Висок функционер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека палестинската вооружена група ќе го отфрли најновиот предлог на САД за нов договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците. Белата куќа во четврток соопшти дека Израел го „потпишал“ планот на американскиот претставник Стив Виткоф и дека чека официјален одговор од Хамас. Израелските медиуми цитираа израелски претставници кои велат дека Хамас ќе предаде 10 живи заложници и телата ...

Федералниот апелационен суд ја паузираше одлуката од среда навечер на Судот за меѓународна трговија со која се блокираа царините на претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен. Одлуката на Апелациониот суд на САД за Федералниот округ ја враќа можноста на Трамп да воведува царини користејќи ги вонредните овластувања што ги прогласи претходно оваа година. Апелациониот суд, исто така, наложи двете страни да достават писмени аргументи за ...

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Како што соопштија денеска од владината прес – служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. – Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки ...

Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат само врз основа на реално измерените податоци од струјомерите. Бараат бришење на член 31 од Правилата за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја и укажуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според ...

Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, во недела во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи најновото издание на „ПетФест 2025“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Најавено е учество на повеќе од 60 професионалци од земјава и регионот од сите сфери поврзани со миленици. Ќе бидат прикажани најновите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европските и ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, а се однесуваше на историско задолжување од 6 милијарди евра. Лукаревска се осврна на преседанот во собранието, да меморандум биде ратификуван како меѓународен договор, укажувајќи дека власта не само што ја турна земјата во ново задолжување туку и ги суспендираше нормите и ...

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ постигна договор за соработка со „Амазон“ за лиценцирање на неговата уредничка содржина за обука на вештачка интелигенција. Според соопштението, содржината на „Њујорк тајмс“ ќе биде интегрирана во голем број кориснички услуги и производи на „Амазон“. Договорот вклучува и статии од весникот и рецепти од кулинарската платформа (NYT Cooking) и спортскиот портал (The Athletic). Финансиските детали за соработката ...

Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки. – Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки, информираа од Управата за водење на матични книги. ...

Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава. Славески подвлече дека Центарлната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабуилност и поддршка на ...

Економијата на САД во првиот квартал од годината забележа пад од 0,2 отсто на годишно ниво, што е прво намалување во изминатите три години. Растот во првиот квартал беше намален од наглиот пораст на увозот, бидејќи американските компании брзаа да увезуваат артикли пред претседателот Доналд Трамп да воведе огромни царини. Падот на бруто домашниот производ (БДП) од јануари до март уследи по раст од 2,4 проценти во четвртиот квартал од 2024 година. ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) соопшти дека ќе иницира итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот тим за меѓународна соработка за да биде информирана какви сѐ напори вложи и која е Стратегијата на Владата во последните месеци во однос на евроинтеграциите. Партијата во соопштение наведува дека премиерот бил „во право денес кога во Парламентот на одговор на пратеничко прашање истакна дека ЛДП е една од ретките партии во земјата ...

Не е лесно, се чини, да се биде во врска со харизматична славна личност како француско-американскиот глумец Тимоти Шаламе. Па така, и Кајли Џенер почна да го чувствува тој товар, па претпочита нејзините сестри да се држат подалеку од него, пишува „Венити фер“ (Vanity Fair), повикувајќи се на неименувани извори. Згора на тоа, и други наводи неодамна истакнаа дека Кајли станала „љубоморна“ и „несигурна“, плашејќи се дека „некој може да ѝ го ...

Нудистичките плажи се сѐ попопуларни. Ширум светот денес има стотици плажи каде што е целосно легално да се престојува без ниедно парче облека на себе. Американската кабловско-информативна мрежа „Си-ен-ен“ (CNN) објави топ-листа од 25 најдобри нудистички плажи во светот. Според овој список, најпознатата нудистичка плажа во светот е „Плаја натуриста чивава“, којашто се наоѓа на околу 20 минути возење од популарното луксузно одморалиште „Пунта дел ...

Месото од кафеавите мечки – заштитен вид во Европската Унија, наскоро ќе биде достапно за консумирање во Словачка. Имено, словачката Влада минатиот месец одобри лов и убивање на околу четвртина од 1.300 мечки во земјата. Мечките станаа политичко прашање во Словачка по сѐ поголемиот број напади на луѓе, меѓу коишто и со смртни последици. Словачка, по бројот на напади, е втора во Европа, зад Романија, каде што, се проценува, има околу 13.000 ...

Фосилите од диносаурус би можеле да понудат клучни сознанија за новите откритија за рак и идното лекување кај луѓето. Научните сознанија се објавени во списанието „Бајолоџи“ (Biology), а истражувачите од британскиот Универзитет Англија Раскин (АРУ) и Империјалниот колеџ во Лондон речиси 10 години се занимавале со ова истражување. Научниците, имено, во фосил од диносаурус заболен со тумор, пронашле сочувани структури на црвени крвни зрнца. ...

Фабрика за електроника „Авангард“ наводно се запалила во рускиот град Санкт Петербург по серија експлозии, објавија локалните канали на Телеграм и официјални лица во текот на ноќта на 29 мај, пренесува Кијив Индипендент. Во видеата објавени на социјалните медиуми, голем пожар се гледа како се издига од покривот на фабриката во Калининскиот кварт на градот. Прелиминарните извештаи покажуваат дека пожарот започнал околу 1 часот по локално време. ...

Оклахома ноќеска ја победи Минесота со 124:94 и во пет натпревари го заврши финалето на Западната конференција — 4-1. Тандер стигна до големото финалето на НБА-лигата. На тимот му беа потребни 80 победи за да го стори тоа (68 во регуларниот дел од сезоната и 12 во плеј-офот). Претходно тоа им успеа само на Голден Стејт во сезоната 2015/16 и Чикаго во сезоните 1995/96 и 1996/97 година. Булси станаа шампиони во двата случаи, а Вориорс загубија од ...

Опозицијата го обвинува Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски за сомнителен случај вреден 4 милиони евра, кој, според нив, ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ. – Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби! Некои од нив се отворени 20 дена ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши учествува на Меѓународниот форум во Астана 2025, што се одржува на 29 и 30 мај во главниот град на Казахстан. Министерот Дурмиши се обрати на тематската сесија „Интелектуална сопственост во ерата на вештачката интелигенција и креативните индустрии: Предизвици и можности“. Во своето обраќање, министерот Дурмиши ја претстави националната стратегија на Северна Македонија за развој и заштита на ...

Во сезоната 2025/26 елитната кошаркарска Евролига ќе брои 20 екипи. На денешното собрание мнозинството делегати гласаше за проширување на лигата од 18 на 20 учесници. Нови екипи во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа ќе бидат Валенсија (Шпанија), Хапоел Тел Авив (Израел) и Дубаи „Обединетите Арапски Емирати). Следната сезона во Евролигата ќе ја нема Алба Берлин (Германија) која ќе игра во Лигата на шампионите. Лиценци за следните ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави на 28 мај дека потенцијалната испорака на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина не се исклучува, пренесува Кијив Индипендент. „Секако, тоа е во доменот на можностите“, рече Мерц во етер на телевизискиот канал ZDF кога беше прашан за можноста за испораки на „Таурус“ за Кијив. Канцеларот, сепак, нагласи дека користењето на ракетите ќе бара долг период на обука, што потенцијално ќе трае „неколку месеци ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција информираше дека е загрижувачка состојбата со управување на отпадот и јавните услуги во Чаир. Тој истакна дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии. -Во 21 век сме, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот, истакна Ганиу. Ганиу напомена дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не ...

Од 5 јули 2025 година, Париз конечно ќе им овозможи на своите граѓани и посетители да пливаат во реката Сена, по повеќе од еден век забрана. Три официјални и контролирани локации ќе бидат отворени во центарот на градот, како дел од големиот еколошки и урбанистички проект што започна во пресрет на Летните олимписки игри во 2024 година. Пливањето во Сена беше популарна летна активност во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, кога по бреговите на ...

Претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања ги повика пратениците од опозицијата да поддржат измени на Изборниот законик за една изборна единица, со што како што нагласи ќе се овозможи и дијаспората да гласа. Премиерот Мицкоски потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица. -Ве повикувам заедно сите да го промениме ...

Благодарам од срце за можноста да се обратам на Астана форумот, пред луѓе кои со своето знаење, визии и државничка мудрост имаат потенцијал да го променат светот, напиша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот Фејсбук профил. – Мултилатералниот систем базиран на правила е расцепкан под тежината на растечката мултиполарност. Се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека „агресивно“ ќе ги поништи визите на кинеските студенти кои студираат во САД, пренесува Би-би-си. Државниот секретар Марко Рубио рече дека овој потег ќе ги вклучи „оние со врски со Кинеската комунистичка партија или кои студираат во критични области“. Односите меѓу Пекинг и Вашингтон нагло се влошија во последните месеци, откако избувна трговска војна „око за око“ меѓу двете суперсили, ...

– Со гласовите “За” на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ, Собранието усвои меѓународен договор за ново рекордно задолжување од 6 милијарди евра. Единствено Левица гласаше против. Особено загрижува начинот на кој договорот беше внесен во собраниска процедура – на шверцерски начин, преку политички договор со ДУИ и однапред координирана постапка. Седницата на Комисијата за надворешна политика, со која раководи претставник на ДУИ, беше ...

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи пратеничко прашање во Собранието, за напорите на Владата за деблокада на евроинтергации ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик. Мицкоски, при тоа за уставните измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за ...

Кина успешно ја лансираше вселенската сонда Тјанвен-2, како дел од првата кинеска мисија за прибирање недопрени примероци од астероид, што научниците го оценуваат како „значаен чекор“ во меѓупланетарските амбиции на Пекинг. Ракетата „Долг марш 3Б“ се крена од Космичкиот центар Сичанг во југозападната кинеска провинција Сичуан, во четвртокот околу 1:31 по локално време (18:30 GMT). Таа ја носеше роботската сонда Тјанвен-2, која би можела да ја ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. – Делото го ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
25%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 33ᴼ
6.69
29%
1012
weather icon

Загреб

35ᴼ / 34ᴼ
1.03
36%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
6.21
21%
1010
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
33%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
6.26
34%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
37%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
28%
1012
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
4.12
36%
1011
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
8.75
25%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
57%
1012
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75