Станува збор за судијката Даниела Алексовска Стојановска, која на 31 Јули 2024 пресудила воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укинала притворската мерка и Јанев се нашол на слобода. Обвинението од ОЈО било поднесено на 2 април, а МВР поднело кривична пријава само три дена претходно, откако во рација во неговиот дом пронашле над 80 паковки со амфетамин. Сторителот во моментот ...

Од обвинителството соопштуваат дека тој бил пијан кога во извршил делото. Од истото обвинителство му одредија мерка притвор, но прашањето е каде биле тоа да го сторат претходно? Кога тој бил фатен со 80 паковки амфетамин. Кој е Васил Јованов – Васо? Помеѓу неговата генерација во Карпош од каде што потекнува, 20 – годишниот Васил Јованов алиас Васо е познат како бесно и богато момче. Од неговите родители за својот 18 – ти роденден добил автомобил ...

Кавадарчанката Сузана С.С. (52), чие безживотно тело со повреди беше пронајдено во нејзиниот стан на 22-ри јануари, била убиена од нејзиниот партнер Илија Панов (42) од Кавадарци. Тој вчера бил лишен од слобода, а од СВР Велес го потврдија случајот. Жената била убиена со гушење, а пак осомничениот за убиството е лице познато како нарко зависник во градот. ,,Фокус” пишуваше за случајот со Сузана минатат недела, кога беше пронајдено нејзиното ...

Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем.Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици. Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме ...

„Ajmo, ajde, svi u napad”, viču promrzli demonstranti u centru Beograda. Kalendar pokazuje 7. decembar 1996. godine, temperatura je tek nešto iznad nule, tako da se jakne, kaputi i kape svojski trude da ugreju okupljene. Već dvadeset dana u nizu izlaze na ulice, nezadovoljni rezultatima lokalnih izbora održanih u novembru, za koje tvrde da su pokradeni. Tu negde u masi, dok opozicioni lideri drže govore, među stranačkim i državnim barjacima ...

Од вчера се трага по Миле Тодоров (28) од Неготино, кој последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот.Станува збор за одговорна личност, млад спортист, вработен, и семејството вели дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто. Неговото исчезнување е пријавено во полиција. -Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка опрема, со црн елек врз палтото. Висок човек е, со спортска градба. Од она кое го знаеме, му ...

Васил Јованов кој пијан, без возачка дозвола и на црвено светло во средата пред полноќ ја прегази дваесет и двегодишната Фросина Кулакова, освен кривична пријава за дрога, за која наместо во притвор неколку месеци бил во воспитно поправен дом, имал кривична пријава и за уште една сообраќајка која ја направил во 2022 година, соопшти Обвинителството.Жената тогаш се здобила со полесни повреди и Јованов платил 18 илјади денари. -Против истото лице ...

Празни Маркети/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ По најавата за бојкот на продавниците и маркетите поради превисоките цени на намирниците, утрово екипа на „Слободен печат“ излезе на терен низ Градскиот трговски центар(ГТЦ), со цел да се забележи дали граѓаните го поддржуваат денешниот бојкот. Наидовме на празни маркети со намалена активност, во период од денот кога вообичаено се полни со купувачи и со огромни редици пред наплатните каси. ...

Скопје, 30 јануари 2025 – Денес успешно се одржа финалниот настан во рамки на проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“, што го спроведе Аналитика – Скопје со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Настанот отвори суштинска дискусија за загрозеноста на реката Треска и ги претстави клучните наоди од спроведените истражувања за квалитетот на водата ...

Изразуваме најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, поради која животот го загуби младата Фросина Кулакова. Воедно, бараме најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба или при намалена ...

На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ присуствуваше потпретседателот на Унија на млади сили и советник за млади Столе Пандов кој дискутираше за неговата активност и учество во невладините организации, за соработката со младите и неговата работа во Владата на Република Македонија. Пандов истакна дека владините институции и министерства ги поддржуваат невладините организации со цел подобрување на животот на младите во Република ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, г-ѓа Каролина Леаковиќ.По средбата Филипче посочи дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на ...

Во февруари Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. 2024 година беше завршена со ниска инфлација, целта е да се намали уште. Премиерот Мицкоски ги повика и сопствениците на аптеките да ги намалат цените. Владата ја зајакнува координацијата со донаторите за реформската агенда со цел подобра реализација. Македонија се трансформира! ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВA ...

Италијанската управа за заштита на податоци (ГПДП) денеска покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција „ДипСик“, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Регулаторот рече дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци. Администрацијата во вторникот објави дека ја прашале компанијата како се собираат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на групата БРИКС на економии во развој со царини од 100 отсто доколку се оддалечат од американскиот долар како меѓународно платежно средство. – Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. – Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова ...

Страотна несреќа се случи минатиот понеделник попладне во градот Лонгшуи во Кина при што 12-годишно девојче е тешко повредено откако фрлило петарда во канализација, предизвикувајќи експлозија од испарувањата, објавија кинеските медиуми. Видеото од безбедносната камера го покажува моментот од експлозијата која била толку силна што од една страна била скршена бетонската капа на шахтата, а од друга страна 12-годишното девојче е фрлено 10 метри во ...

