
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Непотизам царува во Владата на Мицкоски. Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните. Последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски. Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата. Братот ...
Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа? Во семејната куќа во Ранковце, сопственост на Даниела Алексовска Стојановска е сместен партиски штаб на СДС. Според закон СДС можеле да го изнајмат деловниот простор во куќата на судијката и за тоа да платат кирија или истата да им го отстапи без надомест, што ќе подпадне под поимот донација. Венко Филипче мора да каже, каков однос имала ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека се крајно преувеличени тврдењата на медиумите дека САД и Израел работат на претворање на Иран во „парчиња“, наведувајќи дека тој е за нуклеарен мировен договор со Техеран. „Сакам Иран да биде одлична и успешна земја, но не смее да има нуклеарно оружје. Наводите дека САД, во соработка со Израел, сакаат да го претворат Иран во парчиња се крајно претерани. Повеќе би сакал да имам нуклеарен ...
Американската поштенска служба (USPS) денеска објави дека ќе продолжи да прифаќа пошта и пакети од континентална Кина и Хонг Конг, кои ги суспендираше само еден ден претходно. Американската пошта се предомисли, ќе продолжи да прима пратки од Кина. Американската поштенска служба (USPS) денеска објави дека ќе продолжи да прифаќа пошта и пакети од континентална Кина и Хонг Конг, кои ги суспендираше само еден ден претходно. USPS синоќа објави дека ...
Настојувањето на Доналд Трамп за американска окупација на Појасот Газа и преселување на Палестинците кои живеат таму наиде на жестоки критики од целиот свет, јавуваат светските медиуми. Изјавите на американскиот претседател се „опасни за стабилноста и за мировниот процес“, изјави денеска портпаролката на француската влада. „Франција е целосно против трансферот на населението“, изјави Софи Примас, нагласувајќи дека Франција се држи до својата ...
Даночното ослободување „de minimis“ е усвоено во 1930 година и дозволува стоки вредни помалку од 800 долари да се увезуваат во САД без да се плаќаат увозни даноци. Американската поштенска служба соопшти дека го суспендирала приемот на меѓународни пакети од Кина и Хонг Конг до понатамошно известување, заканувајќи се на деловните модели на гигантите за е-трговија Шеин и Тему. Не беше наведена причина за суспензијата, но во вчерашното соопштение ...
Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки. Финансиската полиција утрово го привела ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пецо Мирчевски, објави Сител, повикувајќи се на свои извори. Според последните информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Се проверуваат ...
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставниот суд ја поведе на 20 ноември минатата година со спојување на повеќе предмети, а на денешната седница беше донесена конечната одлука. Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. ...
На покана на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ Валдеси Уркиза, делегација од БЈБ, предводена од Директорот Александар Јанев е во прва официјална посета во Лион, Р.Франција. На средбата со Генералниот Секретар беа дискутирани стратешки и оперативни прашања кои се од особено значење за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, огромниот придонес кој нашата држава во континуитет го пружа кон меѓународната полициска ...
Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, кон крајот на ноември, побарала затворска казна за Васил Јованов, кој според првостепената пресуда беше осуден на воспитно поправна мерка, од 6 месеци до 5 години, за продажба на марихуана и кокаин. Поточно, како што дознава ,,Фокус”, обвинителката Фетаи била задолжена да го застапува предметот пред Апелација, поради што обвинителката поднела предлог да се одбие жалбата на Јованов, а да се уважи жалбата на ...
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставниот суд ја поведе на 20 ноември минатата година со спојување на повеќе предмети, а на денешната седница беше донесена конечната одлука. Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. ...
Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со ...
Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел, пренесе државната МИА. – Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има ...
Под слоганот ,,Стоп за сообраќајното насилство” во сабота (осми февруари) во Неготино ќе се одржи протестен марш на кој ќе се бара правда за прерано згаснатиот живот на нашата сограѓанка Фросина Кулакова, но и за сите други жртви во сообраќајот. Планирано е протестниот марш да започне во 14.00 часот од центарот на градот на улицата ,,Маршал Тито” кај семафорите, потоа учесниците на протестот ќе се движат по главната улица, со крајна дестинација ...
