Независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, кој заедно со против кандидатот од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Арсим Далипи одат во втор круг во трката за градоначалничката функција, денеска на прес-конференција се заблагодари за поддршката од граѓаните што ја доби во првиот круг од локалните избори и најави дека кампањата ќе ја продолжи со истата политичка култура и во наредните две недели. – Со оглед на тоа ...
„Со оглед на тоа што мојот опонент, кој повеќе пати упати јавен апел, не го одржува зборот и не се повлекува, ве информирам дека нашата кампања продолжува со истиот нов дух во актуелната политичка култура и во наредните две недели“, рече Ќура. Тој обвини дека коалицијата на ДУИ – НАИ продолжила да ги користи своите стари методи, со уцена на граѓани, притисок врз директорите и вработените во администрацијата и купување гласачи, како и пазарење со ...