Лебот е незаменлив дел од исхраната на речиси секој човек. Сепак, не се сите видови леб исти и добро би било доколку сте внимателни при изборот. Експертите велат дека на возрасен човек дневно му се потребни две до четири кришки леб и дека тој може да биде дел од здравата исхрана, но само ако правилно го изберете. Еве кој леб е најздрав, а кој треба да го избегнувате според нутриционистот Сузи Барел. Леб од цело зрно Лебот направен од цели зрна ...

Луѓето со емпатија поседуваат исклучителна способност да ги чувствуваат емоциите и енергиите на луѓето околу нив. Сепак, оваа извонредна особина може да биде и товар, бидејќи може да им влијае на емоционалната, менталната и физичката благосостојба. Еве на кој начин емпатијата може негативно да ви влијае врз менталното здравје. 1. Се чувствувате емотивно исцрпени и преоптоварени Постојано сте изложени на низа емоции, а тоа може да има значителен ...

Жителите на Лисабон, Сан Франциско или Мелбурн знаат колкав шарм можат да му дадат на градот старите трамваи. Иако секој трамвај е посебен на свој начин, многумина ќе се согласат со тоа дека најневообичаениот се наоѓа во Маљорка, најголемиот остров во Шпанија и дел од архипелагот Балеарски Острови. Во градот Солер може да се прошетате со трамвај од морето до планината за половина час. Пуштен во употреба во 1913 година, трамвајот во Солер е ...

Дали ви здодеа постојано да слушате дека мажите подобро одлучуваат од жените? Па, една неодамнешна студија го докажала спротивното. Истражувањето, спроведено од тим научници од водечки универзитети ширум светот и во кое биле вклучени над 10.000 учесници, покажало дека жените ги надминуваат мажите во секое тестирано сценарио за донесување одлуки. Така е, правилно прочитавте – жените носат подобри одлуки од мажите. Притоа, истражувачите ...

Во продолжение прочитајте го хороскопот за оваа недела! Овен Вашиот социјален круг значително ќе се прошири. За време на викендот, важно е да бидете со личноста што навистина ја сакате. Од друга страна, обидете се да управувате со вашето време онака како што вие би сакале, а не како што очекуваат вашите најблиски. Бик Сегашната ситуација ќе помогне да се отстранат недоразбирањата и ќе го зацврсти вашиот авторитет. Прифатете ги добиените ...

Денес ви споделуваме рецепт за мали погачи кои се одлични за појадок или како слатка закуска со кафе или чај. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Измешајте го брашното со шеќер, прашок за пециво и сол. 2. Додадете ги шлагот и екстрактот од ванила. 3. Во смесата додадете парчиња чоколадо по желба. 4. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. 5. На набрашнета површина притиснете и израмнете ја секоја половина со дебелина од околу ...

Понекогаш, тарот картите можат да ви дадат одговори на важни прашања, но не се способни да ви го променат животот туку само ве предупредуваат на можни настани. Изберете ја картата што ве привлекува и прочитајте ја вашата порака за вашата блиска иднина! Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриeте каква енергија ширите. Извор: atma.hr Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ...

Овнот е огнен хороскопски знак, а луѓето родени во овој знак се честопати импулсивни, со силен темперамент. Астролозите сметаат дека тие се навистина непредвидливи, но и дека имаат одлични и неверојатни карактеристики поради кои е невозможно да не ги сакате. Во продолжение прочитајте за кои особини станува збор. 1. Искреност Иако вистината може да боли, а луѓето кои припаѓаат на овој хороскопски знак се секогаш директни, знајте дека со нив нема ...

Осличот и компирот се одличен гастрономски пар кои можете да ги комбинирате на разноразни начини. Денес ви предлагаме рецепт за крцкави крокети со компир и ослич. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Измијте ги компирите, изгмечете ги со виљушка и ставете ги во загреана рерна на 220 степени целзиусови околу 75 минути или додека термички не се обработат до крај. 2. Исечете ги компирите на половина, излупете ги и оставете ги настрана. 3. ...

Дали знаевте дека илјадници луѓе ширум светот страдаат од анксиозни нарушувања? Анксиозноста е природна реакција на нашето тело на стрес. Многу луѓе се чувствуваат вознемирени додека одат на интервју за работа, додека некои други може да доживеат анксиозност кога присуствуваат на некаков настан. Еве кои необични работи ги правите поради анксиозноста! 1. Секогаш ги замислувате најлошите исходи Кога имате анксиозност, имате тенденција да ...

Индиска компанија специјализирана за необични експедиции, Adventures Overland (Копнени авантури) го организира најдолгото патување со автобус во светот. Станува збор за 56-дневно патување за 30 патници кое започнува на 7 август годинава во Истанбул, а завршува на 1 октомври 2023 година во Лондон. Патувањето од 12.000 километри ги носи патниците низ 22 земји – од Истанбул преку Балканот и Источна Европа, Скандинавија и Западна Европа до главниот ...

Иако секое време од денот може да биде стресно, сепак експертите успеале да пресметаат кое е најстресно за повеќето луѓе. Истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во која учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите т.н. утрински стресови. Студијата исто така покажала дека има мала разлика во ...

Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Оние кои успеале да ја видат не можат да останат рамнодушни пред нејзината височина. Со своите 562 метри се чини дека оваа кула наречена Болова пирамида, извира од големото сино море и ги допира облаците. Речиси двојно поголема од Ајфеловата кула, се наоѓа на ...

Денешниот начин на живот понекогаш нè тера да мислиме дека не сме доволно добри како личности или неуспешни во она што го работиме. Но, еве кои знаци можат да ви укажат дека понекогаш сте подобри отколку што мислите дека сте. 1. Несигурни сте за повеќето работи. Постојаното прашување и преиспитување е знак на интелигенција, иако повеќето луѓе не го знаат ова. Знак на скромност е и кога мислите дека треба да се подобрите. Од друга страна, кога ...

Блитвата е корисно растение кое се одгледува поради неговите исклучително хранливи листови. Се подготвува слично како и спанаќот, на пр. сварена и измешана со компир и зачинета со масло. Во продолжение прочитајте за нејзините здравствени придобивки. Богата со витамини Блитвата е особено ефикасна за зајакнување на имунитетот, а е и совршен диуретик. Како и секој лиснат зеленчук, припаѓа на нискокалоричната храна. Се смета за идеална храна за ...

Понекогаш се случува да заборавите кои сте, од каде доаѓате и што можете да бидете, па затоа ви треба некаков потсетник. Дали го занемарувате повикот на вашата душа? За волја на вистината, вашата душа е вашата вистинска суштина, вашето вистинско постоење, а еве ги најважните работи кои вашата душа сака да ги запомните. 1. Вие сте токму таму каде што треба да бидете Вашата душа сака да запомните дека без разлика на околностите, местото каде што ...

Полната Месечина во Вага ќе биде на 5 април 2023 година. Вагата е хороскопски знак поврзан со нашите врски и со начинот на кој комуницираме со другите. Овој знак е исто така симбол на правдата, правичноста и потребите и благосостојбата на другите. За време на полна Месечина во Вага може да забележиме дека во центарот на нашето внимание ќе бидат нашите врски. Кои верувања нè поттикнуваат да станеме онакви личности какви што сакаме да бидеме? ...

После седум долги месеци, Марс престана да транзитира низ знакот Близнаци и влезе во знакот Рак каде ќе престојува до 20 мај. Во периодот што следува ќе бидеме под силно влијание на нашите емоции бидејќи тие ќе нè мотивираат да дејствуваме сега. Сè што сме закопале длабоко во себе сега ќе пронајде начин да излезе на површина. Вина, лутина, тага, нежност, чувство на припадност, љубов и сите преостанати емоции ќе сакаат да бидат ослободени, ...

Во кој аспект од животот сметате дека најмногу ви треба мудрост и водство? Изберете една од овие слики, а потоа прочитајте ја вашата порака. Овој тест ќе ви помогне да го смирите срцето и да продолжите напред со поголема самодоверба. Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каква ќе биде вашата иднина. Извор: atma.hr Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ? ...

Според астролозите, ова се трите најсреќни датуми во април: 4 април Бројот 4 во нумерологијата претставува комбинација од 4 елементи – земја, вода, оган и воздух. Обидете се да обратите внимание на сите итни работи, а на крајот од овој ден треба добро да се одморите. На овој ден можете да запознавате нови луѓе, но и да обратите внимание на пријателите и семејството. 14 април – Венера во квадрат со Сатурн Ова е прилично хармоничен аспект, но не ...

Ако сакате да се одвикнете од белиот шеќер, а не можете да се откажете од слатките, имаме здрава варијанта за вас – бомбици кои се вистинска протеинска бомба. Овие слатки се идеални за сите оние кои постат или се придржуваат до вегански начин на исхрана. Потребни состојки: Начин на подготовка: Во блендер ставете ги оризовите галети, бананата, урмите и путерот од кикирики. Мешајте додека состојките не се соединат во еднолична смеса. Од добиената ...

