Општинската организација на СДСМ Струмица во среда, 1 ноември во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица организира Трибина: „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје!“. На трибината ќе зборуваат: д-р Маја Манолева – заменик министер за здравство, доц. д-р Венко Филипче – неврохирург, поранешен министер за здравство, проф. д-р. Сашо Дохчев – директор на Клиника за урологија, доц. д-р. Викторија ...
Полна беше салата во НУЦК „Антон Панов“ на трибината „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за машко и женско здравје“ во организација на струмичкиот СДСМ. Градоначалникот Костадинов изрази благодарност кон струмичани кои ги поддржаа заложбите коишто се во служба на македонското здравство. „Здравјето не признава политичка, етничка, верска или каква било друга припадност. Здравјето на луѓето секогаш треба да биде приоритет за одговорните ...