
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Во февруари Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. 2024 година беше завршена со ниска инфлација, целта е да се намали уште. Премиерот Мицкоски ги повика и сопствениците на аптеките да ги намалат цените. Владата ја зајакнува координацијата со донаторите за реформската агенда со цел подобра реализација. Македонија се трансформира! ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВA ...
Италијанската управа за заштита на податоци (ГПДП) денеска покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција „ДипСик“, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Регулаторот рече дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци. Администрацијата во вторникот објави дека ја прашале компанијата како се собираат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на групата БРИКС на економии во развој со царини од 100 отсто доколку се оддалечат од американскиот долар како меѓународно платежно средство. – Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. – Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова ...
Страотна несреќа се случи минатиот понеделник попладне во градот Лонгшуи во Кина при што 12-годишно девојче е тешко повредено откако фрлило петарда во канализација, предизвикувајќи експлозија од испарувањата, објавија кинеските медиуми. Видеото од безбедносната камера го покажува моментот од експлозијата која била толку силна што од една страна била скршена бетонската капа на шахтата, а од друга страна 12-годишното девојче е фрлено 10 метри во ...
Американски судија привремено ги спречи службениците на федералниот затвор да префрлат трансродова жена во машка установа и да ѝ забрани пристап до нега што ја почитува нејзината состојба во согласност со извршната наредба издадена од претседателот Доналд Трамп. Привремената забрана беше дадена од американскиот окружен судија Џорџ О’Тул во неделата во Бостон врз основа на тужба на затвореник, оспорувајќи ја наредбата што Трамп ја потпиша на ...
По трагична сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова, на социјалните мрежи се споделуваат повици за протест кој ќе се одржи денеска. Според објавите, се повикува на протестен собир и блокада на булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците. Во најавите, кои немаат официјална потврда и конкретен организатор, се споменува ...
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, а максималната ќе достигне и до 17. Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Во недела кон крајот ...
Македонските граѓани денеска повикуваат на бојкот на маркетите и конечно да им кажат „НЕ“ на енормните покачувања. Изминативе години, се спроведуваа разни мерки за запирање на инфлацијата, се замрзнуваа цените и маржите, а лани обидите продолжија крстени како кошнички за да се пазари поевтино. Од сето тоа ниту инфлацијата се намали, ниту цените се стабилизираа, а доказ е декемвриската инфалција која стигна до 4,4 отсто за една година Во ...
На продолжениетo на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе го прифати секој договорот за минимална плата помеѓу работодавачите и работниците. Ова беше одговор на прашањата на Јована Тренческа од СДСМ која го праша дали ќе се вразуми и ќе го прифати предлогот на синдикатите за зголемување на минимална плата од 500 евра. -Минималната плата ќе биде онаа плата која што ќе ја ...
По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите вечерва се играше и последното коло од Лигата на Европа во кое не видовме некои посебни изненадуваања. Манчестер јунајтед сезоната во Лига Европа ќе ја заврши на третата позиција откако вечерва славеше триумф над ФЦСБ во Романија со 0:2. Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, а победата „црвените ѓаволи“ ја обезбедија со головите во ториот дел. Прво Далот го отвори резултатот во 60. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави ослободувањето на заложниците кои ги држеше палестинскиот Хамас во Појасот Газа и рече дека Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Тој изјави дека тоа е постигнато пред се благодарение на „херојските борци“ на израелската армија, како и благодарение на „цврстиот и решителен став што го задржавме за време на преговорите“. Тој нагласи дека Израел нема да прифати никакво ...
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара денеска, во своето прво јавно обраќање откако е назначен на оваа позиција, најави дека ќе работи на формирање сеопфатна преодна влада. „Ќе формираме инклузивна влада која ќе ја изразува различноста на Сирија и подготвителен комитет за избор на совет кој ќе го пополни вакуумот на законодавната моќ. Политичкиот процес бара учество на сите без исклучување“, рече Ал Шара. Тој најави и дека во наредните денови ќе ...
Персоналот во кулата за контрола на летање на националниот аеродром Реган во Вашингтон „не бил доволно екипиран“ во моментот на несреќата што се случи меѓу патнички авион и армиски хеликоптер, објавија американски медиуми. Персоналот „не функционирал во нормални услови во времето од денот и обемот на сообраќај“, се вели во внатрешниот прелиминарен извештај за безбедноста на Федералната управа за воздухопловство за судирот, објави Њујорк Тајмс. ...
Премиерот на Србија во оставка, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека владејачката коалиција е сè поблиску до одлука за формирање нова влада, но дека не може да ја исклучи можноста за распишување избори, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе биде донесена за десетина дена. Вучевиќ изјави дека ќе биде закажана собраниска седница на која пратениците мора да ја констатираат неговата оставка, по што ќе започне рокот од 30 дена. „Мислам дека сме ...
Судија на претходна постапка вечерва го прифати предлогот на Обвинителството и му определи мерка притвор од 30 дена на 20-годишниот осомничен за вчерашната трагична несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинителството претходно соопшти дека осомничениот претходно бил обвинето за трговија со дрога, за што бил во притвор, но судија од Основниот кривичен суд во ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински ја реафирмира амбицијата да биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека важни се околностите во кои партијата ќе одлучува за тоа кој ќе биде нејзин кандидат. „Да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина. Сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на Мицкоски, до извршните ...
