
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Да создадеме генерации што ќе одберат мир, разбирање, а не поделби и омраза. Геноцидот во Сребреница каде беа убиени 8.000 Бошњаци да не се повтори. Ова се дел од заклучоците од денешната комеморативна седница во Собрание за Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Претседателот на Собранието Африм Гаши, истакна дека овој собир не е формален чин, туку морален, човечки и демократски чин. Потенцира дека сеќавањето ...
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните. – Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави ...
Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ Македонија која своевремено важеше за еден од најперспективните кандидати за членство во Европската Унија, денес се наоѓа во сериозен застој. И покрај тоа што со години формално се декларира европската ориентација, суштинскиот напредок на патот кон ЕУ е речиси замрзнат. Клучната одговорност за оваа стагнација сè повеќе се лоцира кај актуелната Влада и премиерот Христијан Мицкоски, чии политики и јавен дискурс во последниот ...
– Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден. Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправиме пред еден длабоко личен, често тивок, но болен проблем. – Неплодноста. Зборуваме за надеж. За живот. За семејство, изјави Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение што го пренесува ВМРО-ДПМНЕ. „Од ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја повика претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка, откако Судот на правдата на Европската унија на 14 мај ја прогласи Фон дер Лајен одговорна за прикривање информации за договори за снабдување со вакцини. Орбан го објави тоа на социјалната мрежа X со фотографија стилизирана како насловна страница на списанието „Тајм“, посветена на повлекувањето на поранешниот ...
Дипломатските средства за решавање на руско-украинската војна „се исцрпени“, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц во Парламентот, ветувајќи понатамошна помош за Кијив. Коментарите доаѓаат откако неодамнешните руско-украински мировни преговори во Истанбул не успеаја да постигнат никаков напредок во запирањето на непријателствата, освен договор за нова размена на затвореници. – Кога криминален режим отворено го доведува во прашање ...
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година. Извештајот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни ...
Сара Мејс ја промовираше својата најнова песна „Убав е“, музичка приказна што лесно влегува во уши, а долго останува во сеќавањето. Станува збор за емотивна и енергична песна со диско-елементи, за која Сара самата ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот го изработи Роберт Билбилов. Песната, која се очекува да стане летен хит, е проследена со видеоспот снимен на плажите во Грција и во Скопје, во кој преовладуваат морски пејзажи, зајдисонце ...
Британската хеви-метал група „Блек Сабат“ и Ози Озборн приредија историски последен настап, со што успеаја и во својот добротворен потфат. Имено, на настанот на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, Англија, под наслов „Назад кон почетокот“ (Back to the Beginning) се собраа речиси 200 милиони долари како добротворни средства за три одделни организации, според Том Морело од „Рејџ агенст д’машин“ (Rage Against the Machine), кој беше музички директор ...
Очаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност. Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за ...
Германија би можела да развие нуклеарно оружје во рок од неколку месеци доколку се донесе политичка одлука, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Зборувајќи за глобалните нуклеарни прашања во интервју за неколку европски медиуми, Гроси рече дека Украина донела правилна одлука кога го предала своето нуклеарно оружје на Русија по распадот на Советскиот Сојуз во 1990-тите, бидејќи, како што ...
Сексуалното насилство и родовите злосторства што се случија на 7 октомври 2023 година и нивните последици, особено сексуалното насилство што сè уште се случува врз заложниците во Газа, се крајната манифестација на CSRV(Сексуално насилство поврзано со конфликт). Истрагата за нападот од 7 октомври, особено неговиот дел CSRV, претставува еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваат истражните органи: огромното мнозинство од жртвите повеќе ...
Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент, при расправата за Извештајот на Томас Вајц за нашата земја, вчера предизвика грчката европратеничка Афродити Латинопули од десничарската група Патриоти за Европа (ЕФП), која истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“. Таа ги поддржа и бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, порачувајќи дека пристапувањето на земјава кон ЕУ „нема да се случи ...
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад. – Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР. Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е ...
Европскиот суд за човекови права (European Court of Human Rights) денеска донесе две пресуди против Русија, во кои се наведува дека земјата го прекршила меѓународното право во Украина. Првпат Русија од инвазијата врз Украина во 2022 година е прогласена за виновна за кршење на човековите права. Во првата пресуда Русија со инвазијата врз Украина во 2022 година одговорна за злоупотреби на човековите права од целосната инвазија во 2022 година. Во ...
Со внимание ја проследивме прес-конференцијата на Бисера Костадиновска Стојчевска и можеме да испратиме апел да не се самоповредува до ова високо ниво. Затоа што, и таа, и цела Македонија, знае дека забелешките на УНЕСКО се во Извештајот кој се однесува на периодот од 2017 година до 2024 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека „практично, ова е целиот период на владеење на СДС, во кој период министер за култура беше и токму Бисера ...
Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи. Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош. – Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека ...
Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи. – Укажано му ...
Капетан на туристички брод трагично го загуби животот вчера доцна попладне во Скадарско Езеро, за време на херојски чин при спасување на двајца туристи. -Капетанот на туристичкиот брод, сопственост на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите. Полициските служби веднаш излегоа ...
Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. Од Министерството за финансии, од каде денеска ја објавија информацијата, велат дека во следниот период ќе се врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди. Писмо за барање интерес беше доставено до 24 финансиски институции, а рокот за доставување на понудите беше до понеделникот, 7 јули. – ...
Климатските промени речиси тројно го зголемија бројот на смртни случаи поврзани со топлина во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, покажува нова студија. Истражувачи од Велика Британија, Данска, Холандија и Швајцарија ги анализирале условите во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули. Според нивните проценки, околу 2.300 лица починале од причини поврзани со топлина во ...
Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Иван Аџиевски „Beauty spot III“. Како што информира Центарот за современи уметности Скопје, „Beauty Spot III“ опфаќа 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжение ...
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на Предлог-законот за верски училишта објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), оценувајќи го како противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата и за институционализација на верското образование во формалниот образовен систем. „Предлог-законот е во колизија со Уставот на Република Северна Македонија“, наведуваат од ...
Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се, со спроведување на уставните измени, изјави вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. – Владата во Скопје има историска можност и ...
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ќе настапи на локалните избори и потенцираше дека таа ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје. -Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и ...
Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0. Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе. Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот во 56 минута стави печат на победата. В недела, Челзи за противник во финалето ќе го ...
Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски. Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастрофата, реагираат од СДСМ. Оттаму наведуваат дека „минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше виновници додека ...
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан изјави дека дури и традиционалните сојузници се дистанцираат од Ерусалим, бидејќи поддршка за „геноциден Израел повеќе не е во ничија корист“. Тој коментирајќи ги критиките кон Израел, во завршното соопштение од Самитот на БРИКС, истакна дека „во моментот минимален број држави, што можат да се избројат на една рака, и понатаму реторички го поддржуваат Израел“, а САД „и понатаму се на чело на оние кои не ...
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за префрлање на уште еден систем за воздушна одбрана Патриот во Украина. – Тоа би можело да биде првата голема испорака на оружје за Украина, со одлука донесена од администрацијата на актуелниот претседател, а не неговиот претходник Џо Бајден, истакна „Волстрит џурнал“. Весникот посочува дека американските ...
Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и ...