Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци. Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките. Граѓаните реагираат дека ...

Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица. Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски. Во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему ...

Во Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, на страница 112 е поместена копија од Синтезен план – намена на земјиштето со граница на плански опфат. Може да се види новата ситуација, што некој испланирал за оваа локација. Во текстуалниот дел кој следи потоа, во воведот, меѓу другото е наведено дека основна цел на Деталниот урбанистички план е „подигање на квалитет на живеење со ревитализација на ...

Бев прегазена на тротоар кога имав само 10 години. Возачот иако под дејство на алкохол, не понесе одговорност, бидејќи судијката му била братучетка и целиот записник беше изменет за на крај да испадне дека јас невнимателно сум ја преминувала улицата. Ова се зборовите на Анастасија Ангелковиќ, која денес има 34 години и со грутка во грлото, охрабрена од споделените приказни и последното убиство на Фросина Кулакова, за Женски магазин си ја отвори ...

Сеизмичката активност во регионот на Киклади не стивнува, а жителите на Санторини и Аморгос, заедно со експертите, остануваат на готовност. Професорот по природни катастрофи на Техничкиот универзитет на Крит, Костас Синолакис, ја анализира актуелната ситуација, истакнувајќи три можни сценарија за развој на настаните. Првото сценарио вклучува активирање на расцеп сличен на оној што предизвика силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според ...

Дали Васил, момчето што ја прегази Фросина, требало да биде осуден и да биде сместен во затвор, е дилемата која деновиве е многу актуелна во земјава. По тој повод се огласи и професорот по кривично право, Гордан Калајџиев. „Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се ...

Во три одделни случаи, полицијата добила пријави за исчезнати малолетници и тоа 15-годишно девојче и двајца штитеници од СОС Детско село и јавна установа за згрижување деца на возраст од 13 и од 16 години. Ноќеска, во 1.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15). Ден претходно, во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело. „Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Доналд Трамп само предложил САД да ја преземат одговорноста за обновата на Газа, а не трајно да ја преземат контролата врз областа, пишува „Гардијан“. Трамп вчера, во изјава заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повика на преселување на два милиони Палестинци од Газа во соседните земји. Рубио на денешната прес-конференција во Гватемала Сити рече дека предлогот на Трамп „не бил ...

Аргентина ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО) поради неадекватното управување со пандемијата на Ковид-19, изјави денеска портпаролот на десничарскиот претседател Хавиер Милеј, пренесува ДПА. Оваа одлука следи две недели откако претседателот Доналд Трамп ја најави американската одлука да ја напушти оваа здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат. – Претседателот Хавиер Милеј му нареди на министерот за ...

Уставниот суд, на веќе пресудена работа, спротивно на темелните вредности на Уставот, го укина единствениот добар закон донесен од минатата власт, а тоа е ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ (со кој се даночеа екстрапрофитите на најбогатите компании кои не испокрадоа за време на Ковид кризата)! Ова е реакцијата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по денешната одлука на Уставниот суд. -Со тоа, Уставниот суд (кој, патем речено, пресуди дека е уставно ...

Посмртните останки на сите 67 жртви од судирот на патнички авион на „American Airlines“ и воен хеликоптер што минатата недела се случи над реката Потомак, се извлечени од водата. Речиси сите се идентификувани. Во меѓувреме, Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека ги анализира најновите податоци што покажуваат дека хеликоптерот го надминал максималниот дозволен плафон на летање од 61 метар. Според податоците од ...

Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, Златна бубамара на популарноста, оваа година ќе се одржи на 19-ти февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети, информираат од организацијата на настанот. Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ...

Во косовското село Главник, во близина на Подуево, пронајден е опожарен автомобил со српски регистарски таблички со остатоци од човечки коски, потврди обвинителството во Приштина. Како што пренесува Блиц.рс, обвинителството соопшти дека инцидентот се случил вчера и дека при преглед на опожарениот автомобил е утврдено дека внатре има остатоци од коски. Обвинителот, како што пишува понатаму Блиц, ангажирал форензичар, кој потврдил дека се работи ...

Сосема гол маж денеска го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, нарушувајќи го спокојот на луѓето кои шетаат по кејот, но и граѓаните кои се нашле во центарот на градот, објави „А1он“. Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“ протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре. Снимки од несекојдневниот инцидент се објавени на социјалните мрежи. Според она што се гледа на ...

Министерството за внатрешни работи, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, започна предистражна постапка за истрага која се однесува на злоупотреби и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи на МВР. Истрагата се фокусира на спроведена јавна набавка во полицијата, за која се сомнева дека била злоупотребена. До сега се извршени претреси на 16 различни локации, на основа ...

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски, ноќта ќе ја помине во помициска станица, а утре ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Приведувањето на Мирчевски следи откако Финансиската полиција во координација Основното јавно обвинителство Скопје денеска против него поднесе кривична пријава со која тој се товари за четири кривични дела. Имено, Мирчески се товари за примање поткуп, ...

Меланија Трамп се буди во 6 часот наутро и си прави кафе, а еве како изгледа нејзиниот живот зад затворени врати. „Секогаш сум воодушевен кога слушам луѓе кои воопшто не ја познаваат ја нарекуваат Меланија“, вели Ерве Пјер, стилист задолжен за изгледот на првата дама на Америка Меланија Трамп. „Иако тесно соработуваме, јас секогаш и се обраќам со „Госпоѓа“ или „Госпоѓа Трамп“, објаснува Ерве роден во Франција, која претходно ги стилизираше ...

