Нацрт-измените на Законот за медиуми со кои интернет-порталите треба да бидат препознаени како медиуми е во последна фаза на усогласување со генералниот секретаријат на Владата и најверојатно денеска ќе се најдат на владина седница, најавува минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Андоновски синоќа во телевизиско гостување потсети дека Нацртот-измените биле објавени на системот ЕНЕР, имало различни коментари и оти актуелната ...

Прес-службата на Манчестер јунајтед ги објави плановите за изградба на нов стадион. На официјалната веб-страница на клубот е наведено дека арената ќе прими 100 илјади навивачи. – Нашата долгорочна цел како клуб е да го имаме најдобриот фудбалски тим во светот кој ќе игра на најдобриот стадион во светот. Благодарни сме за работата што ја презеде работната група за регенерација на „Олд Трафорд“. Внимателно ги разгледавме неговите наоди, како и ...

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне, соопшти УХМР. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота ...

Русија во вторникот соопшти дека нејзините војници зазеле над 100 квадратни километри територија и 12 населени места во нејзиниот регион Курск, како дел од офанзивата за принудување на украинската армија да се повлече од западна Русија, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа. „Единиците на групата сили Север ослободија 12 населени места за време на офанзивата… и повеќе од 100 квадратни километри од територијата на областа Курск“, соопшти руското ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во кампот Бутмир во близина на Сараево изјави дека ЕУФОР е целосно подготвен да одржува безбедна и стабилна средина во Босна и Херцеговина (БиХ). Руте денеска се сретна со командантот на ЕУФОР генерал-мајор Флорин-Маријан Барбу, кој изјави дека постои тесна соработка на теренот меѓу ЕУФОР и НАТО. Во наредните денови, како што претходно беше најавено, се очекува пристигнување на 400 нови војници на ...

Реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет. На презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, Рокас напомена дека носителите на политики треба да ги сметаат фискалните совети како клучна цел во процесот на донесување на јавните ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на Генералштабот на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност. Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО. По денешниот состанок, во среда, францускиот министер за ...

Највисокиот американски дипломат изјави дека гледа ветување во предлогот на Украина за делумен прекин на огнот за ставање крај на војната со Русија, пред разговорите во Саудиска Арабија меѓу американските и украинските претставници подоцна во вторник, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. „Не велам дека само тоа е доволно, но тоа е вид на отстапка што треба да ја видите за да се стави крај на конфликтот“, рече американскиот државен секретар ...

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте е уапсен по меѓународна потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд, јави ДПА. Наредбата е издадена поради наводните злосторства против човештвото извршени за време на акции по заповед на Дутерте против шверцерите на дрога, објави Филипинското претседателство. Утринава канцеларијата на Интерпол во Манила добила копија од налогот за апсење издаден од МКС и Дутерте бил уапсен додека излегувал ...

Европската Унија денеска во Стразбур ќе организира комеморација по повод Европскиот денот на сеќавање на жртвите на тероризмот. Домаќини на комеморацијата ќе бидат претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, францускиот претседател Емануел Макрон, еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Магнус Брунер и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет. Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот се одбележува ...

Украинска делегација е на лице место во Џеда и се подготвува за клучни разговори со американски официјални претставници за тоа како да се стави крај на руската војна против Украина на 11 март, објави шефот на претседателската канцеларија Андриј Јермак, пренесува Кијив индипендент. „Заштита на украинските интереси, јасна визија како да се стави крај на војната; ќе работиме ефикасно со нашите американски партнери“, напиша Јермак на Телеграм. ...

Доналд Трамп денеска изјави дека ќе купи нов автомобил Тесла како знак на поддршка за сопственикот и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести против Тесла и падот на цената на акциите на компанијата. -Утре наутро ќе купам сосема нова Тесла како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец, напиша Трамп на платформата „Truth Social“. Улогата на Маск во федералните отпуштања иницирани од Трамп ...

Граѓаните можат електронски да аплицираат и да ги добијат шесте најкористени услуги на Агенцијата за катастар, меѓу кои и вадење имотен лист на веб порталот uslugi.gov.mk како резултат на соработката на Агенцијата со Министерството за дигитална трансформација, вели министерот за дигиотална трансформација Стефан Андоновски. -Најкористените шест услуги од Агенцијата за катастар со добра соработка помеѓу двете институции, се веќе достапни на ...

СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство. Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот, истакнуваат од СДСМ. „Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова. И наместо да поднесе оставка тој ...

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека насилството во Србија никогаш нема да победи и ги повика студентите кои се во блокада да не користат насилство и да не се обидуваат да ги заземат институциите бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и посакуваат добро на Србија. Таа упати апел до студентите преку социјалната мрежа Х да се придржуваат до студентскиот едикт од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат ...

Сосопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, се осврна на критиките за работата на управата на клубот кој неколку години се наоѓа во резултатска криза – Знам дека ова е непријатно време низ кое поминуваат нашите навивачи, а некои од одлуките што треба да ги донесеме се непријатни. Но, тие се потребни за да се врати стабилноста на Манчестер јунајтед. Ако луѓето сакаат Манчестер јунајтед повторно да освојува трофеи, тогаш ние мора да го ...

Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“. Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“. -Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. ...

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која е во официјална посета на Азербејџан претпладнево беше пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзиниот домаќин Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“ во Баку. Во тек е тет-а-тет средба на Сиљановска Давкова и Алијев по што следува следува пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и минисетрот за надворешни работи и надворешна трговија, ...

Украина го изврши својот најголем напад со беспилотни летала врз руската престолнина во вторникот со најмалку 91 беспилотно летало насочено кон Москва, при што загина најмалку едно лице, и предизвикаа пожари, затворање аеродроми и принудија десетици летови да се пренасочат, соопштија руските власти, објави Ројтерс. Вкупно 337 украински беспилотни летала биле соборени над Русија, од кои 91 над московскиот регион и 126 над регионот Курск, каде што ...

Популарната социјална мрежа X (претходно Твитер) повторно се соочува со големи проблеми, трет пат во текот на денов, додека корисниците пријавуваат потешкотии со најавување и вчитување на платформата. Според „Downdetector“, повеќе од 40.000 корисници пријавиле проблеми за време на втората блокада, наведувајќи дека веб-страницата на Икс не можела воопшто да се вчита. Сега, извештаите за нови проблеми повторно се зголемуваат. Првиот пад на ...

Рејтингот на Трамп продолжува да паѓа, и покрај некои позитивни коментари за неговиот говор во Конгресот минатата недела. Последната анкета на Дејли Мејл за рејтингот на Трамп покажа намалување за 5% во споредба со претходната анкета и неговиот рејтинг сега е под 50%. Уште попоразително е што падот е најистакнат меѓу младите. Кај гласачите од 18 до 29 години, рејтингот на Трамп сега е намален за 18%. Анкетата покажа дека Американците се ...

Доналд Трамп се осврна на астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс, кои во мигов се заглавени на Меѓународната вселенска станица (МВС). Престедателот на САД, притоа, пред новинарите, според многумина доста бесчувствително, на шега изјави дека астронаутите може и да се вљубат поради сѐ тоа. – Тие беа оставени таму горе. Се надевам дека тоа ќе им се допадне… Можеби дури и „ќе се засакаат“, не знам, рече Трамп. Инаку, и Вилмор и Вилијамс се во брак ...

– Со неверување ја примивме скандалозната изјава на министерот Стефан Андоновски. Toj ги призна и ги потврди информациите на СДСМ а со тоа и скандалот: тендерите во неговото министерстви ги има добиено сопругот на Државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова, реагираат од СДСМ на одговорот од Андоновски. „СДСМ ги објави и двата договори од добиените тендери, потпишани лично од Андоновски. Првиот договор за набавка на ...

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. – Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши ...

Унгарија никогаш не била толку блиску до напуштање на Европската Унија и приклучување кон руската сфера на влијание, изјави денеска европратеничката Клара Добрев од опозициската Демократска коалиција, цитирана од унгарската агенција МТИ. На прес-конференција одржана онлајн, Добрев го коментираше неодамнешниот предлог на лидерот на парламентарната група на владејачката партија ФИДЕС, Мате Кочиш, за измена на уставот што би овозможила протерување ...

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. -Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. Ние уште не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат одредени филтри за сите ...

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Март. Буча. Во првите денови од април 2022 година, светот дозна за воените злосторства на Русија во Буча, Ирпин, Мариупол, Гостомел, извршени од руските воени сили во февруари и март 2022 година. Фактите за ѕверствата извршени од вооружените сили на Руската Федерација – бројни убиства, киднапирања, незаконско затворање на луѓе, нивно мачење, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и Илон Маск се судрија со полскиот министер за надворешни работи околу користењето на сателитски интернет систем Старлинк во Украина, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Маск на Х објави дека „целата линија на фронтот“ на Украина ќе пропадне ако го исклучи системот. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, одговори, велејќи дека неговата земја платила за користење во Украина и дека ...

Американските имиграциски агенти уапсија палестински дипломиран студент кој одигра значајна улога во пропалестинските протести на Универзитетот Колумбија во Њујорк, како дел од ветената акција на американскиот претседател Доналд Трамп против некои антиизраелски активисти, објави Ројтерс. Махмуд Калил, студент на Факултетот за меѓународни и јавни односи на универзитетот, бил уапсен од агенти на американското Министерство за домашна безбедност во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
1023
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
68%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1011
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.59
84%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1019
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
74%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
83%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65