Српскиот капитен Богдан Богдановиќ во финишот од „трејд периодот“ во НБА лигата би можел да го напушти тимот на Атланта и да се пресели во Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми. Според информациите на новинарот Марк Стајн Атланта е спремна да го трејдува српскиот бек и во овој момент ги разгледува можните опции. Се споменуваше и Џими Батлер од Мајами, меѓутоа опција за Санси е и Богдановиќ. Во овој момент екипата предводена од Кевин ...
Секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска телефонски разговараа за потребата од зголемување на трошоците за одбрана во земјите-членки на НАТО, соопшти Пентагон. Хегсет и Руте разговарале и за „изградба на посилен НАТО сојуз“, објави Ројтерс. Претставниците на САД и НАТО, исто така, разговараа за важноста од „проширување на капацитетите на одбранбената индустриска база на двете страни на Атлантикот“. ...
Норвешка одлучи да ја поддржи Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), чија работа е забранета од Израел од денеска, со 275 милиони норвешки круни (23,4 милиони евра), кои ќе бидат испратени до Агенцијата, Јави норвешката јавна телевизија НРК. „Газа е во урнатини, а напорите на УНРВА се потребни повеќе од кога било“, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде во соопштението за ...
„По одлуката на Надзорниот одбор на „НЛБ Банка Скопје“ и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на „НЛБ Банка Скопје“. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше ...
Српската полиција во Чачак и Нови Сад уапси петмина млади луѓе на возраст од 17 до 31 година, кои се осомничени дека грабнале момче од училишно игралиште во Горњи Милановац. Уапсените се М.Ѓ. (22), Н.С. (27), А.У.(31), Н.Ј.(28) и С.К.(25), како и 17-годишник, кои добија кривична пријава за киднапирање. Како што соопшти српското МВР, тие се осомничени дека на 14 јануари, од училишното игралиште во Горњи Милановац, лажно претставувајќи се како ...
Словенечката Влада денеска одобри продолжување на постапката за набавка на оклопни возила со осум тркала од финската компанија „Патрија“, а договорот, проценет на околу 700 милиони евра, вклучува набавка на 106 возила. Словенечкиот министер за одбрана Борут Сајовиќ на прес-конференција по владината седница изјави дека целта е со купување на борбени возила да се формираат две борбени единици со големина на баталјон – извидничка и борбена единица ...
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, пратеник во Собранието и заменик-министер, Андреј Жерновски, размислува повторно да се активира политички, објави порталот „24 инфо“, откако Жерновски освоил најмногу гласови во анкета за тоа кој бил најдобриот градоначалник на Центар. „Многу ми значи и ме израдува фактот дека граѓаните на Центар, и покрај тоа што поминаа 12 години од мојот избор за градоначалник на најважната општина и што четири ...
Легендарниот шпански голман Икер Касиљас бил фотографиран во друштво на поранешната порно актерка и модел на „Онли Фенс“, Клаудија Бавел. Поранешниот шпански голман во изминатите години беше поврзуван со повеќе атрактивни девојки по разделбата со ТВ водителката Сара Карбонеро во март 2021 година со која беше пет години во брак. Бавел како тинејџерка „дебитираше“ во филмовите за возрасни, а денеска според информациите на медиумите заработува и до ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека судирот меѓу патнички авион и воениот хеликоптер над Вашингтон е резултат на грешка или поконкретно „проблем со висината“ на која летал воениот авион. Тој рече дека хеликоптерот со тричлен екипаж учествувал во „рутинска годишна обука за ноќни летови на стандарден коридор на владина мисија“, објави Си-Ен-Ен. – Имаше некаков проблем со висината, ние веднаш почнавме да го истражуваме ...
Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, денеска ја отфрли можноста за преговори со САД за Панамскиот канал додека се подготвува да му гостува на државниот секретар на Доналд Трамп, Марко Рубио, објави АП. Мулино рече дека отворањето преговори за сопственост на каналот „е невозможно“. „Не можам да преговарам, а уште помалку да отворам процес на преговори за каналот. Тоа (прашањето) е запечатено. Каналот е на Панама“, рече тој на својата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд, изјави државниот секретар Марко Рубио, откако Данска беше потресена од неговите закани дека ќе ја преземе автономната данска територија. Во интервју, Рубио ја омаловажи заканата од САД да користат воена сила против Данска, сојузник на НАТО, но за забелешките на Трамп за Гренланд рече: „Ова не е шега“. „Претседателот Трамп објави она што има намера да го направи, а ...
Медицинска сестра во главниот град на Уганда, Кампала, почина од ебола, прва регистрирана смртност од последното избивање на болеста во 2022 година. Секретарот на Министерството за здравство рече дека 32-годишната медицинска сестра била вработена во главната болница во Кампала. Откако развила треска, лабораториските тестови потврдиле дека е заразена со вирусот ебола. Еболата, која се шири преку контакт со телесни течности или контаминирани ...
59-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот 15 години помлад поранешен партнер ја нападнал во центарот на Скопје, а потоа дошол и на нејзиното работно место, каде се однесувал агресивно, соопшти МВР. „На 29.01.2025 во 18:36 часот во СВР Скопје, 59-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Г.М.(44) од Скопје, кој потоа околу 14.00 ...
Хрватска е првиот финалист на Светското ракометно првенство откако триумфираше против Франција со 31-28. Противник ќе ѝ биде подобриот од утрешното соочување меѓу Португалија и Данска. Во Арената во Загреб, Хрватите одиграа феноменално прво полувреме кое го пресуди победникот. По првиот дел Хрватите имаа предност од 18-11. И покрај тоа што Франција во второто полувреме успеа да ја намали разликата, а на четири минути пред крајот дојде и до минус ...