Украина остро ги демантира руските тврдења дека нејзини сили извршиле напад со дронови врз една од резиденциите на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи ги како целосна измислица насочена кон поткопување на мировните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва свесно пласира лажни информации за да оправда нови напади врз украински градови и да создаде изговор за заострување на својата преговарачка ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека тврдењето на Русија дека Украина неодамна ги таргетирала клучните владини објекти во Русија е намерно одвлекување на вниманието. „Москва има за цел да спречи вистински напредок на Украина и нејзините западни партнери кон мирот“, рече Калас во објава на социјалната мрежа „Икс“. Според неа, „никој не треба да ги прифаќа неоснованите тврдења на ...