Сојузниците на САД очекуваат администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го претстави долгоочекуваниот план за ставање крај на руската војна против Украина на Минхенската безбедносна конференција во Германија следната недела, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Нацртот, според извори на Блумберг, на сојузниците ќе им го претстави специјалниот претставник на Трамп за Украина, Кит Келог. Како што ...

Хусеин Мусави, политички советник на генералниот секретар на либанската група Хезболах, денеска ги нарече плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за евакуација на Палестинците од Појасот Газа „криминални наредби“, се вели во соопштението на Хезболах. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ќе ја преземат Газа откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место и таа е економски развиена, објави Ројтерс. Ова го ...

Психолошките тестови на личноста ни помагаат, пред сè, да размислиме за себе и да донесеме заклучоци за нашата личност и карактерни особини. Многу луѓе прибегнуваат кон ваквите тестови од обична љубопитност, за да дознаат повеќе за својот карактер, пишува „Сенса“. Понекогаш, тестовите за личност откриваат скриена особина за која можеби не сте биле свесни, а овој тест ви овозможува да извлечете заклучоци за вашите предности и слабости. Па, кое ...

Белграѓанката Милка Бауковиќ-Радивојевиќ денеска наполни 110 години, а на социјалните мрежи беше објавена нејзина фотографија со славенички торти и свеќи со бројките од нејзината возраст. Баба Милка е родена на 5 февруари 1915 година во селото Папиќи кај Сисак, кое денеска се наоѓа во Хрватска, а во тоа време, во виорот на Првата светска војна, било дел од Австроунгарската Империја. Според евиденцијата на меѓународната организација International ...

Популарната пејачка Лепа Брена очигледно се опорави од скршеницата на ногата. Таа на својот Инстаграм сподели неколку видеа на кои се гледа како повторно оди без проблем, по повредата со која се здоби на нејзиниот концерт во декември минатата година. Имено, пејачката доживеа несреќа на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб кога врз неа падна член од нејзиниот тим. Брена во таа прилика се здоби со скршеница на скочниот зглоб, ...

Актерот Кирк Даглас, кој е починат на денешен ден во 2020 година, морал да ја одбие улогата на Тито во филмот „Битка на Сутјеска“. Во 1973 година, кога филмот бил сниман, тој веќе бил ангажиран во два големи проекти, па режисерот Стјепан Делиќ го ангажирал Ричард Бартон, пишува „24 сата“. Во игра биле и други познати актери: Марлон Брандо, Пол Њуман, Питер О’Тул, Марчело Мастројани, Жан Пол Белмондо… Тито годишно гледал околу 160 филмови на ...

Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран се најде во центарот на вниманието кој се пресели во Ал Наср се најде во центарот на вниманието откако одлучи да не живее во Саудиска Арабија и секој ден да патува 90 минути со авион за на тренинг. Дуран беше најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок, меѓутоа поради строгите закони во Саудиска Арабија ќе живее во Бахреин. Причината е што фудбалерот сака да живее заедно со својата девојка, а во Саудиска Арабија ...

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата. Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија. Поранешниот директор на СОЗР, ...

Преговорите се прекинати поради несогласувања како да бидат распределени министерствата Вистински земјотрес ја погоди австриската политичка сцена кога Слободарската партија на Австрија (ФПО) и Австриската народна партија (ОВП) ги прекинаа преговорите за коалициска влада поради несогласувања околу распределбата на министерствата. Двајцата партиски лидери, Херберт Кикл од ФПО и Кристијан Штокер од ОВП, се соочија со сериозни предизвици на клучните ...

Сто и четворица индиски државјани депортирани од САД пристигнаа во Амритсар во индиската сојузна држава Панџаб со воен транспортер што летнал од Тексас. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индискиот премиер Нарендра Моди прифатил индиските државјани што нелегално пристигнале во САД, вкупно околу 18.000, да бидат депортирани со воени авиони. На воениот дел од аеродромот во Армитсар веќе биле поставени посебни центри за регистрација ...

Украинската армија ќе формира единици составени од роботизирани борбени возила, што ќе ги испраќа во битка, најави денеска министерот за одбрана Рустем Умеров, пренесe Киев Индипендет. Украинското Министерство за одбрана, на својот канал Телеграм објави фотографии од роботизираните возила со монтирани митралези. Возилата без екипаж, особено беспилотните летала, станаа клучно оружје во војната со Русија, што започна во 2022 година. Сега двете ...

Которчанецот Жељко Бојаниќ, жителите на Никшиќ Радоје Жути Живковиќ и Здравко Перуновиќ се осудени на доживотен затвор во Турција, а истата казна им е изречена на директните извршители на убиството на Јован Вукотиќ – Јакуб Доган и Емирџан Сумер. Поранешниот апсолутен водач на кланот Шкаљарскиот клан, которчанецот Јован Вукотиќ, беше убиен во Турција на 8 септември 2022 година, објави Вјести. Бојаниќ, Живковиќ и Перуновиќ наводно се високи ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.89
90%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
83%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
50%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
8.23
34%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
68%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
83%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75