Позитивното размислување во денешно време е од суштинско значење за водење здрав живот. Еве неколку начини на кои можете да ги одржувате мислите позитивни. 1. Фокусирајте се на она што навистина го сакате Повеќето од нас се премногу ангажирани во исполнувањето на нашите општествени обврски што на крајот забораваме кои сме навистина. Нашите страсти се повлекуваат во нашата потсвест и никогаш не добиваме можност повторно да ги истакнеме. Има ...

Не секогаш животот е убав и совршен бидејќи одвреме-навреме наидувате на одредени пречки и предизвици. Меѓутоа, понекогаш вие самите правите одредени работи кои можат лесно да ви го уништат животот. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор. 1. Премногу се плашите од промени. Еден од најлесните начини на кој можете да си го уништите животот е да им се спротивставите на промените. Повеќето од нас ќе се држат до вообичаениот начин ...

Дали сте го пробале ирското кафе? Станува збор за кремаст напиток кој може да ви го зголеми нивото на енергија и е идеален за дружбите во текот на свежите вечерни часови. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја чашата за ирско кафе. Можете да го направите тоа со истурање топла вода во чашата додека ги подготвувате другите состојки или со загревање во микробранова печка 10 секунди. 2. На ...

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Меркур ќе ви донесе и добри вести и грижи за иднината. Грижете се за вашето здравје и обидете се да не бидете премногу импулсивни. Вашиот хороскопски знак е еден од најуспешните на финансиски план, но тоа не значи дека треба да трошите неочекувано и на непотребни работи. Бик Ќе ви треба помош во сите области од животот, затоа слободно консултирајте се со луѓе на кои им верувате. Почнува поволен ...

Тешко е максимално да уживате во убавото време кога очите ве чешаат, носот ви тече и постојано кивате или страдате од симптоми поврзани со алергии, познати и како алергиски ринитис. Покрај лековите за олеснување на симптомите, постојат одредени намирници кои не само што ќе го зајакнат вашиот имунитет туку и ќе ви помогнат да се ослободите од алергиите на природен начин. Кромид Кромидот е природен антихистамин (група на лекови која се користи за ...

Доколку сакате да појадувате нешто здраво и хранливо, а во исто време да одржувате витка линија и да не поминувате премногу време во кујната – имаме решение за вас. Овесните снегулки се полни со влакна и често се препорачуваат за губење на вишокот килограми, а кога ќе ги комбинирате со вистинските состојки, можете да добиете многу витамини и минерали. Во продолжение ви споделуваме рецепт за здрава овесна каша која е идеален избор за појадок. ...

Љубовта и приврзаноста се две сосема различни работи. Можеме да бидеме приврзани за нешто без да го сакаме и можеме да сакаме една личност без да бидеме приврзани за неа. Без разлика дали станува збор за љубовната врска или животот, воопшто, често се приврзуваме за одредени луѓе и работи кои водат до негативни исходи. Имаме тенденција да се приврзуваме за речиси сè, без разлика дали тоа се нашите перспективи, мислења, идеи, места, материјални ...

Меркур влезе во знакот Овен, па до 4 април ќе ни донесе енергија, одлучност и можност за акција. Меркур во Овен ќе им стави крај на лажењето и чекањето. Освен тоа, Меркур во Овен, не е најрационален, но е конкретен и директен – па кој греши, кој е во право, нему не му е важно! Се карактеризира со одлучувачки, непосреден и директен карактер. Нема „можеби“, туку само „да“ или „не“! Луѓето отворено ќе ви кажат што мислат и зошто, па ако ги сакате ...

Април е периодот кога насекаде околу нас се чувствува радост и позитивна енергија. Затоа е прекрасно да започнете нешто ново во април, да го завршите започнатото и да се фокусирате на позитивни промени и подобри работи. Не заборавајте дека можете да постигнете сè што сакате ако сте подготвени да работите напорно. Според астролозите, овој месец ќе биде пресвртница за овие хороскопски знаци: Овен Во април среќата пред се ќе ви се насмевне вам ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1035
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
76%
1036
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
87%
1037
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
86%
1035
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.88
65%
1036
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.89
90%
1036
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1028
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
75%
1030
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1035
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1036
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 3ᴼ
6.17
81%
1031
Currency

61.525

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $