
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за воведување на еден од најстрогите, 18-ти по ред, пакет санкции кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел. – Морам да кажам дека бевме навистина близу да ја увериме Словачка дека Комисијата го ...
Преговорите за зголемување на минималната плата во Србија за следната година ќе почнат кон крајот на август или почетокот на септември, објави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали. „Со тоа зголемување, минималната плата од 1 јануари 2026 година би изнесувала 550 евра“, изјави Мали по состанокот на Социјално-економскиот совет, каде што беше одлучено минималната плата од 1 октомври оваа година да биде вонредно зголемена за 9,4 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за реалноста со која се соочуваат граѓаните под власта на ВМРО-ДПМНЕ и за штетните политики кои директно го влошуваат животот на сите. „Граѓаните чувствуваат како живеат во изминатата година дена, полошо од тоа што беше претходно. Намалена е куповната моќ, инфлацијата е зголемена, нема раст на платите, пензискиот систем е доведен во ризик и тоа според официјални ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква ...
Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп стана небезбеден град, прилепчани не се безбедни во своите маала, улици, дворови. Целата јавност е потресена од трагедијата што викендов се случи во Прилеп. Случај што го открива дното до кое е доведена безбедносната состојба во градот. Овој монструозен чин ја потврдува суровата реалност: Прилеп е во сериозна безбедносна криза! Граѓаните живеат во страв, а државата, институциите и полицијата во Прилеп се парализирани, ...
Екипаж од четворица астронаути, од Индија, Унгарија и Полска, предводени од ветеранката на НАСА, Американката Пеги Витсон, ја напуштија Меѓународната вселенска станица вчера наутро и го почнаа своето враќање и пристигнување на Земјата, што се очекува денеска, соопшти компанијата „Аксиом Спејс“ со седиште во американската сојузна држава Тексас. Капсулата „Кру драгон“, управувана од „Спејс-Икс“, се одвои од МВС додека Станицата беше 418 километри ...
Со помош на напредни voice-cloning техники, тимот на Tytl успеа да го реконструира автентичниот глас на легендарната радио и телевизиска водителка Бранка Станковска. Вештачката реконструкција е создадена врз основа на специјален аудио-датасет креиран за време на развојот на платформата, a резултатот е дигитална гласовна реплика што ја задржува препознатливата дикција, боја и емоционален израз на водителката. Најголемиот предизвик, како што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ѝ се закани на Русија со високи тарифи и најави обновен канал за американско оружје што ќе стигне до Украина, заострувајќи го својот став кон Москва по месеци фрустрација поради неуспешните преговори за завршување на војната, пишува Асошиетед прес. Најновите чекори одразуваат еволутивен пристап од републиканскиот претседател, кој вети брзо решавање на војната што ја започна рускиот претседател ...
Иранските групи за човекови права ги повикуваат европратениците и европските влади да го ескалираат прашањето за малтретирањето на политичките затвореници од страна на Техеран, тврдејќи дека репресијата врз внатрешните неистомисленици мора да биде на дневен ред во сите разговори за идните односи меѓу Европа и Иран, пишува Гардијан. Се чини дека иранското министерство за надворешни работи не брза да организира понатамошни разговори со западот без ...
По повод денот на Украинската државност, украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата со видео порака. Обраќањето на Зеленски ви го пренесуваме во целост: „Почитувани Украинци! На 15 јули, одбележуваме важен ден. Денот на нашата Државност. Денот на крштавањето на Кијивска Рус-Украина. Овој ден е за поврзување. За секоја фаза од нашата државност и за врската што обединува десетици генерации: оние кои жевееле на оваа земја ...
Известувачката на ОН Франческа Албанезе, која минатата недела САД ја санкционира, вети дека нема да биде замолчена, поздравувајќи ја конференцијата на 30 земји насочена кон прекинување на израелската окупација на Палестина како „најзначајниот политички развој во последните 20 месеци“, објави Гардијан. Франческа Албанезе ќе каже дека дводневниот собир во Богота, Колумбија, кој започнува во вторник и на кој учествуваат Кина, Шпанија и Катар, доаѓа ...
Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа – благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци. Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја назначи Јулија Свириденко за нова премиерка на Украина, додека долгогодишниот актуелен министер Денис Шмихал го премести на функцијата министер за одбрана. Тоа ја зголемува веројатноста Рустем Умеров – сегашниот министер за одбрана – да стане украински амбасадор во Вашингтон, пишува Гардијан. Зеленски рече дека сака Свириденко (39), економист, да ја води владата и „значително да ја обнови нејзината ...
Доналд Трамп го праша Володимир Зеленски дали Украина е способна да ја нападне Москва, бидејќи тој охрабруваше повеќе напади со долг дострел во Русија. Американскиот претседател му рекол на својот украински колега дека сака Украина „да ги натера [Русите] да ја почувствуваат болката“ и да го принуди Путин на преговарачка маса, изјавија извори за Фајненшл тајмс, пренесува Телеграф. „Володимир, можеш ли да ја погодиш Москва?… Можеш ли да го погодиш ...
Ставен е под контрола пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна попладнево, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и од Територијалната противпожарна единица Куманово. Во моментов пожарот е локализиран, но е префрлен на левата страна кај каменоломот. – Годинава првпат има опожарување на депонијата. Сите индиции покажуваат дека најверојатно станува збор за самозапалување во долниот дел. Со оглед на сметот кој ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска на средба со министерот за јавна адмиистрација Горан Минчев го поздравил усвојувањето на реформските закони за администрација како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Изразил поддршка и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување. Прес-службата на ...
И покрај тоа што вината се префрла надвор, политиките и реториката на Владата предводена од Мицкоски ја оддалечуваат земјата од Европската Унија, оценуваат домашни и странски политичари „Македонија сама си го блокира патот кон Европската Унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство,“ изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој од Загреб порача дека Бугарија не поставува нови услови, туку бара почитување на веќе договореното. ...
Кина вети дека ќе ја зајакне својата поддршка за Русија откако Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за трговските партнери на Москва, пишува Телеграф. Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека двете земји треба „да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми“ по средбата со рускиот министер за надворешни работи во Пекинг. Американскиот претседател во понеделник се закани дека ќе ги погоди главните трговски партнери на ...
Англискиот репрезентативец и поранешен капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, потпиша двегодишен договор со Брентфорд, објави денеска премиерлигашот. Триесет и петгодишниот Хендерсон се врати во Премиерлигата откако го раскина договорот со Ајакс, а ќе го засили средниот ред на Брентфорд по заминувањето на Кристијан Норгард во Арсенал. „Пресреќен сум што сум тука. Сакам да им помогнам на помладите момчиња, но, сепак, имам што да понудам на ...
Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ Човек соочен со бесмисла, со лудило патетично, но не се предава некако: се обидува да рационализира, да направи концепт, да објасни (или да се утеши) да му даде смисла на социјалниот контекст кој се урива во назадување, а нацијата плива во опијати на пропаганда и манипулација. Владејачкото политичко лидерство и сериозното мнозинство кое го гласало официјално прокламира реакционерна политичка операција на враќање на ...
Римац Невера Р ја презеде круната како нов крал на перформансите, соборувајќи 24 светски рекорди во една сесија. Продолжувајќи го успехот на оригиналната Невера, која ги освои насловните страници во 2023 година со 23 рекорди, Невера Р сега оди уште побрзо и подалеку. Тестирана на патеката за тестирање автомобили Папенбург во Германија и верифицирана од Девесофт, Невера Р достигна 400 км/ч и повторно целосно застана за само 25,79 секунди, ...
Американското Министерство за одбрана почнува да го користи Грок (Grok), чет-ботот за вештачка интелигенција развиен од компанијата xAI, на Илон Маск. Во објава на социјалната мрежа X на Маск, xAI го претстави Грок за владата (Grok for Government), пакет производи што ги прави своите најнапредни модели на вештачка интелигенција достапни за американската Влада. Овој потег претставува значаен чекор напред за амбициите на Маск во областа на ...
Македонскиот боксер Арабел Рустемовски го освои бронзениот медал на Европското јуниорско првенство кое се одржува во српскиот град Нови Пазар. Рустемовски се закити со одличје во категоријата до 52 килограми, извојувајќи две победи над Русинот Денис Мисиук и Србинот Теодор Јосијевиќ, и во двете борби убедливо со 5-0. Во борбата за влез во финалето, членот на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија со резултат ...
Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ „Маркет Вижн“ фатени со спуштени гаќи. Ацо Вижн им ја откри ујдурмата. Благодарение на свои извори. Еве за што се работи… На прашањето: „Дали го поддржувате партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти?“ Резултатите од анкетата биле поразителни за ‘планот на ВМРО’: 29,1% … Не го подржувам! 22,3% … Делумно го подржувам! 18,9% … Целосно го подржувам! 16.0% … Не сум ...
„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме“, порача претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, на „Сими Симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција, пренесува „Солуција“. „Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога ...
Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на САД, додека во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави. Предупредување за поплави беше на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат подруми и ниски подрачја, пишува Индепендент. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Премиерот Христијан Мицкоски вози со „пета и шеста“ брзина во изградба на инфраструктурата. Ја „откочил заглавената кола“ како што вели, од претходните влади и сега преку ноќ никнуваат километри автостради и брзи пруги, гасоводи, мостови и тунели, вијадукти. Се поместуваат планини и долини. Сѐ она што се проектирало пред децении и се гради повеќе од 10 години, сега свечено со голем чалам му го дава на употреба на „неговиот“ ...
Четири македонски пингпонгари и пингпонгарки ќе учествуваат на Европското првенство во Острава, Чешка. Македонија ќе ја претставуваат: Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија М15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија М19. Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во конкуренција на двојки и во мешани двојки и настапот им започнува на 16.јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува велшки ТНС во реванш натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). Пред една недела на гостински терен, Шкендија одигра без голови во натпревар во кој двете екипи не реализираа неколку идеални шанси за гол. Победникот од вечерашниот дуел за противник во 2. Квалификациско коло ќе го има поуспешниот од ...
Шпанскиот фудбалер Алваро Карерас е нов член на Реал Мадрид, објави синоќа Кралскиот клуб. Карерас потпиша шестгодишен договор и се пресели во Реал од португалска Бенфика која ќе добие обесштетување од 50 милиони евра. Дваесетидвегодишниот Карерас се враќа во редовите на Реал, за кој играше во јуниорските селекции пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Откако не се истакна во клубот од „Олд Трафорд“ дефанзивецот Карерас ја продолжи кариерата ...