Кога последен пат консумиравте ленено семе? Дали знаевте дека лененото семе кое има вкус на орев е преполно со хранливи материи? Поради неговите чудесни својства, лененото семе го користеле и древните Египќани, Грците и Римјаните, а денес често се препорачува во исхраната на веганите и вегетаријанците. Лененото семе е богато со: Експертите советуваат дека е подобро е да се консумира лененото семе во мелена форма бидејќи полесно се вари. Како да ...

Сигурно ви се случило да налетате на стар пријател кого не сте очекувале да го сретнете во дадена ситуација или истовремено да направите исто движење/да ги изговорите истите зборови заедно со друга личност. Дали тогаш помисливте: „О, каква случајност!“? Всушност секоја случајност носи конкретна порака. Откривање на синхроничноста – науката за случајноста Вистината е дека сè е поврзано. Од минатото, преку сегашноста до иднината – секоја ...

Сигурно ви е познат фактот дека квалитетниот сон го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од развој на сериозни болести. Спиењето поволно влијае и врз нашето ментално здравје, а помага и при закрепнување. Недостатокот на сон е поврзан со хронични здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, болести на бубрезите, висок крвен притисок, дијабетес, мозочен удар и депресија. Затоа, квалитетниот сон мора да биде приоритет кога ...

Денес ви споделуваме дел од цитатите на еден од најуспешните тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ! „Победник е оној кој повеќе верува во победата.“ „Во мојот случај, можам искрено да кажам дека ништо не е невозможно. Кога велев дека сакам да бидам број 1 на светот, а имав седум или осум години, повеќето луѓе ми се смееја затоа што се чинеше дека имам само еден процент шанса да го направам тоа и на крајот успеав.” „Градењето цврста основа во ...

Прочитајте кои ќе бидат најважните астролошки аспекти во март според астролозите! 7-8 март – Полна месечина во Девица Полната месечина во Девица доаѓа на почетокот на еден неверојатно напорен и енергичен месец, давајќи ни ја потребната доза енергија и поттикнувајќи нè да го бараме еликсирот што ќе ни биде најкорисен во моментот. Ова е време кога грижата за себе е најважна. Така, ќе почувствуваме потреба да го исчистиме нередот и да го ...

Во текот на оваа недела завршува февруари и започнува март – месецот што го навестува доаѓањето на пролетта. Затоа е важно полека да се подготвуваме за енергијата на будењето, да ги промениме нашите лоши навики, да останеме смирени и позитивно расположени. Освен тоа, среќата и оптимизмот дополнително ќе ја зголемат позитивната енергија. Астролозите истакнуваат дека ѕвездите ќе им бидат особено наклонети оваа недела на овие 3 хороскопски знаци: ...

Дали некогаш сте пробале помфрит од моркови? Денес ви споделуваме брз и вкусен рецепт! Потребни ви се само неколку состојки, а помфритот можете да го консумирате како ужина или како вечера. Овој хранлив зеленчук е една од најмоќните алатки кои ќе ви помогнат да го одржите здравјето, а одличен е и за грицкање свеж, но мора добро да го измиете. Морковот содржи каротин, витамин К, витамин Ц, витамин Е, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, ...

Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. Тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа искривени во форма на буквата Ј. Многумина се обиделе да го протолкуваат феноменот „Крива шума“, но никој не успеал да ги докаже своите теории. Станува збор за дрвја засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле ...

Дали некогаш сте се запрашале што претставува егзистенцијалната криза или сте биле принудени да се соочите со неа? Еве како да се справите со егзистенцијалната криза! Егзистенцијалната криза е период на интензивно испрашување и неизвесност за смислата и целта на животот. Ова чувство се појавува кога почнувате да се прашувате дали има повеќе во животот од она што го доживувате моментално или дали воопшто има некаква смисла во вашето постоење. ...

Во продолжение прочитајте го хороскопот за оваа недела! Овен Присуството на Меркур ќе ви донесе одредени предизвици во љубовта. Ако нешто не функционира во оваа област, тогаш подобро е да се фокусирате на друга. И покрај фактот дека ниту една од планетите нема да се движи ретроградно оваа недела, сепак можеби сè уште ќе сакате да патувате назад во времето, ментално да се вратите назад и да исправите некои грешки. Но, запомнете дека не треба ...

