
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Денес одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Кодификацијата претставува крунски чин во историјата на секој јазик, како симбол на еден од највисоките акти на јазична, културна и идентитетска самосвест. Таа го обезбедува стандарднојазичниот модел, создава јазичен консензус во рамките на заедницата и овозможува институционализирана, официјална и културна функција на јазикот. Чинот на ...
Во среда, на 07 мај 2025 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје во кино салата Фросина со почеток во 13.30 часот ќе се одржи комеморација за неодамна прерано починатиот македонски музичар, композитор, текстописец, аранжер и музички продуцент, Тоше Поп Симонов. Настанот симболично се организира токму на местото каде што Тоше ги направил своите први посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како ...
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет. Според Хелез, Вучиќ, кој го најавувал своето патување како можност за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, бил „осрамотен“ и веднаш вратен во Србија. – Вучиќ беше подготвен да плати ...
По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во ...
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама во својот поткаст говореше за чувствителен период од животот како родител – физичкото казнување на ќерките. Притоа, вели, со текот на времето – кога сфатила „какво е чувството“, т.е. како боли тоа, го променила пристапот. И, иако веќе не се согласува со потплеснувањето, сепак нагласи дека поставување јасни граници е важно во воспитувањето. – Се почувствував глупаво. Потребни беа неколку потплеснувања по ...
Витаминот Ц е еден од клучните хранливи материи за одржување на здравјето и правилно функционирање на телото. Покрај сѐ друго, има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, одржувањето здрава кожа, крвни садови и ткива и му помага на телото да апсорбира железо. Иако во повеќето случаи може да се внесат доволни количини на витамин Ц преку здравата исхрана, понекогаш може да се појави и негов недостаток. Најчестите причини за ова се лошите ...
Германците работат од дома повеќе од вработените во други европски земји, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведено меѓу вработени со факултетска диплома во 40 земји. Според анализата, луѓето во Германија работат од дома во просек 1,6 дена неделно, додека глобалниот просек за вработени со полно работно време кои работат најмалку шест часа дневно изнесува 1,2 дена неделно. Во Европа, Финска е ...
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 1 денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројца студенти од Турција со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“. МВР денеска соопшти дека на 3 мај во 23:40 часот во СВР Скопје, И.Р.К.(54) од Скопје пријавил дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со смената на Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави Обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која, како што рече, „ги засега сите граѓани“. Претседателката дополни дека и таа, како што рече имала критички забелешки и не се откажува од нив. По трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 ...
Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“. Прашан колку од актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на индискиот премиер Нарендра Моди да ја посети Индија, соопшти Кремљ. За време на телефонскиот разговор што се одржа денеска, Путин и Моди нагласија дека односите меѓу Русија и Индија се посебни, не се под влијание на надворешни влијанија и продолжуваат динамично да се развиваат. „Во разговорот со Путин, Моди ѝ го честиташе на Русија претстојниот Ден на победата“, соопшти прес-службата на ...
Дали денешните деца доволно го зборуваат, разбираат и чувствуваат својот мајчин јазик? Истражувањата на УНЕСКО, кој се залага за зачувување на светското јазично наследство, покажуваат дека квалитетното образование на мајчин јазик од најмала возраст ги подобрува академските резултати кај децата, ја зголемува нивната самодовербата и го зачувува културното наследство. Од тука се наметнува и потребата да сме упорни и во најмладата возраст да ги ...
Во петте основни училишта во Кочани за новата учебна година треба да се запишат околу 370 ученици во прво одделение, што претставува минимално опаѓање во однос на лани. Во споредба со запишаните првачиња од пред една деценија, бројот е помал за околу 20 отсто. Учениците кои првпат треба да тргнат на училиште се добиени според евиденцијата од книгата на родените во Управата за водење матични книги, а потоа се прави споредба со податоците од ...
Важно е да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на дневна основа се решаваат проблемите поврзани со случувањата во Кочани. Најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на трагично починатите и на повредените. Додаде дека ќе има и политички структури кои ќе се обидат да соберат политички поени од трагедијата, но додаде ...
Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше за интензивирање на офанзивата против палестинското екстремистичко движење Хамас во Појасот Газа сè додека териториите на енклавата не бидат целосно освоени, изјави денеска министерот Зеев Елкин. Претходно, израелската јавна телевизија Кан, повикувајќи се на израелски претставници запознаени со деталите од одлуката на кабинетот за безбедност, објави дека новиот план ...
Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да ...
Во врска со информацијата од СВР Штип, за инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Слога и ФК Карбинци, дека претседтелот на клубот Слога истепал фудбалер, со демант се јави Михајлов. -Во врска со “наводно немилиот настан” помеѓу ФК „Слога“ и ФК „Карбинци“ известуваме дека ништо од тоа се нема случено за што има и демант на Фејсбук страната на ФК „Слога“ од Виница, напиша Дејан Михајлов. Дека не се случил овој настанреагираа и од клубот, на ...
Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа совршено музичко ремек-дело. Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”. Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа како и секогаш, брилијантно да ја пренесе таа емоција на ...
Изминатиот викенд, на 25 и 26 април, Белград беше домаќин на престижниот меѓународен натпревар Angel Voice Belgrade 2025, на кој учествуваа над 120 млади уметници од целиот свет. Со голема гордост, Македонија беше претставена од тројца талентирани млади пејачи: Нела Манческа, Мартина Трпчевска и Михаела Стојановска, ученици на професорката по соло пеење Александра Коцевска. Тие не само што го покажаа својот голем талент, туку и освоија ...
На 04.05.2025 во ОВР Виница, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријави дека околу 15.00 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападант од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држал ...
МВР информира за апсење во Кочани и кочанско поради дрога. -На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани. При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. ...
Сојузот на здруженија со лица со дијабетес (СЗДСМ) бара од Владата, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред престојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето. – Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, особено со загризувачки најмал пристап ...
Американскиот бискуп Томас Папроки побара американскиот претседател Доналд Трамп јавно да се извини за објавувањето на слика од себе како следниот папа, генерирана од вештачка интелигенција. Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели слика од себе генерирана од вештачка интелигенција облечен во белата папска одора. „Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè ...
Медиумскиот бизнис во Македонија тешко дека може да се брои како „бизнис“ во однос на остварените приходи, барем за поголемиот дел од медиумите. Тоа што останува помалку познато за гледачите и слушателите на телевизијата и радијата е дека зад нашата работа има повеќе обврски кон регулаторните тела, покрај вообичаените кон државата, вклучително надоместокот за дозвола за емитување секоја година. Овој надоместок кон Агенцијата за аудио и ...
Еден од папамобилите на папата Франциск ќе се претвори во мобилна здравствена клиника за деца во Газа, исполнувајќи една од последните желби на покојниот папа, објави „Ватикан њуз“. Возилото што го користеше Папата за време на неговата посета на Светата Земја во 2014 година се опремува со дијагностичка и итна медицинска опрема за да им помогне на младите пациенти во палестинската енклава, каде што здравствените услуги се уништени од израелската ...
Плутон, планетата на страста, потсвеста, моќта, големите пари, доминацијата, фанатизмот, криминалот, вчера, од третиот степен на Водолија, започна повеќемесечен ретрограден поход, кој ќе трае до 14 октомври. Третиот степен е аналоген на знакот Близнаци, па затоа симболизира бизнис, договори, комуникација, сообраќај, логично размислување, пократки патувања, роднини, поблиска околина. Повеќе од пет месеци, проблемите со финансиите, како и ...
Во тешка сообраќајна несреќа која се случи денеска попладнево на регионалниот пат Дебар – Струга, загина мотоцкилист од Кичево, соопштија од МВР. Сообраќајката се случила на 10 километри од Дебар. -Сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторно возило „пежо 406“ со скопски регистираски ознаки управувано од Б.Г. од Скопје, и мотоцикл „дукати“, со кичевски регистарски ознаки управуван од Б.Р. од Кичево. Итна медицинска помош констатирала смрт кај ...
Претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу, одржа прес-конференција што траеше 14 часа и 54 минути, со што го урна рекордот од 14 часа што го држеше украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година. Конференцијата предводена од Муизу (46) започна во саботата во 10:00 часот по локално време и траеше речиси 15 часа, прекината со кратки паузи и молитви, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се додава дека Муизу „континуирано ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик. -Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја ...