Аспарагусот е идеалниот додаток на многу пролетни јадења – одлично оди со јајца, може да се сервира на скара како прилог со месо или риба, но и да се додаде во разни салати, супи и чорби. Во продолжение прочитајте го нашиот денешен предлог за вкусна пита со аспарагус и сирење. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Одмрзнатото лиснато тесто развлечете го на дебелина од околу половина сантиметар и ставете го во сад кој претходно сте го ...

Особено чувствителните луѓе поинтензивно и темелно ги восприемаат и интерпретираат внатрешните и надворешните стимули во споредба со другите луѓе на кои им недостасува оваа хиперсензитивност поради биолошката разлика во нивниот нервен систем. Од друга страна, чувствителните луѓе веруваат дека оваа нивна способност е пречка во општеството кое бара од нив да бидат силни и нечувствителни. Сепак, големата чувствителност не е слабост туку е извор на ...

Истражувањата покажале дека одредена храна може да придонесе за појава на акни. Ова може да се должи на нивните ефекти врз појавата на воспаление или одредени хормони кои влијаат на развојот на акните. Акните се честа состојба на кожата која се среќава кај речиси 10% од светската популација. Многу фактори придонесуваат за развој на акни, вклучувајќи производство на себум и кератин, бактерии кои предизвикуваат акни, хормони, блокирани пори и ...

Доколку го читате ова сигурно сте од оние кои сакаат да бидат колку што е можно продуктивни, но едноставно тоа не им оди од рака. Клучот се состои во тоа да не го игнорирате алармот наутро и да не го одложувате моментот кога ќе решите да станете од кревет. На тој начин ќе имате доволно време ефективно да го поминете денот пред вас без да чувствувате стрес или да морате да брзате да ги завршите навреме своите обврски. 1. Спијте најмалку 7 часа и ...

Често е тешко да бидете објективни кога се анализирате себеси, а многу луѓе имаат тенденција прво да ги забележат сопствените маани, слабости и недостатоци и да ги игнорираат позитивните страни, талентите и вештините кои ги поседуваат. Ова особено важи за самокритичните луѓе и претставува саботирачка навика која негативно им влијае на самодовербата и прави да се чувствуваат лошо. Психолозите истакнуваат дека често можете да видите колку сте ...

Во април годинава ќе се одржи аукција на скелет на Тираносаурус рекс за прв пат во Европа. Швајцарска аукциска куќа Koller auctions со седиште во Цирих смета дека посмртните останки на тираносаурусот стар 67 милиони години ќе привлечат голем број заинтересирани страни. „Ова е трет пат во цел свет како скелет со исклучителен квалитет е изложен на аукција“, е објавено на веб-страницата на аукциската куќа. Не е чудно што предвидуваат дека ...

Ако имате 18 години и сакате да ја истражувате Европа, ова може да биде среќно лето за вас, бидејќи Европската Унија подарува 35.000 бесплатни билети за воз за патување низ Европа. Станува збор за проектот наречен DiscoverEU, кој е отворен за сите оние кои на 1 јули ќе наполнат 18 години, односно за оние кои се родени помеѓу 1 јули 2004 година и 30 јуни 2005 година. Дополнително, апликантот мора да биде жител на земја-членка на ЕУ или земја во ...

Според астролозите, дел од хороскопските знаци се исклучително амбициозни и фокусирани на својата работа, сакаат да постигнат сè од нула, но сами, со свој труд. Еве за кои хороскопски знаци станува збор: 1. Бик Луѓето родени во овој знак се вистински лидери на оваа листа. Упорноста на припадниците на знакот Бик е тесно поврзана со нивниот претприемачки дух, па затоа тие се одлични претприемачи и бизнисмени. Тие ќе направат сè за да се искачат ...

Денес нè очекува младата Месечина во Овен на 21 март, а тоа ќе се одрази врз хороскопските знаци така што тие ќе станат порешителни да ги решат проблемите и да воспостават хармонија во односите со другите. Дознајте како младата месечина во Овен ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Овен Младата Месечина ќе ви донесе енергија, виталност и ентузијазам. Ова ќе биде одличен период за нови проекти и започнување ново поглавје. Освен тоа, зголемената ...

Според најновите истражувања, кафето, зелениот и црниот чај можат да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Поточно, кофеинот во тие пијалаци и ефектот што може да го има врз телесните масти и тежината, може да биде причина за намалениот ризик. Освен што го поттикнува метаболизмот, кофеинот има и голем број други потенцијални здравствени придобивки, како што се зголемување на будноста и концентрацијата, подобрување на ...

Сакате да направите лесна и едноставна торта, но немате време? Денес ви споделуваме рецепт за вкусна чоколадна торта за чија подготовка ви се потребни само 10 минути! Потребни состојки: Начин на подготовка: Измешајте ги сувите состојки и потоа додадете 125 милилитри масло или стопен путер и топла вода. Печете на највисока температура во микробранова печка 5-10 минути. Проверете го тестото со чепкалка за заби. Растопете ги млекото и чоколадото. ...

Денес ви споделуваме рецепт за брауни или какао коцки без брашно, јајца или шеќер – можете да ги направите само со три состојки: банана, путер од кикирики и какао во прав. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Излупете ги бананите и издробете ги со вилушка. 2. Измешајте ги мелените банани со путерот од кикирики и какаото. 3. Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. 4. Печете го колачот во загреана ...

Интровертите често се погрешно разбрани од луѓето кои се карактеризираат со друг тип на личност. Тие се луѓе кои претпочитаат осаменост отколку дружење и се познати како срамежливи, повлечени и интроспективни. Тие само сакаат да поминат одредено време сами за да ги наполнат батериите и ефикасно да функционираат. Интровертите не се асоцијални и не ги мразат луѓето. Едноставно, тие имаат тенденција да се чувствуваат преоптоварени и фрустрирани ...

Индонезискиот град Бањармасин кој се наоѓа на островот Борнео е познат како град на илјада реки. Се протега на источната страна на реката Барито, а реката со генерации е дел од општествениот, економскиот и културниот живот на градот. Подигнати куќи на столбови, водни рути наместо патишта претставуваат живописно сведоштво за живот покрај реката каде се врши и трговија. Овде се наоѓаат три познати пловечки пазари, Муара Куин, Серинг и најголемиот ...

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Транзитот на Јупитер и Меркур ќе ви донесат можности за успех, особено на професионално ниво. Покрај тоа, среда и четврток ќе бидат особено среќни благодарение на Месечината! Единствената непријатна вест во неделата: транзитот на Марс ќе ви влијае негативно врз расположението, особено во петок. Бик Венера ќе продолжи да ви влијае позитивно, носејќи ви многу љубов и емоции. Почнувајќи од петок, ...

Помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, се наоѓа неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен што во буквален превод значи „змејска порта“. Биле потребни околу 400 години за комплексот во должина од два километри карпи да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Луо, во источниот дел на централна Кина. Изградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто ...

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, сите ние испраќаме вибрации – едноставно не секој е доволно чувствителен за да ги почувствува. Истото може да се каже и за енергијата што ја испуштате кога сте добро расположени. Овој тип на среќна енергија се нарекува „позитивни вибрации“. Изберете една слика и откријте во што се состои вашата позитивна енергија. Доколку се забавувавте со нашиот тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да ...

Глобално затоплување не е лесно да се визуелизира. Ако вашата средина не е директно загрозена од покачувањето на нивото на морето, недостигот на вода или шумски пожари, како знаете дека тоа навистина се случува? Сето ова може да изгледа малку апстрактно. Затоа проекти како Climate centar се толку важни. Станува збор за веб-страница со мапи кои покажуваат кои делови од светот би можеле да биде загрозени од покачувањето на нивото на морето, а ...

На 21 март нè очекува пролетната рамноденица. Овој ден претставува момент на рамнотежа, враќање во состојба на нулта точка поради изедначувањето на бројот на дневните и ноќните часови. Мартовската рамноденица исто така се совпаѓа со почетокот на сезоната на Овен, а бидејќи Овенот е првиот знак на Зодијакот, се смета и за почеток на астролошката нова година. Мартовската рамноденица ја најавува и пролетта, фокусирајќи се на обновувањето и ...

Су Блеквел отсекогаш била љубител на јазикот и литературата. Пишаниот збор за неа не е само мастило на хартија; тоа е еден вид килим исткаен од зборови кој раскажува некаква приказна. Така, нејзините хартиени скулптури кои таа ги изработува од книги се чини дека ја симболизираат кревката убавина на самиот живот. Тие не се само предмети туку и портали во други светови – светови на чуда и магија, на темнина и светлина. Погледнете ги во ...

Сатурн е планетата која симболично се нарекува учител во животот, онаа која ни покажува што треба да направиме за да го насочиме животот кон нови достигнувања. Со помош на оваа планета, можеме подобро да видиме како минатото влијае врз нашата сегашност. Сатурн ни ги дава лекциите што треба да ги совладаме за да растеме понатаму и ни помага да се соочиме со реалноста онаква каква што е. Секој негов транзит носи можности за нови учења, а од 7 ...

Анксиозностa може да влијае на квалитетот на животот, а стравот, вознемиреноста и грижата можат да ве натераат да избегнувате одредени ситуации и да започнете нездрави навики. Нутриционистите и психолозите сметаат дека и изборот на храна може да влијае врз подобрување или влошување на анксиозната состојба. Во продолжение прочитајте кои состојки треба да ги избегнувате доколку сте анксиозни. 1. Преработена храна Спакуваната храна што ја наоѓаме ...

Иако повеќето од нас се трудат да не го прават тоа, секој од нас во еден момент во животот се нашол во ситуација да се споредува со другите. Во продолжение прочитајте ги нашите 5 ефективни стратегии кои ќе ви помогнат да престанете да се споредувате со другите и да ја зацврстите вашата самодоверба. 1. Поврзете се со вашето вистинско јас – и научете да се сакате себеси Поврзете се со себе и сакајте се – тогаш се случува магијата. Вие сте токму ...

Многумина постојано размислуваат само за негативните искуства низ кои поминале и сметаат дека не заслужуваат ниту малку среќа или позитивност. Ние сме центарот на нашиот сопствен универзум. Затоа, колку повеќе негативност внесувате во животот толку повеќе таа има тенденција да влијае врз начинот на кој луѓето ве третираат. Значи, што треба да престанете да си правите? Престанете да бидете песимисти и почнете да се сакате себеси. Во продолжение ...

Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, со оглед на фактот дека секојдневно се консумираат над две милијарди шолји од овој пијалак. Не е тајна дека луѓето пијат кафе и поради неговиот вкус и поради ефектите што наводно ги има врз телото. Ефектите на кафето врз продуктивноста се добро познати и добро документирани, а многумина го нарекуваат „дрога на капитализмот“, благодарение на неговата незаменлива моќ да ни помогне да ги завршиме ...

На 20 март, Сонцето ќе се префрли во знакот Овен каде што ќе остане до 19 април кога ќе влезе во знакот Бик. Овој настан ја означува промената на годишните времиња, како и почетокот на астролошката нова година. Владеењето на Овенот ќе донесе неверојатно смели, живи и свежи енергии кои ќе направат да се чувствуваме како да се отвора сосема нов свет пред нас. Ова е моќно време за обновување, нови почетоци, свежа енергија и промена на нашата ...

Тестенините се незаменлив дел на секоја италијанска трпеза, а како такви најчесто се комбинираат со малку состојки. Пример за тоа е класичниот рецепт за шпагети со сирење и црн пипер кој ви го споделуваме во продолжение. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Сварете ги тестенините. Исцедете ги од вишокот течност и оставете настрана 300 милилитри од водата во која биле сварени. 2. Во голема тава пропржете го црниот пипер околу 30 секунди. ...

Врз основа на елементите на кои припаѓаат, периодот на раѓање и распоредот на ѕвездите, на секој Хороскопски знак му се припишуваат одредени карактеристики. Астролозите веруваат дека најчувствителните луѓе во Зодијакот се оние родени во знакот Рак – се грижат за сè и секого. Раковите ја земаат при срце секоја информација, се обидуваат да им помогнат на луѓето и имаат отворено срце, но поради тоа често наидуваат на предизвици. Оваа ...

На кои начини подобро се спознавате себеси? Дали размислувате за тоа како сте го живееле животот досега? Дали размислувате за она што другите велат за вас или обраќате повеќе внимание на она што вие го мислите за другите? Прочитајте како перцепирањето и набљудувањето на другите може да ви открие многу за вас и да ви помогне да стекнете подлабоко разбирање за себе. Само кога се набљудувате себеси можете да научите многу работи за вашата личност. ...

Сите ние поседуваме голема внатрешна сила која нè насочува во животот. Ни помага да останеме во движење и да држиме сè под контрола. Оваа моќ е одраз на сето она што ни е важно. Изберете една слика и откријте каква внатрешна сила ве води во животот. Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ви е потребно за мир и среќа. Извор: atma.hr Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
75%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
78%
1038
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1038
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.96
55%
1037
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
91%
1037
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
77%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
61%
1028
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
61%
1031
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
62%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1038
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1033
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $