На социјалните мрежи вирално стана видео од американскиот претседател Џо Бајден како накратко заспива за време на состанок. Бајден беше во Ангола на средба со африканските лидери, а на видеото можете да видите дека бил доста уморен. WATCH: A much higher quality video of Biden's nap during his meeting with world leaders in Africa. Who's running the country? pic.twitter.com/loUx6ru8Cp — Jake Schneider (@jacobkschneider) December 4, 2024 Откако ...

Украинска делегација денеска се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за Ројтерс извор запознаен со состанокот. Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Групата се состана во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави извор на Ројтерс. Транзицискиот тим на Трамп не ...

Јужнокорејските обвинители отворија истрага против претседателот Јун Сук Јеол, министерот за внатрешни работи и сега поранешниот министер за одбрана за нивните улоги во обидот да воведат воена состојба, објави новинската агенција Јонхап. Ким Јонг-хјун, кој поднесе оставка како министер за одбрана поради неговата вмешаност во воведувањето на воената состојба во вторникот, исто така се соочува со забрана за патување во очекување на истрага на ...

Премиерот Мишел Барние ќе се повлече од функцијата по отслужувањето на најкраткиот премиерски мандат во модерната француска историја, а по вчерашниот колапс на француската влада, претседателот Емануел Макрон мора да се соочи со растечка политичка и економска криза која може да ја шокира целата еврозона, пишува Политико. По жестоката дебата во Националното собрание, обележана со громогласни потсмеви и свирежи, 331 од вкупно 577 француски ...

Цената на биткоинот за првпат ја проби границата од 100.000 долари, достигнувајќи нова рекордна вредност. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот е зголемена поради растечките надежи дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите. Највисоката цена на биткоинот на сите времиња беше постигната неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира поранешниот комесар на ...

Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа во извештајот објавен денеска, во кој се вели дека израелската војска намерно извршила воени злосторства. Организацијата за човекови права, во извештај од 300 страници, наведува дека за време на израелската офанзива, армијата намерно им донела страдање и уништување на луѓето што живеат во Газа. „Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната ...

Полицијата денеска пронашла мртви тела на тројца луѓе во селото Растевиќ во областа Бенковац во Хрватска во една семејна куќа, соопшти полициската станица во Задар, Хрватска, објави Јутарњи лист. Полицијата добила извештај дека во куќата во Растевиќ имало тројца луѓе кои не одговарале на повици во 9:03 часот. Сите итни служби веднаш биле испратени на местото, а мртвите тела на тројцата луѓе биле пронајдени во куќата, на која нема видливи траги ...

Францускиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Мишел Барние откако левичарските и десничарските партии се здружија за да ја соборат неговата малцинска влада. Ова е само вторпат од основањето на Петтата Република во 1958 година владата да падне на овој начин. „Ми беше чест што служев како премиер, макар и само неколку месеци. Не се плашам да бидам сменет и ретко сум бил уплашен во мојата долга политичка кариера. Она што е најважно е да ...

Извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, најголемата здравствена компанија во САД е застрелан и убиен утрово во како што рече полицијата “дрзок и насочен напад” надвор од хотелот во Менхетен, каде што компанијата за здравственото осигурување одржуваше конференција за инвеститори, објави АП. Педесетгодишниот извршен директор бил застрелан околу 6:45 часот наутро додека одел сам до хотелот. Напаѓачот како “да чека неколку минути” ...

Норвешкиот суд денеска соопшти дека го одбил барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик за предвремено ослободување од затвор, каде издржува казна за убиството на 77 луѓе, најголемото злосторство што во мирновременски услови се случи во оваа нордиска земја, објави новинската агенција НТБ, повикувајќи се на пресудата. На 22 јули 2011 година, неонацистот и исламофобот Брејвик уби осум луѓе со автомобил-бомба во Осло, а потоа уште 69 лица, ...

Бараат да воведеме санкции кон Русија и да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за барањата од Европската Унија(ЕУ). „Имавме бројни разговори денеска во Брисел. Разговорот со Каја Калас беше отворен, но не беше лесен. Таа инсистираше на воведување санкции против Русија, продолжување на дијалогот и компромис со Приштина, забрзано решавање на случајот Бањска. Во согласност со политиката и ...

Текстот е објавен во неделникот „Фокус“, во број 1521, на 27 ноември 2024 година. Пишувала: Валентина ВУРМО Дали во Вишото скопско обвинителство се работело професионално и одговорно или се замижувало при постапувањето за одредени предмети? Овој одговор наскоро треба да го дадат од Републичкото јавно обвинителство, бидејќи заврши ревизијата што изминатиот месец му се вршеше на пониското обвинителство. Предмет на проверка беа неколку предмети за ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека мора да се разбере чувството на итност кога станува збор за процесот на проширување на ЕУ и истакна дека не смее да се изгуби моментумот во овој процес и дека не смеат да се изневерат очекувањата на Западен Балкан или Молдавија. „Ако ги изневериме очекувањата, ќе видиме повеќе Грузии. Не сакаме да видиме повеќе Грузии, сакаме европско единство за целото европско семејство“, ...

Германската влада ја одобри Стратегијата за одбранбената индустрија, која има за цел да им помогне на компаниите полесно да ги зголемат капацитетите и да го забрзаат производството на оружје, со оглед на моменталната безбедносна ситуација и конфликтот меѓу Украина и Русија. – Сегашната заканувачка ситуација бара да ги подобриме клучните технологии во Германија – наведоа во заедничката изјава министрите за одбрана и економија Борис Писториус и ...

Висок европски дипломат изјави дека 100 „сомнителни инциденти“ во Европа оваа година може да и се припишат на Русија. Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски во пресрет на средбата со колегите од НАТО во Брисел истакна дека Европа мора да испрати силен сигнал до Москва дека тоа нема да се толерира. „Оваа година имаше 500 сомнителни инциденти во Европа. До 100 од нив може да се припишат на руски хибридни напади, шпионажа, операции на влијание“, ...

Милиони луѓе на Куба останаа без струја откако денеска повторно падна националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство. Прекинот на струја е голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесува Ројтерс. Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната Антонио Гитерас, најголемиот производител на електрична енергија во ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“. По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг за нови регрути се „шокантни и крајно опасни“. Наместо да ја намалиме старосната граница за регрутација, ...

Хрватскиот актер и шансониер Раде Шербеџија (78) заедно со својот оркестар ,,Златни колодвор” доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија. Настанот ќе се случува на први февруари наредната година, а влезниците по цена од 1.500 и 2.000 денари ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток). Проектот со кој Шербеџија доаѓа во Скопје е со наслов ,,Због тебе, због себе, због других”, со репертоар во кој ќе ги има сите класици како ...

Засега е познато дека единствената обврска за компаниите ќе биде да учествуваат со 20 проценти од инвестицијата, чиј максимален износ ќе биде 10 милиони евра, а ќе се кредитираат основни средства, обновливи извори на енергија и административни згради за сопствена употреба. Осум милиони евра е максималниот износ што за еден проект можат да го добијат компаниите што ќе користат пари од унгарскиот заем. Текстот е објавен на 28 ноември 2024 година ...

Белгиското јавно обвинителство започна истрага против поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку влади на Белгија, Дидие Рејндерс под сомнеж дека бил вклучен во перење пари преку игри на среќа. Како што објави бриселскиот дневен весник „Соар“, во рамки на истрагата за овие сомнежи во текот на вчерашниот ден белгиската полицијата извршила претрес во домот на Рејндерс во Брисел и во куќа во негова сопственост во местото Висул, ...

Општината Маврово и Ростуше немала надлежност за завеаните патишта, туку тоа било обврска на Јавното претпријатие за државни патишта, но тендерот за чистење на локалните патишта кои сепак се обврска на општината, не бил ни завршен. По последните настани и блокираните патишта во Маврово, од Општината Маврово и Ростуше велат дека чистењето од снег на патот од браната Маврово, преку селата Маврово, Никифорово и Леуново, околу езерото, па сè до ...

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на 83 километри од Аланија, популарно турско одморалиште, на длабочина од 30 километри, пренесуваат медиумите во регионот. Засега нема информации за повредени или материјална штета. „Зградата се тресеше“, „Беше навистина силен“, „Се тресеше, лустерот се нишаше“, се само дел од коментарите на граѓаните на ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јавно проговори за гласините дека Кевин де Брујне нема голема минутажа бидејќи двајцата се во лоши односи. Поранешните фудбалери, сега стручни консултанти Џејми Карагер и Гери Невил во емисија изјавија дека лошите резултати на Манчестер Сити се резултат на лошите односи во соблекувалната, а предводник е конфликтот меѓу Гвардиола и Де Брујне. „Граѓаните“ веќе седум меча се без победа, што е главна тема ...

Во општина Љубешчица (Вараждин) вчера во дворот на семејна куќа се пронајдени закопани тела на две бебиња, потврдија од вараждинската полиција и додаваат дека против двете лица водат кривична истрага во соработка со Жупаниското државно обвинителство. Како што дознаваат хрватските медиуми од мештаните, мајката на загинатите деца се вика Рута, а нејзините родители првпат се преселиле овде пред околу 8 години. После тоа, Рута и нејзиниот невенчан ...

Пред денешното парламентарно гласање за (не)доверба на француската влада, премиерот Мишел Барние синоќа ги повика пратениците на одговорност „за да се избегне политички и буџетски хаос“, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да верува во сценариото за соборување на владата. „Ситуацијата е тешка на буџетско ниво, на финансиско ниво и многу тешка на економско и социјално ниво“, рече Барние во Парламентот и додаде дека ...

Опозициските партии во јужнокорејскиот парламент денеска соопштија дека поднеле барање за импичмент на претседателот Џун Сук Јеол, по неговиот неуспешен обид да воведе вонредна состојба. Пратениците подоцна ќе одлучат за датумот на гласање за тој предлог, што би можело да се одржи веќе во петок, соопштија претставници на шесте опозициски партии на заедничката прес-конференција. Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол синоќа изјави дека ...

Работникот Ж.В.(46) од Белград вчера паднал од скеле високо седум метри и останал мртов на лице место, јавува „Телеграф.рс“. Неофицијално, тој работел на реконструкција на зграда во Чукарица кога наводно изгубил рамнотежа и паднал на бетонот. Сето ова се случило пред неговите колеги. Повикале брза помош, која можела само да констатира смрт. За случајот е известено надлежното обвинителство кое и наложило на полицијата да даде информации за ...

Поранешниот висок функционер на американскиот Стејт департмент Филип Рикер рече дека со оглед на тоа што Косово и Србија воопшто не биле спомнати во претседателската кампања во САД, не гледа оти прашањето за Косово во моментов е приоритет. Тој во интервју дадено за српскиот портал „Радар. Нова“ зборуваше за актуелниот ќорсокак во преговорите Косово-Србија, односот на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, кон Западен Балкан, но и европската ...

Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид, деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА. Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом. Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе ја поддржат Наталија Киселова, која е предложена од „БСП- Обединета левица“. Услов беше левицата ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја покажал својата „фасцинација“ од светските лидери кои имаат неконтролирана моќ, како што се рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „Начинот на кој зборуваше за Путин, начинот на кој зборуваше за севернокорејскиот лидер, освен критичките забелешки што ги даде, секогаш постоеше еден вид ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52