Вишото јавно обвинителство од Скопје дало негативно мислење за барањето на Бојан Јовановски, но врз судиите се врши голем притисок да се прифати барањето за условен отпуст со преиначување на пресудата без повторување на постапката. Бојан Јовановски алијас Боки 13 би можел да добие траен условен отпуст, ако Апелациониот суд Скопје го прифати неговото барање за преиначување на пресудата без повторување на постапката. Бојан Јовановски беше ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој се товари за примање поткуп, фалсификување службени исправи, проневера и несовесно работење. Според обвинението, тој склучувал договори за јавни набавки во судир на интереси, овозможил незаконски исплати и злоупотребил службени патувања, со што Буџетот на државата бил оштетен за милионски суми. За давање ...
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70%, грепки со подароци, книжевни промоции, интерактивна програма за деца и за фанови инспирирана од Хари Потер, Покемон и Исидора Мун, како и дружби со Биби и Боби и Стела и Сани. Во продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од ...
Ние од здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје. сме револтирани и ужаснати од резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година, објавени од Министерството за култура и туризам на 03.02.2025 година, согласно кои, тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО не добива никаква финансиска поддршка. ПРВО ПА ЖЕНСКО е единствениот ...
СДС секојдневно се повеќе тоне во сопственото политичко мочуриште. СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина. СДС и Кузеска манипулираат со јавноста. Работните места во Агенцијата за национална безбедност се класифицирана информација, а информациите кои Кузеска ги сподели се лажни. Кузеска пред да почне да лаже и обвинува треба да знае дека Љупчо Андоновски како советник на ...
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари суштинска и значајна средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД. На оваа средба се дискутираше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на можностите за продлабочување и проширување на ...
Општина Центар, денеска ги исчисти јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање на почисто и поубаво опкружување за сите центарци. Герасимовски, потенцираше дека во акцијата за чистење активирана е целата механизација на општината со вредните хигиеничари кои секој ден работат во две смени. „Во текот на денешниот ден, го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. Решавањето на комунални проблеми се еден ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан. Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување ...
Народот на Палестина нема да оди никаде. Тие се домородните луѓе на таа земја. Да кажеш дека ќе раселуваш луѓе, тоа е менталитет на колонизатор, изјави еден од демонстраните за Ал Џезира. Стотици демонстранти пред Белата куќа извикуваат „Палестина не е на продажба“ додека американскиот претседател Доналд Трамп објави план со кој САД имаат намера да ја „поседнат“ територијата на Газа во Израел, јавува Ал Џезира. Демонстрантите се собраа во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за вооружување. Тој додаде дека американските компании оствариле големи приходи дури и преку лиценцирање, поради големата побарувачка на оружје и опрема. – Американските компании заработија милиони дури и ...
Движење за спротивставување на првите дејствија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна онлајн, а денеска се планирани протести низ САД, јавија американските медиуми. Движењето е организирано под хаштаговите #buildtheresistance и #50501, што значи „50 протести, 50 држави, еден ден“. Многу од протестите се планирани во главните градови на државите, а некои во други градови. Движењето има веб-страници и сметки на социјалните ...
Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата. Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад. „Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека не може да се исклучи бројот на жртвите да продолжи да расте, бидејќи информациите за состојбата на ...
Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски. Колку е ова реално е под знак прашалник – во секој случај, овој потег веројатно нема да го смири расположението во кризниот регион, пишува „Зидојче цајтунг“. Веќе неколку дена на бројни фотографии и видеа се гледа како десетици илјади Палестинци се враќаат пеш во северниот дел на Појасот Газа. Но, Доналд Трамп има друга идеја. „САД ќе го преземат Појасот ...
Епидемиолошките податоци станаа недостапни, медицинските препораки повеќе не се достапни, а случаите на инфекција со туберкулоза се под радар: по враќањето на Доналд Трамп на власт, американските лекари и научници се најдоа на непознат терен. „Тоа не се памети“, изјави за АФП гинекологот Натали ДиЧензо, членка на здружението Лекари за репродуктивно здравје. „Во медицинската и научната заедница владее паника и неизвесност“, додаде таа. Како и ...
На 29.01.2025 година, во рамки на научниот клуб во нашата клиника се одржа презентација на системот PathKeeper Surgical наменет за навигација при спинални операции. Оваа технологија обезбедува динамично и високо прецизно, предоперативното хируршко планирање и навигација во реално време (real time) во тек на целата оперативна процедура на ’рбетот. Системот кој беше презентиран пред нашите доктори, ги следи хируршките алатки и анатомијата на ...