Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го ...

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата. ...

Регионален саем на музички вљубеници во винилот (носач на звук) се одржа денеска во Паркот на револуцијата во Кочани, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот. На оваа музичко-културна манифестација, петта по ред, учествуваа излагачи на винили од градови од Србија, Црна Гора, Грција и Македонија со „плочи“ од шеесетите, седумдесетите, осумдесетите… – Успеавме да направиме една мала традиција во Кочани, преубав ...

Годинашното 14. издание на „Струмица опен фестивал“ почнува утре и ќе трае до 13 август, а почетокот ќе биде означен со настап на КУД „Фолклорна низа“ во рамки на програмата „Мозаик од емоции“. Ова беше соопштено на денешната прес конференција на која беше претставена програмата која и ова лето ќе ја исполни Струмица со музика, уметност и култура за сите генерации. Основач и организатор на фестивалот е Здружението „Културен забавен Живот – КЗЖ“, ...

На 15 јули Украина го одбележува Денот на украинската државност, кој се совпаѓа со Денот на крштевањето на Рус-Украина (Кијивска Рус) и денот на оддавање почит на истакнатиот државотворец, кијивскиот кнез Володимир Велики. Прифаќањето на христијанството од страна на кнезот на Кијив Володимир во 988 година претставува цивилизациски избор за Украина. Христијанството придонесе за подемот на културата и образованието, како и за развојот на ...

Во деновите откако администрацијата на Трамп објави меморандум за Џефри Епстајн, кој е во директна спротивност со теориите на заговор промовирани од претседателот и некои од неговите највисоки соработници, движењето на Трамп и неговите најжестоки поддржувачи се во бунт. Министерството за правда и ФБИ минатата недела објавија меморандум во кој заклучија дека нема докази дека Епстајн имал листа на моќни луѓе кои учествувале во неговиот наводен ...

Се надевам дека шефовите на дипломатиите на земјите членки на денешниот состанок ќе постигнат политичкиот договор за 18-тиот пакет санкции кон Русија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ) во Брисел. – Многу сме блиску до тоа и се надевам дека ќе се случи денеска или утре и дека ќе го усвоиме 18-тиот пакет санкции, рече ...

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон со кој учениците од верските училишта (јешива) би се изземале од задолжителна воена служба. Шест од преостанатите седум членови на УТЈ (UTJ), која ги обединува фракциите Дегел ХаТора и Агудат Јисраел, поднесоа оставки, додека ...

Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денеска, во Скопје, организира конференција на тема „Финансиска отчетност на изборите“. Како што соопштија од ДЗР, поздравни обраќања на форумот ќе имаат Максим Ацевски, главен државен ревизор при Државниот завод за ревизија, амбасадорот ...

Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Советот ќе започне со разговор на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со нивниот украински колега Андриј Сибиха преку видео конференциска врска, ...

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, вчера изјави дека Исламската Република не верува во актуелниот прекин на огнот со Израел и веќе подготви неколку воени сценарија во случај на обновување на непријателствата, пишува Иран Интернешнл. -Исламската Република не верува во прекин на огнот, рече Насирзаде во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер, пренесува државната агенција ИРНА. „Затоа предвидовме различни ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц. -Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц. ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја оцени ситуацијата во Појасот Газа како „ужасна“, нагласувајќи дека нивото на смртност и уништување во таа област „нема паралела во модерната историја“. На прес-конференција во седиштето на ОН, Гутереш изрази длабока загриженост поради најновиот напад, во кој, според извештаите, загинаа голем број цивилни жртви, вклучувајќи деца, додека се обидуваа да побараат помош. -Насилството го ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивен телефонски разговор за Би-Би-Си изјави дека е разочаран, но се уште не „завршил“ со Владимир Путин. На прашањето дали му верува на рускиот претседател, Трамп одговори: „Не му верувам на речиси никого“. До разговорот за британскиот јавен сервис дојде само неколку часа откако американскиот претседател ја објави најавената „важна вест“ за испорака на оружје во Украина и се закани со строги ...

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид била во застој, а во текот на изминатите осум месеци со работа во три смени работите се откочиле и се движат со засилено темпо, вели премиерот Мицкоски, кој очекува тој целосно да биде завршен кон крајот на 2026 или првиот квартал на 2027 година. Дотогаш, нагласува, треба да се решат и проблематичните точки, косини и свлечишта. -Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот, што е дел од Коридорот 8, ...

Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Трубарево и од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради промена на воздушен вентил и затварач од ф 80мм на ул: 30, бр: 20 во село Трубарево, без вода ќе останат корисниците од село Трубарево. Без вода поради реконструкција на водоводна мрежа од 5/4 на ул:„Гемиџиска“ бр: 33 ќе останат и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе дистрибуираат воена опрема вредна милијарди долари во Украина. На заедничката прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп потврди договор со членките на НАТО, главно од Европа, за испорака на „висококвалитетно“ оружје за помош на Украина, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“, за кои рече дека ќе бидат испратени во земјата „во рок од неколку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Русија со нови, високи царини ако не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена. Зборувајќи во Белата куќа заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва. -Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни секундарни царини – околу 100 проценти, рече Трамп. Трамп посочи дека САД ќе произведуваат и ...

Без вода утре од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Трубарево и од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради промена на воздушен вентил и затварач од ф 80мм на ул: 30, бр 20 во село Трубарево, без вода ќе останат корисниците од село Трубарево. Без вода утре поради реконструкција на водоводна мрежа од 5/4 на ул:„Гемиџиска“ бр 33 ќе останат и ...

Илон Маск изјави дека не го поддржува спојувањето на неговата компанија за вештачка интелигенција xAI со производителот на електрични возила Тесла(Tesla), додека се зголемуваат прашањата за идниот однос на двете компании. На социјалната мрежа X, сметката @BullStreetBets_ им постави на инвеститорите во Тесла отворено прашање дали го поддржуваат спојувањето помеѓу Tesla и xAI. На што Маск одговори: „Не“. Објавата доаѓа во време кога технолошкиот ...

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија, а поврзани со странски влијанија и дезинформациски кампањи. На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Кралството Данска, Н.Е. Перниле Деилер Кардел, ...

Пишува: ДАНИЕЛ ГРОС / Project Syndicate Во 1999 година, кога беше воведено еврото, недостатокот на флексибилност на пазарот на труд во Европа се очекуваше да ја отежни реакцијата на шоковите. Овој страв беше оправдан по глобалната финансиска криза една деценија подоцна, кога бумот на недвижности пропадна, што доведе до тешкотии со јавниот долг и продолжени падови во еврозоната. Соединетите Американски Држави, за разлика од тоа, се опоравија од ...

Израелската армија денеска соопшти дека погодила „неколку тенкови“ во јужна Сирија каде што имало судири меѓу сунитските бедуински племиња и борците од малцинството Друзи, при што загинале 50 лица. Според Сириската опсерваторија за човекови права, Израел ги гаѓал тенковите на сириската армија, чии членови се борат на страната на бедуините. Израел претходно се закани дека ќе интервенира во Сирија за да го одбрани религиозното малцинство Друзи, ...

Утрово во Кијив пристигна претставникот на Трамп за Украина, Кит Келог, на разговори за безбедноста и санкциите против Русија, пренесе Гардијан. Шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, веќе сигнализираше дека нешто се случува во текот на викендот, објавувајќи во неделата емоџи слика со странично око што сугерира дека доаѓа објава. Откако Трамп ги потврди своите намери да испрати повеќе ракети „Патриот“ во Украина, ...

Иран денеска соопшти дека не ја отфрла можноста за средба со САД за разгледување на иранската нуклеарна програма, но додаде дека сè уште не е утврден датум за таков состанок. – Засега не е утврден датум, време или место за средба, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, одговарајќи на новинарско прашање за евентуален состанок меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот американски ...

Власта нема слух за основните проблеми на граѓаните, ниту демократски капацитет да ги сослуша забелешките, да ги разгледа внимателно предлозите и врз основа на тоа да донесе одлуки во интерес на граѓаните, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прeс-конференција, откако пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, не ги поддржаа двата амандмани што ги поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска одржал работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Северна Македонија, Аким Али и координаторката на процесот, Симона Атанасова. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата била претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година. Од ...

Универзитетите се лесна цел за десничарските популисти. Анкетите покажуваат дека многу Американци ги сметаат за премногу либерални, премногу скапи и премногу елитистички, и тоа не е сосема без причина. Но, борбата меѓу администрацијата на Трамп и Харвард е нешто повеќе: таа стана тест за способноста на претседателот да ја наметне својата политичка агенда на сите 2.600 универзитети во САД. Студентите, професорите и научниците го чувствуваат ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во видео објава што ја пренесе на Фејсбук премиерот, се возат на автопатската делница што го поврзува Врбјани со Охрид, дел од автопат Кичево – Охрид што беше пуштен викендов. – Аце, вака како што се возиме одлично изгледа ова, вели Мицкоски „Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
68%
1012
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1008
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
77%
1008
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
63%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
95%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.6
74%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
63%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
77%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
0.89
61%
1006
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641