Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон. Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина ...

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека ...

Ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем се виде дека никогаш целта не била Бугари во устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разголена, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“ во Куманово. Но, како што нагласи, „Македонија за разлика од порано кога со црвени килими ги дочекуваа ...

– Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини. На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата, соопштуваат од СДСМ. „Минатата година, во која изгореа ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер на сослушуање пред федералните пратеници рече дека Кина има интерес да продолжи војната во Украина и дека на ЕУ би ѝ било подобро да склучи трговски договор со САД отколку да се вклучи во трговска војна. Според Де Вевер, цитиран од локалните медиуми, Кина не поддржува воена победа за Русија во Украина, но има корист од увоз на евтина руска енергија, чија цена падна поради војната и последователните санкции против ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови. -Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови, од кои речиси 200 се од типот „Шахед“, напиша Зеленски на Телеграм. Според него, главна цел на нападот ...

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, денеска побара Русија да плати отштета за уривањето на малезискиот авион на летот МХ17 во 2014 година, откако Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) ја прогласи Москва за одговорна за несреќата, јави ДПА. Судот во Стразбур вчера утврди дека Русија не ја проверила целта на проектилот со кој бил соборен авионот над источна Украина на 17 јули 2014 година. Во инцидентот загинаа 298 луѓе, ...

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Тексас се искачи на најмалку 120 лица, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на локални власти. Најпогодена е областа Кер Каунти, каде што се потврдени 96 жртви, од кои 36 се деца, повеќето сместени во христијанскиот летен камп „Мистик“. Според извештај на службата за одговор при поплави, уште шест лица од кампот – пет деца и еден воспитувач – се водат како ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките. Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е пристигнато на целта. Не е јасно дали оваа пратка ...

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед. -Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува ...

Еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана е ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари, информира Генералштабот на Армијата. Согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење кризна состојба донесена од Владата заради зголемена ...

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24. Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан ...

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА Зад нас е тежок ден во кој пожарите однесоа еден живот. Но, тоа не ги спречува Мицкоски и ДПМНЕ целосно да ги игнорираат и пеколните пожари, и криците на граѓаните за помош. Ужасите на климатската криза штотуку почнуваме да ги чувствуваме. Во Скопје активни 5 пожари, а гори и во Дојран, Крива Паланка… Само денеска се регистрирани 14 пожари на територија на државата. За жал, не гледаме ниту трошка волја од владејачката ...

Пишува: ПЕТАР АРСОВСКИ Во последниов период, се подигна целосна драмолетка околу изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, особено после политичките надмудрувања со амандманите за јазикот и идентитетот. Во целиот галиматијас, мислам дека се издигнавме до нови височини на хистерија и генерализација на ваквиот епилог, кои можеби не се соодветни во оваа ситуација. Во секој случај, имам повеќе дилеми кои мислам дека се вредни ...

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти, изјави министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб. Од околу 20 пожари, Тошковски рече дека во овој момент сите се под ...

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме ...

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Во писмена изјава по гласањето Вајц посочи дека земјава е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. – Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради ...

Новак Ѓоковиќ стигна до своето 14-то полуфинале на Вимблдон со камбек против Флавио Коболи, победувајќи со 6-7, 6-2, 7-5, 6-4 на Централниот терен. Со денешната победа Ѓоковиќ собори нов рекорд – најмногу пласмани во полуфинале од кој било играч во историјата на мешкиот тенис на Вимблдон, надминувајќи го Федерер кој имаше 13 полуфиналиња. По завршувањето на мечот Новак искажа голема почит кон својот противник, Флавио Коболи. Ѓоковиќ во ...

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до 3 милијарди кубни метри. Вредноста на изградбата на проектот, што стартуваше денеска, е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со два заема, еден од Европската инвестициска банка ...

Полициски службеници на ОВР Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко, соопштија од МВР. Во присуство на јавен обвинител се врши увид и се очекува подоцна да бидат соопштени причините за смртта на настраданиот. Инаку, денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, апелираше за помош, алармирајќи дека пожарот излегува од контрола. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека премиерот и лидер на ...

Audi го претстави новиот Q3 со нов изглед и подобрени перформанси. Најмалиот модел од линијата џипови на Audi е целосно редизајниран, со подобра технологија и поголем ентериер. Моделот Q3 од 2026 година носи нов надворешен стил со поагресивен став и дизајнерски детали. Внатре, Audi го преработи распоредот за да биде помодерен и попрактичен. Менувачот на брзини е преместен зад воланот, ослободувајќи вреден простор на централната конзола. ...

Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово. Градот е обвиткан во чад и се чуствува мирис. Речиси сите екипи на територијалната противпожарна единица се на терен. – Постојано имаме пријави за пожари, Табановце, Четирце, месноста „Палестина“, „Ѓуро Пуцар Стари“, Горно Којнаре, Романовце, во село Младо Нагоричане пративме две екипи. Повикуваме луѓе од дома, изјави командиро на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Силниот ветер во ...

Пишува: КОРНЕЛИЈА КОНЕСКА Концепти од 19 век. Народите се создале како резултат на групирањето на раситнетите феуди заради заеднички интереси. Потоа, заради потребата од добра комуникација, се развива јазичен и културолошки идентитет. Која е потребата од национализам во 21 век? Во век на глобализација кога просторот и времето и јазикот се надминати како бариери при комуникацијата? Само манипулација. Исто е и со патриотизмот. Тоа е чувство кое ...

Американската глумица Дениз Ричардс и канадскиот бизнисмен Арон Фајперс се разведуваат по седум години брак. Барањето за развод го поднел Арон нa 4 јули, а како причина се наведени „непремостливи разлики“, објави списанието „Пипл“ синоќа, повикувајќи се на судските документи. Според наводите, Фајперс (52) побарал од Ричардс брачна издршка, а исто така, побарал и нивните средства и долгови, вклучувајќи ги неговиот електричен алат, мотоциклот и ...

Според некои историчари, чоколадото пристигнало во Европа токму во јули 1550 година. Тоа е релативно бргу по откривањето на тн. Нов Свет, т.е. Северна и Јужна Америка – кон крајот на 15. век, од каде што потекнува какао-овошјето. По повод „најслаткиот ден во годината“ – 7 јули, Денот на чоколадото, порталот „Ворлд попјулејшн ривју“ објави топ-листа со земјите каде што најмногу се јаде чоколадо. На овој список Луксембург е на прво место, и луѓето ...

Шпанската глумица Пенелопе Круз воодушеви со својот елегантен изглед на „Летниот бал“ во Париз (‘Бал д’Ете’), коментираат модните познавачи. На настанот којшто го означи отворањето на француската Недела на високата мода, а се одржа во Музејот на декоративни уметности во Париз, беше прославена и стогодишнината од првата Меѓународна изложба на декоративни уметности. Пенелопе блесна во креација на „Шанел“, пренесуваат медиумите. Имено, за оваа ...

Toyota RAV4 е најпродаваниот автомобил во светот во 2024 година, претркувајќи ја Тесла Модел Y за помалку од 3.000 единици. Според податоците за глобалната продажба на автомобили од аналитичарот на JATO Dynamics, Фелипе Муњоз, Toјота продаде 1.187.000 единици од RAV4 низ целиот свет, зголемување од 11% во однос на минатата година. Од друга страна, Model Y на Tesla испорача 1.185.000 единици, што е намалување од 3% во однос на 2023 година. Тоа е ...

Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР. Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на ...

Денешниот ден ќе биде малку пократок од вообичаеното, за нашата планета. Имено, се очекува Земјата денеска да ја заврши својата целосна ротација за приближно 1,3 милисекунди помалку од стандардните 86.400 секунди што чинат 24-часовен ден, според предвидувањата засновани на астрономски набљудувања. Феноменот може да се измери само со помош на атомски часовници, коишто се доволно прецизни за да забележат варијации од илјадити делови од секундата. ...

Турски суд донесе одлука за блокирање на пристапот до вештачкиот интелектуален асистент „Грок“, развиен од компанијата xAI на Илон Маск, поради наводно навредливи коментари кон претседателот Реџеп Таип Ердоган. Главното јавно обвинителство во Анкара отвори официјална истрага за инцидентот. Ова е прв случај во Турција на забрана за алатка базирана на вештачка интелигенција. Според турски медиуми, „Грок“, кој е интегриран во социјалната мрежа Икс ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1007
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
88%
1006
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
34%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
33%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
95%
1007
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
36%
1011
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
71%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641