Марк Карни утре ќе положи заклетва како следен канадски премиер, одбележувајќи го последниот ден на Џастин Трудо на власт по повеќе од девет години. Генералната гувернерка, Мери Сајмон, утре претпладне, во 11 часот, ќе ја води церемонијата на полагање заклетва на Карни и неговите министри, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет. Карни, поранешен банкар кој ја водеше Централната банка на Канада и Обединетото Кралство, во неделата беше ...

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки. Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината ...

Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина. Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се случи полека и постепено. Демократит, партија наклонета на бизнис ...

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии, посочи ...

Температурите во Турција за време на викендот ќе достигнат до 30 степени, а следната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Метеоролошката служба. Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот на викендот се очекува пустинска прашина да има и над главниот град Анкара, ...

Познатиот американски глумец Роберт Редфорд по шест години ѝ се врати на глумата, со помала улога во ТВ-серијата „Мрачни ветришпта“ (Dark Winds). Легендарниот актер е и извршен продуцент на проектот, заедно со Џорџ Р.Р. Мартин. Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик – навахо полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив. – Роберт и Џорџ се прекрасни човечки ...

Холандскиот Музеј „Ван Гог“, во соработка со Музејот на ликовни уметности во Бостон, САД, ги собира прочуените портрети на семејството Рулен во заедничка изложба, објави официјалната страница на културната установа. За околу од две години, меѓу Ван Гог и поштарот Жозеф Рулен, неговата сопруга Августина и нивните три деца во Арл, јужна Франција, се развиле посебни односи, коишто довеле до создавање на една од највпечатливите и најпознати колекции ...

Кинески научници развија нов наноматеријал, базиран на јаглерод, добиен од отпадна земјоделска биомаса, којшто може да поттикне пообемна и побрза фотосинтезата на растенијата и потенцијално да го поттикне растот на земјоделските култури, пренесува Синхуа. Истражувањето, објавено во списанието „Комјуникејшнс материјалс“ (Communications Materials), го спровеле експерти од Институтите за напредни технологии во Шенжен при Кинеската академија на ...

Европскиот парламент денеска усвои две резолуции со кои повика на зајакнување на одбраната на Европа и на давање безбедносни гаранции за Украина од страна на ЕУ. Со првата Резолуција, усвоена со 419 гласа „за“, 204 „против“ и 46 „воздржани“, европратениците ја повика ЕУ да дејствува итно за да ја гарантира сопствената безбедност, да ги зајакне односите со партнерите и истомислениците и да намали на одбранбената зависност од земји кои не се ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мировната дипломатија“. Ердоган на состанокот на неговата парламентарна група Партијата на правдата и развојот (АКП) рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и другите различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и ...

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Западот мора да ја признае неоспорната реалност, особено во моменти кога е на работ да ја изгуби стабилноста: една земја или сојуз може да биде дестабилизиран – или дури и поразен – без да се испука ниту еден куршум. Историјата ова го докажала безброј пати. Сега, со Трамп на кормилото во Овалната соба, Кремљ изгледа како да добива предност – додека неговиот брод плови без насока, со изгубен компас. Ова тврдење често му се ...

По 14 години незаборавни моменти на брегот на Дојранското Езеро, Музичкиот фестивал „Д Фестивал“ ја менува својата локација. Организаторите во објава на Фејсбук најавија дека јубилејното 15-то издание ова лето ќе се одржи во Штип, под Исарот, во периодот од 4 до 6 јули. Со емотивна порака, тимот на Д Фестивал изрази голема благодарност до Дојран и дојранчани за долгогодишната поддршка, гостопримството и заеднички создадените спомени. Фестивалот, ...

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“. -На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има ...

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ги коментира мерките што ги изрече кривичниот Суд против осомничените за увоз на мазут со сомнителен квалитет, потсетувајќи на степенот на доверба во судството. Во изјава за медиумите дадена денеска во Ресен, Мицкоски рече дека треба да се почека да заврши истрагата за да може да ги коментира сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. – За мене се алармантни информациите што ги добивам, ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека разговорите меѓу американската и украинската делегација во Џеда се важен чекор во потрагата по траен мир и безбедност. „Резултатите од украинско-американските преговори би можеле да бидат важна пресвртница во напорите на Украина за траен мир и безбедност. Германија, заедно со нашите партнери, ќе го поддржат украинскиот народ на овој пат, напиша таа на социјалната мрежа „Икс“, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Европејците ќе мора да бидат вклучени во потенцијалниот договор со Украина. Неговата изјава уследи еден ден по неговите разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија. Според него во кои било идни преговори Русите ќе го постават прашањето за европските санкции кон Москва. – Значи, мислам дека е очигледно дека ако има мир во Украина, на крајот од тој процес, Европејците ќе ...

