Бремен, град и пристаниште во северозападниот дел на Германија, е еден од најпознатите културни, трговски, индустриски и сообраќајни центри во државата. Тој е еден од ретките градови чиј аеродром е на само десет минути возење, па веројатно ова е причината поради која секоја година го посетуваат многубројни туристи. Доколку го посетите не смеете да ги пропуштите неговите многубројни атракции како катедралата Св. Петар, историскиот кварт, ...

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Со оглед на тоа дека вашиот знак е еден од најактивните и најенергичните знаци во Зодијакот, оваа недела ќе почувствувате огромен наплив на сила и енергија. Ве чека продуктивен период, но, сепак, астролозите ве советуваат да ги испланирате внимателно чекорите кои ќе ве приближат кон целта. Покрај тоа, обидете се и да ги избегнете непотребните трошоци и да не носите избрзани одлуки. Бик Оваа ...

Кога чувствуваме главоболка најчесто посегнуваме по лековите со надеж дека чувството на болка и непријатност ќе помине што е можно побрзо за да можеме да функционираме. Сите кои се соочуваат со мигрена или повремена главоболка знаат колку тоа чувство може да биде непријатно, па затоа овој пат ви предлагаме да пробате едноставен, здрав и целосно природен пијалак. Станува збор за чај што е мешавина од 3 билки кои помагаат при болка, смируваат и ...

Без разлика дали се работи за љубовта, работата, пријателството, одбивањето/отфрлањето боли, нели? Тоа е дел од животот и како такво е неизбежно, па најважно е да научите да го прифаќате. Еве на кој начин можете да го направите тоа. 1. Одбивањето можеби изгледа страшно, но може да се преживее Можеби мислите дека сте единствената личност која се плаши да не биде отфрлена, но многу други го имаат истиот страв. Сепак, не дозволувајте вашиот страв ...

Деневиве се рашири веста дека е пронајдена уште една монументална статуа на Велигденскиот Остров. Имено, на дното на исушеното езеро кое се наоѓа во кратерот на вулканот Рано Рараку пронајден е уште еден моаи – монолитни статуи кои се најпознатото културно и историско обележје на островот. Скулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 ...

Според многумина, островот Хаб попознат како Just Room Enough (во превод – доволно место) е најмалиот населен остров во светот. Зазема само 310 квадратни метри на реката Свети Лоренс во округот Џеферсон во американската држава Њујорк. Островот му припаѓа на архипелагот Илјада Острови кој се наоѓа на границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада. На островот има доволно простор за куќа, дрво, малку трева и минијатурна плажа. Локалните ...

Сите очекуваме успех во животот, не само на професионален туку и на приватен план. Меѓутоа, понекогаш не е лесно да се постигнат посакуваните резултати. Какви промени можете да направите за да имате среќен и хармоничен живот? Верувајте ѝ на вашата интуиција и изберете ја самовилата што најмногу ви се допаѓа, па прочитајте ја нејзината порака. Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете нешто повеќе ...

Денес ви споделуваме рецепт за домашно чоколадо без бел шеќер и адитиви! Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте го млекото на тивок оган, без да зоврие. Додадете путер и цимет и мешајте додека смесата да се згусне. Истурете ја смесата во сад со какао во прав, постепено мешајќи за да не се направат грутчиња. 2. Загрејте ја готовата смеса на тивок оган или на пареа. Тргнете го садот од оган и додајте мед. 3. По желба можете да ...

Дали во последно време размислувате како да направите промена на кариерата, но не сте сигурни од каде да започнете? Промената на кариерата може да биде возбудлива, но и застрашувачка, па во продолжение прочитајте кои работи не смеете да ги занемарите доколку се одлучите на ваков чекор. Промената на кариерата е секогаш предизвик, но не е нешто што е невозможно. Освен тоа, ако направите добар план кој ќе ви помогне да ги научите релевантните ...

На 7 март, Сатурн, планетата на ограничувањата и дисциплината, почна да транзитира низ знакот Риби. Оваа планета во следните три години ќе ни помогне да сфатиме како самите себеси сме се измамиле благодарение на нашата имагинација и емоции. Овој транзит ќе нè потсети дека гледањето на несовршеното минато низ розови очила само може да ја замагли и замати нашата визија за иднината. Неговата енергија ќе нè поттикне да одржуваме здрава дистанца од ...

Астролозите сметаат дека 11 март 2023 година е добар астролошки ден поради два хармонични секстилни аспекти – секстил на Венера со Марс, а шест часа подоцна и секстил на Меркур во со Уран. Оваа комбинација најавува возбудливи социјални искуства и подготвеност да се сретнете и да се поврзете со многу различни типови на луѓе. Венера во секстил со Марс е одличен момент за романса и дружење. Совршената комбинација на еротска енергија и наклонетост ...

Пристигнувањето на пролетта најчесто се поврзува со потоплите денови, но многумина во овој период се соочуваат и со поспаност и т.н. пролетен умор. Пролетниот замор или пролетната летаргија е природна привремена состојба на расположение која често се манифестира со физички симптоми. Некои од најчестите симптоми се ниско ниво на енергија, замор, мрзеливост, слабост, фрустрација, неконтролирана поспаност (и покрај соодветната количина на сон), ...

Дали некогаш сте се налутиле додека го гледате вашиот партнер како му посветува внимание на некој друг? Ова чувство е познато како љубомора, емоционална состојба на завист, несигурност и страв. Нормално е да чувствувате потреба да ги заштитите луѓето што ги сакате. Меѓутоа, ако оваа тенденција се претвори во еден вид бариера помеѓу вас и вашиот партнер, тоа може да прерасне во нездрава љубомора. Прочитајте кои се најчестите знаци на нездрава ...

Секој од нас е различен, а токму поради тоа светот е поубаво место за живеење. Ако не сте задоволни со некој аспект од вашето битие, можете да работите на себе, да се подобрувате и усовршувате. Се разбира, тоа не значи дека треба да се трудите до станете совршени, но преку личниот развој можете да постигнете многу работи што ги сакате. Независните жени зрачат со посебна енергија која привлекува, а во исто време се чувствуваат добро во ...

Многу пијалаци, сосови и храна содржат повеќе шеќер отколку што може да замислите. Затоа, пожелно е секогаш да ги читате етикетите на производите за да се осигурите за тоа колкава количина на додадени шеќери внесувате во организмот. Истражувањата покажале дека додадениот шеќер, кој е шеќер што се наоѓа во газираните сокови, слатките и другата преработена храна, придонесува за зголемување на ризикот од дебелина, дијабетес тип 2, срцеви ...

Во март нè очекуваат два важни астролошки настани кои ќе имаат големо влијание врз финансиските планови на неколку хороскопски знаци – Сатурн влегува во Риби, а Плутон во Водолија. Прочитајте во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор! Овен Поради влијанието на Плутон, владетелот на вашето семејно богатство, можно е да одлучите да направите големи финансиски инвестиции поради потребата за промовирање на Интернет или можеби поради ...

Во Ајурведата, древната индиска медицина, интоксикацијата на телото и присуството на штетни материи кои се акумулираат во нашите ткива и кои се нарекуваат „ама“ се наведуваат како една од главните причини за влошување на здравјето и појава на болести. Овие штетни материи ги нарушуваат биохемиските процеси во телото, што доведува до нарушување на протокот на информации во нервниот систем, стагнација или блокирање на лимфните и крвните садови, ...

Поставувањето граници е клучен елемент во вашите односи со другите и е ваша одговорност, бидејќи на тој начин луѓето ќе продолжат да го прават она што вие го дозволувате. Не заборавајте дека само вие можете да одлучите што е, а што не е дозволено во вашиот живот. Еве неколку техники кои можат да ви помогнат да поставите јасни граници во сето она што го правите. 1. Ментално/емоционално здравје Поставувањето граници во поглед на ...

Денес ви споделуваме рецепт за пита со спанаќ која можете да ја сервирате во секое време од денот, како главно јадење, предјадење или ужина. Едноставна е за подготовка, но е многу вкусна! Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Ставете го спанаќот во голема цедалка и прелијте го со врела вода. Исцедете го и оставете го да се излади. 2. Додека спанаќот се лади, во тава пропржете ги кромидот и младиот кромид со 2 лажици маслиново масло со ...

Денес, од астролошки аспект нè очекува полна Месечина во знакот Девица. Индијците ја именувале полната Месечина по природните појави кои се карактеристични за секој месец. Едно од најпопуларните имиња за мартовската полна Месечина е поврзано со дождовните црви бидејќи во овој период времето почнува да се загрева и земјата омекнува, почнуваат да се појавуваат дождовни црви кои привлекуваат птици, кои, од друга страна, се предвесници на пролетта. ...

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете принудени да кажете „да“ кога повеќе би сакале да кажете „не“ само поради тоа што сакате да им угодите на другите? Статистички гледано, тенденцијата за угодување е поизразена кај жените отколку кај мажите. Студијата од 2010 година покажала дека 54 проценти од жените трпат поголеми негативни ефекти и врз менталното и физичкото здравје поради оваа тенденција, во споредба со 40 проценти од мажите. ...

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела! Овен Љубов: Ќе ве следи среќа во љубовта во текот на целата оваа недела. Пред вас се искуства кои сигурно ќе го збогатат вашиот приватен живот. Оние кои можеби сè уште не се во врска ќе имаат многу додворувачи. Кариера: Повеќето од наредните денови ќе претпочитате да планирате. Многумина од вас ќе бидат на одмор. Тие, пак, што ќе останат на работа, ќе се соочат со одредени предизвици, но ...

Денес ви споделуваме рецепт за домашни грицки. Вкусни се и крцкави и можат да бидат одличен избор за појадок или вечера. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Испечете го сусамот, а потоа семките од сончоглед и тиква. Потоа сомелете ги семките од сончоглед и тиква во електрична мелница за кафе. Ставете го интегралното брашно во садот за матење, а потоа белото брашно. Додадете гриз, потпечени семки, ленено семе и сол, па измешајте. Додадете ...

Според психолозите, сочувството кон себе ни помага да бидеме посигурни. Доколку секојдневно изразуваме љубов кон себе, ќе можеме објективно да ги видиме нашите погрешни чекори и ќе ги научиме лекциите од нашите грешки. Еве на кој начин можете да искажете повеќе љубов и разбирање кон себеси. 1. Зборувајте со себе како со дете Анализирајте го моментот кога зборувате со себе со критички тон, користејќи изјави како што се „Толку си глупав/а!“ или ...

Сигурно ви е добро познат фактот дека бобинките се меѓу најздравите намирници бидејќи се богати со влакна, антиоксиданси и други важни хранливи состојки. Според научниците, тоа се должи на присуството на пеларгонидин, состојка која може да го спречи когнитивното нарушување и да го спречи ризикот од Алцхајмерова болест. Што е пеларгонидин? Диететичарот Кери Ганс објаснува дека црвената и портокаловата нијанса во овошјето се должи на ова ...

Март е еден од најмоќните месеци во 2023 година поради сите ретки планетарни порамнувања што ќе се случат. Март, исто така, го отвора патот за сезоната на затемнување која започнува во април. Освен тоа, март се смета за месец на еволуција и промени што ќе ни влијаат на духовно ниво. Одличен момент е и за да се ослободиме и да го дочекаме новото. Еден од најзначајните астролошки аспекти во март е порамнувањето на Јупитер и Хирон во Овен. Јупитер ...

Според астролозите, жените родени во овие хороскопски знаци се упорни и посветени лидери – знаат како да ги остварат своите амбиции и да го добијат она што сакаат. Дали во животот сте сретнале навистина силни жени кои се подготвени да поместат планини со цел да ги реализираат своите цели? Овен Можеби жените родени во знакот Овен однадвор изгледаат кревко и слабо, но првиот впечаток може да биде погрешен. Тие се независни и се подготвени да се ...

За време на велигденскиот пост, ако ги следите правилата за исхрана сигурно паузирате со палачинките. Сепак, не грижете се бидејќи со овој рецепт не ви требаат јајца или млеко. Потребни состојки: Начин на подготовка: Во топла вода додадете го прашокот за пециво со брашното, ванилиниот шеќер, сол и масло, па изматете. Оставете ја смесата 15-30 минути и потоа испржете ги палачинките. Наполнете ги со што сакате, се разбира, само ако е посно. ...

Се ближи Меѓународниот ден на жената кога во центарот на вниманието се правата и благосостојбата на жените, иако жените треба да се третираат достоинствено во текот на целата година, наместо само еден ден во годината. Во продолжение прочитајте ги најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае. Дури и денес, жените се соочуваат со разноразни предизвици и борби во личниот и професионалниот живот. Од родовата нееднаквост до ...

Дали некогаш сте посакале да привлечете нечие внимание, а тоа да не биде нападно? Еве на кој начин можете да го направите тоа! Најдете заеднички интерес и разговарајте со него за тоа Иако мажите не сакаат жените да бидат вклучени во сето она што тие го прават, добро би било доколку постојат заеднички интереси. Но, морате да бидете искрени и да не се преправате бидејќи кога-тогаш тие би го откриле спротивното. За почеток, доволна е некоја мала ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
75%
1035
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
81%
1038
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
89%
1038
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.96
55%
1037
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
91%
1037
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
6.26
78%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
61%
1028
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
56%
1031
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
67%
1037
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1038
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1033
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $