Девет палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна и уште 81 затвореник со долги затворски казни утре ќе бидат ослободени од израелските затвори, соопшти Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници. Претходно, бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, ги објавија имињата на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени во сабота како дел од договорот за прекин на огнот со Израел во Газа. Според првата фаза од ...

За време на 15-минутниот молк за загинатите на 1 ноември на Железничката станица во Нови Сад, автомобил удри две лекарки на улицата Палмотиќева пред Институтот за ментално здравје. На фотографијата објавена од Зелено-левичарски фронт (ЗЛФ), може да се види автомобил како се движи низ толпата и удира жена. После тоа автомобилот бил запрен. View this post on Instagram A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Еден од лекарите бил префрлен ...

Фудбалерите на актуелниот шампион Реал Мадрид ќе играат во плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, одлучи денеска ждрепката во Нион. Во првиот натпревар Сити ќе му гостува на Реал. Неделава се комплетираше групната фаза од Лигата на шампионите, која од оваа сезона се играше по нов формат со 36 екипи по единствена табела. Првите осум екипи директно се пласираа во осминафиналето, а во плејофот се пласираните од деветтото до ...

Малопродажниот ланец Кауфланд Хрватска денеска најави намалување на редовните цени за повеќе од илјада производи што ќе започне на 5-ти февруари годинава. Кауфланд, како што се наведува во соопштението, на своите клиенти им обезбедува над 1.800 производи по промотивни цени секоја недела. Дополнително, по трет пат за една година, почнувајќи од 5-ти февруари годинава, ги намалува цените на повеќе од 1.000 производи, кои повторно ќе им бидат ...

Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран во петок, 31 јануари 2025 година во 08:36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос. Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, регистриран во 08:28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 ...

Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek. Оваа информација ја пренесе американскиот портал Axios, повикувајќи се на известување испратено до канцелариите од главниот административен директор на Претставничкиот дом (CAO). Во известувањето се наведува дека DeepSeek во моментов е подложен на преглед од страна на CAO. Појавата на евтин кинески модел за вештачка ...

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, отфрли какви било преговори со САД за Панамскиот канал, откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата инаугурација минатата недела објави дека САД ќе го вратат водениот пат под своја контрола. „Не можам да преговарам, а уште помалку да започнам преговори за каналот. Тој е запечатен. Каналот е панамски“, рече Мулино на својата неделна прес-конференција. Претседателот се обрати до ...

Хрватска е првиот финалист на Светското ракометно првенство откако триумфираше против Франција со 31-28. Противник ќе ѝ биде подобриот од утрешното соочување меѓу Португалија и Данска. Во Арената во Загреб, Хрватите одиграа феноменално прво полувреме кое го пресуди победникот. По првиот дел Хрватите имаа предност од 18-11. И покрај тоа што Франција во второто полувреме успеа да ја намали разликата, а на четири минути пред крајот дојде и до ...

Пакистанската полиција соопшти дека маж кој неодамна го преселил своето семејство од Соединетите Држави во Пакистан, признал дека ја убил својата 15-годишна ќерка во вторникот поради несогласување со нејзината содржина на TikTok. Инцидентот се случил на улица во градот Квета, во југозападен Пакистан. Таткото, Анвар ул Хак, првично тврдеше дека неговата ќерка родена во САД била убиена од неидентификувани напаѓачи. Меѓутоа, тој подоцна признал ...

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на Законот за здравствени услуги, со кои се воведува речиси целосна забрана за двојна пракса за лекарите и другиот медицински персонал, а измените им забрануваат на вработените во државните здравствени установи да работат за приватни лица, пренесе агенцијата СТА. Министерката за здравство Валентина Преволник Рупел истакна дека двојната пракса ќе биде можна само во исклучителни случаи. Измените на ...

Додека се извлекуваат 67 тела од реката Потомак, американскиот претседател Доналд Трамп денеска започна необичен политички напад обвинувајќи ја програмата за различност на работното место за судирот меѓу патнички авион и воен хеликоптер. Републиканецот ја потврди смртта на сите лица во двата авиони и укажа на грешката на пилотот на хеликоптерот во несреќата. Трамп главно ја искористи прес-конференцијата за да ги повика, како што рече, ...

Спасувачките екипи во Јапонија се обидуваат да извлечат возач на камион од дупка што се појави завчера и оттогаш се прошири, јавува Би-Би-Си. Во градот Јашио во префектурата Саитама, недалеку од главниот град Токио, се појави дупка и проголта камион. Спасувачките напори беа отежнати поради урнатиот пат, а властите наредија евакуација на десетици домаќинства во областа. Според локалните медиуми, 74-годишниот возач последен пат им одговорил на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп зборува од Белата куќа по авионската несреќа во Вашингтон. „Ова е час на голема неволја за нашата нација“, рече Трамп на почетокот на обраќањето. Потоа потврди дека нема преживеани во авионската несреќа. „Во тек е масовна операција за пребарување и спасување. За жал, нема преживеани. За жал, жалиме по една нација со секоја скапоцена душа што ни беше одземена“, рече тој. Трамп тогаш рече дека трагедијата ...

Недолго откако официјални лица во Вашингтон се обратија за медиумите, прес-конференција одржа Лили Ву, градоначалничка на Вичита, градот во Канзас од каде полета авионот на Американ Ерлајнс кој се судри со воен хеликоптер Блек Хок над Вашингтон. Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат. Таа им се заблагодарува на итните служби кои работеа цела ноќ. Со солзи во очите потврди дека ѝ било кажано ...

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми. Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен. Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на ...

Една ученичка загина, а околу 40 средношколци се повредени во сообраќајна несреќа во училишен автобус во близина на Шатодун, во регионот Аир-ет-Лоара, во Франција. Според соопштението на локалните власти, никој од повредените ученици не е во животна опасност. Министерката за образование Елизабет Борн изрази сочувство до семејството на починатата средношколка, нагласувајќи дека ќе го следи развојот на здравствената состојба на повредените. ...

Министерството за надворешни работи на Русија денеска по повод тримесечните протести во Србија соопшти дека не смее да се дозволи да владее хаос во земјата која и онака се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици, изразувајќи надеж дека Србија ќе го реши проблемот на мирен начин. „Исклучително е важно демонстрантите, пред се лидерите на јавното мислење, да покажат здрав разум и да не ги следат оние што будат емоции. Не смее да се ...

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ и хеликоптер „Блек Хок“ на американската армија се судрија над Вашингтон, во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“. По судирот, авионот се урнал во реката Потомак. Според потврдите од сенаторот Тед Круз, во несреќата има загинати, а американските медиуми јавуваат дека досега се пронајдени најмалку 18 тела. Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипаж, додека во ...

Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се урна во реката Потомак што тече низ Вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер над главниот град на САД, во близина на аеродромот Роналд Реган, соопштија тамошните власти. Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит изјави дека воен хеликоптер и патнички авион се судриле на регионален лет. Американ ерлајнс потврди дека нејзината регионална подружница ПСА превезувала 60 патници и четворица ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Truth Social за да се осврне на судирот меѓу американски воен хеликоптер и патнички авион на Американ Ерлајнс. Тој смета дека тоа можело и требало да се спречи. Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше јасна ноќ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или ...

Белата куќа вечерва објави дека го повлекла меморандумот со кој се наредува федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од американскиот претседател Доналд Трамп, јавува „Би-би-си“. Портпаролот на Белата куќа, Каролина Ливит денеска изјави дека меморандумот од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB) за замрзнување на федералните заеми ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека привременото замрзнување на дискреционата финансиска помош за организации во странски земји има за цел да и овозможи на владата да ги идентификува сите случаи на измама, трошење и злоупотреба. Како што јави Ројтерс, вкупно 1,7 милијарди долари помош за странски организации е привремено замрзната. Претходно денеска, американскиот Стејт департмент, исто така, објави дека ја запрел ...

Германскиот парламент денеска и покрај силното противење на канцеларот Олаф Шолц, го усвои рестриктивниот предлог на опозициските демохристијани за миграција и азил. Предлогот беше изгласан со помош на гласовите на десничарската Алтернатива за Германија, при што 348 пратеници гласаа за, 345 беа против и 10 воздржани. Овој предлог не е правно обврзувачки за владата, но ќе го зголеми притисокот за преземање мерки за миграцијата, пренесува ...

Лидерот на Сирија Ахмед Ал Шара денеска беше назначен за претседател на земјата за време на преодниот период, соопшти денеска портпаролот на Одделот за воени операции, полковник Хасан Абдул Гани. Како што наведе тој, на состанокот на воените и револуционерните фракции кои се бореа заедно со групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во Народната претседателска палата во Дамаск, беше одлучено и Ал-Шара да формира правен совет за преодниот период, додека ...

Стотици вработени во американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) се испратени на неплатено отсуство, а некои се отпуштени откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди замрзнување на американската помош ширум светот, објави денеска Ројтерс, цитирајќи неименуван функционер. Извор на британската агенција рече дека одлуката влијае на околу 600 работници, кои наводно биле известени преку е-пошта во вторникот вечерта дека нивниот ...

Кандидатот на Доналд Трамп за министер за здравство, Роберт Кенеди Џуниор, денеска на сослушување пред Сенатската комисија за финансии изјави дека државата треба да го контролира абортусот и дека се согласува со Трамп во неговиот став дека секој абортус е трагедија. Кенеди, кој ги поддржуваше правата за абортус за време на неговата претседателска изборна кампања, целосно го поддржа ставот на Трамп за абортусот на сослушувањето, а некои сенатори ...

Пожар избувна пред стадионот „Етихад“ неколку часа пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Клуб Бриж. Загрижувачки вести пристигнуваат од Англија, во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Бриж во рамките на осмото коло од Лигата на шампионите. Според информациите на британските медиуми, пожарот избувнал на штанд за бургери, кој наеднаш се запалил. Сепак, други тврдат дека пожарот настанал во ...

Работната група во Кремљ чија цел е да се спречи странско мешање тврди дека Западот се подготвува да се меша во федералните парламентарни избори во Русија во 2026 година. „Комисијата ја забележува активната подготовка на западните земји да организираат обиди за мешање во изборите за Државната дума во 2026 година“, се наведува во документот, пренесен од руската државна новинска агенција ТАСС и цитиран од Политико. Тие додаваат: „САД и нивните ...

Во Словенија во тек е бојкот за купување во одредени трговски центри и супермаркети, пренесуваат медиумите во регионот. Како што е наведено, бојкотот ќе трае до 2 февруари, по што се повикуваат граѓаните да продолжат со бојкот на другите трговски ланци од 3 до 9 февруари. Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска од минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за Украина нема да бидат доволни само безбедносни гаранции од Европа, без гаранции од САД, бидејќи, како што наведе, лидерот на Русија, Владимир Путин, не се плаши од Европа. – Верувам дека никогаш нема да бидат доволни само безбедносни гаранции од Европа. Европејците разбираат дека без безбедносните гаранции на САД, претседателот Трамп, тоа нема да биде доволно. Путин не се плаши од ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
58%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
56%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52