Американски судија привремено ги спречи службениците на федералниот затвор да префрлат трансродова жена во машка установа и да ѝ забрани пристап до нега што ја почитува нејзината состојба во согласност со извршната наредба издадена од претседателот Доналд Трамп. Привремената забрана беше дадена од американскиот окружен судија Џорџ О’Тул во неделата во Бостон врз основа на тужба на затвореник, оспорувајќи ја наредбата што Трамп ја потпиша на ...

По трагична сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова, на социјалните мрежи се споделуваат повици за протест кој ќе се одржи денеска. Според објавите, се повикува на протестен собир и блокада на булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците. Во најавите, кои немаат официјална потврда и конкретен организатор, се споменува ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, а максималната ќе достигне и до 17. Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Во недела кон крајот ...

Македонските граѓани денеска повикуваат на бојкот на маркетите и конечно да им кажат „НЕ“ на енормните покачувања. Изминативе години, се спроведуваа разни мерки за запирање на инфлацијата, се замрзнуваа цените и маржите, а лани обидите продолжија крстени како кошнички за да се пазари поевтино. Од сето тоа ниту инфлацијата се намали, ниту цените се стабилизираа, а доказ е декемвриската инфалција која стигна до 4,4 отсто за една година Во ...

На продолжениетo на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе го прифати секој договорот за минимална плата помеѓу работодавачите и работниците. Ова беше одговор на прашањата на Јована Тренческа од СДСМ која го праша дали ќе се вразуми и ќе го прифати предлогот на синдикатите за зголемување на минимална плата од 500 евра. -Минималната плата ќе биде онаа плата која што ќе ја ...

По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите вечерва се играше и последното коло од Лигата на Европа во кое не видовме некои посебни изненадуваања. Манчестер јунајтед сезоната во Лига Европа ќе ја заврши на третата позиција откако вечерва славеше триумф над ФЦСБ во Романија со 0:2. Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, а победата „црвените ѓаволи“ ја обезбедија со головите во ториот дел. Прво Далот го отвори резултатот во 60. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави ослободувањето на заложниците кои ги држеше палестинскиот Хамас во Појасот Газа и рече дека Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Тој изјави дека тоа е постигнато пред се благодарение на „херојските борци“ на израелската армија, како и благодарение на „цврстиот и решителен став што го задржавме за време на преговорите“. Тој нагласи дека Израел нема да прифати никакво ...

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара денеска, во своето прво јавно обраќање откако е назначен на оваа позиција, најави дека ќе работи на формирање сеопфатна преодна влада. „Ќе формираме инклузивна влада која ќе ја изразува различноста на Сирија и подготвителен комитет за избор на совет кој ќе го пополни вакуумот на законодавната моќ. Политичкиот процес бара учество на сите без исклучување“, рече Ал Шара. Тој најави и дека во наредните денови ќе ...

Персоналот во кулата за контрола на летање на националниот аеродром Реган во Вашингтон „не бил доволно екипиран“ во моментот на несреќата што се случи меѓу патнички авион и армиски хеликоптер, објавија американски медиуми. Персоналот „не функционирал во нормални услови во времето од денот и обемот на сообраќај“, се вели во внатрешниот прелиминарен извештај за безбедноста на Федералната управа за воздухопловство за судирот, објави Њујорк Тајмс. ...

Премиерот на Србија во оставка, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека владејачката коалиција е сè поблиску до одлука за формирање нова влада, но дека не може да ја исклучи можноста за распишување избори, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе биде донесена за десетина дена. Вучевиќ изјави дека ќе биде закажана собраниска седница на која пратениците мора да ја констатираат неговата оставка, по што ќе започне рокот од 30 дена. „Мислам дека сме ...

Судија на претходна постапка вечерва го прифати предлогот на Обвинителството и му определи мерка притвор од 30 дена на 20-годишниот осомничен за вчерашната трагична несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинителството претходно соопшти дека осомничениот претходно бил обвинето за трговија со дрога, за што бил во притвор, но судија од Основниот кривичен суд во ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински ја реафирмира амбицијата да биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека важни се околностите во кои партијата ќе одлучува за тоа кој ќе биде нејзин кандидат. „Да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина. Сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на Мицкоски, до извршните ...

Српскиот капитен Богдан Богдановиќ во финишот од „трејд периодот“ во НБА лигата би можел да го напушти тимот на Атланта и да се пресели во Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми. Според информациите на новинарот Марк Стајн Атланта е спремна да го трејдува српскиот бек и во овој момент ги разгледува можните опции. Се споменуваше и Џими Батлер од Мајами, меѓутоа опција за Санси е и Богдановиќ. Во овој момент екипата предводена од Кевин ...

Секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска телефонски разговараа за потребата од зголемување на трошоците за одбрана во земјите-членки на НАТО, соопшти Пентагон. Хегсет и Руте разговарале и за „изградба на посилен НАТО сојуз“, објави Ројтерс. Претставниците на САД и НАТО, исто така, разговараа за важноста од „проширување на капацитетите на одбранбената индустриска база на двете страни на Атлантикот“. ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
57%
1011
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1009
weather icon

Софија

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
43%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.63
47%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
76%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
41%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
52%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.81
42%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
65%
1008
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
72%
1014
Currency

61.625

Currency

53.0011

Currency

70.5337

Currency

34.5108

Currency

37.8478

Currency

66.6324

Currency

7.44275

Currency

0.66572

Currency

0.34687

Currency

0.52556

Currency

1.2636

Currency

0.60372