Првата недела од велигденскиот пост се вика Чиста недела, а Чистиот понеделник го означува почетокот на постот кој трае до Велигден. Се нарекува Чиста недела бидејќи се верува дека во оваа недела душата се прочистува преку молитви, добри мисли и добри дела. Оваа недела се пости, пред сè со вода, а освен чистење на телото, верниците треба да обратат внимание и на состојбата на своето срце. Така, се верува дека простувањето, покајанието за лошите ...

На листата на најскапи работи во светот вклучувајќи автомобили, часовници и мобилни телефони, на прво место дефинитивно се наоѓа јахтата чија вредност изнесува 4,47 милијарди евра. History Supreme од само 30 метри е изградена за Британецот Стјуарт Хјуз, а ја купил анонимен малезиски бизнисмен. Уникатната јахта била градена во текот на три години, а за нејзината изработка биле употребени 100.000 килограми злато и платина. Трпезаријата, оградата, ...

За квалитетни интимни односи особено е важна врската помеѓу партнерите, енергетската поврзаност, страста и привлечноста, како на физичко, така и на емоционално и интелектуално ниво. Сепак, дали знаевте дека и одредени намирници можат да го зголемат задоволството? Здравата исхрана пред водење љубов може благотворно да влијае и да доведе до подобрување на протокот на крв, зголемување на енергијата и сексуалната издржливост, подобрување на ...

Датумот на огледалото е датумот во кој се појавуваат серија исти броеви, па таков датум е денешниот, 23.02.2023 година. Според нумеролозите, секој број содржи специфична енергија, а во овој период лесно се отстрануваат енергетските блокади, се формираат позитивни ставови и се привлекува среќата. Енергијата на овој ден поттикнува личен развој и ни помага да сфатиме кои се промените кои треба да ги направиме. Во нумерологијата, бројот 2 е поврзан ...

Март е првиот месец од пролетта, месецот кога почнуваме да планираме, кога сме полни со енергија и сме подготвени да ги прифатиме големите можности кои ни се нудат. Според астролозите, овие 6 датуми ќе бидат најповолни и најсреќни во март: 3 март – денот на огледалото Серијата од 3-3 годинава ќе биде поволен ден за личен развој. Овој ден можете да го посветите на стекнување нови знаења, опуштање и пронаоѓање креативни активности. Овој поволен ...

Dimitri Bourriau, професионално познат како Jahz Design, е графички дизајнер и фотограф со огромна страст кон историјата и архитектурата. Неговата работа се фокусира на истражување на урнатините од минатото и набљудување на ефектите на времето врз архитектурата. Во последните неколку години тој се занимава со урбано истражување и фотографирање на напуштени историски објекти. Преку фотографиите, тој има за цел да покаже дека овие напуштени места ...

На зимзеленото дрво (Myristica fragrans) растат жолтеникави кружни плодови слични на праска во кои се крие мускатно оревче. Самото мускатно оревче не е орев, туку семе со овална форма, опкружено со мрежеста лушпа – мацис. Најчесто се продава како мелен зачин, а ако наидете на парче, добро е да знаете дека е повеќе ценет. Потребни се пет години за стеблото да процвета, а едно дрво дава околу 2.000 мускатни оревчиња годишно. И додека на Запад ...

Полека се приближуваат март и пролетта, периодот на љубовта, топлината и позитивната енергија. За да го дочекате март исполнети со среќа и убава енергија, важно е да се ослободите од сè што е негативно и да оставите простор за новите можности. Во продолжение прочитајте кои 5 работи треба да ги исфрлите од вашиот живот за да ја најдете среќата во март: 1. Токсична врска Овој март треба да се обидете да се ослободите од токсичните врски и тоа не ...

Стив Тејлор од Тексас изградил неверојатна „куќа на дрво“ на дури шест ката. Овој инженер искористил четири контејнери за транспорт, ги споил и делумно ги поврзал со дрво за да го изгради ова прекрасно здание кое го нарекол „замок во водухот“. За разлика од куќичките на дрвја кои се одликуваат со мали тесни простори, оваа градба е навистина импресивна и пространа. Има две спални соби, дневна соба од 37 метри квадратни, бања со када, добро ...

Денес ви споделуваме евтин и супер здрав рецепт за енергетски коцки кои морате да го пробате! Подготовката е толку едноставна, а состојките што ги бара рецептот не само што се здрави, туку се и одлични сојузници во борбата за „фит“ тело. Во оригиналниот рецепт се наведени суво грозје, бадеми и урми, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје. Можете да додадете цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос. Здравствени ...

Постојано се чувствувате под стрес поради секојдневните обврски? Прекумерната работа и роковите ве исцрпуваат, но сепак не знаете како да воспоставите рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот? Во продолжение прочитајте за ефектите од прекумерната работа врз мозокот и вашето ментално здравје: 1. Намалена продуктивност и креативност Постојаното работење без паузирање доведува до физичка и психичка исцрпеност што на крајот резултира со ...

Пролетта е период кога кај секого од нас се будат романтичните чувства, кога чувствуваме потреба да сакаме и да бидеме сакани. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе имаат голема среќа на љубовен план оваа пролет: Бик (21 април – 20 мај) Можни се промени, а иако не секогаш сè оди според планот, оваа пролет нема да ви биде здодевно! Желбата за игра и флертување сигурно ќе биде голема, а моќта на привлечноста лесно ќе ви помогне да се ...

Од 20 февруари до 16 март Венера, планетата на љубовта, ќе се движи низ знакот Овен и ќе придвижи некои работи напред. Сè што досега било бавно, слабо или неизвесно ќе добие појасна форма, особено кога станува збор за љубов, врски и пари. Оваа Венера сака да ги реши прашањата и дилемите на јасен, директен и искрен начин. Прашајте се што сакате. Сакале или не, понекогаш искрата на привлечноста и љубовта брзо согорува. Кога станува збор за ...

Дали некогаш сте се запрашале кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот? Многу истражувања ја потврдуваат важноста на витаминот Д во имунолошките и метаболичките процеси. Рецептори за витамин Д се наоѓаат во речиси секоја клетка во телото, што значи дека витаминот Д игра голема улога во целокупното здравје почнувајќи од здравјето на коските, мускулите и имунитетот па сè до когнитивните способности, расположението и долговечноста. ...

Оваа прекрасна планета е преполна со луѓе кои сакаат да направат разлика; кои знаат дека можат да постигнат сè што ќе посакаат. Честопати работите за кои мислиме дека се пречки на нашиот пат, всушност се нашата поддршка! Ова се знаци кои укажуваат дека веројатно сте предодредени за нешто поголемо и дека имате моќ да го постигнете тоа. 1. Ги чувствувате работите многу подлабоко од другите Луѓето кои се предодредени за големи работи во светот ...

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела! Овен Не очекувајте нови идеи оваа недела. Дури и ако се појави нешто вредно, астролозите ве советуваат да ја заштедите енергијата. Прекумерната активност може да му наштети на здравјето. Ослободете се од негативните емоции и останете смирени. Освен тоа, ќе добиете добри вести од некоја блиска роднина. Бик Мора да ги средите вашите принципи и да научите како да ги запознавате други луѓе. ...

Во Калифорнија официјално почна да вози т.н. роботакси, односно такси без возач. Станува збор за електрично возило на технолошката компанија Zoox во сопственост на Амазон на чиј дизајн се работело речиси десет години. Возилото е со погон на четири тркала, а било тестирано во 2020 година на приватни патишта пред Одделот за моторни возила во Калифорнија да даде дозвола да биде пуштено во употреба и на јавни патишта. Првото официјално возење го ...

Брокулата е богата со диетални влакна, витамини и минерали. Има околу 30 калории во 100 грама, па консумирањето на овој зеленчук се препорачува на сите оние кои сакаат да ослабат. Денес ви го споделуваме овој едноставен рецепт за печена брокула со сирење и зачини. Готов е за половина час, а можете да го послужите како предјадење или прилог. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. 2. Измијте ја ...

Танцот отсекогаш бил дел од културата, традицијата и историјата на секој народ и со добра причина. Дали некогаш сте забележале како танцувањето може да направи да се чувствувате поживи? Во продолжение прочитајте за трансформативната моќ на танцот. Многу луѓе откриле дека танцот има уникатна способност да ги трансформира нивните емоции и мисли, па дури и да им помогне да го откријат своето внатрешно јас. Кога танцувате, им дозволувате на вашите ...

Домашното бадемово млеко трае само неколку дена во фрижидер, затоа направете онолку колку што мислите дека ќе испиете во рок од неколку дена. Можно е да го загреете бадемовото млеко на шпорет за да го пастеризирате и да го продолжите рокот на траење, но на тој начин ќе се уништат голем дел од хранливите материи. Започнете со сооднос од 1 шолја бадеми со 2 чаши вода. Ако сакате поретко млеко, следниот пат користете повеќе вода. Можете да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
69%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
76%
1038
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1038
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.96
55%
1037
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
91%
1037
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.36
79%
1030
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
57%
1028
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
61%
1031
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
62%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1038
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
6.17
87%
1033
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $