во однос на лани и се најде на 42. Место на листата што ја подготвува Репортери без граници. Меѓутоа, според Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно се разболе (му се слоѓило) за време на престојот во Соединетите Американски Држави, по што побара медицинска помош и по прегледот, беше одлучено да ја заврши посетата на САД и да се врати во Белград. При тоа, не успеа да ги оствари планираните средби со бројни функционери на Републиканската партија, како и со американскиот претседател Доналд Трамп. Пред да му се слоши, Вучиќ се сретнал со ...

Недостасуваат уште три имиња, за да се комплетира листата на кандидати за градоначалник на ВЛЕН во општините со албанско население. Се очекуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани. Во продолжение имињата на кандидатите по општините: Менди Ќира – Струга; Џемаил Ќупи-Дибар; Абдула Бајрамовски-Долнени; Фатмир Беќир Лимани-Кичево; Висар Адеми-Гостивар; Али Синани-Врапчиште; Фатмир Сабриу-Боговиње; Хаким Рамадани-Бервеница; Билал ...

По завршувањето на мандатот на Јован Илиевски, судија претставник од Македонија во Судот за човекови права во Стразбур, за негов наследник се пријавиле 21 кандидат. На распишаниот конкурс од страна на Министерството за надворешни работи се пријавиле судии, адвокати, обвинители. Меѓу попознатите имиња се и на обвинителката Ленче Ристоска и судијката Оља Ристова, кои заедно со останатите кандидати аплицирале за деветгодишен судиски мандат во ...

Во својот последен, неверојатен трик, претседателот Доналд Трамп во петокот вечерта објави слика од себе како католички папа, наводно генерирана од вештачка интелигенција, само 11 дена откако почина вистинскиот папа. Трамп дури присуствуваше и на погребот на папата Франциско. Во својата папска облека, ликот на Трамп седи на папски престол, целиот во бело, со крената десна рака како да сака некому да даде благослов. Големо распетие му виси на ...

Денес се навршуваат две години од трагичното масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде што малолетен ученик од тоа училиште, К.К., кој во тоа време имал 13 години, застрелал девет деца и еден училишен чувар. Еден ден подоцна, на 4 мај 2023 година, Урош Блажиќ (21) уби девет лица во Мало Орашје и Дубона, додека 12 од беа тешко повредени. Во спомен на жртвите, граѓаните ќе можат да положат цвеќе, да запалат свеќи и ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. ...

Откако го откопуваа гробот, бараќјо злато, семејството на Зоки Фаци се соочи со уште една непријатност, опожарени се неговиот стан во скопската населба Ново Лисиче и куќата во Катланово. Но, за разлика од претходниот пат, кога гробот го откопуваа непознати сторители, овој пат виновник, како што тврди неговиот пријател Стефан Лазаров, во објава на Фејсбук, е зетот на Зоки. Објавата на Стефан ја пренесуваме во целост: -Оваа објава мора многу ...

Можеби најчудниот „Кадилак“ на светот оди на продажба. Она што е уникатно околу овој автомобил – во облик на гитара, е тоа што го користел Елвис Присли за еден од своите концерти во Лас Вегас, со што предизвикал доста големо внимание во јавноста во тоа време. Денес, „Гитара“ автомобилот се нуди на продажба на „И-беј“ (eBay) – како автомобил којшто не е во возна состојба. Фотографиите покажуваат дека му е потребна целосна реставрација, но за ...

Американскиот глумец Роберт де Ниро јавно ја поддржа својата ќерка Ајрин де Ниро, која неодамна објави дека си го променила полот од маж во жена. – Го сакав и поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и ја поддржувам Ајрин како ќерка. Не знам зошто толку драма? Ги сакам сите мои деца, изјави тој за „Варајети“ (Variety). Ајрин во неодамнешно интервју за списанието „Дем“ (Them) рече дека ниеден родител не е совршен, но дека им е благодарна на ...

На сопругата на холивудскиот глумец Џорџ Клуни – Амал Клуни, може да ѝ биде забранет влез во САД, заедно со други истакнати адвокати – поради санкциите кои ги воведе претседателот Доналд Трамп. Според „Дејли меjл“, познатата либанско-британска застапничка за човекови права, наводно добила предупредување од американскиот Стејт департмент. Поради нејзините правни совети за воени злосторства, што доведоа до издавање налог за апсење на израелскиот ...

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба ...

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, објави американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на средбата со новинарите изјави дека САД ја менуваат „методологијата за тоа како придонесуваат“ во разговорите и повеќе нема да „летаат околу светот при првиот повик за средби“. Киев и Москва сега мора да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, според податоците од веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Официјални претставници стравуваат дека големо цунами може да го погоди Чиле по разорниот земјотрес што го погоди брегот на Аргентина, поточно превојот Дрејк. ARJANTİN AÇIKLARINDA MEYDANA GELEN 7.4 BÜYÜKLÜĞÜNDEKI DEPREM SONRASI TSUNAMİ UYARISI YAPILIYOR.#argentina #arjantin ...

Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8. – Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека ...

Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за здравство. Од осумте пациети кои се враќаат, пет се лекуваа во Турција, двајца од Бугарија и еден во Словенија. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден ...

Рускиот претседател Владимир Путин покажа дел од станот каде што живее, a којшто се наоѓа во близина на неговата претседателска канцеларија во Кремљ. Снимките се дел од новиот документарец, продуциран од телевизискиот канал „Русија 1“. – Да, ова е тој стан. Како што можете да видите, не е далеку, му вели Путин на новинарот Павел Зарубин во објавената куса видеоснимка. Putin showed his apartment in the Kremlin. Propagandist Pavel Zarubin showed ...

МВР информир за уапсен дебранец, кој бил пијан и без возачка. -На 01.05.2025 во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел”, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, ...

Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела, од кој ќе излегува чад за време на гласањата за избор на следниот поглавар на Римокатоличката црква. Пожарникарите беа забележани на покривот на Сикстинската капела како го поставуваат оџакот – клучен момент во подготовките за конклавата на 7 мај. По секои два круга гласање во Сикстинската капела, гласачките ливчиња ...

Вработените во Зоолошка градина во Скопје денес за време на паузата одржаа протест поради тоа што се уште ја немаат земено мартовската плата, веќе од денес остануваат и без здравствено осигурување. -Немаме плата за март, последната ја земавме пред 45 дена. Од вчера изгубивме и здравство, има колеги кои се на боледување. Кај без пари, па и без здравство. Затоа ги замолувам надлежните што поскоро да најдат модус и што поскоро да земеме плата, за ...

Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции. -Слободата на медиумите во светот во 2025 година е на најниско ниво досега. Над половина од светското население живее во земји каде што ситуацијата е оценета како ...

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста на традиционалната Галичката свадба. Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со ...

Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефа здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба. Во продолжение ја пренесуваме во целост честитката од ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
49%
1003
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
83%
1004
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
32%
1008
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.54
25%
1005
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
89%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
56%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
57%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
65%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
38%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
89%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
53%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641