Од денес почнува пријавувањето за професионални војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на касарната во Кичево. Утре ќе биде објавен и оглас за прием на офицери, односно лица со завршено високо образование. – Она што го најави премиерот пред неколку дена денеска сакам да споделам со вас дека е објавен конкурсот и сите млади што сакаат да бидат дел од МО, односно Армијата, да се пријават. Исто така следува ...

– Добро е што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски. Тоа го поздрауваме. Сега очекуваме овој скандал, оваа финансиска афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност, истакна на прес конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „Фактите се ...

Најновиот вселенски телескоп на НАСА, SPHEREx – дизајниран да ги бара клучните состојки за животот на Млечниот Пат, и мисијата фокусирана на сонцето наречена PUNCH се на пат кон вселената, објави НАСА. Двете мисии тргнаа заедно со ракетата Фалкон 9 на SpaceX која полета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија. Лансирањето доаѓа откако проблемите со временските услови и интеграцијата – кои се појавија кога инженерите ги прикачија двете ...

Тулси Габард, директорот за национално разузнавање на САД, на 12 март потврди дека САД продолжиле да споделуваат разузнавачки информации со Украина според насоките на претседателот Доналд Трамп. Како што пренесува Кијив индипендент, овој потег уследи по американско-украинските разговори во Џеда на 11 март, за време на кои двете страни прелиминарно се договорија за 30-дневен прекин на огнот, а Вашингтон ја продолжи воената и разузнавачката помош ...

Украина сакаше да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп и на нејзините европски партнери дека е сериозена за завршување на војната, рече претседателот Володимир Зеленски денеска за тоа зошто Кијив се согласи со предлогот за привремено примирје на Вашингтон, пренесува Кијив Индипендент. Додека Украина првично предложи делумен прекин на огнот што ќе се прошири само на воздушните и поморските операции, американските делегати ...

При често будење во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3 часот наутро, време е да се посети лекар, бидејќи тоа може да биде знак за основни здравствени проблеми, смета д-р Ерик Берг од САД. – Како повторно да заспиете ако поради некоја причина се разбудите меѓу 2 и 3 ч. наутро сред ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот, вели докторот. Лекарот, всушност, објасни дека ...

Рускиот ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура низ Украина не запира и покрај вчерашните американско – украински мировни разговори, во кои Кијив прифати 30 дневно примирје. Во руските напади во текот на изминатиот ден низ Украина загинаа најмалку 14 цивили, а повредени се најмалку 33 , објавија регионалните власти на 12 март. Како што пренесува Кијив индипендент, меѓу жртвите има деца и сириски членови на екипажот на трговскиот ...

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека главен аргумент посочен за интерпелациите на членовите на Судскиот совет е недовербата, односно малата доверба од 2 или 3 проценти во правосудството. „И ние потврдуваме дека навистина довербата во правосудството е многу ниска и сите се согласуваме дека се потребни реформи. Меѓутоа потребни се суштински, коренити, темелни реформи, реформи онака ...

– Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, соопштуваат од СДСМ. „Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој ...

Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го деградираа политичкиот и економскиот систем гарантиран со Уставот. ...

Оскар Пјастри го продолжи договорот со Мекларен. Претходниот договор беше со важност до крајот на 2026 година. Новиот договор е пресметан најмалку до крајот на 2028 година. Тандемот Оскар Пјастри и Ландо Норис ќе остане заедно најмалку уште три години. Сегашниот договор на Норис со Мекларен е до крајот на 2027 година. Според условите на новиот договор, платата на Пјастри во Мекларен се зголеми на 25 милиони долари годишно, објави „Дејли мејл“. ...

„Уставните измени не можеме да ги наречеме пречки, затоа што тие се едноствената реална можност за откопување од ова место каде што не закопа ВМРО ДПМНЕ – одбивајќи да ги преземе неопходните чекори“, вели во изјава за Фронтлајн, потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, додавајќи дека: Власта е таа која го попречува нашиот асоцијативен статус во ЕУ, а не уставните измени. – Македонија е закопана во место. И не е помрдната ни еден чекор напред во ...

Во Филхармонија вечер концерт ќе одржи шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон. Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, а неговиот последен сингл е „Finally“, балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс. -Шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон, почнува да компонира како тинејџер, но дури во август 1996 година го објавува деби албумот „Whiskey“. Албум снимен во студиото Break My Heart во Стокхолмскиот Архипелаг. Брзиот успех на албумот, окарактеризиран со ...

Видео-перформанс и изложба насловена „Кога ги следевме сенките”, ќе се одржи в четврток, 13 март 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во Францускиот институт во Скопје. Авторка на изложбата е Наташа Неделкова, а куратор на истата е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со перформанс и разговор за креативниот процес. Оваа изложба претставува уникатна можност да се запознаете со делата на уметницата Неделкова, докторантка во Париз, која ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
1023
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
68%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1011
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.59
84%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1019
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
74%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
83%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65